Алегоријата е везена со мајсторство, колку со вибрантниот и воздржан стил толку и со умешноста на митот на отпорот против криминалниот диктат.
               
             
           
            
            
              „Времето на козите“
               од Луан Старова 
              (1993)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Првин било така: ако продадеш толку и толку волна, една четвртина даваш на власта.
               
             
           
            
            
              „Бунар“
               од Димитар Башевски 
              (2001)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Во Париз претставува своевидно доживување да се посетат неговите цркви, кои се стари стотици години и затоа секоја од нив е споменик, колку значаен за историјата толку и за уметноста, зашто навистина секоја од нив има своевидни знаменитости.
               
             
           
            
            
              „Патувања“
               од Никола Кирков 
              (1982)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Во „Олимп“ кампувањето, за еден човек на ден, чини 60 драхми, толку и за приколка, односно 50 за шатор, а во бунгаловите, со четири кревети, на ден 500 драхми.
               
             
           
            
            
              „Патувања“
               од Никола Кирков 
              (1982)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  —    Не викај толку и седни да не си а земиме бељата сите да не исколе Адем, — почна да го смирува стрико му Куле, — та ти шо не ќе стоиш да те продаваат, тоа друг есап е.
               
             
           
            
            
              „Толе Паша“
               од Стале Попов 
              (1976)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Тие се кикотеа, колку од зборовниот каламбур толку и од скокотот по половината, меѓу стегачот на градникот и ластикот на гаќичките.
               
             
           
            
            
              „Синовски татковци“
               од Димитар Солев 
              (2006)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Со црвени кордели на русите плетенки, со кусо ѕвонесто здолниште во сите бои на едно ромско клопче, таа уште и дрнкаше на гитара со голи коленца едно врз друго, па немаше друштво што можеше без неа и немаше веселба без таа да е прва, макар што во учењето не се истакнуваше толку и добиваше преодни оценки благодарение на својот умилен изглед.
               
             
           
            
            
              „Синовски татковци“
               од Димитар Солев 
              (2006)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  По повод доделувањето на титулата, во својата воведна реч академик Гане Тодоровски истакнува:  Треба да се гордееме со овие и вакви писатели, коишто се колку наши толку и на други или колку на други толку и наши зашто такви пред Стојан Христов беа и Григор Прличев (грчки и македонски автор) и Коста Рацин (српски и македонски автор) и Никола Вапцаров (бугарски и македонски автор), како и уште многумина други во минатото.
               
             
           
            
            
              „Невестата на доселеникот“
               од Стојан Христов 
              (2010)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Бугарија досега не знаеше оти решението на македонското прашање не е исклучиво во Софија, ами колку во Софија толку и во Белград, т.е. во согласувањата меѓу Софија и Белград.
               
             
           
            
            
              „За македонцките работи“
               од Крсте Петков Мисирков 
              (1903)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Сиот вилает, сиот Балкан, станувал сѐ повеќе прогонета волчица скучна од сомневања дури и кон својот род и пород, бил скаменето животно со душа благословувана само од пеколот - се раѓа на камен, живее на камен, ги лекува раните на камен да биде еднаш живот или вечна смрт; лежат кратовските кули на беговите врз прастар вулкански кратер и лежи на ист таков кратер Лесново со својот манастир, истината лава се купите и излеаноста над Мрежичко под Кожув, над Добро Поле под сенката на кајмакчаланските облаци и на Стара Чука кај Стојаково во Гевгелиско, во преспанските води се огледува со тага варовитата Галичица, Крушово е камен на камен; бегале пред исламски зулуми Мијаците од Дебар, оние од Река и Власите од подалеку и кревале своја крепост, се криеле во ниски врби на смирени варовници и по прнари Брсјаците, но и едните и другите, и исто толку и многу повеќе господарите, ги секле шумите, се градело, се горело, им се носел лисник на козите, потоа од планините се урнувале порои скрка и ги покривале неговите житници, на тој лом да се множат жолтогрлени гуштери и црни скакулци со тешки утроби - се шират степски и пустински површини, земјата уште само со прнар се закитува.
               
             
           
            
            
              „Тврдоглави“
               од Славко Јаневски 
              (1990)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Сонцето било свртено кон грчот на неговото лице.
               
             
           
            
            
              „Тврдоглави“
               од Славко Јаневски 
              (1990)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  За сѐ е нужна чиста сметка: примено олку, дадено - толку, и со букви: толку и толку уште штркови се на лице.
               
             
           
            
            
              „Кловнови и луѓе“
               од Славко Јаневски 
              (1956)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Самото with, кое денес му одговата на нашето (германско) „со“ (mit), изворно значело колку „со“ толку и „без“, како што може да се види од случаите withdraw (повлекување) и withold (задржување). Истата промена ја препознаваме и во германското wider (против) и wieder (заедно со). *
               
             
           
            
            
              „МАРГИНА бр. 6-7“
              
              (1994)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Да можам ...  само да можам,  да сторам да трае мојот сон кога твојот се руши...  зошто не секогаш во една средба трае сиот живот  а животот е мал за да го собере сето во тебе за мене...  за да собере толку и смеа и солзи,  и копнеж и љубов...
               
