да (сврз.) - биде (гл.)

Сето тоа, собрано во едно тешко бреме, мораше сега да се носи на својот грб таму, напред, кон дома, со тоа мораше да се тоне во длабокиот студен снег, тоа мораше да биде извлекувано од под онаа тврда кора, што удираше во цеваниците при секое пречекорување.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Проклет да бидам, видел.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Ами ако татко сторил ниет и дал збор без мене, нека ме има он на душа, јас пак не го оставам да биде страмен.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Напуштајќи го Министерството во ова време од денот, тој си го жртвува ручекот во кантината иако знаеше дека во кујната нема друга храна освен едно парче црн леб што требаше да биде сочувано за утрешниот појадок.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ергените, од секое домаќинство по еден, токму оној што се замомчил и требаше да се покаже, или оној што требаше да избере и да биде избран од некоја од момите, за наесен кога ќе започнеше мрсот, да се ќердосаат, дотука вода во калта, искусните домаќинки, за радост на бабите и децата, поседнати наоколу, ги виткаа црепните, сосетките одговараа: - Не ми се криви нозете, не ми е земја грутлива, туку ми лудо намигна, туку ми умот поштукна, зато ми се црепни - црепутки. - Ихии!...
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Во мошне значајниот и во повеќе насоки инструктивен есеј „Еден опит“ со трите поднаслови... „за традицијата и иновациите“, „за откривањето на песната“ и „иднината на поезијата“, Блаже Конески ја сподвижи теоретската размисла за посебностите на индивидуалниот творечки опит кај нас, што може да биде од посебно значење и не само за македонската литературна историографија.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
И ни вели тој на сите како што бевме собрани во училиштето: кучиња повеќе во селото наше нема да има! До едно мора да бидат поштомени.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Сите можеа да бидат во тоа огледало, сите блиски со кои се размина засекогаш во животот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Не е страшно ако го убијат веднаш. Човек и очекува да биде убиен.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Не сум убедена баш дека е така, па побрзав да дадам објаснување, не толку од искуство колку од страв да не ни биде укинато единственото задоволство за кое не мора да плаќаме, барем сѐ уште, а да биде поради здравствени причини, а со тоа и оправдано.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
„Беше ли возбудливо?“ „Секако“, рамнодушно одговори Елефтерија. „Љубопитството бара да биде задоволено“.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
И затворениците под Италијанците не сакаа да бидат ослободени од Грците.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Работата многу си ја сакам, се трудам учениците да ги водам на добар пат во живото, да бидат чесни, храбри, да се борат, да учат и собираат знаење.“
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
И тогаш тој нејзе вака и рекол, „Ти не можеш да бидеш благословена додека мажот ти, Неговото Величество, не оди на војна.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Она 'ржење, што можеше да биде само волчешко, се повтори малку од подалеку.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Најпосле, ако не можете да сфатите во што е работата, оставете ме на мира да бидам малку сам и да не ги гледам вашите муцки.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
За ова не се пишуваше во весниците. Тие не брзаа да ги кажуваат работите без да бидат сигурни дека треба да ги кажат.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Психоделичните дроги, со оглед на тоа што нудат, пред сѐ богато визуелно доживување можат да бидат многу привлечни за личности кои се бават со визуелен медиум.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Очигледно, чувството за време кое се разви од асимилацијата на физичкото време настанато од арбитрарната поделба во единици на дневната ротација на земјата, има малку значење за оној тип на перцепција на времето кој може да се јави во сништата, или, како во овој случај, да биде индуциран со ЛСД.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
И Мече не почека да биде двапати повикан. – Ела со мене, бргу! – со шепот му рече Беличот.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Словенска антитеза Дали ветер се дигна над морето под небото дали птиците се вратија и топлите времиња дали јазикот се поднови и смислата или миговните богови збор зедоа и загинаа та преметите, луѓето и соништата безобѕирни просторот и горчината ги размножија и душата ми ја изнесоа на отворено како разговор во акропол да не смее да биде сама а да сака?!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Еднаш нешто му просени во погледот, но тој веќе не можеше да биде сигурен дали тоа беа тие, или пак само една игра на снежната ткаеница, а веднаш потоа не беше сигурен ни дека постоело некакво просенување.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тоа што го говорите треба да биде во согласност со тоа што го мислите, способноста да се најдат соодветни зборови за тоа што сакате да го кажете е во слободното изразување на чесните мисли.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Лаката од Адема беше голема, пет кила семе бери, а бегот сака неделава да биде изорана и посадена царевка, инаку се знае, ќе го јадат остенот секој ден.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Денес се случи да појадувам дури во 13:00 часот, па имам чувство како допрва да почнува работниот ден, додека во изминатите утра доручкував со самото пристигнување на работа, не затоа што чувствував неодложна потреба, туку ете така, доручекот си го имав сфатено како обврска, како една од работните задачи која мора да биде итно завршена и ако не биде систематски завршена во предвиденото време, ќе ми ги помести останатите обврски во денот.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Ги потврдува дотолку повеќе, што оваа книга беше напишана пред да биде објавен материјалот на американските психијатри. 42 Margina #22 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Уште долго ќе сакаш да бидеш со нив во кругот ќе сакаш залудно и ќе се прашуваш: што во бесконечноста што во атарот на загубата?
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Зашто тоа Пене, кога почна таа Граѓанската војна во Грција, отиде партизан да биде таму. Тоа овде се знае, а за повеќе...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Нема да останам во минатото, љубовта не е дух, судбината не е предодредена, судбината ја градиме ние, не се откажувам, не е завршено, бескрајот е последна станица а во следниот перон сум јас, тргнав за да бидеме заедно, зошто никогаш не се изгубивме.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Во овој случај, конкретниот работник има право на годишен одмор со т.н. минимално времетраење, кое не може да биде пократко од десет работни дена; б) договор за вработување со скратено работно време кај по- веќе работодавачи (т.н. двоен работен однос) – којшто има за цел постигнување на полното работно време определено со Законот (чл. 49, ЗРО/05 – иако слична одредба веќе постоеше во чл. 39 од ЗРО/03 – Пречистен текст).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Бев со девојка. Сакав да бидам фраер.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Но, во извесна смисла, суштествата кои живеат во реалниот свет мораат да бидат „комплетни”.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Се вртеа полковниците, гледаа, се чудеа: - Што може ова да биде... - рече Бонети.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Но Татко ја вгнезди нашата судбина во Скопје.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но како никогаш и никоја не стигнуваше да биде прва, имаа такви, лоши, табиети да се извикуваат и во групи, по две или по три, одеа на вода а таму, на чешмата, или на бунарот, ги оставаа садовите, за да им држат ред, и се враќаа дома си.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ако ме разбравте што ви реков, сакам да одите кај него и да се смирите со него оти не да сте повиновни, туку зашто сте посилни – треба да бидете подобри.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
XXII. Негде пред зора, токму на добата, за која синојка помисли дека треба да биде скорнат, Змејко веќе стоеше на својот прозорец.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Што било насекаде во Европа, може да биде и кај нас, во Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Примерен, што уште не, проклет да бидам, примерен серко.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Па после сакаа со мед да ме мачкаат по образите. За да бидам благ со жената.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Или, како што нараторот вели, парафразирајќи ги тие ставови: Идејата сите народи да зборуваат само еден јазик е исто како да собереш коњи, магариња, кучиња и камили и да ги натераш со силата на стапот сите заедно да рикаат, без оглед на нивниот вид.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Па што ако се расплачам, си велам, и плачењето може да биде среќа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
За него, текстурата веројатно укажувала на состојбата на топлина која е латентна во материјалот и која чека да биде ослободена со вајарскиот процес, па според тоа на животот му се нуди на располагање.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Брзаше, свесен дека може да биде само за еден миг, само за еден чекор - доцна. Доцна, најмногу за него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Меморија: страв - расказ – Од ден- на- ден сѐ повеќе стрепам: овде сум, а по којзнае кој пат сонувам дека никогаш нема да бидам.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Вториот дел што содржеше мал број записи направени од Едо синот и беа општо земено поинтересни, прво, поради тоа што беа писмено напишани, второ, што беа на едно поосмислено рамниште и, трето, за авторот посебно интересно,што беа израз на потреба да бидат направени, факт во кој авторот откриваше писател.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Во Булкес Грците отворија голема земјоделска задруга, основно училиште и гимназија, имаат своја власт и свои пари, па дури и милиција, печатница во која печатат весници и книги и скоро сите кои беа борци на ЕЛАС таму учат да бидат политички комесари.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тужениот „Кјуби“, кој повторно го изгуби спорот, незадоволен од ваквиот исход –  пак ја обжалува пресудата пред битолска апелација.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Или хероината од бајките мора да биде убава, нежна, и да, русокоса, што значи автоматски лесна за манипулација, наивна и - глупа.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Кој, сака, море, нека умира роб, ама јас немам ниет роб да бида до век! — па го крена гласот повисоко, обрнувајќи му се на татко си и стрика си Кулета: — И да знајте сите: јас нема да му стоа ни на вој пес, Адема, да ме продава како стока, ни на тој ајван, новиот наш бег, да ме купуа како стока. Море, освестете се еднаш, бреј, оти сме луѓе, а не стока да не продаваат и купуваат виа пезевенци, бре!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Стражарницата во вид на михраб на мостот, обично вградуван во внатрешноста на џамијата, можела да биде замислена и како вид божјо испраќање на војски во нивни походи.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
— Не може тоа да биде! Јас турцка роспиа и посестрима не зимам па угу таа и јас да останиме на овој свет. Не прибирам јас жена крај мене шо била со години бегова роспиа, тоа да го знајте и мајка, и татко, и секој кој сака да знае.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А кога се игра, зајаче треба да биде помалиот.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Остана само да смисли како да го спроведе својот план. Тоа требаше да биде незабележливо.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Севкупните промени што настанаа во периодот 1993-2005 најдобро можат да се забележат од следната табела: Работен стаж во Максимален број Година години/број на плати на месечни плати 1993 2:1 12 2003 3:1 8 2005 5:1 6 Табела 1: Висина на еднократниот надомест при добивање испратнина Односно, ако во 1993 година на работникот со наполнет работен стаж од 25 години му следуваше испратнина во висина од 12 месечни плати, од 2003 тој имаше право на 8 месечни плати, за од 2005 испрат- нината, во неговиот случај, да биде преполовена на 6 месечни плати!
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Далеку од очи, далеку од срце, нова категорија на врска, во која не мора да бидеш секогаш тазе исфарбана, а за на „скајп“ си ставаш капа или шубара и си муабетиш, или си недостапна.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Се мислам дека истиот е населен од многу што сакаат со позајмена статусна позиција, што би рекол Вендерс „...да летаат низ ноќта во слеп полет без инструменти, но на крајот да се приземјат таму каде што избрале да бидат.“
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
За Кулик: „Вистинската демократија може да биде воспоставена врз политички инклузивната идеја на зооцентризмот (човекот како дел, а не мера за биосферата на нашата планета) - Зооцентризмот го интегрира човекот како супкултура во поголема целина на соединетата култура на ноосферата (изведено од noos: способност за мирисање, сетило за мирис)”.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
„ Си помислила ли некогаш“, рече тој, „ дека најдоброто што би можеле да го сториме е да заминеме од тука пред да биде премногу доцна и никогаш повеќе да не се видиме ?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Не се предавам, рече. Денот не може да биде побрз од мене.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ако е потребно ќе ја поделиме и сиромаштијата и немаштијата.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Таа привилегија на еден дијалект, поддијалект итн. да биде орган на литературната реч – според учењето на историјата на јазиците, им се дава ним не по некакви особени естетски предимства, а по чисто практични причини, т.е. по стекот на историско-културните околности.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Имено, иако во договорот со работодавачот стоеше дека тој може да добие отказ „во секое време“ – тој, со право, вели дека во трудово-правните односи постои т.н. ограничување на автономијата на договорните страни, со што договорот не смее да биде порестриктивен од законот, што впрочем се покажа и во неговиот случај.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Подарок може да биде цвет, јаболко, книга, некаков украс и слично.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
А и тој не сака да биде ниту јагне ниту зајаче.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Незабележително, нѐ опфати уверувањето дека неописливите мистерии вредат да бидат изразени со посветени чинови.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Немој да бидеш попустлива кон себеси кога ќе се преиспитуваш - можеш или не можеш!
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Новаковиќ се трудеше да биде близок и до македонските национални дејци за да може да ги искористи за целите на српската политика и пропаганда, па се среќаваше и со Мисирков.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
КОТЕ: Тоа што е пишано од бога да биде — ќе биде! Сега Анѓеле нека си оди со здравје та...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Претпоставените се однесуваа во рамките на нивните службени овластувања, материјално-просторните услови беа добри, а работничките права во целост беа почитувани.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Без око да му трепне (ни на клепките нема трепки) Митра е дома кај да биде на друго место!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
А кај нас, резонираше Чанга, навистина се посебни условите во изградбата на социјализмот, па затоа козјото прашање треба правилно да биде решено.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Истовремено би требало, како што тоа го прават Холанѓаните и (посебно) Швеѓаните, да се инсистира на тоа наркоманите да се научат да бидат одговорни за сопствените животи.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Да научиме да гледаме, слушаме, мирисаме, да ги вкусиме најмиризливите зачини на животот, да бидеме шармантни, харизматични, лесни како воздухот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Тој ги знаеше и сите млаки каде што можеше да биде задржан тој, а знаеше дека во вакво време дивите свињи се хранат со корењата, што ги ископуваат по тие млаки.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Што значи дека не мора да бидеш хомосексуалец за да правиш така.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Авторот на делото успева да ги хармонизира овие две крајности, останувајќи до крај внатре наративна перспектива, односно опфаќајќи доволна наративна градба за творечкиот свет да биде целовит и јасно дограден...
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
2.  Странците во РМ уживаат слободи и права гарантирани со Уставот, под услови утврдени со закон и меѓународни договори (чл. 29, ст.1 од УРМ).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Наместо да ме населиш во тебе, да бидам твоја крв, Ти од мене направи олтар Пред него секој да се моли - Така ме раздаде. Така ме уништи.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Се наредува случајот претходно да биде испитан: ако старата црква навистина му припаѓала на споменатиот милет, ако во сето тоа не учествуваат и други милети, ако не се наоѓа во исламско маало или атар, ако земјата не е во состав на некој вакаф, и ако за ѕидањето нема никакви други пречки и ако молителите ги обезбедат потребните пари за ѕидање под услов да не бидат надминати споменатите димензии, да не се пречи ѕидањето на споменатата црква, туку да се задоволи молбата.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Навистина беше штедра во понудата, особено по мажачката со Анатолиј, но во таа своја игра не би се рекло дека одеше докрај.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Колку би сакал да бидам еден од нив. Чезнеам и многу сакам да те видам.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Не можат сите да бидат просветлени. Тоа е привилегија.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Изразџавкаа: - И ние сакаме да бидеме убави како тебе!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Камилски беше подготвен да ѝ придаде на заемката ќерпич многу пошироко и поголемо значење, историско, дури, како што му се изрази на Татко, и филозофско значење, поинакво од што таа предизвикуваше на прв поглед.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Плод што треба да биде загризан и изеден.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Таму (сонував, не е повеќе од сон, но како да го вмешува и да му се прилепува на јавето) има некој што се вика Род – или Ерод, или Родо – и тој ме тепа и јас го љубам, не знам дали го љубам, ама допуштам да бидам тепана, и така од ден на ден, тогаш сигурно го љубам.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Еден саат чука тик-так, тик-так, Собирајте од афион мак Зрнциња кафе и пламено кајче и правете хероин за идните во воздухот сили поколенија; не чекајте време нема. Нечии мили кафени труби О, мила врбо бесрамна Наравоучение ни цицка, ни гс ко штица си рамна, Ако сакате да живеете долго исти се сите стомаци и да бидете здрави кога се полни бидете работливи како мрави. Кон одот за господа и божјиот суд на бескрајната Ако сакате да бидете први (верници) меланхолија во долината не бидете победни и од црви. сивите пци. 54 Margina #1 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Беше крајот на јануари и тој отсекогаш знаел дека то со волците морало да биде токму вакво.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И во овој случај Duchamp укажа на вистинската трага.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Човек како мене толку сензитивен и посветен, може да биде исполнет најмногу од уметноста и науката, затоа што само тие како децата можат да се сакаат безусловно и секогаш на истото ќе ти одговорат со дупло поголема љубов, ако ги сакаш и негуваш на вистинскиот начин.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
ТЕОДОС: А и каква може да биде девојка од таква куќа?
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Тој сакаше со помош на уметничката топлина да го излечи германското патолошко затврдување во тоталитарен режим, што се одвивало за време на неговото детство.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Дури гемиџиите и да не сакале, или да немале потреба од контакти со ЦК, самиот ЦК не можел да биде индиферентен и да не се интересира за сѐ што се случувало на револуционерното поле во градот, па и во цела Македонија.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Неговото непрекинато мрморење сега се престори во некое чудно подвикнување, во кое се придушуваа издивнувањата, а тоа беше и единствениот начин да се преборат во себе и да бидат превидени и липкањата на еден ваков чуден, сув плач.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Според нив, „таков еден аранжман економски може да биде корисен, а присуството на меѓународните власти може да послужи да се зголеми стандардот на локалната управна власт, под услов да се воспостави ефективна меѓународна власт со можност да интервенира во спречувањето на неправдите докажани од нејзините органи.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
На неа е телефонот на фирмата која ги замрзнува мртвите тела за да бидат во можност, теориски, еднаш во иднината пак да се вратат во животот. Маргина 34 115
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Требаше да биде пречекан притаено, да биде чекан.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Па, како можеш да очекуваш дека овцата нема да биде вкусно јадење за месојадецот. Таква е природата, сурова.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Болка за која што многу години пред тоа не можев да поверувам дека може да биде уште посилна.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Затоа тоа се труди сексуалноста да биде обвиена во неискреност и хипокризија.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Можеби комитетот успеа во самата Македонија да биде општомакедонски, само не доби признание од надвор, во Европа? – Одвај ли.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Кога ќе се сетам што најмногу ми недостасува, тоа е насмевката што се раѓа на моето лице и спокојот во мојата душа кога ќе се појави нов сјај во твоите очи кога доаѓаше да бидеш со мене.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Личноста може да биде како некој друг, а при тоа да не биде тој некој друг; чувствата можат да се споделуваат, не мешајќи се и не втопувајќи се во чувствата на другиот.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Тоа е леснина која ми овозможува да бидам во сите замисливи и незамисливи состојби.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
ПОЦКО: На здравје! (На Арсо.) Повели, брат Арсо, вино.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Требало да бидам машко дете. Но, ете, за инает на сите, се родив девојче.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Никогаш повеќе нема да бидеш способен за љубов, за пријателство или за радоста на живеењето, или да се смееш, или да бидеш љубопитен.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- Сета твоја мудрост е да бидеш ждребец и само... - И сега ли мислиш така?
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Сонот беше исто така опфатен - во извесна смисла и содржан - во едно движење на раката што го направи мајка му, а го повтори триесет години подоцна онаа Еврејка што ја беше видел во филмскиот журнал, додека се обидуваше да го заштити детенцето од куршумите, пред да бидат и двајцата разнесени на парчиња од бомбите фрлени од хеликоптерите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
По којзнае кој пат уште еден пораз но поразот не значи изгубена битка учен е народот поразен да биде но за инает не се откажува од игра
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Народ кој во тие мрачни времиња го запалил факелот на праведноста и културата, сепак не можел да биде толку ступиден во својот секојдневен говор и мислење...
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ама нешто се случи со касетата или диктафонот, па раскажувањето на Еца остана таму во големата соба на нејзиниот стан на улицата Ваци Ут во Будимпешта. Така требало да биде!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Кај неа, сепак, преовладуваше источната варијанта на фатализмот во однос на жената, таа да си биде осудена да се жртвува за семејството, а мажот да биде неприкосновениот столб. Главата на семејството.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
6.  Формалните договори можат да бидат раскинати со неформална спогодба, освен ако за определениот случај со закон е предвидено нешто друго или ако целта поради која е пропишана формата за склучување на договорот бара раскинувањето на договорот да биде извршено во истата форма (чл. 60, ЗОО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Вратениот дипломат, доколку имал успешна мисија, станува незаменлив експерт за земјата кај што служел, регионот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во почетокот храната мораше да биде течна и миксирана.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Му се сретна на патот и тој стори сѐ, што требаше да биде сторено, за да го улови, но оној не се даваше.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Првите десетина средби беа тајни. Не сакаа да бидат видени.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Не зашто бил начнат од сакагија туку зашто можел да биде симбол на сите надежи во тие дни.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
А можеби затоа што секој понавивачки настроен читател е склон да биде по малку воајер кон светот на своите писатели.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Можеше да биде каков сака, оној, можеше да биде и еден од оние, што крадат, требаше само да ја сврти пушката кон она ѕвере, да ја насочи кон неговите ребра, или нишанејќи во нив, барем да го закачеше во задниот колк, сандакон сега ќе ни беше полн така што ќе да ги викневме нагости дури и сите оние волци надвор, и пак да остане за нас.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Да, уште никаде не сум бил, но знам дека можам секаде да бидам.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Но со тие зборови тој како да ми помогна, проклет да бидам, дури тогаш потече, во мене, река.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Нема начин на кој Партијата би можела да биде соборена. Владеењето на Партијата е вечно.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тие идеали треба да бидат изработени од највидните претставници на народот и усвоени од сите негови членови.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
„Не му тежи умот и тој магарштилак да го направи", — со право си рече во себе Сефедин.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Иако, баба му и дедо му верувале, како што многупати му објаснуваа родителите на Хелвиг, дека чистата нација треба да биде над сѐ. Дека е света.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Кристална кугла гедоре пи си било што што би можело да биде сѐ.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Навикнат да го напуштаат (сите, дури и брезата), реши да биде внимателен.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Западната наука сѐ до денес се наоѓа на сериозни искушенија да биде што пообјективна штитејќи ги експериментите од секое субјективно корумпирање од страна на гледачот.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Имено, од важни причини, кои мораат да бидат образложени, судот може да одлучи жалбата да не го задржува извршувањето на одлуката (чл. 409, ЗПП) – што, секако, е добро решение во корист на работникот којшто успеал да го добие спорот, особено тогаш кога во улога на жалител ќе се јави работодавачот. в) Законот за извршување Во поглед на присилното спроведување, односно принудното извршување на судските, правосилни и извршни, одлуки донесени во работните спорови, проблематиката е регулирана со ЗИ (2005), 18 којшто е изменет и дополнет во осум наврати: двапати во 2006, по еднаш во 2008 и во 2009, и дури четири пати во 2010 година – но, за среќа, ниту една од нив не се однесува на институтот 17. 
