Сепак, не би можеле да речеме дека мејл-артот значи весело чекорење наоколу со извадена „уметничка“ утроба; тоа може да биде опасност - тнр. „естетска промискуитетност“ - но од неа           ионака боледуваат голем број уметници, без разлика дали се мејл-уметници или не;           штосот е токму да се демистифицира уметноста, да се направи полична, подиректна,           но сепак притоа задржувајќи одредена барем иронична нота на официелност; тоа и           секое писмо делумно го содржи, веројатно тоа сте го почувствувале, таа „званичност”,           таа стегнатост и тој објавувачки тон (колку и да е писмото интимно!), и тоа е уште           една од тајните моќи на мејл-артот, парадоксот на едновременото демистифицирање           и мистифицирање на уметноста, но сепак со акцент на она првото, бидејќи тоа е           трендот на овој век, почнувајќи од Дишан.
               
             
           
            
            
              „МАРГИНА бр. 15-16“
              
              (1995)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
               
                  Сепак, чувствувајќи му се должен, како токму да му текна го потпраша: - Да немаш телефон? - Имам. како немам!
               
             
           
            
            
              „Синовски татковци“
               од Димитар Солев 
              (2006)