             
           
            
            
              „Разминувања“
               од Виолета Петровска Периќ 
              (2013)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  И колку несреќите да се од бога, толку и самите ги предизвикуваме...“
               
             
           
            
            
              „Животраг“
               од Јован  Стрезовски 
              (1995)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Нивно вистинско оружје беше безмилосното сослушување што продолжуваше со часови; го сплеткуваа, му поставуваа стапици, искривоколчуваа сѐ што рекол, го уверуваа на секој чекор дека лаже и дека е противречен, сѐ додека не почнеше да вика колку од срам, толку и од нервна премореност.
               
             
           
            
            
              „1984“
               од Џорџ Орвел 
              (1998)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Се разбира, се собра народ. Експерти. Едните велат – гризнато е, другите – не е гризнато.
               
             
           
            
            
              „Црни овци“
               од Катица Ќулавкова 
              (2012)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  А стопанот е индиферентен – се прави недоветен.    – Должни сте – вели – за четирите изедени парчиња толку и толку.
               
             
           
            
            
              „Црни овци“
               од Катица Ќулавкова 
              (2012)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Исхак бег, како што си беше срчен и умен, си натрупа не само богатство, туку и подигна во своја слава колку верски градби, толку и неверски.
               
             
           
            
            
              „Вежби за Ибн Пајко“
               од Оливера Николова 
              (2007)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Додека мариовците пазарат, еве кај Петруша толку и толку шамии, шамивчиња, тулбени, грлувчиња, ракавчиња, капи, разни бугасии, ѓувезии, астари, што ли не; од Алекса Баба ќе кренат со оки шеќери, леблебии, суво грозје, смокви, газија и друг бакаллак; од Јашмакот — десетина дваесет рала чевли.
               
             
           
            
            
              „Крпен живот“
               од Стале Попов 
              (1953)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  23. КОЛКУ ЗБОРОВИ КАЖЕ, ТОЛКУ И ЛАГИ ВРЗАЛ -  си ја фрла мрежата за лов во матна бара  и низ високиот шевар сѐ понатаму брза  за што поголема лага, за што поголема пара...
               
             
           
            
            
              „Куршуми низ времето“
               од Љупчо  Стојменски 
              (1976)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Потење; хлорид толку и толку насто; сулфати толку и толку; урински нитрат, амониум нитрат, значи: креатинин, шеќер, млечна киселина, ете!
               
             
           
            
            
              „Лек против меланхолија“
               од Реј Бредбери 
              (1994)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Оние што се збиени, уште од зори си ги мешаат сенките, се надјавнуваат, се грабаат на просторот, се издолжуваат и се собираат како пијавици, како полипи, како чудовишта;  сокаците: удриле кај им било мило; еден од нив, најширокиот, се припил до езерото, не се дели од него: кај врти езерото, и тој; кај ќе се намери на куќа, се тргнува настрана, се свиткува, се стеснува; кај се спушта брегот на езерото, и тој по него; колку што се проширува брегот на езерото во летно време - толку и тој.
               
             
           
            
            
              „Свето проклето“
               од Јован  Стрезовски 
              (1978)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  За една недела, во тој и тој парк, на таа и таа клупа, во толку и толку часот.
               
             
           
            
            
              „Азбука и залутани записи“
               од Иван Шопов 
              (2010)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Како што заспа, така се најде на некој отворен, недефиниран простор, во една колку парадоксална толку и апсурдна ситуација.
               
             
           
            
            
              „Продавница за љубопитните“
               од Мето Јовановски 
              (2003)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Човек е во искушение ова дело да си го претстави како катедрала од хартија и мастило, меѓутоа со оглед на тоа дека авторот потекнува од една повеќенационална средина, замислената претстава, споменатата градба, би требало да се поврзе колку за католички и за православни култни места, толку и за џамијата.
               
             
           
            
            
              „Атеистички музеј“
               од Луан Старова 
              (1997)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Зашто, ако овој писател со истата леснина како и Исмаил Кадаре се ориентира во лавиринтот на балканскиот простор и време, тој со Данило Киш ја споделува величината на највозбудливиот омаж, посветен на најпотресниот лик на Таткото: во романот Градина, пепел на Киш, незаборавниот Едуард Сам настојува да го состави универзалниот возен ред, додека таткото на Старова сака исто така да оствари еден колку огромен, толку и хемерички проект:
               
             
           
            
            
              „Атеистички музеј“
               од Луан Старова 
              (1997)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Се планира да се изградат толку и толку електроцентрали, фабрики, рудници. Потребни се.
               
             
           
            
            
              „Добри мои, добар ден“
               од Глигор Поповски 
              (1983)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Се планира да се произведе толку и толку жито, овошје, зеленчук и друго.
               
             
           
            
            
              „Добри мои, добар ден“
               од Глигор Поповски 
              (1983)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Сепак, не им истури се, ама ги благослови:  - Да ви се истури небото толку и да ви се исфрли морето толку колку што ви е мило во душата!
               
             
           
            
            
              „Авантурите на Дедо Мраз“
               од Ристо Давчевски 
              (1997)