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Цеце: Само обиди се да бидеш Џеки Чен ќе и ги извадам цревата!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
На почетокот од септември десната нога на мајка ја зафати гангрена.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И по сето гореречено ќе се најдат мнозина што ќе речат: Можеби вистина е дека ако немало досега македонска словенска народност, таа може да биде создадена од времето, особено од сегашните историски околности; вистина е оти Македонците по својот јазик не можат со право да бидат наречени ни Бугари ни Срби, ами се нешто одделно, т.е. претставуваат одделна етнографска единка, но пак – како ние сега можеме да се викаме Македонци и да создаваме одделна македонска народност, кога ние, нашите татковци, нашите дедовци и предедовци сме се викале Бугари?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Пред да биде поведена постапка за заштита од вознемирување, предвидена е обврска работникот или друго лице ангажирано со договор кое смета дека е изложено на вознемирување на работното место, писмено да се обрати до лицето за кое смета дека го вознемирува и да му укаже на тоа дека неговото однесување е несоодветно, неприфатливо и несакано, а се со цел мирно решавање на спорната ситуација, без притоа лицето кое трпи вознемирување да бара законска заштита (чл. 17).78
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Чувствував дека таа не заслужува така да биде нарекувана, барем сега не.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Беа двајца пријатели и беа создадени за да бидат вакви цели во себе и сами и судбината како да ги имаше одбирано за да ги сретне еднаш, во еден ваков ден.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беше можеби и добро што не знаев за оваа тајна функција на шифрантот, што би можело да биде извор за нервози и фрустрации, помислував утешно!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Не, јас нема да бидам како мојот збудален московски познаник Жења којшто својот стан го претрупал со аквариуми - и на крајот (ах, тој советски фушерај!) со својата водена менажерија пропаднал еден спрат подолу.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Беше незамисливо дека ќе можат да доаѓаат во оваа соба подолго од неколку недели без да бидат фатени.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тој се врати кај масата, го брцна перцето во мастилото и напиша: „До иднината или до минатото, до едно време во кое мислата е слободна, кога луѓето се разликуваат еден од друг и кога не живеат сами - до едно време во кое вистината постои и она што е сторено не може да биде отсторено:
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- Јас секогаш ги потресувам од правот моите облеки, потоа чеизот и сѐ по ред, не дозволувам лошото да полегне, да се полепи по нив, зашто подоцна било кога, може да ми засмета, да биде кочница за развој! – зборуваше Трајанка.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Со промените кои се случиле во средината на 1943 година на воен и политички план во Македонија: формирањето на ЦК на КПМ, оперативните зони и формирањето на слободни територии, а посебно успешно изведените оружени акции кои биле преземени на територијата на Првата оперативна зона, во британското Министерство за надворешни работи почнале да пристигнуваат извештаи во кои се зборувало за “појава на македонските оружени партизански групи“.81 Таа информација за британскиот политички врв претставувала изненадување бидејќи дотогаш Британците не калкулирале со Македонија како фактор кој по војната би можел да биде самостоен и би претставувал субјект во политиката на Балканот.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Сака уште да рече Можеше да се случи секој од нас да биде убиен, но се премислува: Само стрика Анѓела не го одмина кутриот, вели.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Заменете ги тие букви, на пример, со вашите имиња, во сите расположиви комбинации, од кои не би била исклучена можноста името од местото на буквата З да биде на местото од името на буквата А, и така натаму, до бескрај.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Неговата смиреност посебно ме насрчи.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„И џамијата да биде помала од другите скопски џамии!“, отсече пак Тодора.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
И јас, без да бидам свестен што зборувам, кажав нешто што и ден-денес не можам да си го објаснам; од каде дојде таква луда идеја кај мене, идеја за која никогаш претходно не сум размислувал, ни близу умот не ми била, а ја изговорив (да не се тоа остатоци од некои мои претходни животи?); реков: „Во паузата би можеле да изведеме една мала, лесна циркуска еквилибристичка точка“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тој побарал информацијата да им се достави на сите заинтересирани членови на разузнавачката организација.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Ниту еден човек не можеше да биде херој за неговиот отседлан коњ.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Овој сега е во состојба да ти рече сѐ, а јас го знам и како човек, што знае да биде и молчелив како земја,особено кога ќе појдиш кај него по белешка за исплаќање на твоите трудоденови.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Поединецот има власт само доколу престане да биде поединец.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Накратко, може да кажеме дека екранот мора да биде набиен со емоции”.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Па и дни идат: божиќни пости, мртвени, среда, петок, шо ќе се јаде, пусто да биде! Не е еден, не се два, дни — коа кубаси, шо рекле старите. А вамо, сака залаг да пог'тниш.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Сличен на мудроумен и видовит старец, збрчкан од тежини што му ја притискале преморената душа и бушав од игра на ноќни ветрови, Лозан Перуника дошол на испотен шарколија и ги избројал пред насобраните луѓе и жени гробовите што живите од дружината им ги ископале на мртвите: останале патем рабите божји Дмитар-Пејко, Неделко Шијак, Јанко Крстин, Пеце Димовски, Борис Калпак, Симон Наконтик, Онисифор Мечкојад, Куно Бунгур, Пандил Димулев, Никола Влашки, Сандре Самарија, Самуил Пендуш, Филип Макариев, Никифор Ганевски, Илчо Просинек, Каменчо Скитник, Орлен Шумков и Јаков Иконописец, кои со ранетите Чучук-Андреј, Метуш Батковец и Цене Папчев можеле да бидат прогласени за дваесет свети и пресвети маченици, безбедниот Јаков Иконописец, без тој апостол со душа на вероизмамник од чиј оган горел Круме Арсов (ако починал, бог да го прости), и отишле или бегале од дружината Васко Тушев, Цуцул Мицковски, Осип Сечковски, Салко Вадидуша, Трипун Караѓоз, Гидоен Кузмановски, Блаже Задгорец, Марко Марикин, Пане Долгманов, Кирил Сукаловски, Јордан Шоп и последниот, сѐ уште негде на пат, Спиро Првославец, ако е некој виновен - господ нека му суди и се враќале со камења за неколку воденици и со тројца ранети Онисифор Проказник, Јован Стојче-Столетников, Герасим од Побожјане, Богдан Преслапец, Лазар Аргиров, Наџак-Јанко, Арсо Арнаутче, Цветко Грнар и Богоја Гулабарин, споулавен и зол колач на беспомошен раненик, и еве го него, Лозан Перуника, гладен и жеден гласник, од чие бавно и тешко редење на имињата до бога раснеле тажачките на жените и плачот на децата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Против ова решение не беше дозволена посебна жалба, сѐ до септември 2010, кога се прецизираше дека против решението може да се изјави жалба, но дека таа не го задржува извршувањето на решението (чл. 93, ЗИДЗПП/септ.10). 5) давање можност жалбата против конечната пресуда да го нема вообичаеното т.н. „суспензивно дејство“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но, од друга страна, со тоа што ми заповедаше да тргнам со неа, таа покажуваше бесна немоќ, и тоа беше симпатично. (Боже, можно ли е да сум бил толку незрел и глупав за да не сфатам што сакаше Луција да каже со тоа, и дека бараше да бидам со неа на еден општествено дозволен начин, како другар од партијата; зарем бев толку глупав да не сфатам дека тоа беше единствената форма под која можевме тогаш да бидеме заедно, тогаш кога партиската свест беше посилна и од свеста за физиолошките потреби?) За да ја развеселам, реков дека ќе потпишам.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
- Што! Да живее како јас! Номад цел живот да биде и бележан со униформата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Показатели при овој процес можат да бидат, на пример, дисконтинуитети во бојата и текстурата. okno.mk | Margina #3 [1994] 83
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Имплицитно, тие права не можат да бидат помали од правата што се утврдени со општ колективен договор (на ниво на РМ), а експлицитно тоа е недозволиво во споредба со правата утврдени со закон.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Сега таа му се стори благословена и од господ, и од народот и се заколна во себе дека ќе ја употреби само на народни душмани па макар кои да бидат тие.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Машки сон: Сонувам како лежам на некој кревет.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Или можеби тој се надева јас да станам носталгична по него и кај мене да настане пресвртница и сѐ да биде како што беше порано.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Но Петар, како човек кој во душата никогаш не го засака пишувањето, оти се раѓаш или како писател или како рибар, не сфати дека не е важно дали сите тие луѓе кои жедно ги голтаа нивните проповеди и поуки ќе им ги разберат зборовите токму онака како што тие, проповедниците на Радосната Вест, сакаа да бидат разбрани.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Ова му овозможи да биде примнат до есен во втори клас, но материјално не беше никако осигурен, та одвај го заврши овој клас и пак со аргатите пред Петровден се врати во родното село.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Многу почесто се прашуваше каде ли се наоѓа и кое време од денот може да биде.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Пожелно е да биде присутен кога се снима, но може сето тоа да го види и на монтажа кога ќе се развие филмот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Но формирањето на словенска федерација, која ќе се протега од Јадранското до Црното Море, би предизвикала страв и во Грција и во Турција и може да биде во спротивност со британските интереси. (в) Автономија на негрчка Македонија во рамките на балканска федерација.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Само господ не се раѓа. Тој е бесмртен.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Татко, кога заминале за Италија, можел само да препостави, но не ѝ да поверува, далеку од тоа, дека делегацијата на албанските жени би можела да биде примена од грофот Чано, тогаш, впрочем, министер за надворешни работи, а не била исклучена ни средбата со Мусолини. – Нашата средба со грофот Чано може да биде опасна за семејството во сите времиња.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Експонатите од сите музеи треба да бидат поврзани во „дијалектичко единство”.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Обрезан, се соочи со природата мајката, морето, Марија младата се возбуди горешто ко огледало блескотна обелискот од искон создаден во него, близнак се преслика бесконечноста о, срцето на немоќта ритамот и смртноста - опсцената, ласцивната обелискот се вивна во интимниот кат, во еонот од похота по постоење со вродена моќ и смисла да биде проблесок на еросот нишан - алхемија трепетно писмо меѓу човекот и космосот веда устремена кон небесната матка за да го одрази идеално недопирливото овоплотувајќи се себеси сѐ она кое не се прикажува но може да се види со голо око створителу Куросе.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Во четвртата глава, станува збор главно за идеологијата изменета од поединецот, за идеологијата во „персоналниот систем на знаење“, за „структурата на идеолошкото знаење во свеста на поединецот“.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Најпосле, каква може да биде, кога доаѓа од толкава длабочина.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И... не сакам никакви разговори околу тоа кој треба да биде убиениот.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Поради поведување постапка за правна заштита од мобинг, како и поради сведочење во текот на постапката, на вработеното лице не може – на посреден или непосреден начин – да му се влошат условите за работа, односно не може да биде ставен во неповолна положба, а посебно преку намалување на заработувачката, преместување на друго работно место или спречување на унапредување и/или стручно усовршување (чл. 11, ст.2-3 од ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тоа беше намерата на вознемирената Трајчеица.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
На ова место, тоа го знаеше инстинктивно, светлото никогаш нема да биде изгасено.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Нормалниот” производ бара овие операции да бидат порекнати.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Како би можела да биде љубовна кога на сите им беше познато оти единствената љубов на Голем Тодор, Благовеста Лекова, неколку години пред да се случи ова за кое ти раскажувам, беше веќе погребана.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
И втора година ме мори нежива заспивам пред зори без адамово ребро липам ко плам биди мит за привиди ненасит и минатото да биде мило да биде што не било ***
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Како и секогаш, високите требаше да бидат истерани од власта од страна на средните, кои потоа ќе станат високи; но овојпат, со свесна стратегија, високите ќе бидат во состојба да ја задржат својата позиција засекогаш.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Очекував да се вратам наназад, ногата рефлексно да ми се поврати, и експериментот да биде завршен, а јас да им речам на девојчињата: „Што гледате како гуски?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Змејко тогаш му рече на младичот дека сè што има тој во своето дуќанче, може да биде и нивно.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Не сакаат да чујат. „Ако сакаш да бидеш убаво пречекан, велеше дедо, оди кај сиромав и онеправдан човек.“
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во неа Богдан Русимиров откри жена со карактер, стамена и угледна госпоѓа, со шмек во работата и со наследена, класична култура на однесување, жена во која никој не би се посомневал дека таа би можела да биде внесена во толку сложена и чувствителна дејност.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
И затоа цветот треба да биде собран најдоцна до десет часот претпладне.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Чекореше бавно под благото сонце низ една нечиста улица кон продавницата на г. Черингтон, внимавајќи постојано да не наиде на патрола, но истовремено ирационално убеден дека ова попладне нема опасност да биде вознемирен.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кај овој човек ја откри величината на искреноста, сфати дека само едноставноста во човека може да биде света.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Она што сакам да го кажам е дека уметноста може да биде лоша, добра или индиферентна; но без оглед употребената придавка, треба да ја нарекуваме уметност: лошата уметност сѐ уште е уметност како што лошата емоција, сѐ уште е емоција.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Тој беше далеку од тоа да биде маж - потчинет на жената, но помислата за машка превласт во неговите машки гради во голема мера беше ублажена од силната личност на Кети и од неговиот приземен разум.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Можеше секако да се разбере Махмуд Дарвиш, поетот кој постојано тврдеше дека не сакаше да биде разбран само како поет на палестинската кауза.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Бев со девојка. Сакав да бидам фраер.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
И сега знам случајноста не е случајност... нашата е со причина... да бидам Јас кога не си ти.. и да бидеш Ти кога мене ме нема таму..
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Сакаше Игор Лозински на ова Езеро континуитетот да биде покажан барем за стотина, илјада, милион години.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Но имаше еден момент - не знаеше колку долг, триесетина секунди можеби - од блескава извесност, кога секоја сугестија на О'Брајан исполнуваше еден дел од празнината и стануваше апсолутна вистина и кога два и два можеа да бидат три, исто толку лесно како и пет, ако беше потребно.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
41. Задачата на македонската интелигенција отсега натаму ќе треба да биде да се одделат нагледно за сите: за самите Македонци, и за Турција, и за балканските држави и за големите сили, интересите на Македонците од интересите на другите балкански држави и народи и да се изучат подробно сите прашања сврзани со избавувањето на нашиот народ и нашата татковина од сегашната голема несреќа и со процветот на нашиот народ во духовен и во материјален однос.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Мислам дека во еден момент и отворено загатна оти токму конечното заминување на мајка му ја нагласувала потребата да биде уште поупорен во потрагата по таткото.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Камилски, откако реферира за зборовите за кои беше задолжен од областа на духовниот живот, верата, потоа за именките, заменките, придавките, прилозите, сврзниците и извиците, коментирајќи ги најкарактеристичните за да бидат внесени во конечната листа, неочекувано за Татко, се задржа најмногу, како што си вети во подготвителната фаза, на турцизмот филан.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Овој луциден судија кој го водеше предметот, покажа одличен правен сенс (elegantia iuris) – што е сосема ретко од нашите партиски подобни судии, образовани во духот на бедниот и буквалистички правен позитивизам – кога заклучи дека прекинот на работата се случил спонтано поради незадоволството на вработените прогласени за технолошки вишок 49 кои со жив штит ги попречиле вагоните да тргнат од пероните на станицата и дека: „Не е јасно како може, без индивидуализација на делата на секој од тужителите посебно, тие да бидат казнети ‘во пакет’, и дали во конкретниот случај се работи за некој нов изум на ‘колективна одговорност’ кој тужениот се обидува да го примени во своето работење“!
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Кога конечно ќе ни се предадеш, тоа мора да биде по твоја слободна волја.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
А ти си бесен да треснеш сѐ од земјата и да бидеш малку сам, против нешто, против снегот, против оваа дивина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Одбиваше да прифати дека е природен закон поединецот секогаш да биде победен.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ги одреди слугите што ќе тераат со кучињата, а тој им го покажа каменот на сртот на кој ќе чека и одреди уште двајца од слугите кои ќе чекаат на другиот дел од сртот правејќи ”потковка” во која треба да биде вовлечена мечката.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Едно незадоволство поради одземеното време посветено на размислување, на кое му недостасуваа премногу линкови за да биде сегашно, ме качи во мојата соба каде што, исцрпена од бавното патување, заспав, спиев долго и, најпосле, нешто сонував.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Внимателно ја слушаше плочата. Камилски им се восхитуваше на големите композитори, но размислуваше што можело токму на јаничарите, кои влевале со векови страв и трепет во Европа, и на нивниот марш кој влеваше страв и трепет кај противниците, да им посветат свои композиции и тие долго време да бидат изведувани на европските музички подиуми?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Установата може да биде јавна, приватна и мешовита.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Новата народна уметност, онака како што ја замислува оваа Партија, не може да биде ништо друго туку терор на провинцијалната потпросечност врз сѐ што е индивидуално и што мисли со своја глава.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Кога би бил во ситуација да избирам со какви луѓе би сакал да биде населен театарот, јас би гласал само за робовите.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
А интерпретациите, иако се засноваат на објективната експликација, можат да бидат значајно различни и изнијансирани.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Како да не постоеја моите дипломатски мисии, моите пријателства ширум светот кои можеа да бидат од интерес за малата Република Македонија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Инаку, тука за прв пат, експлицитно се воведе и обврска на работодавците за заштита на личните податоци на работникот (чл. 44, ЗРО/05); 14 г) договор за вработување со пробна работа (чл. 60, ЗРО/05) – при што, времетраењето на пробната работа не може да биде подолго од шест месеци, а работникот има право да се откаже од овој договор, при што е должен да остави прилично краток отказен рок од само три работни дена; д) веќе споменатиот договор за волонтерски стаж (чл. 61, ЗРО/05);
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Махмуд Дарвиш ќе стапи во редовите на Палестинската ослободителна организација во 70-те години од минатиот век, а ќе ја напушти во 1993-та во знак на протест против спогодбите во Осло, коишто Јасер Арафат ќе ги склучи со израелската држава.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Да биде честит денот и првата ни стапка у првиот ни век!
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Неговата формула, ќе може да ја репродуцира и обновува природата, и во услови да биде уништена...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Што има бидено во средните векови, зошто да не може да биде и сега?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Имаше некаков израз на тага на лицето на Сем, продлабочен со каење и проткаен од трпеливото простување на познајникот кој не можеше да биде разбран.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ова место беше многу метри под земја, длабоко колку што само можеше да биде.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Секако, и јас би можел да бидам тој услужлив размрсувач на збрканостите што ги предизвикуваат непредвидливите игри на случајноста!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Да продолжиме да патуваме низ животот, да го исчистиме минатото од нечистотијата односно да го разбереме, да си простиме себе си и на другите за недостатоците, мааните, несовршеностите, да си створиме мир, конкордија, согласност, урамнотеженост и да дозволиме да бидеме водени од страна на големата сила што се наоѓа во нас, поголема од секоја надворешност, поголема од нас самите.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Наместо да биде, како што беше нормално, на крајниот ѕид, од каде ќе имаше преглед на целата просторија, тој беше поставен на подолгиот ѕид, спроти прозорецот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Она што треба да го направам треба да биде самиот јас, оној- што- се- пресоздава- себеси си рече. За вечни времиња.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Пред тоа сѐ беше како и што треба да биде во еден обичен зимски ден со сиво небо, полна мешина обесена над густите дабови, бессилни да го стресат од себе жолтиот покрив на восочните лисја.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Но најчудно беше нешто друго, најчудно беше содржината, податоците за сета таа работа што стоеја во рефератот на Методија Гришкоски. Проклет да бидам, реферат.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Тогаш Дејвис истакнал дека „нашата прва, единствена и главна должност е да ги победиме Хитлер и неговите сојузници, а сите други работи мора да бидат потиснати за остварување на таа цел.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Братството не може да биде уништено затоа што тоа не е организација во вообичаената смисла на зборот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Умрел ли туѓинецот во тој Онисифор Мечкојад, испарило ли од неговата крв сеништето со дамари на неспокојство и поттикнувач на бес и самоволност? Не, можеби тој нешто смислувал.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Вреди да се одбележи дека со оваа пресуда, и покрај ригорозните и репресивни законски мерки насочени против организирањето штрајк, се востанови еден одличен судски преседан дека „блокадите се суштина на синдикалното делување“ (зат. цит. – стр. 3).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
А за жал, по сѐ изгледа се случи така: мигот на зачнувањето на новиот здив и новиот живот да биде обележан со знакот на смртта на учесникот во неговото создавање?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Кога ќе пораснеш во друго поимање ајде пак да бидеме истородни болки и ако тоа „пак“ го нема, Нурудине сине да мине докрај сѐ што иде, барем ќе се биде сега дојди петкамен да се играме во бесчас дојди среќите да си ги измислиме без нас.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Се спакував комплетно и отидов во Влае, да се видам со тетките и со Саше особено, оти цел месец нема да се гледаме.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ветуваше дека ќе остане докрај верен на своето мирољубие, до своето конечно враќање и владеење во Палестина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Додека раѓаш деца со крик радосен и болен Сакам твоите стапки да бидат збор ненадеен.
