токо (прил.) - ајде (чест.)

— Море, ево ме, побратиме, на гости кај вас со Јована, токо ајде сега... кажувај!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И затоа, дури Нешка и Доста се радуваа на својата среќа, Илко го канеше Шпира да си макне од тепсијата и му велеше: — Ваа веќе ќе а заведиш, шо ќе а заведиш, токо ајде, гледај па да доведиш некоа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А виду јас и таа нивна Бугарија шо сермиа е.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Не се издржуа, бацко Толе, шо не се издржуа, токо ајде да а ваќаме и ние Бугарија како тиа лани! — му предложи еден ден Андон на Толета.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)