А таа, сосема опиена, развеселена, фрли по мене со тетратката и повеќе формално, за одбрана на некаква апстрактна чест (ме загрижи тоа кај Луција: поимот на апстрактната чест), рече: „Свињо безобразна“, и се стрча по мене, а јас бегав; во таа наша игра веќе немаше ништо сериозно, ништо од пред малку, оти кружокот беше завршен, а чудото почнато.
               
             
           
            
            
              „Папокот на светот“
               од Венко Андоновски 
              (2000)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  а чудата  „чудата понекогаш се случуваат катадневно и престануваат    да те чудат  а потоа пак ништо не се случува и тоа си е најнормално“  рече Снешко Белчо* најубавото зимско дворно страшило  од кое не се плаши ни министерот за внатрешни работи* лично    чудно зарем не      25.12.2001.
               
             
           
            
            
              „Три напред три назад“
               од Јовица Ивановски 
              (2004)