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
Господе, си мислам, зар оттогаш сме проколнати да бидеме ѓубре. Македонски сволач.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
2 Деструкциската уметност е интердисциплинарна и мултинационална, таа ги комбинира медиумите и темите.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Сепак, најинтересно е издвојувањето на трите ситуации кои го покажуваат односот на субјективитетот кон идеологијата: 1) индиферентноста (“состојба кога поединецот не ја смета идеологијата за значајна за својот живот”, или кога идеологијата не успева со убедување и индоктринација да го механизира поединецот); 2) отфрлањето (може да биде a priori отфрлање, - кога поединецот отфрла една идеологија како следбеник на друга идеологија, и a posteriori, - кога ја отфрла сопствената идеологија; може да биде целосно и парцијално, чин или процес, може да биде единично или масовно, глобално отфрлање...); и 3) прифаќањето, интернализирањето - како процес на општествена (идеолошка) конструкција на стварноста (каде што поединецот му е ‘даден’ на општеството/ идеологијата) и како процес на самоконструкција - каде што општеството и идеологијата му се дадени на поединецот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Змејко никогаш не мислел дека можат на еден таков начин да бидат ставени в џеб луѓето.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Движењето беше апсолутно нужно, а таа нужност не може да се појави пред ниедна друга инстанца, со цел да биде просудена.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
А како би било да велат „го изумре своето“, за некој кој се раѓа, и тој понатаму да биде ослободен од таа прилично здодевна и мрачна обврска, си мислеше гробарот.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Сите туѓа мајка ти пцујат. Никој не ти дава друго место, друго за да бидеш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тој мора да биде сигурен дека неговата мајка го сакала едноставно затоа што постоел, не заради она што можел да го стори.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Никогаш не ми било јасно, како е можно тој танц да биде совршен – додаде Еразмо.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Јас, како последен, морав да прифатам да бидам песот.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Ете, успивањето може да биде со фатален крај. Затоа најдобро е очите да се држат отворени.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Може ли амузијата да биде состојба во која ќе се најдат и театарџиите?
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Само да си спомнам за својот тогашен речник, проклет да бидам, јас веднаш почнувам да се потам, душава ми црвени од срамои.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Каков светец, таков четец, ајде! Ајде, Стојанке, да гледаме и ние ваму, да направиме нешто! (Излегува.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Двете подрачја на дискурсот се јасно раздвоени едно од друго.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ѓаурска работа, може и тоа да биде; инаку како се доварди од толку потери и пусии на кои падна овие десетина дваесет години арамилак!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тие постојано треба да бидат зафатени со занимања и вежби, а потоа со чистење на оружјето (какво оружје си вели во себе, кога го немаат) со колективен разговор, колективно читање, пеење и играње оро.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Да се знае и да не се знае, да бидеш свесен за целата вистина и да кажуваш внимателно исконструирани лаги, да имаш истовремено две мислења кои меѓусебно се исклучуваат, да знаеш дека се контрадикторни и да веруваш и во двете; да употребуваш логика против логиката; да ја отфрлаш моралноста и истовремено да полагаш право на неа, да веруваш дека демократијата е невозможна и дека Партијата е чувар на демократијата; да заборавиш сѐ што е потребно да се заборави, потоа сето тоа повторно да го вратиш назад во сеќавањето кога е потребно, а потоа брзо повторно да го заборавиш: и над сѐ, да го примениш истиот процес над самиот процес.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тоа може да биде крастава жаба - не таква жаба што се заглавуваше во челустите на змиите од градината, туку огромна крастава жаба со патина на рабовите од нејзиното бронзено тело, вечно крастава жаба.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Затоа мислам дека писател, театарџија, творец воопшто, може да биде само оној кој не може да живее без да создава, но и без да консумира туѓи дела.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
На тоа си мислеше трчајќи накај дуќанот Тимонов и дека како и други Власи и Тимон може да биде неверен но дека за атер на Максима ќе го земе во одбрана, ако не е таму Максим.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
- Клекнете. Онисифор Проказник ќе пее патем молитви и ќе внимава на постењето.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
За да биде градбата здрава, треба темелот да ѝ биде убав.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во Организацијата треба да бидат сосредоточени најдобрите интелигентни сили во Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ако она што требало да биде, беше – јас ќе бев самовила, а ти дете Голомеше.
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Не смееме заедно никаде да бидеме: им паѓаме в очи на оние што демнат...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Во најдобар случај, и кога е апсолутно потребно некој да биде замолчан, ние сме понекогаш во состојба да прокриумчариме жилет во ќелијата на затвореникот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Повеќе не можат да бидат — го тешеше Толе Петрета и му го покажуваше силниот Брниклија, кој со нокти му ја извади душата на војникот во Брник.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во другата рака држи нешто што треба да биде батериска ламба.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Зелената змиулеста река како да сакаше да се жртвува, брзајќи да биде лапната од секогаш алчниот и гладен Дунав.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Нагонската гадливост од психотични контакти поскоро ме доближуваше до едноставноста на животните отколку до луѓето, па заклучив дека можам слободно да бидам крава, папагал или некое морско домашно милениче во смрдлив аквариум.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
За мене таа поговорка не важи.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Да беше јаничарството историска институција, воена, инструмент на освојување, таа така и ќе завршеше, но јаничарството продолжуваше, како аждер со повеќе глави, кој не можел никогаш да биде уништен, ако му била пресечена една глава, на истото место израснувала друга поголема глава, сепак меѓу нив имаше најмногу јаничари по судбина или по нешто друго загадочно и необјасниво за Татко.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Вечерта, пред зајсонце, домаќинствата се собираа тука.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
(З) се запишува во историјата /Извајај му чевел на Ширл Хендрикс во метал со огледало на прстите - да се употреби за гледање под фустанот на девојчињата.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Синдикатот не може да биде распуштен или неговата дејност да биде запрена по административен пат, ако е основан и ако дејноста ја врши во согласност со закон.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во постапката по приговор работникот, по негово барање, може да биде застапуван од страна на синдикатот (чл. 20 од ЗИДЗРО/септ.10); б) при престанување на важноста на договорот за вработување врз основа на судска пресуда, наместо обврската на работодавачот на работникот, покрај враќањето на работа, да му исплати надомест на штета 41 и придонеси од задолжително социјално осигурување, беше заменета со обврската работодавачот да исплати бруто-плата која работникот би ја земал кога би бил на работа, намалена за износот на приходот кој работникот го остварил врз основа на работа, по престанокот на работниот однос.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
А ти? Обесхрабрен од ваквите попречувања, јас веднаш ѝ приоѓав на гитарата што висеше на ѕидот, ја удирав струната, започнував да пискам со ужасен глас некоја непозната песна, се обидував да бидам послободен клоцајќи ги ѕидовите, но сето тоа беше лошо, сето тоа беше втора сорта.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Но не можејќи да се ослободи од атавистичкото верување дека власта над народот му е месијански одредена од некоја далечна, мистична сила, која може да биде само божја, Бургиба никогаш нема да се ослободи од неа, дури и кога сенилноста и немоќта видливо ќе ја ограничат моќта да владее.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Да бидеш фатен со проститутка можеше да значи пет години во логор за принудна работа: не повеќе, доколку немаш сторено и други престапи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Можеш и млад слон да сместиш во оваа празнотија. „Колку можете да добиете утре за него?“ ги праша и сфати дека понекогаш и боговите клекнуваат пред упорноста на безначајните верници а можеа да бидат богови само затоа што ги сакаа необичностите.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Развојот на Translation Studies како научна дисциплина би требало на некој начин да го подигне нивото на дискусиите за преведувањето и ако воопшто постои некој критериум за проценување на преведувањето, тој да биде етаблиран внатре во самата дисциплина, а не однадвор.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Можеше да биде многу порадосно, сето тоа, помисли, а сигурно и многу поуспешно.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Нашите вредности и принципи не можат да бидат исти со деструктивните илузии за чесност и праведност.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Кога подолго време не си близок со маж, забораваш колку силно може да биде тоа машко Его.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Знаеше дека токму од тоа го доби срцебиењето.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Седнав на масата над оној бел лист хартија што ме обврзуваше, што не смеев да го напуштам и да ја прекршам мојата нема заклетва на верност, и бавно и болно зедов да го пишувам пак она што веќе го спомнав, а кое божем секако треба да биде запишано: “Утрото станав и побрзав кон бунарот за сега денски, спокојно, на болскотот од сонцето, да видам како се мрешка водата и како мојот лик се топи во тие нежни бранчиња.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Извршителот може да врши и други работи ако така е определено со закон.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
АНТИЦА: Вие можете сто пати да си дадете збор не еднаш, и пак ништо од тоа нема да биде. Јас кога ќе дам, тога.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Диктатура на потсвеста, која е фатена таму каде што ни самата, можеби, да ја потпрашал некаков филозоф- планинар, не би признала дека сака да биде, за таква, крута и грчовита, историски да се претставува како некаков, не дај боже, сатрап.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Го растегнуваше денот колку што можеше повеќе и ја растегнуваше вечерта, само за да биде буден и присутен.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Го бараше во книгите и Татковото цариградско вре­ме, кога не биле заедно, ги бараше причините на историското и пресвртно заминување од родниот крај, ги бараше нереализираните дестинации на Татковиот егзил коишто само ги замислувал, но никогаш не се осмелувал да ѝ ги каже пред тие да втасаат, да бидат зрели за реализирање.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Убаво да редиш, збор до збор да иде, Ти сепак Голем поет нема да бидеш, ти никој не си, никој не те одбра тебе, Балканот, земја на контролирани поети, тоа ќе те врзе за цело време.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
За таа цел тој, заедно со уште двајца други работници, праќаат писма до Министерството за култура и до НУЦК, во кое бараат, како изманипулирани поранешни работници, да бидат повторно вратени на работа и потенцираат дека најдобро би било спорот да биде решен вонсудски – а со цел да се избегнат скапите судски трошоци.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Според него, марксистичката идеологија е најразвиена и најприсутна идеологија во дваесеттиот век, најизграден примерок на идеологија; уште повеќе, марксизмот, како продукт на западната мисла „го задржува легитимитетот не само да биде изучуван и интерпретиран, туку и сѐ уште да биде инспирација“.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Наеднаш навистина како да ја поклопила магија на пролетта што не можела да биде далеку од нив.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
3 Во оваа компанија од фармацевтската дејност, во којашто има- ше околу 35 вработени, според систематизацијата на работните места, таа ја извршуваше задачата на фармацевтски техничар, работејќи сменска работа со дежурства на шалтер – непосредно во контакт со пациентите.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Митре си ја зеде грижата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тој не можеше да си позволи себеси да биде токму оној дел од сета таа спалавена и разврзана работа, што ќе попушти, што не ќе додржи до крајот, што ќе откаже.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Да се живее во единство, да се прифатат и разберат разликите.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Ако продолжи времево да биде вака топло, некаде сред недела ќе треба да се извадат пампурите од одаите и да се варосаат куќите, и однатре и однадвор. ..
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Како да биде сигурен дека сето тоа е обична измама ?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ја респектираше нејзината амбициозност, па тоа му наложуваше кон неа да биде дискретно внимателен.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Мислеше дека му претстои само уште да си ги собере сите преостанати сили, за да може уште еднаш сосема сам да му се врати на оној, неговиот живот, на овој живот, за кој беше роден и во кој единствено можеше да продолжува да биде она што е.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Насади ги под прав агол, без агломер, со добра волја и, ако ги негуваш по правилата на геометријата, секогаш ќе можеш да им го пресметаш периметарот за да бидеш внатре во него, зашто го знаеш дијаметарот на рачињата што гушкаат и ноџињата што цупкаат околу тебе.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Пак го почувствував она истото, како кога разговаравме со татко ми - во сите овие мои борби - ако веќе мора да биде некоја, тогаш најдобро таа, Вера.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Владетелите на една таква држава се апсолутни, какви што Фараоните и Цезарите никогаш не можеле да бидат.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
— Шо? Да се соблечиш. Само тоа ваа вечер нема да биде! Сакам така променета, нагиздена да ми легниш до мене.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во осум часот и триесет минути нашите единици во реонот на селото Крчишта мора веќе да имаат создадено силни одбранбени точки со цел да биде заштитена фалангата која во попладневните часови мора да се најде во полето на селата Косинец и Лабаница, а главнината во селото Смрдеш и натаму кон Брезница - Руља - Желево каде ќе бидат пречекани и снабдени со храна и оружје од нашите тамошни единици за што - тој погледна на часовникот - веќе во ова време Кикицас верувам стигна таму и ги дава соодветните наредби...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Се трудев ракописот да биде како од Јолета, зашто тој. . .
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Ритуалите на иницијација и учење на тајните вештини се заеднички за двете.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
- Александар: Другари мои Македонци и ти Клито, морате во исто време да бидете спокојни и храбри, тоа тешко се постигнува, но упорност вред во замена за победа!
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Аурата на човекот може да биде многу поголема. Духовно побогатите луѓе, се помоќни: затоа можат да владеат и со многу народ.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Сега и јас сум вмешан. Не сум сигурен колку можат да бидат разумни необмислените потфати.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Секако би било наивно да се очекува дека ќе следува политичко смирување со овие мерки и мора искрено да се признае дека овој начин, кој можеби е единствено остварлив, имајќи ја предвид политичката ситуација, тој секако не го дава крајното решение ниту за македонскиот ниту за балканските проблеми".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Како што јас тогаш си замислував, тој во Атарот разговараше и се договараше со дедо Господ, што и како да биде.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Еден пријател, решението да заминам од главниот град, за да бидам таканаречен слободен уметник и градител, со добри намери и со полно срце, да им помогнам на луѓето во Маказар, местото каде што дојдов, каде што веќе сум, за работи што им требаат, а тие не можат да ги сторат, ја нарече судбоносна.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Јас што дојдов овде, штрк, не оти сакав да бидам штрк, ами клетвата од татка и од мајка ме фати, што не ги слушав како врапчињата Сиве и Чуле.“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Студиите можат да бидат генерални или жанровски, вклучувајќи ги и истражувањата на посебните проблеми во преведувањето на поезијата, драмските текстови или либрета и на усвоените проблеми во преведувањето кое се користи во кинематографијата, сеедно дали се работи за синхронизација или за титл.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Кај еден член на Партија, од друга страна, не може да биде толерирано ни најмало скршнување во ставот, дури и за најневажни прашања.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во една куќа таткото е од една народност, едниот син од друга, другиот од трета народност и еден Господ знае до кога ќе продолжи да биде така!
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Изгуби, а тој избор можеше да биде негов нов личен триумф.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ваквото алтернативно толкување на когентни (ius cogens) и императивни норми со останатите законски субординирани прописи е класичен пример за противуставност и авторите на оваа студија сериозно размислуваат да го искористат своето уставно загарантирано право и поднесат претставка до Уставниот суд на РМ, како споменатите норми во иднина би можеле да биде касирани.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Колку повеќе се будеше, сѐ поодредено разбираше дека она одвратното и навредливото е токму тоа што постои, а она што го прекина овој смел глас е така полнолико гордо, силно и младо и сета негова намачена душа жедува за она што веќе не постои и што престанало да биде живот и се претворило во некаква оддалечена светлина а без која е тескобно и мрачно.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Во Антиохија, не можејќи веќе да издржи, му се развика дека човек не треба да се придржува кон Мојсеевиот закон или да биде обрежан како Евреин за да се помири со Бога, туку дека може да се спаси само преку спознавање на својата грешна природа и верата во Христа.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Кој можеше да биде овој човек и зошто Вера не сакаше да се сретне со него? - си мислев.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Тогаш за првпат ѝ било спомнато на Трајчеица, и тоа в очи, дека треба да се спушти на земјата; дека не смее да мисли дека сѐ што лета се јаде; дека мажот не е секогаш само маж; дека покрај тоа што е маж сака да биде и љубовник, и додворувач; дека на жената ѝ е порачано да биде убава; да биде посакувана;
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Делувањата на оваа моќ се преправаат или се маскираат бидејќи тие оперираат со одредени норми кои се означени со статус на „вистина“.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
- Дали некогаш си помислил дека си ја сретнал личноста за која си се посомневал дека можела да биде татко ти?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Најпосле, до каде може да оди самообвинувањето? Може ли човек, како што се вели, да излезе од својата кожа и да биде во нечија друга?
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
После тие ги тресеа со метлата и своите ќуркови, во чија волна на јаките снегот беше така впиен, што можеше да биде исчистен само кога ќе се стопи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
„Тоа е тешко, велам. И минатиот пат инсистиравте на тој ваш редослед па видовте колкави беа недоразбирањата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
52. Вистинските цели на „Револуционерното братство“, раководено од И. Гарванов - пишува членот на ЦК Иван X. Николов - биле организираната маса „да биде потчинета на наредбите на Егзархијата и респективно на Македонскиот врховен комитет“
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Аргументите што ги изложив неодамна против идеите на Бојс (1) и од коишто денес многу малку би одзела, сами од себе се распаѓаат во мигот кога тие идеи се потиснати во втор план (како да се работи за грешки од младоста?) и кога во прв план испливува грижата за јасноста на делото.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Гордоста ти недостасува да бидеш смешен во сопствените очи, зашто направениот грев е секогаш поголем од нас луѓето.
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)
Изолацијата мора да биде условена. Индивидуата е замолчена, стопена со мрежата.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Но исто знам дека човекот секогаш сака да биде со некого, па макар и надалеку.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Иако тезата тогаш беше необјавена (подоцна ќе биде објавена делумно во Париз), не знам како беше стигнал во Албанија еден примерок, за да биде прочитана и да биде утврден мојот нов „грев” кон татковината.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
За вакви работи не зборуваме. чао, бебе. Чао.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Штетата од него и за нас и за Турција е огромна, но пак помала отколку што можеше да биде.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Критичарите, пак од друга страна, често вршат проценка на преводот од едниот или другиот аспект на две ограничени гледишта: од тесните погледи кон верноста на преводот (оценка којашто може да биде направена само во случај критичарот да ги познава двата јазика) или од точка на третирање на текстот на ЈЦ како дело на нивниот сопствен јазик.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Знам дека сфаќате оти јас воопшто не се сомневам, дури ни не помислувам дека некој од болничкиот персонал можел да биде соучесник во исчезнувањето на Загорка Пеперутката!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Од непопустливиот став на Алзашаните тој заклучил дека никој не може да биде затворен во принудните меѓи на својата припадност.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Беше тоа обичен човек, со злобно лице, кој можеше да биде некаков техничар или инженер.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Меѓу нив, меѓу редовниците, постоеше договор, а него никој не смееше да го измени, онаа, на која ѝ дошол редот, да биде извикана од таа што налеала вода пред неа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
По војната од својата родна куќа ја откорнале, па кираџика во родната куќа ја приморале да биде.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Проклет да бидам, во сето тоа имаше нешто трогателно, нежно, необјасниво.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Фонтана. Да блика водичка, да шурка, убаво да биде, свежинка да шири, жедните да застануваат, да пијат, да се разладуваат...
