Во бараката на штабот, подигната во сенката на високи црници беше тихо, толку тихо да не се слушаше ни мува да брчне.  – Значи, вие сакате да станете бригадири? ги прашаше по втор пат командантот, гледајќи ги се’ така потсмешливо или пак така им се чинеше. – А зошто не сте се пријавиле во бригадата од вашиот град?
               
             
           
            
            
              „Бегалци“
               од Јован Бошковски 
              (1949)