Сега кога знаеме  оти младоста ги напушта  и похрабрите од нас  нема повеќе по што да жалиме  Блаже, да каснеме од твоите Чушки  Горчината е  најблагиот корен  на сладоста  Нас слична глад  и иста жед нè измачува  Да седнеме  на софрата на Поезијата  негде скраја  Подалеку од челното место  И од оние  кои шумно зборуваат  а тихо мислат  Сакам да ме поучиш како  засмејуваат обичните зборови  оние зад кои ја криеше  тагата.
               
             
           
            
            
              „Посегање по чудесното“
               од Србо Ивановски 
              (2008)