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Во овој миг ќе ве разбудам и сонливи ќе ве одведам на избиралиштето на шутови со изрезбани глави Во печатени мозоци да бидете среќни во лајна и блуежи.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Ако кажел тој: записот значи тоа и тоа, одајата веќе немало да има клучалница, и секој ќе можел да биде сведок на блудот негов!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тука не се пропушта, се разбира, да се спомене и балканската гордост, Фаик Коница, кој под псевдонимот Транк Спироберг, се вклучува во европската полемика со тезата дека секој природен јазик со непречена милениумска еволуција, има поголемо право да биде избран за универзален јазик отколку сите вештачки јазици.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се чувствуваше слаб и немоќен за да може болката повторно да се бори со множеството детали, со нештата што требаше да се координираат, една работа да се вклопи во друга, прво ова да се направи, а потоа другото да следува, целата конструкциска скица да напредува со точен редослед, и соодветниот човек и соодветниот материјал да бидат на соодветното место и соодветното време.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
„Их, шо би опашал едно два три колана, да сакаат да ме примат!“ си мислеше тој кога го прашаа дали сака да биде комита.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
(...) Авантуристичкиот лик на големиот литерат Марино можеби и не е некаков крунски сведок, но тој кнез на ласцивноста барем нè донесе до препознавање на некои симптоми - еротската опседнатост која на „маниристичкото делување“ му дава специфични импулси.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Првин, имајќи го постојано на ум едниот, почетниот, крај, убиството на стрика Анѓела Јанчески, се обидува да го намота клопчето на мислите за потоа да почне да го одмотува сталожено и лека полека сѐ до основната, сѐ до часов сегашен, во кој тој се обидува да го нацрта планот на населбата во Потковицата, - цртежот оставен на масата на средината на одајата тоа означува, план на населбата во Потковицата, заедно со црквата, со општината и со училиштето, кои треба допрва да бидат изградени - потоа, не станувајќи од столот, гледа низ едниот па низ другиот прозорец.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Овој процес треба да биде свесен, инаку нема да биде изведен со потребната прецизност, но исто така треба да биде и несвесен, зашто во спротивно ќе донесе чувство на лажност, па оттука и на вина.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ова требаше да биде неговиот реванш на судбината.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Малку недостасуваше нејзиниот шепот да биде чуен.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Спорот настанува заради неисплатени осум плати последователно (за периодот од мај до декември 2008 год.), како и заради перманентните лажни ветувања давани од страна на раководството дека тие плати ќе бидат исплатени.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Оттаму еден од моите рани ликови би можел да биде и писателот Хајнрих фон Клајст, кој се дистанцираше од тој, денес мошне раширен, тип на нарација.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Омарина. Вжештен пекол. И најжилав трн ќе свене.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Малку се израдува, кога виде како прокапаа капавиците од неговата стреа, но уште веднаш потоа виде дека и тоа беше само една слаба утеха, и дека беше потребна една многу посилна топлина, еден многу посилен замав на јужниот ветер, за да може да биде размекнат сиот оној дебел мраз, што го чуваше врзан во себе целиот свет, и што му ја скаменуваше и неговата мртва пилана.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Освен ако не страда, како можеш да бидеш сигурен дека ѝ се потчинува на твојата волја, а не на неговата сопствена ?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Придвижување од историската кал во која денес е закопано хрватското општество се чини дека исто така нема да биде можно без промена на традиционалната парадигма на односите меѓу половите која сѐ уште ги проникнува сите форми на нашиот општествен живот. 38 okno.mk
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Проклет да бидам, муза. Мислевме тоа е некоја Оливера што друго, а тоа признавам, беше најдоброто во таков ден.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Влајко Лазев, Мало, Чолакот и Сребрин им советуваа на веачите да не брзаат, да остане мерењето за утре, за да можат ноќеска да спијат по некое и друго кило, ама Сулиман ага, и тој чивчија по занает со чифликот во Лагот, многу убаво ги знаеше сите марифети оти тој самиот им ги правеше на спаиите, па им даде зорт: довечера да биде мерено житото.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И за сето време, за да не се посомнева некој случајно во стварноста на која се однесуваа опширните Голдштајнови празни фрази, зад неговата глава на телекранот маршираа бескрајни колони на Евразиската армија - колона по колона цврсти мажи со безизразни азијатски лица, кои испливуваа на површината од екранот и исчезнуваа, за да бидат заменети од други, сосем слични.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се уште ти се радувам кога секоја капка дожд ќе падне на моето лице, кога зората ќе ми ги разбуди спомените, кога копнежот по тебе ќе ме обземе, кога будна сонувам, кога во мислите, во срцето и душата со тебе заспивам.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Со таа дива билка што ја чувствуваше како да ѝ расте во грлото и во градите, таа ја пречека окупацијата.  Одново и одново: Ечи Жешов од човечки гласови и звуци под пролетната сончевина на фриволниот ден.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Во развиеното конкурентско окружување во современиот пазар само ретките и храбрите непромислено се обидуваат да емитуваат телевизиски или радио спот, да објават печатен оглас, да постават пропагандно пано на автопат, да лансираат нов дизајн на амбалажата - а претходно да не извршат тестирање на креативните решенија.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тој и самиот не знае каде припаѓа според квалитетот на своите творби, дали да прифати да биде на список на некој ад хок приватен галерист кој работи на ситно и на црно (приватните галеристи во Македонија нужно се детерминирани во својата работа од нерегулираниот даночен систем, поточно на сѐ уште нерегулираните даночни олеснувања за вложување во откуп на уметнички дела) или да очекува некое општествено признание и државен откуп.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Татко ми, во нервозата, му се врати на радиото. Сакаше докрај да биде со текот на настаните.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Кулата треба да биде седумдесет и четири стапки висока и седумдесет стапки широка.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Најдобра опција е последната. Првата опција едноставно не се исплатува, а за втората сметам дека воопшто не може да биде изведена.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Тоа ни најмалку не значи дека тие сакаа да бидат „наивци”.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Психијатарот, ги крена рамениците, погледна кон часовникот за да биде сигурен дека времето предвидено за нивната сеанса заврши, а во мислите му се роеше идејата дека секогаш ќе има работа за таквите како него!
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Покажува на градите, папокот и .... Ја бакнуваш. Сакаш да сакаш. Сакаш да бидеш сакан.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Иако од Бабела се учи да раскажува без илузии и без разубавување, да биде 10 г. Старделов, ибид, стр. 85. целосно при дезилузионизмот и дезидеализацијата, тврд и сиров во изнесувањето и на најдраматичното.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Кога се чувствуваме беспрекорно одлично и среќно ако не го поделиме тоа со вистинските луѓе, кои знаат да се радуваат и тагуваат со нас, таа среќа никогаш нема да биде целосна.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Ова укажува дека не е доволно некој маж да биде хомосексуалец за да биде и геј.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Не напуштајте го домот без... Индустријата нѐ учи дека дом е онаму каде што ние сакаме да биде и дека тие можат да ни помогнат да се чувствуваме како дома.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Оние што зборуваат одмерено, човечки, со желба да бидат другарски разбрани, секогаш ни се драги, секогаш сакаме да ги слушаме, сакаме да ги среќаваме, да работиме со нив, да се дружиме.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Во историјата на човештвото се случувало и порано измамниците да бидат измамени.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Помина многу време. Ако било полноќ кога го одведоа човекот со лице-череп, сега требаше да биде утро; ако било утро, требаше да биде попладне.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но ако се случеше, како во мојот случај, дојденикот да биде „емигрант”, тогаш се ангажираа специјални служби, дури и Централата во која се вкрстуваа полициските, воените и партиските сознанија.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Проклет да бидам, што можев јас кога имав таков бесрамен дедо и ме учеше сѐ некои такви страшни, срамни работи.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Всушност, бегал од себе како човек што ги знае туѓите намери и што ги претчувствува изгубените битки на човекот со жена и со три деца. Не, тој човек никогаш не отстапувал.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Шо дека се гледаат, кога не може нишчо да биде од тоа гледање?“ — си мислеше таа, одејќи си горе Мидовата улица.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Уште од сред куќи кога се јави, се присети оти таа треба да биде, но кога дедот Ристе рече оти „си загубиле некое шилеже" начисто беше оти таа е.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Со левата рака ја држеше вратата за кваката одвнатре, а со десната беше потпрена на другата пола од вратата и чекаше со рамнодушен израз на лицето да биде што ќе биде.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
„Јас се сеќавам дека сѐ до една недела пред да бидам уапсен, ние воопшто не војувавме со Истазија.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кај Ботеро, социјалната комедија не гаѓа грижи на совеста, неговите ликови се среќни накрај да бидат јавно, официјално, без никаков срам она што тие се во длабочината на душата; тие накрај се совпаѓаат со самите себе и тоа ги прави среќни.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Ми помага само со сенката. Оти сенката иди со мене, по мене. Не ме остава да бидам сосема сам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сакаше на друг начин да биде со козарите и нивните проблеми.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Меѓутоа, во последните години пред угостителската дејност да биде потполно укината – поради, како што посочува Митревски, „недомаќинското работење“ на Центарот, се случуваат одредени негативни промени.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тој често ноќе остануваше тука за да биде во тек со работите кои, како што велеше, не смеат да излезат од контрола.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Главното оружје во нивната јазичнолексичка битка требаше да бидат енциклопедиите, толковните, двојазичните и другите речници, одделни трудови од областа на лингвистиката.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Стојам како изгубен просјак во замокот ти дојде да бидеш последна слика во мене а потем во вечноста по темни сокаци со свеќа ќе барам. светлина, во гробје, гробишта на оние што пред мене ја отворија вратата...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
„Ти, значи“, вели, „сакаш да бидеш овде, на овие гробишта, во Маказар.“ „Така, решив“, му велам.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
- Се разбира дека турско, ама нема да биде вистински турско.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Така јас можам да бидам секаде во просторот и во времето истовремено при што ниту просторот се менува ниту времето тече.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Климент Камилски, според планот, сакаше да го провери живото постоење на централните набележани заемки, како што се покрај чаршијата и еснафот, уште и ќерпичот, сокакот, маалото, капиџикот, калдрмата, кааван-сарајот и други, кои требаа да бидат и коти на прошетката со Татко во стариот дел на градот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
- Не, бре, Јоне велам, пак ти сакам да бидеш зет, на сите свадби само ти да бидеш зет, велам, и се иставам. И вистина не го лажам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Проклет да бидам, мислев ми ги подарува за да ме смири. О колку бев неук и прост!
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Проклет да бидам, измачуван од жедта, со часови без водица, со изгорена душа.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Никогаш повеќе нема да бидеш способен за обично човечко чувство.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Пред да се расплаче, можеше уште да каже: - А нас нѐ учеше да бидеме силни...
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Беше една празнина под лажичката, што мораше да му поигра, кога се приближуваше вака, па ако сакаше да биде и илјада години ловец.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ти и не можеш да бидеш минато, зошто научивме да се грижиме за светот околу нас, да ја балсамираме гордоста, да го делиме животот без да бидеме себични.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Да дишам, сонувам,да мечтаам... Да бидам и јас иста како и ти... да продолжам да живеам...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Ловот никогаш не се ветува, тој ниеднаш не треба да биде измислен, однапред, тогаш тој престанува да биде лов.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Знаеше дека може да изненади секој сретнат грм, дека не можеш да бидеш наполно сигурен што крие зад себе секој нов срт, секоја пресека, не сакаше изненадувањето да го прави поголемо, отколку што мораше да му биде.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ова им беше доволен адут Претседателот на Републиката, според членот 55 од Уставот на земјата, поради немоќ да владее, да биде отстранет од власта.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
10.  Со третото дополнување на ЗРО (2005), она од септември 2009, се воведе и институтот психичко вознемирување на работно место [„мобинг“], кое се дефинира како: негативно однесување од поединец или група кое често се повторува – најмалку во период од шест месеци – а претставува повреда на достоинството, интегритетот, угледот и честа на вработените лица и предизвикува страв или создава непријателско, понижувачко или навредливо однесување, чија крајна цел може да биде престанок на работниот однос или напуштање на работното место.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Течеше малку питка вода додека стигна врелата, па колку-толку пивнав и ја згаснав малку пеколната жед за да имам резерва во себе за наредниот ден, до првата чешма на патот што не можеше да биде ставена под контрола.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Проклет да бидам, ќе онеме, така рече стриче Силе Николоски.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Ниту сум тоа што мислиш, ниту имам намера да бидам.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Еден ден - но „еден ден“ не беше вистинскиот израз; можеше исто така да биде на полноќ: еднаш - тој попадна во чудна, блажена мечта.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Мислам дека во него сепак имаше некој инает; многу малку требаше за да биде среќен.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„НЕПРИСТОЈНОСТ“ Е ЛОЗИНКА ЗА 21 ВЕК
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ќе продолжам да бидам млад и суров уште долго по твојата смрт. До видување.“ „Чекај!“ викна старецот.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Тој се чувствуваше многу посигурен да остане само Мајка со нас, децата, за време на војната, отколку и тој да биде крај нас.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Дојде еден каплар и ни вели да ги прерамиме ранците, да бидеме на штрек.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Можете да бидете обвинети и за сурово однесување со животните.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Или да бидеш одважен лажен црв под земја напикан на стопани многу.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
На петнаесет дена пред Митровден, народот што ја минуваше Жепа преку греди, малку погоре од градилиштето, забележа првпат дека од обете страни на реката, од темносиниот камен од шкрилци, се задава еден бел мазен ѕид од делкан камен, преплетен од сите страни со скелиња како со пајажина. Оттогаш секој ден растеше мостот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Како да бидеме праведни?‘Тогаш ви реков дека во Светото писмо е запишано: ’Праведникот ќе живее преку вера!‘ И уште ви реков дека сите сме грешни и дека нема ниту еден единствен човек што сам по себе е праведен, оти грешни сме се родиле и грешни умираме, та само милоста Божја кон оние што поверувале ќе ги спаси.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Уште една промена кај оваа материја настана со измените на овој закон – имено, во октомври 2009, максималното траење на прекувремената работа се скрати од десет на најмногу осум часа во текот на една недела (чл. 5, ЗИДЗРО/окт.09); д) во август 2008 се избриша изречната забрана која предвидуваше дека работникот во ноќна смена смее да работи најдолго една недела (чл. 11, ЗИДЗРО/авг.08). 17 Тука ќе го спомнеме и воведување- 17.  ССМ реагираше дека работникот може да биде принуден да работи ноќна смена во текот на целата година.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
По службена должност судот може, најдоцна на подготвителното рочиште, да се огласи за месно ненадлежен и тоа само кога постои исклучителна месна надлежност на некој друг суд (чл. 19, ЗПП). 146 Кукулев против Радио Велес Спор за неисплатени плати и придонеси1 Victus victori in expensis, condemnandus est.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Мислата бавно му се отпредува, тешко се претвора во зборови, не е она што се очекува, ама дејствието замислено со неа се претвора во очигледност пред и да биде изговорена.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Марија, знаеш ли да крпиш и да бидеш верна? Знам, ќе му рече.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Го предупредува да бидат претпазливи и да се однесуваат најкоректно спрема него како кон член на една сојузничка армија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Проклет да бидам, тој миг го напушти лудилото и тој се загледа во нас со светли, човечки очи.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
А тој мечтаеше повеќе дури и отколку да биде сакан, да го разурне тој ѕид од доблест, барем само еднаш во животот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Победениот во спорот треба да биде осуден да му ги плати и трошоците на победникот!
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
На тој начин, дишењето станува носител на бесмртното и божествено во човекот.”
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Лесно го препознав и нејзиниот ракопис на пликот со кој беше испишано моето име и презиме, адресата. Се гледаше напорот да биде ракописот што поубав.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Секој од горенаведените услови може да биде поништен ако добиете дозвола од носителите на авторските права.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
За да бидам она што сум, одговори другата негова половина. Оче Симеоне, дали за тоа? праша.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
А Филозофот продолжи: „Размисли: ако во записот се говори за леб, тогаш следниот збор до него, кој најголема љубов кон овој збор пројавува дури и во јазикот твој, па и во јазиците на сите родови на лицето на земјата – кој би можел да биде?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Просто, како да знаеше дека јас знам дека само тој во секој момент и секаде може да биде.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Сите сакаат да имаат некое место на кое ќе можат повремено да бидат сами.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Предлогот да бидам секретар на КОЕМ, дојде лично од кај вас.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Да можеше да биде сигурен дека О'Брајан лаже, не ќе беше важно.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тој термин не беше лош од турско гледиште, а од грчко тој беше многу удобен, зашто со него најубаво можеше да биде искажан презирот и омразата на Грците кон нас.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И затоа, уште во монархистичкото време во родната земја, одлучи да биде адвокат.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Зоки беше зачуден. Од кога тој престана да биде за Лидија Зоки Поки?
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
И покрај тоа што на вратата се повторува договорениот знак, тројца во собата заземаат позиции што не допуштаат да бидат изненадени и измамени.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
- Погледни го Серјожа, - тажно ми велеше мајка ми, - момчето работи, ја заслужува љубовта на раководството, знае да разговара, слободно се однесува во друштво, свири гитара, пее.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Ценевме дека токму со ваквиот пристап [„лаичка“ наративна верзија + стручен текст во фуснота] ќе ја постигнеме нашата основна цел: текстот да биде лесно „сварлив“ за читателот кој не е правник, односно да не биде премногу правнички, несфатлив и тежок за читање; додека, пак, стручната компонента од анализата да биде дадена во една интервентна и ненаметлива форма, кон крајот на текстот – за да не преминеме во друга крајност, којашто ќе ја девалвира професионалната вредност на трудот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
- На Таша сите ние и должиме, а тебе ти се при рака можностите а ако сакаш да бидам искрен, и честа - пресече Даскалов.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тој посебно нагласува: „основно е дека ниту еден член од нашата организација не треба да има ништо со овој човек и секој интерес што би произлегол како резултат на локалните контакти или обиди да се заинтересираат нашите членови за него мора енергично да биде обесхрабрен.“
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Но, ако се вози внимателно, и во ваквиот згустен сообраќај патувањето може да биде многу пријатно.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Нашите мисли се упатени кон нив и ние остануеме на тоа сите Македонци да бидат обединети во својата татковина.“
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Татко не се доискажа, очекувајќи Камилски да запраша: Кое би можело да биде тоа подрачје?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ами тоа е исти што и против власта да одиш, голтар да бидеш.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
- Така, се јави Тодор, тоа може да биде како контраст во однос на големиот процент на невработени и рецесијата низ којашто помина земјата за време на демократијата.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Гледав по расцутениот кантарион што му се нишаше над главата, ко запалена свеќа. „Ако се смешаш со змии, велеше дедо, не можеш друго да бидеш.“
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Партиските истории можеа во извесна смисла да бидат вистинити, можеа дури да бидат и сосем вистинити.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кога станува збор за политиката, тогаш, освен екстремистичките ридикули на десното крило, речиси и нема никого кој би сакал да биде некаде другде освен во златната средина.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Решението беше идеално за да бидеме заедно на море и плус да ги заработиме тие пари што ми требаа мене за уплата.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Сега пак ќе се повратам на свадбата. Свирач ми беше Јоше, кој би можел друг да биде.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Преведувајте го „Кворум”, на пример.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Откако беа завршени сите процедури, болницата дозволи децата да бидат однесени во социјалниот центар.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
ПОЦКО: (Цацка со јазикот.) Цт, цт, цт,! Бре, бре, бре! Не знаев дека си таков абдал, ако си ми син.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Проклет да бидам, тоа така го рече што човек мораше да ѝ верува дека пати, дека многу, премногу пати, оти и крвави срцето.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Можеби тоа што го реков можеше да го разбесни, бидејќи можеше да биде примено повеќе како сожалување, отколку како нешто друго.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Едни си присакаа да бидат ослободени од Бугарија, други од Грција.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
А можно ли е тоа да биде палатата на подводниот Вок со едно око?
