целосно (прил.) - во (предл.)

Морав да ја напишам оваа книга за да ја откријам, за да се доразберам во едно време во кое ме немаше целосно во односот кон неа.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Во нејзиното писма одѕвонуваше тишината на нејзината осама, нејзиниот божји долг што си го препишуваше на својот живот како да ги спаси чедата, кои сега ја напуштаа заодени по патот на нивните семејства, а јас се бев оддалечил најмногу, следејќи ја кривата на својата амбиција Колку ли пати пишував многу побезвредни депеши, се внесував целосно во нив, сигурен дека можеби никој нема да ги удостои со вниманието што им го посветував, наместо да ги пишувам одговорите на писмата на мојата мајка, кои беа незаменливи делови живот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Татко охрабрен продолжи: Балканците, чии предци живееле под Отоманското Османското Царство, кои се вникнати целосно во своите мајчини, потоа национални јазици, стануваат свесни дека постои еден значаен фонд зборови, од османско-персиско-арапско-турско потекло кои им овозможуваат на извесен начин дури и да комуницираат меѓу себе.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Капка една удира во окно железно, жолт цвет во тревата умира целосно во пролетта што на својот почеток гасне, цвет од илузии повторно расне.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
И нашата уметност нема да функционира целосно во сегашноста.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Но, овој висок службеник беше целосно во заблуда; а далечниот извор на неговиот пораз лежи во претпоставката дека министерот е будала, затоа што го бие глас оти е поет.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Бургиба беше целосно во своите. Луциден!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Него, потоа судбината го одведе кон Франција, каде што преживува со своето семејство и е еден од малобројните преживеани на сефардскиот солунски универзум кој страдаше речиси целосно во времето на фашизмот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)