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Ете приближно какво може да биде најглавното работење на македонската интелигенција за да се поправат сите грешки направени со последното востание.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Мислеше дека треба да биде мирен, најмирен денеска, кога од тоа зависеше дали ќе продолжи да биде гладен, и така пробиваше бесшумен нагоре, со едната рака постојано врз пушката, чиишто железни делови почнуваа да му се лепат за прстите од студот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А јас повеќе не можам да бидам ни христијанин.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Имено, таа од 1997 година престанува да се води при секое засновање работен однос (наместо претходната одредба која пропишуваше вработување на неопределено време со полно работно време), при потполно губење на работната способност (наместо претходно непрецизираното губење на работна способност), при нејавување на покана од Заводот од неоправдани причини (во 1987 година условот беше двапати едно по друго да не се јави на покана да учествува на конкурс или оглас за вработување, без да извести за причините за тоа нејавување) и при започнување со земјоделска, сточарска или друга дејност од која се остварува приход во семејството кој просечно месечно не е понизок од просечната плата по работник во стопанството (наместо претходната одредба која бараше земјоделството да биде единствено или основно занимање на даден поединец за тој да биде избришан од евиденцијата).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Ќе му речев дека одамна ги знам тие воденици и дека многу го сакав животот во нив.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Треба да бидеме слепи за да не го видиме тоа што е очигледно.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
- Нема да биде бадијала. Откако ќе ја подготвам монодрамата, ќе барам средства од Министерството, па макар и пред комисија.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Тоа требаше да биде лесно но, на ова или она место, постојано ја губеше сметката.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Би можеле да речеме дека Дописникот од странство на некој начин го навестува филмот Озлогласена: во двата случаи либидиналната „вистина” на филмот е неразрешената напнатост во интерсубјективниот триаголник меѓу јунакот, неговата девојка и остарениот, немоќен и „виновен” татковски лик (колаборантскиот татко во Дописникот, остарениот Claude Rains, пронацистички богаташ во Озлогласена); во двата случаи случувањето го движи некаков изговор, што е самиот сосема безначаен, од каква и да е природа - не е важна природата на таа „тајна”, важно е само тоа дека од клучно значење за субјектите е што ја носи нивната желба, дека околу тоа се структурира случувањето (тајната клаузула на меѓународната спогодба во Дописникот, шишето со уранова руда во Озлогласена). okno.mk | Margina #22 [1995] 153
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
И еден ден, кога логотетот го свика советот по прашање воено, тој на крајот, откако советувањето заврши, побара збор и рече: „Пресветол и најмудар логотету; долго време веќе мислам и размислувам дека ќе го навлечеме врз себе гневот Божји ако не постапиме мудро: Бог знак ни испрати со Филозофот, и неговите чудесни дела што ни ги покажа овде кажуваат дека божја волја е него да го примиме како тринаесетти мудрец во советот наш, со тебе вкупно четиринаесетмина да бидеме.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Беше еден огромен самјак, еден таков, за кој долго се прикажува, замина нагоре, решен да му ја вади душата уште со едно прогонување, а можеше да биде задоволен со тоа, што сега не ќе може да му ја измеша дирата со некоја друга дира, што ќе ја сретне, затоа што тој беше бележан, и тоа добро бележан, како што се чинеше.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Наместо да биде обид да се промовира една верзија на геј- идентитетот за сметка на другите, овој предмет ќе ги испитува влоговите во геј- идентификациите и деидентификациите, при што ќе се стреми најпосле да создаде подлога за пошироко прифаќање на множеството начини на кои луѓето одредуваат како да бидат геј.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Преку ноќ чудовиштето можело да биде онакво какво што тој им го опишал но по ден тоа ќе се исплашело од темните влакнести лица.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ревносен, склон да суди, да попува, да морализира, да лечи, буквален: Може ли да биде пострејт?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Овие ужасни болести што ги видов ме свртеа потполно против каков и да е Бог кој беше претпоставен како семоќен и добар.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
А за да биде сосема приврзан за неа, Митра ја излеваше сета своја женска нежност и му го правеше животот пријатен, толку повеќе што и таа не го сакаше својот стар маж Трајка.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
ЦОНКА: Така, Поцко, така синко! Адет е овде, не е играчка!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Ме убија Пред да бидам Пред да видам Да не би Из-лу-дил. птици Само тоа Крилно племе Знае Што се случува Во мене подмолен шум Подмолен шум.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
- Да бидеме само добра мисла, - велеше Пискулиев, - видувачка пак има.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Со тоа престана да биде ‘луд’ и стана ‘разумен’.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Партијата во секое време ја поседува апсолутната вистина и јасно е дека апсолутното никогаш не можело да биде поинакво од она што е сега.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Според неговиот резон, требаше да бидам внимателен, да не се наметнувам пред големите сили кои имаат историски влијанија и право врз малиот Тунис.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ако е така, тоа нешто не вредело доволно за да биде мој предизвик. Ниту било соодветна одскочна даска.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Знаат христијаните од Потковицата, како што знае и сиот христијански свет во европска Турција, дека ако порано турските закони сега фанариотите, кои имаат големо влијание врз султанот, им бранат на славјаните во Македонија да ѕидаат цркви и училишта - ако не се согласи во нив да се проповеда и да се учи на грчки и ако не се согласни да бидат под покровителство на Патријаршијата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Беше тоа едно толку големо човечиште, што не можеше за него ни да биде врзана една таква ситна кривоглешчинка за разгазувањето.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Па што е живот и поглед стрелен ако не борба за народ мил: во дните тешки да бидеш верен, да развееш смрт над тиран гнил.
„Песни“ од Коле Неделковски (1941)
Не дозволувам ничии други зборови да бидат последни.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Дора ја гледаше Ане како се обидува да ги собере сите парчиња кал и повторно да го направи ќофтето, да биде убаво и заоблено, и да не се гледаат парчињата камчиња внатре.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Во овој случај, а за разлика од Чапек, ние дознавме што се случило со оној што ги оставил стапките: откако ќе се констатира дека „во снегот се гледаат траги од стапалки кои, напросто, мамеа да бидат следени... “ ќе се заклучи дека човекот од снег „зачекорил по воздухот и - исчезнал“.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Но тоа, според нив, ќе повлече со себе преместување на југословенско-бугарската граница од планинските меѓи во речниот басен; Југословените тоа ќе го сметаат како загрозување на нивната главна комуникациска линија со Грција и Солун; не е многу веројатно дека мнозинството од селаните ќе ја прифатат шансата да ја променат националноста, а исто така не е веројатно дека двете држави би го спречиле емигрирањето на населението кое го сметаат за свое, со резултат дека иредентизмот нема да биде отстранет".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Од самиот почеток Стејт департментот ги предупредил дипломатските претставници на легациите дека инволвирањето на САД треба да биде ограничено и дека барањата за помош и арбитража од страна на балканските влади и политички организации се „наполнети со динамит... и не би требало ... да се прифатат“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Беше септемвриски ден кога во нашиот дом дојде еден од синовите на братот на мојата пријателка Клара, и ми кажа дека таа умрела во психијатриската клиника Гнездо, во која живееше со години.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
А иронијата да биде поголема, по три години примена, со измената на ЗРО (2005) од август 2008, се избриша и оваа минимална заштитна одредба (чл. 6, ЗИДЗРО/авг.08).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Треба да се потенцира дека со оваа измена престана да се применува концептот на загарантирана минимална плата со закон а која претставува загарантиран минимум под кој не смее да биде исплатена плата на работникот.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Тој ѝ одговори пред да биде сосем буден. Во својот полусон го слушна сопствениот глас како одговара, „Да, да, Рози“.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Од тоа, а и од некоја синикавост, што ја фрлаше пред себе уште далечниот ден, која сѐ уште остануваше неодредена, но не можеше да биде незабележана, стануваше уште пораскошен и со уште повеќе дипли златниот вез на ноќта во дрвјата, над кои сѐ уште ѕвечеше со своите златни прапорци смирената месечина со некаков проштален, тажен призвук.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но знам, мора да чекам, така треба, така мора да биде, кога ќе реши светот да се смени, иднина да биде, зошто јас знам да сакам, на сон видов живот, а верувам и ти.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
Бев чул, дека тој гроб би можел да биде гробот на Никола Поцо, мојот предок, но немав сигурни сведоштва.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Не сакаше да биде бездомник. Не може вечно да се бега... ***
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Тоа беше глас на џин што доаѓаше од човек на кој малку му фалеше да биде џуџе.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Не исклучувај го првото озлогласено дехидрирано лице еднина, но можеш ли да бидеш лична и во туѓо име, да имаш царска Ние-тага избегнувај го, во формална смисла на зборот.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Не! Ние не можеме да живееме без идеали: само нашите идеали отсега ќе треба да бидат почисти од понапрешните.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
- Дојдени сме на овој поетски собир по наредба на Јасер Арафат! - ми рече Махмуд Дарвиш! Во мигот немав одговор.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Имено, при организирање јавни работи, ако организаторот на работите (кој, согласно член 84 од ЗВОСН, може да биде само работодавец од јавниот сектор) работно ангажира невработено лице корисник на паричен надоместок на јавни работи над 30 дена, тогаш тој има право на надомест од Агенцијата за вработување, месечно во висина на паричниот надоместок на ангажираното невработено лице.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
- И ние сакаме да бидеме мајки! - велат Марика и Јанка.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Само за миг се гледаше себеси во иднината, како некој невидлив Дикенсонов дух на идниот Божик да му покажал како може да биде...
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Сакаш да мудруваш, сакаш да судиш но не си ни судија, а ниту Бог ти си само еден бездарник валкан и мизерен душегрижник без душа Погледни ја бесрамнику својата вина погледни го трулежот од лагата во себе погледни ја душата што тоне во празнина проклето да биде твоето семе
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Јас знам, Марија, лекар сум, како што можев да бидам и сѐ друго -часовничар, дрводелец, морнар.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Кога луѓето започнале да ги развиваат културалните мемориски банки (кога започнале да стануваат луѓе) се здобиле со достап само до едни крајно проблематични мнемонички средства. (Мнемоничко средство или мемориско помагало е објект што ни овозможува да бидеме „информирани“ - Односно: да складираме информација.)
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Резултатот треба да биде забава со големо З, бидејќи, според мене - доколку режисерот не забавува, тој само губи време.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Какви луѓе можеа тие да бидат, какво е нивното поведение?
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
А можеш да бидеш толку нечист и валкан, што околу тебе ројови муви да се збираат, ама пушката да ти е чиста! Разбра или не?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Промената на работно место, а посебно промената на градот отвори многу проблеми за Марковски: тоа значеше обезбедување место за престој, средства за пат – а тие трошоци беа повеќе од платата која тој ја примаше.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Јас, поради знаењето на италијанскиот, требаше секогаш да бидам напред, те влечев со себе! – Така беше, мила, ништо не си заборавила. – А се сеќаваш кога бевме кај Фонтана ди Треви?
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Метафизичка метафора, политичка метафора, Патот на јагулите престанува да биде итинерер на индивидуи за да стане итинерер на човештвото, со свои избори, свои колебања, со свои грешки.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Може да биде студентка или асистентка по архитектура, а можеби, ако судам по извалканите патики од најскапа марка и седефестите рамки на очилата, размазена ќерка.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Можеше да биде сведок и посреден учесник на тоа, како најубавата работа во нивниот живот се престорува во најлошата работа, што можело да ја има во нивното село.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И затоа повторно го одложував своето пишување за судбината на Арафат за Палестина, за неговото враќање во Рамалах. Судирите на Фатах со Хамас. Продолжувањето на војната.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Молеа да бидат стрелани веднаш, за да умрат додека се сѐ уште чисти“.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ете, тоа е причината, пред да се впуштиме во спомнатата авантура со прашања, брзо брзо да го симниме погледот пред нашите нозе и да продолжиме да чекориме по порано одредената патека; дури и ќе го забрзаме чекорот исплашени дека секое подзастанување или одвишно шетање со погледот може да биде погрешно протолкувано па дури и осудено од недобронамерните сограѓани.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И тоа што учел им дојде згодно на пријателите на Борко да го искористат и да можат да кажат Симон да биде чувар. Земаше редовна плата за тоа.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Нацијата мора да биде една. И во некое посебно и нетривијално значење таа мора да се разликува од другите нации и луѓе.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Но за да биде таа служба благодатна, нам ќе ни треба да создадеме народни служители, народна интелигенција што ќе му ги посвети сите свои сили на народното благо.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Само на својата кожа ќе осетиш, зошто: „Среќен е оној што умее да сака“, вели Хесе, „и да биде сакан“, велам јас. ***
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Секоја расправија и секое нарушување на мирот меѓу Американците за прашања поврзани со разликите во стариот крај, а кои се однесуваат на тие народи и кои треба самите да ги уредат, ги слабее нашите напори во полза на нашите непријатели.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Не мора да ги знаеш политичките платформи на сите партии за да бидеш најинтересен у друштво. ...
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Инаку зошто станал костреш без силни и игличести перки тој светец на опакоста и кобата што пуштал крв од туѓи жили, што колел туѓи волиња, што ловел малоумници за да бидат обесени?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Господ си игра со нас и тоа е неподносливо. Моцарт треба да биде уништен.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
— Тој маж досега на сто пусии паднал, ама ниедна го нема задржано.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Проклет да бидам, како сѐ да беше против Трифун Трифуноски, туку ќе се расипеше времето околу празникот.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Морам да бидам во претставата, урлаше, ве молам! Сѐ ќе направам!
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
И покрај тоа, прифатилиштата за лудаци и натаму изгледале како мачилишта за злосторници: во двете најпрочуени, Салпетрије и Бисетр во Париз, болните биле чувани како животни, некои од нив и во подземни ќелии, со синџири околу вратот, по казна врзувани на столбови на срамот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
- Верувам дека тогаш заеднички сите ќе одлучиме за денот на веридбата. Мојот предлог е тоа да биде на Мала Богородица.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ако нема што да се работи освен тоа што погоре е наведено, тогаш да се мијат, да се бањаат во трапот, да се чистат. Сѐ да се прави и да биде колективно.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Многу победи можеле да бидат извојувани само затоа што до другарот бил другар, затоа што за другарот се борел другар.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Градот плаче, градот е мачен во градот е тежок и животот брачен градот знае да биде брутален во градот е борба за стан социјален Бизнис менаџерчиња, јапи со куферчиња со кафено на гаќи, јаки профитерчиња за пуста пара и дубара прават да можат и жените на берза ќе ги стават
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Таа беше воспитувана да биде фина дама.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
„Зошто не ги пуштите дома оние кои сакаат да си одат?,“ го праша Клара доктор Гете едно попладне во просторијата во која плетевме.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Најпрвин посакуваше средбата да биде случајна, на улица, за да ја види неговата покајничка реакција, да му ги види скрстените раце кои молат за прошка.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Зарем немав право? Ако не постоеше тој црн знак верувам дека немаше да бидат спомнати планинските беспаќа.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Џвака сланиничка и потпивнува вино, чепот му бил до уста.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Боже! Ова можеа да бидат и мои зборови.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тогаш би биле задоволни, нели?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Разбуричка по старите работи и пронајде пепелав фустан, скоро како нов, што го носеше пред да биде расипана од агрономот во гаковските угари. Споменот ја допре како студен здив.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Нозете би сакале да бидат во висина на главата но не можат да се качат (заради очите).
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
А кој може да биде одговорен за неа?
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Хабиб Бургиба идеалистички веруваше во овој пакт до крајот на својот живот што сакаше да биде и крај на неговото владеење.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Хичкок: „Занимливо е дека продуцентите, по многу премислување, одлучија Уцена да биде нем филм, освен последната ролна, бидејќи тогаш некои продукции се рекламираа најавувајќи „делумно звучен филм”.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Сепак, постојат одредени концепти кои преовладуваат во разни временски периоди и кои можат да бидат документирани.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Кога се вабат, мислеше, секако не е ни толку вистинско, за да биде онака добро, какво што треба да биде; тоа го разјадува дури и чекањето.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ќе играат само сенките. Но јас веќе нема да бидам таму.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
И јас морам да бидам тука. Јас сум ѝ золва и свекрва. На сѐ ја подучувам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Инаку сета акција може да биде доведена во прашање.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
- Не, ти никогаш не си бил женет, ниту пак ќе се ожениш, бидејќи така си заречен – дури си жив да бидеш толку добар, што благодетите кои ти ги истура животот, да им ги подаруваш на другите.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
На секоја кривина нешто отпаѓа од колата, а кога и рачката од прозорецот ќе му остане во рака, негативецот револтирано вреска: „Да ги ебам странскиве коли!“
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Измислете каква било причина. Само гледајте да биде убедителна.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
И само по десетина чекори, кога беше навлезен во сивината на таа осојничава длабочина, тој знаеше дека патот меѓу стеблата може да биде и единственото нешто, што ќе е во состојба да го пребори.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
-„Колку може да биде скапа надежта на двајца млади луѓе?“
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Остана само ќелијата на Димостен во која можеше да биде сама за да се обидува да се ослободи од несаканото семе, меѓутоа, во неа немаше никакво искуство за такво нешто.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Со други зборови, својата авто­номија во однос на татковските инстанци кои настојуваа да го ограничат неговото мисловно поле тој макотрпно не ја освојуваше само затоа безмилосно да биде проголтан од онаа прождрлива мајка, неговата култура: „Пред француската, германската, италијанската култура постои човечката култура“.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Според нив, сите деца требаше да бидат зачнати со вештачко оплодување (вешсем, како што се викаше во Новоговорот) и да бидат одгледани во јавни установи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Добро ма, Тодоро,“ ѝ се заврте тој на жена си, „та каков сакаш јас да бидам?“ „Како Крале Марко”, отсече веднаш таа.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Значи, Стале, по планот што го скрои уште првата година кога стапи на работа кај отец Арсенија, треба да биде игумен на овој манастир, а тоа значи веднаш да стане богат човек и да си заживее како што живееше самиот отец Арсенија и редица такви како него „испосници" и „божи угодници".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Она што всушност ме одби од Луција таа вечер беше едно ситно движење на нејзините нозе, едно сосема беспрекорно, технички изведено поместување на нејзините колкови, со кое таа ме привлече кон себе, ме зароби, и јас се најдов токму на местото каде што треба да биде маж кога спие со жена; беше тоа една совршена технологија на водење љубов, нешто што за искусниот маж е вистинска посластица, кога ќе го сретне кај некоја жена.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Понекогаш имаше необична желба да му го зграпчи гласот исто како што му ја држеше раката, за да биде уште посигурна.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Движењата во тој миг ѝ беа мешавина на местена сензуалност, која се граничи со вулгарност, карактеристична за повеќето ’комерцијални сексуални работнички’ и формализираните потези на службените лица, отсечни и строги, онакви какви што и би морале да бидат за да влеат авторитет, и да отстранат секаква можност за избор.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Дека ја сака власта затоа што луѓето од масите се немоќни, плашливи суштества, кои не можат да ја поднесат слободата или да се соочат со вистината, и дека затоа мора да бидат управувани и систематски мамени од други, посилни од нив.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но ако и има ограничувања, тие ограничувања треба да бидат разумни.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Јасно беше дека е ова еден црн човек кој одамна се пројавил како таков и кому сега не му останува ништо друго освен да биде наметливо опасен.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Цигански кум не можам да бидам.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Тоа е единствената шанса да се премине и смртта исто, без таа да биде дефинитивна.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Вечната клетва секогаш ќе те стигне Во секое време, низ животи многу Одлучи понизен да бидеш пред Свјатоме Богу И секогаш во предност пред другите ќе идеш Ќе бидеш признат, ќе бидеш свиден Ќе бидеш благословен и можеби некој иден Наш спасител, месија пратен Од народот свој по барање вратен Нови надежи да донесе во земјата ветена Неомеѓена, единствена, осветена! 2008
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Останува прашањето што значат тие алузии?
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Формата на идеограмот може да биде толку изменета што веќе не се распознава како сликовна претстава на предметот; а неговото првобитно значење може да биде проширено на тој начин да ги вклучува идеите за кои не постојат јасни сликовни претстави.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Кога ќе се ослободам од егото и суетата, кога ќе ги симнам маските и костумите, кога ќе се демистифицирам, кога не сум на работ на амбисот, кога имам можност барем за момент да бидам среќна, јас сум едноставна личност која умее да сака.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Оваа шема, одвај има потреба да се каже, е обичен сон со отворени очи, и е невозможно да биде остварен.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Некои, дури, можеа да бидат пазарени за шише џин, пијалак што на проловите им беше забранет.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во снегот се гледаа траги од стапалки кои, напросто, мамеа да бидат следени. И, народот тргна по нив.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Тој мирис на сеното, тие звуци што навечер никнуваа наоколу, во самата плевна, во буковата корија, во папратот зад плевната, тие ѕвезди што се гледаа низ отворот на вратата, тој чуден опивлив ноќен планински воздух што го дишеше и му се насладуваше и ти се чини дека сѐ е вечно, нема почеток и нема да има крај, и ти се живее и ти се постои и би сакал да бидеш насекаде, со сешто, засекогаш...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Да бидеш господар на една земја и народ е исто што и да седиш на терезија со два таса. Едниот тас е џенетот, а другиот џенемот.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
„Кандилата се занишаа и иконата од свети Илија почна да трепка со очите“, — тврдеше маѓерот Стојко Попов, кого нарочно Стале го поведе со себе во црквата да присуствува и да биде свидетел колку е „посветен“ дедот Стале, кога може да се кара со самиот свети Илија, та дури и кандилото пред неговата икона може да му го искрши.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Еден треба, мора да гризе земја или да биде осакатен, зашто пушката не само убива, туку и осакатува.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
II. Им забрануваме на сите наши поданици без оглед на нивната положба или професија да го оживуваат споменот, да се напаѓаат, да се навредуваат, да се караат и да се предизвикуваат еден со друг со префрлања во однос на она што се случило, без оглед на причината или околоностите, да се расправаат, да се оспоруваат, караат, засрамуваат или навредуваат со дејства или со зборови; нека се совладаат и нека живеат заедно како браќа, пријатели и сограѓани, а кршителите ќе бидат казнети како кршители на мирот и нарушувачи на јавниот ред.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Бидејќи елементарната кинестетичност е условена од природата на медиумот, Ворхоловото сликање на неподвижен објект со неподвижна камера во траење од осум часа може да биде доживеано како исмевање на основните атрибути на филмот, а Empire како најконцептуален филм некогаш снимен, или пак како најдоследно спроведен реализам.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
СЛАВА За да бидеш инстант славен И на тв популарен Спреми го отворот анален
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Можев да се надевам само на онаа кревкост и благост на мевцето, а потоа на чувството на некаква зафатеност (која во исто време овозможува да бидеш зајден), што ја создава глодањето на ковче.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Иронијата да биде поголема, во центарот на Новата лисица беше стационирана џандарска станица каде се апсеа само ситните дилерчиња кои одвреме-навреме требаше да послужат за маркетиншко политички потреби.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Секој има право слободно да го изрази своето мислење, да избира и да биде избран на слободни избори.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Дозволи да те заборавам, соновите во јавето да бидат заборав и минатост...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
— Јас, вистина, сум секретар на КОЕМ, вели, но не знаев дека требало да бидам и секретар на државната безбедност...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но нив, за да бидат раскажани, не им е местото овдека, туку некаде понатаму, во времињата во кои се случиле и кога ќе раскажуваме за нив.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ги пронајде двете загубени души што сплаварот ги беше оставил на спротивната страна. Ѝ остана уште да ги врзе двете откинати алки, да биде сведок на асоцијативното спојување на двата пловечки острови во водите на Власинското Езеро.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Како може некој да биде мајка кога тоа не е.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Нема поопасно од тоа“, тврдеше, „да бидеш не платен судија на животот, или, уште полошо, да ѝ бидеш адвокат на вистината.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Прати ја – Господе! Прати ја онаму каде што сака да стигне (но потруди се и јас да бидам таму)!
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Во контекст на оваа измена кршењето на работниот ред и дисциплина веќе не се смета како лична причина на страна на работникот, а сега ваквото поведение е издвоено и подведено како засебна причина (на вина) поради која работникот може да добие отказ (чл. 15 од ЗИДЗРО/фев.13); в) новитет е обврската на работодавачот да ги наведе во писменото образложение основот за отказот кој мора да биде утврден со закон, колективен договор и акт на работодавачот и докажаната основаност на причината која го оправдува отказот (чл. 17 од ЗИДЗРО/септ.10); г) се интервенираше и кај листата на неосновани причини за отказ дадени од страна на работодавачот, кои беа дополнети со неплатеното родителско отсуство како основ по кој не може да се даде „оправдан“ отказ (чл. 1 од ЗИДЗРО/дек.13); д) две промени претрпе и склучувањето на променет договор пред отказ, едната само техничко- терминолошка, а втората посуштинска.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Сега можеше да биде чуено и она нивно тивко, цвичливо скимтење, кое секој од нив го продолжуваше како некое само свое тивко мрморење, тоа се престоруваше во ужасно заканувачко 'ржнување само кога две од тие остри вретенести прилики ќе се судреа очи в очи, или кога ќе се разминеа само за еден мигновен чекор.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Едноставно чувствував со целото свое битие и сега, дека не би можело да биде поинаку, па макар и двете да останевме под урнатините на куќата.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Иако често дивјачки и нецивилизирано напаѓан од официелните критичарски морони, кои, меѓу нас кажано, во филм се разбираат колку нашиот архиепископ во кик-бокс, ТОЈ сепак не се предаде! (Смеење) А како и нема да биде напаѓан?! Како и нема?!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
4 Работната атмосфера, особено по доаѓањето на новите газди и смената на дотогашната сопственичка структура, почна забрзано и значително да се „вжештува“: беше поставена нова директорка која ги тераше вработените да работат и за викенди, без да бидат 218 соодветно платени за тоа; се работеше и по цели денови – од 7 часот наутро до 21 часот навечер, под образложение дека на вработените „им фалеле работни саати“ за да ја остварат предвидената норма; перманентно некој од вработените работеше и на празници – без за тоа да добие надоместок [дневница] или, пак, слободен ден; а беше вршен и перманентен мобинг врз работниците – преку разни средства на вознемирување (на пример, тие беа тенденциозно казнувани за измислени „прекршоци“ и дисциплински повреди; често, при пописот на лековите, беа лажно обвинувани дека имаат наводен кусок, односно „минус“ во касата – дури и по неколку илјади денари, а којшто потоа требаше да го надокнадат од свој џеб; беа терани солидарно да учествуваат во плаќањето на сметката за фиксен телефон кој го користеа исклучиво за службена комуникација и сл.).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
По многуте изменети српски чиновници, во 1934 година за шеф на станицата дојде Неделко Акиноски и остана тука сѐ до 1944, кога фашистите, не знаејќи многу за него, дека е организиран, како доверливо лице го преместија да биде шеф на станицата во Прилеп.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Туку шуќур си велам денеска што е недела Па поповите имаат венчавки и крштевки И немаат време за визитации на коали и други сонувачи На сон поп ако ти дојде ќе ти напраи триста лошотии На сон владика или поп и за ѓаволи се веруваат А богами не се чуло дека и на јаве ги есапат за ангели Така барем велат дојденците од Македонија кои своите попови Повеќе се среќаваат по судови одошто по црквите За да расчистат како може тоа што народот го изградил Да не биде народно ами попово И како може некој да биде овчар ако нема стадо И многу имотно-правни а не духовни работи Расчистуваат македонските попови по австралиските судови
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Секогаш се наоѓаа нови будали што чекаа да бидат заведени од него.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Таа можеше така да постапи бидејќи неговата стварност (неговите желби во однос на неа), не ѝ беа сосема туѓи, иако тоа беше стварност на некој друг; соодветствуваше со нејзината сопствена автентична желба да биде она што е.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
- Да. Црквата треба да биде имено Едина и Соборна, а не српска, грчка и бугарска.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
3. Удел во друштвото е севкупност на права и обврски коишто содружникот ги стекнува врз основа на влогот во основната главнина во ЈТД, КД и ДОО – при што, секој содружник има еден удел кој не може да биде претставен во хартија од вредност (чл. 3, ст.1, ал.49 од ЗТД). Значи, содружникот може да има само еден удел!
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Од терасата на хотелот „Златна јабука“ да ја понесе на раце до нивното гнездо во хотелскиот апартман, но во исто време и двајцата да бидат отмени гости по вариетеата на Сончев брег и Варна.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Демаркацијата може да биде метафорична, симболичка или широко дефинирана (како кај границата меѓу доброто и злото, лојалноста/нелојалноста или уметност/кич); или може да биде повеќе буквална, материјална и видлива (рабовите на книгата, ѕидовите на затворот).
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
За пример, колку на читателот кој не е толку упатен во правната историја и терминологија, да му биде посликовито како изгледаа овие спорови, овде ќе наведеме само еден класичен текст, чиј автор е надалеку познатиот римски правник Улпијан, кој и денес е еден од најценетите правни авторитети, сè уште цитиран, на пример, при граѓанските судењата пред британските судови: Кога писарот ја изнајмил својата работа, па неговиот работодавач потоа умрел – божествениот император Север одговара со рескрипт на барањето на писарот, со овие зборови: ‘Бидејќи наведуваш дека [ти] не си одговорен за необезбедувањето услови за твојата работа... правично е ветувањето [за платата] од договорот да биде исполнето – ако, во текот на годината за која станува збор, не си примал дневници од никој друг’ (D. 19,2,19,9). 11
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Таа која знае да биде потврда и од маж, одеднаш е само едно треперење над сламарницата.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Според процената на Морган од 4 февруари 1943 година основните цели за уништување на мисијата требало да бидат: “(а) Електричната централа во Тетово. (б) Локомотивите и возниот парк на теснолинејката а споредни цели можеле да бидат: (в) Инсталациите на електричната станица, трансформатори и др. во Радуша. (г) Надземните јажиња од рудниците. (д) Помали саботажи на теснолинејските шини.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Титулата на цар Душан се објаснува вака: тој признава на Балканскиот Полуостров две словенски држави: Бугарија и Србија и една несловенска – Византија; Србија со завојувањето на византиски земји сака да ја наследи Византија, но со тоа зема земји што можат да бидат и српски и бугарски и коишто не се бугарски.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
ДЕЛ СУМ ОД ТВОЈОТ СВЕТ, МОЈАТА УБАВИНА Е ЗАМРЗНАТА ВО ТВОЕТО СРЦЕ, НА ДУШАТА ТИ СПИЕ МОЈАТА ЉУБОВ, А И МОЈАТА БОЛКА И МОИТЕ СОЛЗИ НЕ ТИ СЕ ТУЃИ...
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Никаква можна комисија не би го одобрила таквиот брак, дури и ако Кетрин, првата жена на Винстон, можеше некако да биде тргната од патот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ако тргнеме во спротивни насоки не довикувај ме повеќе, заминувам, оставајќи на судбината: „така требало да биде“ Не доаѓај повеќе да ја собираш дождовницата од пресушените очи...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Бидејќи театарот е поле на кое јас би сакал да биде регистрирано моето творечко битисување, апологетите на мојот став ќе ги барам токму кај него.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Тој не ги поведе своите на манастир, како што правеше секоја година, не ги поведе да не му пречат, зашто мислеше на сѐ, - можеби ќе си пријдат со Богдановото девојче, необични и тој и таа, узнавајќи се од душа такви, а тогаш треба човек да биде сосем слободен, ќе треба можеби да бегаат заедно далеку од род и родина, каде што сите стеги паѓаат, ќе треба можеби уште веднаш да загинат заедно, дека е тоа најдобро, не знае тој.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
За мене, публиката е дел од секоја претстава затоа што таа е сценски реалитет кој може и мора да биде подложен на режирање, само што нејзиното сценско функционирање е условено од умешно изработената претстава.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Во полемиката Фаик Коница постојано го употребувал псевдонимот Транк Спироберг, не само за да го затскрие парцијалниот интерес на својот албански јазик туку и за да влезе во рамноправна полемика со тогашни француски лингвисти со меѓународен авторитет какви што биле д-р Фруктје, приврзаник на есперантото, д-р Фово де Курмел, приврзаник на синиот јазик, Жак Тасе, застапник на тезата латинскиот да биде одреден за меѓународен јазик.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се сетив на онаа потреба на Бога, како што бев читал еден божем полушеговит текст, да го создаде светот од себични причини, од потребата да биде обожуван и од потребата да има некого в рака.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Имате желби да летате, да патувате, да бидете сакани, да ви се живи и здрави тато и мама, имате желба убаво да се облекувате, да имате свои книги, имате желба да бидете добри ученици, да имате добри другари и слично.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
- Ќе ноќеваме овде, како од крцкањето на огнот да извирал гласот на челникот Онисифор Проказник.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Човекот потиснат од привременоста сака да биде вечен.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Бездруго ги запишуваше зборовите кои можеше да бидат толкувани како повеќе неодржливи, но и помалку опасни.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Дојде време кога, ако било утро кога беше доведен тука, сега би требало да биде попладне, или ако било попладне, да биде полноќ.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Како позначајни промени во работничките права на странските работници во периодот 2010-2014 можеме да ги утврдиме: бришењето на експлицитната обврска странецот заедно со барањето да достави и деловен план за подобност од самовработување, каде што ќе биде приложена инвестиционата и економската придобивка за државата, бројот на нови вработувања, како и доказ за расположливите фондови за реализација на активноста; за да биде издадена нова работна дозвола, странскиот преместен работник дополнително се задолжува да достави доказ дека за него се подмирени сите давачки кај работодавачот каде бил претходно работно ангажиран; се утврди временски рок од 5 дена за издавање, продолжување и одземање на работните дозволи и сертификати по поднесувањето на барањето за работна дозвола; се отвори можност за странецот барањето за издавање на работна дозвола да го поднесе и во АВРМ.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Мисирков не беше и не можеше да биде против самата ТМОРО, но тој многу продорно, уште во самиот тек на настаните, ги согледа слабостите што загрижено и ги потсилуваа некои заинтересирани странски фактори, не одбирајќи притоа методи и средства.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Според ЗТПОК од 1993 година, акциите, односно уделите купени со попуст не можат да се отуѓуваат, односно пренесуваат во рок од две години од денот на купувањето (чл. 26, ЗТПОК), додека според претходно важечките одредби, со интерните акции не можеше да се тргува на пазарот за хартии од вредност, но можеше да бидат пренесени, освен ако со посебна одлука не е поинаку предвидено (чл. 1a и 1и, ЗОК/89).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Ѕвездите можат да бидат поблиску или подалеку, според тоа како ни одговара.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
На една свадба, не знам на чија свадба беше, очи ми не се сеќавам, којзнае како ми дојде, како ми избега од уста да речам: - Е што сакам, на секоја свадба да бидам невеста.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тоа само си остануваше да си биде, а со него остануваше да биде и тој.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Еве, првпат ти дадов можност да бидеш вардач. Така ли е, никаквецу?
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Си замислуваше да биде исто онаква каква што имаше во градот Бристол во Англија каде што често одеше да ја лечи реумата.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Беше совршено можно, пред да биде стрелан, целата драма на неговото апсење и сослушување да биде уште еднаш повторена, од почеток.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Знаете, креативноста не дозволува да биде индоктринирана. Никому не можете да му ја затрете смислата за хумор, таа брза релативистичка способност на течно и брзо жонглирање со идеи.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Бојс сакал да ги обвитка со постојана топлина, да ги лулка како бебиња, како што и самиот се обидувал со топлина да се заштити од внатрешната и надворе­шната болка.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ама, во осаменоста, додека очајно чекаш нешто да ти се „деси“, две прилики можат да бидат и две зла.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
При тоа, за чудо, се покажа дека таквите работни модели не можат да бидат ниту слики ниту текстови, туку дека се алгоритми.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Работата се сврши како што треба, па можеме да бидеме рамни пред себе и пред бога.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Не можеше оваа бунда да биде таа, старата, макар што имаше иста боја.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Па, си реков, не вреди да бидам упорна, тој секако ќе ме игнорира. И тоа се потврди.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Но Семјон ме предупреди, и тоа уште таму, пред онаа тешка огромна порта, дека не смеам да бидам многу љубопитна.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
И, иако втората позиција има јасно оправдување, потврда - на крајот, битно е едно дело да биде разбирливо, драмата да може да се игра, а поемата да се чита - арогантниот став на критичарите со кој тие оценуваат дали еден превод е добар или не, од чисто монолингвистичка позиција, повторно укажува на неблагодарното место што го зазема преводот vis-a-vis метатекстот (дело изведено од, или што содржи, веќе постоечки текст), каков што е и литературниот критицизам, сам по себе.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Меѓутоа, самата идеја мисијата да биде пренесена во Македонија кај грчките партизани предивикала противење.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Жалејќи за времето што го посветуваше на својата работа, напладне со камионетот доаѓаше дома, само да биде малку со неа.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Чанга можеше да биде нашиот нов Сталин. Заштитник на нашите кози, на нашите животи.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Каков и да е текстот на преживувањето, тој мора да биде читан низ дискурсот на уништувањето.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Башка повеќе жежи затоа што „културата“ (во чие опкружување се обидува да дише на шкрги и да биде одвај видливо, ко Челичната Шепа, ова ситно, наказно телце по име Маргина/ Темплум, некакво си хибридче од пар култури, и затоа опасно) речиси дека е на ниво на племенска култура, без критериуми, релации, фидбек, самопрогласена, самобендисана, без најобична рецепција (а камоли „критична“!), култура во која бавењето со книги или е работа на примитивни социјалистички профитери- гребатори или најцрн идеализам кој за кратко време ишмукува толку што човек се претвора во школка, во ехо на згазен молител.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Сакал духовно да ме згрижи, па го правел она што можел - бараше да бидам покрај него додека траеше радио концертот.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Ве замолив да биде поблиску до факултетот, бидејќи до дипломирањето му фалеа само неколку испити.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Реков примерен, проклет да бидам, поради тој збор за малку да го замрзам целиот свет.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Очекував да биде тука некој од браќата или сестра ми. Никој.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Овде сум вистинскиот Арсо, лежам и мислам за тоа што што не било и не може да биде.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Гласот од телекранот замолча и додаде со еден сосем различен, далеку посериозен тон: „Се предупредувате да бидете подготвени за важно соопштение во петнаесет и триесет. Петнаесет и триесет!
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тој беше доволен и од тој редок оброк, Велика да биде негова макар и на една — две недели, и да си живее во изобилие, отколку да мизерува и без никаква женичка.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но, сега остануваше да биде важен тој, всушност продолжуваше во него да постои само таа мисла, што беше одзив на некоја слична мисла, некаде зад него, но воедно и еден неспоредливо посилен нејзин одзив на таа ветрометина и во таа скукаленост.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Наоѓајќи се пред опасноста да биде ликвидирано од револуционерната организација, Братството решило да го испрати И. Гарванов во Бугарија за да се поврзе со одговорните државни и политички фактори и да го добие нивното мислење, и евентуално нивната поддршка во конфронтацијата со Организацијата.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Кумовите Танаско и Пена, единствените сведоци на раѓањето на Пеличка, дошле да ѝ пожелат сѐ најубаво сега на почетокот на школувањето, да биде здрава, умна и убава, да стане голем човек оти ете има можност да учи на македонцко школо со македонцки лаф и со македонцко писмо.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Доста пак сакаше да биде и „волкот сит и овците на број", да му даде нешто малку многу на Крча и со тоа да го откупи целиот Трајков мал, да ѝ остане за Толето.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Но Леонардо да Винчи, uomo univerzale од почетокот на Новиот век, тешко може да биде обвинет за површност и леснотија.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Затоа балканските стратези за преобразба на милионите козари во работничка класа требаше да причекаат други, поспокојни времиња или да се откажат од големите ликвидации на козите, а дотогаш козарите и козите да бидат под будното око на комунистичката партија на народната власт!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Браво: Тоа се бара. Ќе се собереме, да бидеме што помалецки.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Имаше причина да се дојде до заклучкот дека, за да биде полегната тревата и на неа да биде оставен отпечаток од формата на змијата, змијата мора да лежела таму долго време, нешто што се чинеше дека не е можно.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Затоа, пак, солзите, проследени со липање требаше да бидат замена за зборовите.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Да бидеме невидливи, да рееме во воздухот - сѐ.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Пред да биде погубен Арслан бег со дружината, додека акаше низ полето за да го дофати Владимира Акиноски, во време жетва, беше наумил да ја грабне за брата си Салија најпрвата убавица во Потковица, Руса Јанческа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Јас сум таа, заедно со татко ти, која упорно го поткрепуваше твоето убедување дека човекот мора да си го сочува својот интегритет, да биде способен да ја забрани слободата од детските дни, и надворешните присилби да ги направи што е можно побезопасни.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Според пропишаните норми за оваа дејност, дундата не смееше да биде исушена, спечена, ама не и месеста, дебела, подуена како пчели да ја касале.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Решив да излезам и да видам каде сум. Морав да бидам претпазлива.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Па дури и технолошкиот напредок се случува само кога неговите производи можат на некој начин да бидат употребени за намалување на слободата на човекот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
А подоцна додаде: „В ред, можеби директно и не го поттикнал.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Мајка ми влезе во кујната и кога ме виде со телефонската слушалка во рака што јас од возбуда заборавив да ја спуштам, очите од лутина ѝ светнаа: - За ова би требало да бидеш казнет, - процеди бесно, - ама, сега нема време за тоа.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Просто - бев отпуштен од служба тогаш кога требаше да бидам најсреќен.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
17. Како претседател на Тајниот македонско-одрински кружок во Петербург (натаму: ТМОК), па со тоа и во ТМОРО, Мисирков не е и не можел да биде против револуцијата како метод (впрочем, тој и самиот смета дека резултатите можеле да се постигнат и „со вешти, мали народни движења“!), но категорички се изјаснува против Востанието во тој момент, како поради очевидниот неуспешен крај, со сите народни страдања, така и особено поради реалните опасности за распарчување и заграбување на Македонија од соседите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ништо во неговото тело не бара да биде помрднато.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Студијата која ги обработува основите во тестирањето на пропагандните пораки укажува на следното: 1) ефектот на пропагандната креација не може да биде измерен доколку барем два пати не е изложен на перцепцијата на целниот сегмент на побарувачката (терк); 2) секое препознавање на целите на истражувањето од страна на испитаникот ја докажува погрешно избраната метода; 3) секое истражување се спроведува со споредување на резултатите од контролата и експерименталната група; 4) тестот на присеќавање се прави како со така и без помошта на испитувачот; 5) се мери степенот на преференција во одредена група производи; 6) се мери поттикот за купување и се утврдуваат конкретните причини; 7) тестирањето се спроведува на еден дел или пак на целиот пазар.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Чана одамна го има претчувството дека дедото Костадин нема да стигне зад нив, ама сигурна е дека Пелагија и Танаско му ги сториле сите адети за да биде спокоен во рамната земја од каде што сакаше да побегне оти нигде не нашол исцедно место за гроб.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Сметајќи се за „страна“ спрема антиегзархистите, кои што биле и водачи на Револуционерната организација, егзархистите првин побарале половината од составот на ЦК на Организацијата да биде пополнет од нивни луѓе, за да можат да се спогодуваат како две страни.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Пеце се погледна со децата. Виде дека ниедно од нив не сака да биде дете на најгазда.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Сакаа тие да бидат на неговото место при така добар и имотен стопан, а посебно се чудеа како најдобриот стопан земал така неугледно куче, па дури немаше ни педигре.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
И покрај големиот број на дроги кои творците низ историјата ги користеа за поттикнување на креативноста, сметам дека психоделичните дроги имаат посебно значење за творештвото, првенствено затоа што, во една фаза на своето делување, нудат најсодржински и непознати искуства, кои надарените личности можат потоа да ги транспонираат во уметничка форма, без оглед на цената што ја плаќаат, а таа неретко може да биде висока, што ќе го видиме од подоцнежните излагања.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Зачудено го гледаше Татко, кој набрзо ја кажа тајната: Аполинер едноставно предложи дека само туѓите зборови, (продолжи на француски јазик qui ne sont pas, digrѕ` (кои не се сварени), можат да бидат отфрлени.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Содружник, односно акционер може да биде и секое странско лице.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Па ако било така зошто да не поверувала оти е нормално да биде посакувана и од оној на кого Господ посебно му го доверил правото да избира помеѓу повеќе жени бидејќи тоа и него и нив ги правело среќни?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Но веднаш продолжи да нагаѓа: „А можеби Иван Степанович и свесно го поттикнал Ролана да биде татко на неговото дете“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Проектов мора да биде успешен, ми рече при една од тие средби тој.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Подоцна морав многу да се бранам и многу да објаснувам што ми значело тоа, кому треба јас да докажувам и кој треба чиј бог да биде!
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Не разбирам, како може историјата да биде лавиринт?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Притоа, работодавачот може да ги отстрани од процесот на работа само оние штрајкувачи кои, со своето однесување, поттикнуваат „насилничко и недемократско одне- сување“, со што се оневозможуваат преговорите меѓу работниците и работодавачот (чл. 237, ЗРО/05); д) и, конечно, избришана е и одредбата која велеше дека органот на управување или функционерот не смеат да го спречуваат работникот да учествува во штрајкот, ниту да употребуваат присилни мерки за- ради окончување на штрајкот (чл. 14, ЗШ/91) и наместо неа се воведе спротивна одредба која вели „работникот не смее на кој било начин да биде присилен да учествува во штрајкот“ (чл. 239, ЗРО/05).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Пред Арсо Арнаутче се отворала со омајност златна и сина и сочна синоличка, и тој, од името на својата машкост што му била дадена од господа, можел само да се наведне под пролетна месечина и со жед на пустински камилар да срка пелур, потоа пијан од цветно вино да се закопа со чело во треви и да ѝ ги шепоти на земјата тајните на љубовта; во тој миг можел да биде уверен дека од земјата ќе шурне сребрена вода со чии капки светот ќе си ги излекува и очите и срцата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Температурата на животот топеше еден студен, дотогаш непробоен оклоп а тој плашејќи се да биде разголен до дно поставуваше примки. „Јано“, рече. „Тој професор за кого ти расправав чека сега луѓе во заседа и ги моли да пијат со него.“ „Ти не пиеш.“ Дали е возможно, мислеше. Дали е возможно.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Да се смета дека Деридината философија е антропоцентрична може да се чини погрешно, бидејќи тој го отфрла поимот за унифициран човечки субјект.25
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тој човек со ситна коска, нешто поисправен отколку што треба да е еден старец, не гласен и сепак таков како секогаш да е на едно место, ги предизвикал обајцата Онисифоровци да мислат дека противникот кришум го посоветувал старецот да предложи Дмитар-Пејко да биде и запален и закопан - селанецот се кара за педа земја, за говедска лепешка, зошто да се кара и за мртовец?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Останав со мајка ми една недела, но не можев да бидам блиска.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Во случаите во кои е постигната ваква согласност, глобата може да биде намалена за 1/2 од пропишаната.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Мора така да биде, затоа што секое човечко суштество е осудено да умре, што е најголем од сите неуспеси.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ја гледам во очи и не ми е верно, знам и самата за своите деца да бидам бескрајно необјективна, ама до толку!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Од цртежов може да се види дека татко ми е една таква суета од човек, што ако му речеш дека нешто не прави како што треба, навистина ќе направи сѐ како што не треба, за да докаже дека можело и полошо да биде.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Премногу е силна, не можеше да биде освоена.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тенџерињата и тавите што блескаа, чиниите што беа сместени во шпајзот за порцелан, редиците чаши што беа на полиците, сите предмети во кујната, во трпезаријата и во гостинската соба, изгледаа како да знаат дека се сместени таму затоа што Кети сакала да бидат таму.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Тоа августовско утро во Прага чистачите на улиците среќни и весели си посакаа нешто убаво за себе и за своите најмили: едни посакаа да има повеќе пари за пиво, други посакаа пивото да биде студено, трети посакаа децата да им летуваат на Јадран.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Вистинската книга можеби започнува пред да биде напишана.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
„Кој може да биде ноќново време?“, се зачуди стариот учител и прекинувајќи ги своите мисли, стана да ја отвори вратата.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
И на тој, по малку перверзен начин, простите консументи на уметноста се претворија во уметници - свесно избрале дека не сакаат да бидат само пасивни набљудувачи, туку активни учесници во создавањето. превод: интелектуална кооператива Изрод 152 okno.mk
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Но веќе одамна се нема ништо исполнето ни случено, но да се надеваме дека утре светот ќе бидам подобар.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Според Зефиќ овој нивни „аргумент“ е класична манипулација и невистина, а на сите вработени во оваа установа им е јасно дека таму отсекогаш како референти работеа луѓе со средно образование, затоа што се работи за чиста техничко- административна работа (per analogia, тоа би било како докторка да биде преместена да работи како медицинска сестра!?).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Таму, ви рековме, и фашизмот го издржавме со козите, а во социјализмот, како што велите, би требало да биде полесно...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Притоа, предлогот за надомест можеше да се спои со предлогот за извршување или да биде поднесен дополнително – но, само до завршувањето на извршната постапка.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Божем да се бранел од комунистите, а всушност го направија кодош, па тој и тогаш се однесуваше кабадаиски.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Окото: иако има голема дарба да продира дури и во невидливите работи, може да биде и мрзливо или незаинтересирано а пак намерно да подзамижува, некаква своја лукавост тогаш сака да покаже, доколку се работи за нашата себичност.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Некој од лудите стои со хоризонтално испружени раце и моли да биде распнат; „Распнете го! Распнете го!,“ вика толпата граѓани.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
– Мислам дека никогаш веќе нема да бидам иста. – Сега сето тоа е минато – ѝ рече тој, милувајќи ѝ ги со врвовите на прстите крвавите лузни на лицето.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Кога се подготвуваат овие што им е недраго повеќе се грижат за тоа како ќе се претстават самите себе, за што помалку да биде видлив нивниот банкрот, па, како сите други во дипломат-чорап, утре ќе немаат за леб ама денес отмено ќе пропаѓаат.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Да бидеме праведни, почитуваниот судија кого си го замислувам во овој момент како објективен застапник на својата професија можел да ѝ се обрати на поротата и со овие зборови: кажете ми почитувани браќа, кој од нас е спремен да се откаже од привлечната понуда на некоја убавица?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Може човек да биде огорчен, во еден момент да се чувствува дури и сронат, но јас нема да паднам пред искушението на изгубена верба.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Што ја карактеризира постмодерната форма на заедница?
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Давењето ја потсетуваше на други видови врзувања, што ѝ создаваше дуални накај пријатни чувства, а поентата беше дека смртта треба да биде недвосмислена, крајно непријатна и болна.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Треба да биде назад на работа во четиринаесет и триесет.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Арсо сакаше да биде задоволен дека сепак неговата немоќ е корисна за Глигора.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
4. ГОЛЕМ ЗАЛАК ГОЛТНИ, ГОЛЕМА РЕЧ НЕ РЕЧИ - притоа и сит довека и спокоен до гроба ќе си, со таа слобода и пред олтарот на ропството клечи и моли за своето право да бидеш тој што не си...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
И зарем не живееме во грешно сочинет свет, оти можел да биде уште поарен, а Господ не знаел дека може да биде уште поарен светот?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Но би можело и страшно да биде да видам како изгледам.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Извршител на мобинг може да биде едно или повеќе лица со негативно однесување – без оглед на нивното својство [на пример, тоа може да биде работодавачот како физичко лице, одговорното лице т.е. претпоставениот шеф, раководител или директор или, пак, друг работник т.е „колега“ на вработениот] (в. чл. 9-а, ст.3-4 од ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
После слушаше како и во таа ветрива ноќ почнуваат да се извишуваат до вишенебеси изострените писоци на волците по Белата Долина, и сега можеше да биде добро замислена сета изгубеност на гладните попусти завивања низ сета таа ветровитост.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Јас немав ништо против да бидам член на групата „среќни дебили” и тоа ми беше забавно, но имав против татко ми да ми припишува туѓи особини.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Мигум се најдов во Сеул колку да сум сигурен дека навистина можам да бидам некаде.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
„Дали некогаш ти паднало на ум, Винстоне, дека до 2050 година најдоцна, нема да биде живо ниту едно човечко суштество кое би можело да разбере еден ваков разговор, каков што водиме сега ние?“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
ПОЦКО: (Се смее.) Е, бре брат Арсо, ти на сѐ капак! (Сипува вино.) Ајде сега вино црвено, да биде уште повесело! Повели, куме!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Одмавна со рака. „Не“, за`ржа. „Ви реков, ќе дојдам по вас. Сега морам да бидам малку сам.“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Можете да изберете вашиот Бог да биде паметен, забавен, сочувствителен, сладок или глупав. okno.mk | Margina #32-33 [1996] 48
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Додека војните можеле да бидат добиени или изгубени, ниту една владејачка класа не можела да биде целосно неодговорна.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Всушност, сега се сетив дека тоа што почуствував кога ја видов овде на прозорецот, не беше лута љубомора туку горешто посакување моите раце да бидат на нејзините топло оживеани дојки и јас да бидам топлиот радијатор меѓу нејзините нозе.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Законот беше строг, построг не можеше да биде.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
И знаев дека несреќата на човекот е во тоа разединување: од едно да се направи многу, наместо обратно да биде.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Па дури и тогаш не може целосно да биде сигурен во неа.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Мораше да биде така за него, дојден во овој свет на градовите, и никогаш не можеше ни да помисли тој дека е потребно нешто да се мени.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Наместо да биде украс на парламентарната зграда и доказ за педантноста на малата балканска нација, собранискиот тревник беше домаќин на бизарниот излет на неговите политички противници.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Ана ми го подаде доминото, и јас го спуштив во кутијата покрај мене, во која на голем куп беа ставени книги, сувенири, дребулии кои требаше да бидат фрлени.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Веднаш се ставив во мојата омилена улога да бидам нечиј психолог, па овој човек сега ми стана поле за истражување кое со години го барав.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Не се дорекол. Гавруш Пребонд сепак знаел што сака тој да каже.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Нешто смрзнато и неподвижно што ги мени луѓето да не бидат луѓе, да бидам смрзната неподвижност и не на улица, а кај нас во собата - ѕид помеѓу мене и неа, граница на отуѓување неврат, нескршлив неуморлив суров бог.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Да, на ѕидарот му е многу важно да биде ѕидар, како што на поетот му е важно да биде поет.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Проклет да бидам, толку многу се молев за тој никаквец да не се врати.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Тогаш не можев да ја разберам како може да биде сама покрај сите нас!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Јас не сум свештеник, вели Максим. Мене никој не ме ракоположил за да бидам свештеник.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Сопственото јас е сето обземено со копнеж за храна, но храната треба да биде уништена или таа ќе го уништи.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Даниел очекуваше девојката да биде очевидно свесна за својот необичен изглед, и тогаш се сети дека луѓето што им изгледаат необични на другите, тие не се гледаат секогаш себе како необични.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
- Свртувајќи се кон посовремени автори, решив да ја насочам антологијава кон нашите простори, па затоа вклучив уште еден расказ од поблиските средини, тоа е расказот на Милорад Павиќ „Чај за двајца“, инаку расказ кој може да биде занимлив за младата популација со развиена визуелна имагинација, со интерес за чудното, а не само чудесното, образована/воспитана информатички за комбинаторики, за една специфична игра на можното и неможното, за семантички пресврти и изненади; - Расказот на Павиќ, покрај расказот на Кортасар, на Борхес и на Маркес, спаѓа и во групата раскази кои ја најавуваат постмодерната, со нејзините фрагментарни комбинаторики кои и реалното го прикажуваат како нереално.1
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
42. Но религијата никако не треба да биде средство за престапни политички и национални цели, како што е сега во Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ништо не беше како некогаш, а и не можеше да биде.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Првин се одделуваше од другите писма по зелениот, обичен плик, кој со години кај нас беше ист, среде белите пликови од луксузна хартија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Да бидеме попрецизни, неговото тужбено барање беше делумно усвоено и „Охис Пласт М“ како работодавач – во рок од осум дена од правосилноста на пресудата – требаше да му исплати сума од 96.515 МКД (1.580 ЕУР) на име неисплатени плати за периодот 2006–2008 година, зголемена за законската затезна камата – под страв од присилно извршување.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Овој вид гледиште, општо речено. е фрегеовски; тој се сведува на исказот дека она што на изразите им дава смисла го трансцендира тоа што за нивната употреба го знаат говорниците.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Не рече да бидам мирна, да не се плашам, бидејќи е тој, Симон.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Цело време гласно си размислував дека мене не ми е доволен само факултетот за да преживеам во некоја толку мала и затворена средина, за да бидам среќна и исполнета индивидуа.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Но јас не знаев дека формирањето на КОЕМ требало да биде губилиште на македонските борци.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ете, тоа беше есејот, напишан со многу младешка повреденост, поради Луција, со многу енергија и омраза кон оние кои сакаа да ми ја одземат Луција, да ми ја грабнат, да се постават меѓу нас двајцата, да бидат Хор во нашата Песна над песните.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Во сета оваа работа најважно е ова: видов дека скоро во секое село има бугарска полиција или бугарска војска“ и според него тоа “најдобро говори дали сака македонскиот народ да биде окупиран или да биде слободен“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Чудно некое место! Но тоа беше доволно Зоки да биде среќен.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Геј- мажите самите учат понешто од тоа што треба да се научи, но како да бидеме геј честопати учиме од други, било зашто од нив бараме поуки, било зашто едноставно самите ни го кажуваат она што мислат дека треба да го знаеме, без разлика дали сме барале совети од нив.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тие можат да покажуваат сложено, хаотично поведение што ја отежнува нивната употреба за создавање на прецизни претскажувања; можат да бидат нестабилни, така што и најмали промени во еден дел од моделот да доведуваат до многу големи промени во неговите претскажувања; можат во себе да вклучуваат некои величини кои што, едноставно, не можат, ниту во принцип, да се пресметаат; во нив може да има некакви врски што тешко можат да се разберат а нѐ спречуваат да го анализираме поведението на моделот со тоа што, на пример, би го разбиле на помали и полесно сварливи делови.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Чекав. Еден ден строго ја предупредив: - Јас чекам и ќе ја дочекам, се надевам, таа твоја среда, ама внимавај како ќе ми соопштиш дека дошла, оти може да побудалам од преголема среќа, може дури и срцето да престане да ми чука и да умрам од радост.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
А кај одеше Толе ноќе, и со недели, тоа тој и Мачникот знаеја. Co овој свој план Толе веќе му се слизна од рацете на Адема, и како што се колнеше пред татка си и стрика си, дека тој не мисли довек да биде роб, ете го, веќе го фрли јаремот на ропството и летнаа како сокол во слободен простор.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тогај Бог ги крена рацете од монахот Ефтимија и го проколна да биде поет и да биде окован само во немаштија и ружи.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Тој не знаеше зошто е така, но изгледаше природно да биде така.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
ИВАН
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Затоа не им верујте на пазарџиските преваранти кога ќе ви кажат дека ракијата е домашна затоа што е немогуче да продаа 500 кила месечно, а тоа да биде домашна.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Рецепт за живот Треба да биде како правење сутлијаш. Прво да се остави да зоврие, да се возбуди, да избие.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Луѓето со најнеприфатливи гледишта најчесто се најотпорни на обидите да ги промениме.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Вработените [во НВО секторот] имаат право на плата и надоместоци во согласност со закон и колективен договор – но, поради неспојливоста на функциите, тие не можат 120 да бидат членови на органот за надзор на организацијата (в. чл. 50, ст.5 и чл. 78, ст.2 од ЗЗФ).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Посакувам да застанам под твојот прозорец, за да ја слушнам мелодијата на твојата душа, но секогаш кај тебе, таа граница меѓу разумот и срцето.. таму почнува и завршува сѐ... а толку ми е потребно да бидам, по малку луда и насмеана, по малку разиграна и заљубена... по малку дива и полна со живот... потреба да се изживее мигот со тебе...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Пак залудно. Германците го одбиваат неговиот официјален предлогот, солунските Евреи да бидат интернирани на некој од грчките острови под надлежност и одговорност на самите грчки власти...  И сега што?
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Дотогаш нешто слично не виделе твоите очи, како магнет те влечат кон нешто уште поубаво, посветло. Вечно. Проклет да бидам, вечно.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
- А кој би можел да биде? - Се разбира враќањето во Палестина! - Но по која цена? Дали е тоа можно!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И веќе навистина умирав осамен и заборавен на туѓа двоколка, едни можеби ги тргаа камењата од патот, други му помагаа на еден беден човек да се издолжи на јаже под ветка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
2 Подоцна, во декември 2009, судечкиот судија- поединец (А.Шеху Асани)3 донесе исправна пресуда во корист на 176 Х.Џ – што значи дека спорот пред првостепениот суд траеше сѐ на сѐ шест месеци, односно беше испочитуван полугодишниот законски максимален рок на траење на постапката кај споровите произлезени од работните односи.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Кери Грант се качува по скалите и не требаше да се гледа во него туку во чашата.” •Па, тоа е навистина добро...
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Всушност Даскалов кога се сврте кон куќата и тргна кон прозорецот јас не го препознав; неговата сенка обрабена со одблесоците на светлината можеше да биде и сечија, и изгледа токму заради оваа помисла со задоцнување ги забележав знаците што ми ги испраќаше.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сакам сите да бидат расипани до коска.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Камилски не веруваше дека би можела да биде нова.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
На крај се дијагностицира трајно оштетување на рожницата на окото, а единствен начин тоа око повторно да стане функционално е со пресадување на рожница од донор по пат на хируршка интервенција (операција стручно позната како „кератопластика“).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во секој случај немаме друго освен да бидеме апсолутни хибриди. Сите заедно.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Неговите, пак, му рекле дека не мора да работи ништо, за да биде слободен да го заврши факултетот.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Напротив, милум или силум и тој беше дојден да биде завојувач.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Увидот е критична фаза, кога решенијата често се јавуваат “во вид на блесок”, и можат да бидат проследени со големо восхитување.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Понекогаш, ноќе, додека барав и запишував реченица по реченица на овој реквием, чин на почит кон мртвите на кои им се восхитуваме за нешто од нивниот живот, ја замислував во полутемнина и во златна рамка како дело на стар мајстор, висока и чедна како Ерменка (сеедно што можела да биде од словенско или еврејско потекло), во темнолилав брокат или сомот од кој нежно се одвојува син појас; незините полуотворени усни се вкочаниле во миг на воздивка, градите под низа на бел корал или балтички јантар живи се но не дишат исчекуваат нешто, сепак, тукуречи како на чудотворна слика, дамарите на нејзиниот долг врат го отчукуваат времето на онаа вечност што не може да се нарече и враќање; рамениците стегнати во шал од кашмирска ткаенина се тесни, историјата не можела долго да се потпира на нив.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Оддалеку ги наслушнува, кревките зборови на својот најоригинален додворувач, Лев Фјодорович Баратински: „Само мечтаењето да биде милостиво кон мене“.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Најголемата секција од Одделот за документација, далеку поголема од оваа во која работеше Винсгон, се состоеше од луѓе чија задача беше само да ги пронаоѓаат и да ги собираат сите примероци книги, весници и други документи што беа исправени и што требаше да бидат уништени.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Да се поместиш од кртичникот кога џуџињата ќе посакаат да бидат големи.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Во часот таа е насекаде, проклет да бидам, нејзиниот глас над сѐ наоколу царува.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
И покрај тоа што биле поставени на брегот илјадници стражари како жив штит крај бункерите, земјата можела да биде нападната во секое време...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Познавањето на прецизно кодираното име на еден дигитален програм, му овозможува волшебно да биде претворен во егзистенција, трансцендирајќи го напорот на мускуларното и механичкото пребарување.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Животот не смее да биде празен, осамен, мрачен простор во четири ѕида.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Чудно е зошто не замолил да биде насликан нејзиниот глас што момчињата го носеле како молитвеник во рацете.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Аполинер во 1912. г. го напиша првото поглавје од колективниот роман (кој требаше да биде напишан во соработка со уште шест писатели), под наслов The Tainbow (Виножито); на делото Apolinere Enameled, на пример, девојчето го бои врвот на креветот со боите на виножитото.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
И се влечкаше нагоре, на колената и на рацете; снегот како да беше направен од големи тврди скрупци, од чијшто студ набргу во неговите подноктици му се всади и една гола бол, но тоа не мораше да биде забележано со некакво особено внимание, додека заминуваше со лицето во тој снег, бидејќи дланките можеше секогаш да ги замени со лактите и да продолжи да чекори и на нив.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Бираше истите да бидат на ластик зашто беше свесна за своето ширење.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
„А, ако не заслужам?“, прашуваш зашто до овој момент не те прашал дали ти воопшто сакаш да бидеш заробеник во некој стан во не знам која населба, кој со крв и пот тој и неговата сопруга го заработиле, ама тој, имајќи те тебе на ум, никако не се согласува да го издадат под наем.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
- Оче наш, Кој си на небесата, да се свети името Твое, да дојде царството Твое; да биде волјата Твоја, како на небото, така и на земјата; лебот наш насушен дај ни го денес... - прекина само за миг небаре наслушуваше дали нејзините зборови стигнаа таму каде што ги упати.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Добро, браќа, ама ние треба да му објасниме каква цел има нашиот таен револуционерен кружок, - продолжи втор.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
„Добро. Но мојот одговор може да биде секаков и пак да е лага.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Во последните две ноќи и во последните две разденувања, ни месечината ни сонцето не се запирале над толпата и брзале да бидат што подалеку од смртта на лутата крв што селанецот ја носи со себе од оној ден кога како глембаво новороденче ќе се стави на јачмена слама.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тоа беше генетички условено. Тоа не можеше да биде припишано на човечка грешка, и во никој очигледен случај, на човечко зло.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Винстон не можеше да биде сигурен - дури и по средбата на нивните погледи тоа утро беше невозможно да биде сигурен - дали О'Брајан е пријател или непријател.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
О, знам дека и јас сум еден од нив. И ти исто така.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Иако уште на погребот видов дека не се труди да прикрие дека не е верник, па дури и дека не се плаши од тоа да биде некому трн во око со тоа што не носи црнина, сепак помислив дека решила да остане подолго за да го испочитува редот.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Не ние, народот го одби јазикот со години што го правевме во име на власта и превласта да се разликува простото од ученото сочното од сувопарното да биде непрескоклив јазот меѓу Дворот и рајата меѓу зборот и животот.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Ама нели ништо не е случајно во овој толку предвидлив свет, па лидерот се беше заплеткал во хартијата за да биде поблизу доведен до пораката која беше клучот на нивното преживување како засебен ентитет.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Овие самонаречени ‘чувари’ на словото, а не на духот на законот, работејќи во една системски корумпирана атмосфера, така дрско и безобразно, застанаа зад парчето интриганство – кое се состои во тврдењето дека меѓу работодавачот и работникот постои божемна ‘слобода на договарање’.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ова важи и тогаш кога, како што често се случува, еден ист настан треба да биде изменет до непрепознавање и по неколку пати во една година.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Најпосле со бавни, пресметани движења со по една рака, тој го сопаша својот долг појас, а потоа почна со него да се испреплеткува себеси за сите околни гранки, оставајќи се речиси спружен врз чаталите на старата бука, изврзувајќи ја својата половина, своите нозе и своите надлактици исто онака, како што може да биде врзано сѐ друго, само не своето тело.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Саноќ офкаше на глас, проклет да бидам, минеше од спална во спална офкајќи на сиот глас само за да не спиеме и ние.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Сведочењето во врска со ова зло, запишал монахот, кое долго трае и непречено поминува низ тесните сокаци на времето, има за цел не само да го загатне туку и да ни го предочи приближувањето на злото што многу потсетува на темен облак кој може да биде и предвесник на бура што може неочекувано насекаде да се случи.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
- Доаѓај брзо дома да не те исќофтам! - викна тој на сиот глас.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Што требаше да биде тоа „Ќе ви...“? Ќе ви покажам јас вам, или ќе ви дадам отров, или ќе ви ја заебам мајката и сестрата и сѐ живо и мртво, или ќе ви стокмам слика од мене да се крстите пред неа, или ќе ви го сторам ќефот, ќе ве најадам и ќе ве напојам, или ќе ви ја земам силата, и така обесилени, ќе клечите пред мене и, тресејќи се, ќе молите и ќе чекате, оддалечени долу, под моите коленици.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Дете очајно плаче: кога ќе порасне сака да биде полицаец не толку заради задачата колку заради пендрекот што ќе го врти во рака.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Едно попладне на почетокот од јуни, кога Матилда го остави јас да го причувам додека таа бараше лекови за Зигмунд низ Виена, Хајнерле ми рече дека мора да е многу убаво сега во парковите, а јас само климнав со главата, „И цветовите сигурно чудесно мирисаат,“ продолжуваше, јас промрморев нешто, потврдувајќи, додаде дека и птиците сигурно пеат поубаво отсекогаш и двапати свирна со устата, имитирајќи птица.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Да бидеш сам, вели, е работа на навика. Осаменоста е како песок, ќе мрда, а потоа, кога ќе се исцеди, ќе се сталожи.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Специјално ги правиме евтини, достапни за сите.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Еден од браќата, лекар, сестрата, медицинска сестра, ѝ носеа на Мајка секакви лекови против главоболка, за смирување, разни сирупи, за деца и за возрасни, витамински препарати, а таа беше здрава, поздрава, за својата возраст, не можеше да биде.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Но тоа ни најмалку не му пречеше да биде симпатичен и пријатен.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Ја немаме сите привилегијата да се бориме на фронтот, но барем сите можеме да бидеме во форма.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Испитувајќи го начинот на којшто филозофијата се занимава со етиката, политиката, поимот на одговорност, не би рекол дека деконструкцијата се управува кон некое повисоко разбирање на одговорноста, поради причините на сопствената претпазливост, бидејќи исто така научивме да бидеме претпазливи во однос на вредностите какви што се височината и длабочината (altituda altusa), туку се движи поради потребата за којашто верувам дека многу помалку е подложна на одговори и одговорности.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Задачата на оваа мисија била да изврши диверзија на пругата јужно од Скопје, но поради неможноста да се спушти мисија која би можела тоа да го изврши се сугерирало железничката пруга да биде прекината на „две места северно од Скопје“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Впрочем, и не беше неоправдано на потчинетите да им се обраќаме со јазик што не го разбираат јазик без ’рскавица без срце, без папок при секакви прилики што ја земавме истата нула истиот обрач го растегавме како сува кора на стварноста и додека пукаше, секогаш рапаво се грозевме и едните и другите: народот, од што беше чувствителен ние, од што нè обземаше страв и претерана волја да биде по наше.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Мислеше на тоа и на сите движења, што требаше да бидат сторени секавично, а сето време не престануваше да ја држи пушката насочена кон онаа карпа, постојано свесен дека неговата миризба, што се искончуваше по белото пространство пред него еднаш ќе се засуче како фитил и сега, или во следниот миг, таа ќе стаса да се вотне до задреманата свест на ситиот самјак.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тоа не можеше да не го сеќава и она старче, па затоа секогаш гледаше да биде колку се може подалеку од него, од Змејка.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Така мора да биде за да не оди по кафераните во Луксембург, каде што за едно лизнување на некаков алкохол се плаќа колку за едно кило ракија кај нас.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Таткото на нацијата, одбиваше да се слика со дигитален апарат и инсистираше неговите фотографии да бидат црно – бели, како во старите добри времиња.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Едниот случај бил кога била објавена неговата книга на неговиот мајчин македонски јазик и честа да биде гостин на родната земја, кога таа е слободна држава и е ковач на својата сопствена судбина, другиот случај бил кога неговиот автобиографски роман Ова е мојата татковина бил најден на канцелариската маса во Белата Куќа на Претседателот Франклин Делано Рузвелт, веднаш по неговата смрт.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
- Сакам да бидам мајка. Подобро е да си мајка!
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Не би можел да биде толку остар, пресметлив, немилосрден со потчинетите.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Рече дека има план ливчињата да се сохранат на тајно место, место толку тајно што да биде сосем видливо, оти луѓето подобни за лоши дела, крадците и убијците, знаат дека законот секогаш ги бара украдените работи далеку од окото и од местото каде се украдени; затоа, најдобро е тие да се скријат на највидно место, оти таму никој не го бара пленот на крадците!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Би морала да биде извршена микролошка работа за да се види дали и зошто всушност се работи за литература, и дали аргументациските постапки држат или не.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Ако тие потребности на поданиците не се зачуваат и ако Турција продолжува да биде неискрена во прилагањето на реформите, тогаш од тоа ќе: настрада најмногу пак таа: 1/ таа ќе биде принудена со сила да воведе некои реформи, 2/ ако и потоа населението не биде оградено во национално-религиозен и економски однос, тогаш тоа ќе го искористат непријателите на Турција да направат брканица во Македонија за да ловат риба во матна вода.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Има да биде јас како што велам, инаку салдото ќе биде јасно. Многу јасно. Разбра?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Сега, просечната месечна бруто плата што работодавачот ја исплаќа на работникот не може да биде пониска од 50% од просечната исплатена бруто плата по работник (чл. 3, ЗИДЗИПРМ/08).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
И јас сум член, велам, но нејзините интереси не можат да бидат поголеми од моите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
106. Дека оваа анализа на Востанието е правдива, дека Мисирков не можел да биде противник на ТМОРО, туку само поборник за една поизјаснета нејзина национална програма, покажува и фактот што тој и во Софија основува Македонско научно-литературно другарство (1903), чии членови станаа и некои истакнати македонски револуционери.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Дури би можел да бидам горд од таквата постапка на моите сонародници, доколку намерите не им биле про­клети.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Тоа требаше да биде нешто како компензација за нејзината неостварена желба да студира.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
- Пред многу години, пред вие, парталковци, да бидете родени, можеби и пред вашите татковци или дедовци, живеело на земјава човече со тртка на носот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ја сакаше славата но не по секоја цена: Сакаше чесно да биде славен!
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Се претпоставуваше дека огледалото потекнувало од некој дамнешен паша од отоманското време, кој можел да биде и далечен предок на Мајка.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ми се смачи повеќе да не можам да биде и се кренав јас – одам право во Скопје. Во Владата.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Семејството Меридју (сопствениците на ранчот Алтито), мажи, жени, деца и слуги, вазали, посетители, вработени, кучиња и вообичаените посетители, беа групирани во „галеријата“ на куќата на ранчот, сите со лица преплавени од меланхолија и жал.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И така, работењето наше ќе треба да биде врз почвата на народното просветување: мирно, легално, еволуционо; тоа ќе има за цел интелигенцијата да биде вистинска слугинка на народот, а не наопаку.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Покрај прозорецот имаше една маса за карти на која тој и старецот можеа да разговараат, без да бидат прислушкувани.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И луѓето би можеле да бидат не вакви какви што се.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Разнообразноста на фасадите, креативноста со којашто беа правени му причинуваше естетско доживување и му го будеше сеќавањето на Битола, пред да почне да биде нагрдувана, во времето кога дојде тука да заврши гимназиско образование.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тоа наречје има да биде литературен јазик на Македонците.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ако беше божји коњ, то ест христијански, то ест сеедно дали ајдутски или лично од свети Јован Крстител, како се согласуваше да го викаат Мурад и да биде јаван од Турчин, од ништоверник?
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Татко добро знаеше дека големите идеи кои зачнуваа во главите врз погрешни основи од смели поединци, како на пример, во главата на научникот Лисенко, со идејата да создаде џиновско јаболко или зрно жито, можеа во доменот на свеста, на пример, идејата да се истера Бог од душите на луѓето, да се отстрани самото верување на луѓето, можеше да биде проследена со несогледливи последици.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Тој идеален филм за мене е нешто исклучително добро напишано, занаетчиски добро направено во сите свои делови за сите дисциплини да можат максимално да бидат искористени.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Дали оваа реченица укажува на тој факт?
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ги гледав како се радуваат на смртта, на умирањето, на излеаната црвена крв.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Можев чисто да ги обвинам дека ми го загадуваат воздухот во Републиката и со првата сосетка што ќе тргне по мојот пат да основам Балканска заедница во која тие ќе можат да бидат примени.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Мразам да плачам. Мразам да пребарувам по организмот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
На челото е умот (Отецот), значи, со здрав разум, во срцето е црквата, домот на Синот, значи со здраво, чисто срце, десното рамо е силата (Светиот Дух), значи, со цврсти раменици, тој да ни ги крепи рамениците, да бидеме исправени, зашто рамениците ни го крепат целото тело, и на левото рамо кажуваш Амин, нека биде така!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Проклета да бидеш што кога си ме родила по вода не си ме фрлила!... (заклучени рацете ги крши прстите).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
„Треба да знаеш кога да го напуштиш орото, за да останеш играч, за да бидеш и натаму ороводец.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Господ те обележил, рекол отецот, Кузман или Дамјан, кој ќе знае, но не да бидеш свети Лука или свети Никола, туку луѓето да се чуваат од тебе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Да не треба поради твојот детски егоизам дома со синџири да бидам заврзана и постојано да ви стојам на располагање? Како робовите, а?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Јас секој ден одев во просторијата во која се подготвуваа костимите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Според документот се предвидувало сите германски цивили да ја напуштат својата работа и да им се придружат на вооружените сили, а сите способни мажи вработени во неборбените служби можеле да бидат испратени на фронтовска линија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Следува еден пример за поставување прашања, образуван според таа структура. (а) Добро, значи вашата тетка Мевис би можела да биде во најдобра позиција да предвиди едно такво постигнување.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Но последниве, оспорувајќи му го правото на грчкиот јазик во словенските краини, сами не ќе можат да се разберат и да определат каде ќе треба да биде бугарскиот и каде српскиот јазик.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Најчесто моќта и слабоста на диктаторите се должи и на нивниот пакт што го склучиле со очајот на народот во критичните и мачни периоди на историјата...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Секако дека не може да биде толку добро, тоа вабење, кога на некои им доаѓа и така, што тие тешко се воздржуваат да не се разврескаат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Брат ми веруваше дека Чарлс Дарвин му го нашол вистинското место на човекот - во животинското царство; тој тврдеше дека со Дарвин започнува вистинското сфаќање на човечкото суштество - како креација на природата настаната во преобразбата од еден животински облик во друг, а не Божја креација од прашина со вдахнат божји здив.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Јас го молев да ми договори ауденција кај султанот, како мухтар и како човек што ја штити државата, но и Маказар и целиот крај, зашто имаше неправди спрема рисјаните и за да има мир и слога, треба за сите да биде добро и според законите.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Баш кога ќе го почувствувате мирисот на лаванда под мишките на стјуардесата и пред да сркнете од црниот поцрн не може да биде руски чај, среде Сијаните тресулајќи се капат во студените езера, луѓе влегуваат тресулајќи излегуваат, тие и во сонот се тресат, и на секоја арка пуштена низ Енисеј се тресат, за истресени да стасаат до Артикот и отаде Артикот, истресени луѓе, истресени мандала, истресени џепови, истресени сни, колку истресени, трипати повеќе со студена магла покриени, оти личотата на Сијаните не била за распродажба на туѓинци.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Нејќе стоење и зборување, деца, туку сака да се потрча и да се поработи. Со оф и уф ништо не може да биде.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
„Да не се грижиш за мене? Не смееш да бидеш загрижен.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Но бидејќи ова може да биде недоволно зашто во толку хаотични ситуации се чини дека случајноста има огромен удел во тоа (види ја алузијата во написот за загубените куршуми кои можат да погодат некого дури на оддалеченост од два километра), јас се надевам дека една избрана ѕвезда блеска за него на небото на Албанија.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Во замена за тоа, ако еден народ добие политичка слобода или се исполни нешто друго важно за народниот живот, без негово или со мало негово содејство, тогаш кога кај него нема уште изработени народни идеали или ако се изработени не се усвоени од сите членови на народот, тогаш, во таков случај, народот не ги цени народните идеали и, како човек без определена цел и програма за работење, се фрла ту на една ту на друга страна, правејќи го тоа не затоа што е убеден оти така треба да биде, ами затоа што гледа дека има околу него луѓе што постапуваат така или инаку.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Го пишував писмото со расположба која можеше да биде на Мајка природно туѓа, ми идеше некаков восхит кој растеше од моите прикриени амбиции.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ако поради делото настапи смрт на едно или повеќе лица – сторителот ќе се казни со затвор најмалку три години (чл. 292, ст.1-2 од КЗ – „Тешки дела против општата сигурност“).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тие, се разбира, не можеле да знаат дали меѓу Симон и луѓето во главниот град се зборувало за тоа овој да биде пратеник, но обземени од предизборното расположеие и од меѓусебните спротивставености, лесно, сосема спонтано, дошле на тоа гласините да ги поврзат со зборот пратеник.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ние тогаш имавме по дванаесет години, ама решивме да бидеме орлиња.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Проблемот на националниот идентитет во Источна Европа е длабок и нема да биде решен во блиска иднина.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Во дела, каде што поетското чувство е органски вградено во раскажувачкото, без да го загрози или да биде загрозено од него, спаѓаат и расказите на Михаил Ренџов.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
„д.в.а“ Во својот особено вреден труд за траумата, психологот Robert Jay Lifton го идентификува преживеаниот како „оној што ја сретнал, бил изложен или бил сведок на смрт и успеал да преживее“.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Како следбеник на идејата за полно одделување на нашите интереси од интересите на балканските народи и за самостојно културно-национално развивање, јас и ја напишав на централното македонско наречје, кое за мене отсега натаму има да биде литературен македонски јазик.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
А татко ми, како дојденец, туѓинец во овој град, не беше мигрант како сите козари, туку емигрант, човек што ја минал границата, па мораше да биде видливо лојален, да не се замери, за еден ден, со семејството да го добие бараното државјанство, да добие потврда за лојалност кон новата земја.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Зар тој што имаше толку исушени откоси зад себе, за кого кружеа гласини дека е женски срцекршач, вечерва уште на втората средба прифаќа да биде понизен слуга и роб.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Во главата VII насловена како „Мобилност на вработените во јавниот сектор”, мобилноста не е усогласена врз основа на конкретно дефинирани критериуми пред сѐ во насока на утврдување на групи на нивоа кои треба да бидат еднакви во јавниот сектор.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Било која од десетиците растрчани фигури можеше да биде нејзина.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ако си ага и имаш пари, имаш власт- сила, можеш да заграбуваш ниви, лозја... та треба ли и сѐ што е убаво да биде твое—и девојките?! (Го фаќа за гуша и го оборува на подот, потоа го вади пиштолот).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Но како и на сѐ друго што било, постоело и нестанало во Потковицата, и нему, и на тефтерот Акиноски, времето, луѓето и животот му одредиле судбини и облици на легенда, секој од мештаните кога раскажува за Потковицата, дури и кога не ја споменува неа, тевтерот Акиноски го има во вид и него го приложува како поткрепа, па ако го препрашаш: А, бездруго тоа навистина се случило?
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Јас сум уверен дека ќе ви понудам појасна слика на настанот ако дозволите да го сторам тоа според дотокот на сеќавањата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сакав да биде што е можно потранспарентна, надевајќи се дека гледачот ќе согледа дека структурата во која се сместени сториите е мошне реална и организирана.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
14. Летото двајца другари, кои беа на лекување во Скопје, испратија писмо до Захаријадис: ,Ќе се вратиме со една наша дивизија, под услов и командантот да биде наш".
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тој не може да ги убеди ниту Вислицени, ниту Мертен или Брунер да не го пренесуваат него и неговото семејство во гетото.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Што е тоа што може да биде од интерес и да претставува воведен текст кон сопствен поетски ракопис, или поточно, - кон сопствена поетска постапка?
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Бидејќи никогаш дотогаш се немав заинтересирано каде е влезот на зградата во која работев, иако луѓето кои честопати грешејќи ќе влезеа директно во мојата канцеларија, мислејќи дека тоа е вистинскиот влез, јас ги упатував странично, каде што и беше логично да биде влезот на зградата.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
- Навистина, - рече Французинот вртејќи се кон Англичанецот - се гледа дека во Протоколот има една непрецизност каде што се вели: до, а не заклучно, што дозволува и вакво и такво толкување: да биде опфатен или неопфатен Манастирот во Албанија.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
А ако работникот продолжи да работи и по истекот на овој рок, при што веќе не се бара тоа да биде во наредните пет работни денови, туку доволно е барем и еден ден – работниот однос, по сила на закон (ex lege), се трансформира во работен однос на неопределено време.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Повеќе пати пред да бидат исклани стопаните на Имотот, Арслан бег, лично нему, на татка си, му докажуваше дека султаните не прават добро што толкав имот отстапуваат на христијани, дека, по правидна, Имотот треба да биде негов, Арслан бегов, зашто тој со крв го заслужил.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Можеш ли уште еднаш барем да ги поместиш карпите меѓу нас, уште еднаш да бидеш блиску до мене...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Само преку Вардар ќе треба да бидете претпазливи.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Од другиве излети главно нема фотографии зашто се инкриминирачки и можат индискретно да се искористат за јавна бламажа, или тајна уцена па, секако, е подобро да не паѓаш во транс, па да документираш нешто што може да биде сѐ само не да биде трајно... па, нели излет се вика?
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
За секој кариерен дипломат ова можеше да биде убав момент. Не коментирав.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И своето верување во Бога таа го поврзуваше со мисијата која ја имала од него – да биде жива само за да си ги спасува животите на своите чеда.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
На возрасните пак, што ја гледаа оваа чудесна игра, таа им покажа како едно дете може да биде среќно и само со една едниствена цреша.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Градските раководители, навикнати секогаш да работат по директивите на повисокото раководство, колку и да сакаа да бидат самоиницијативни немаа конкретни иструкции како да постапат со козарите и со нивните кози.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Петто, наместо исплата на 50 просечни плати за набавка на опрема, се пропишува исплата на средства до 200 просечни плати при што барателот мора да учествува со 20% од средствата, а износот на доделените средства може да биде најмногу до висината на имотот и трајниот капитал на барателот, кој мора да достави хипотека и 2:1 или гаранција за остварените средства.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
И покрај тоа на филмот не му недостигаат хичкоковски потези; така веќе самото ограничување на случувањето на чамецот за спасување среде море не е никаква површинска екстраваганција, туку е втемелена со типична хичкоковска драматургија, кадешто напнатоста од ширината на случувањата се пренесува во „длабочина”, во 156 Margina #22 [1995] | okno.mk заплетканите, удвоени меѓусебни односи - драматичен контраст на некој настан е неговата сопствена темна, задна страна, а не надворешната противигра.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Ова мора да биде разговор меѓу мене и тебе, затоа раскажувам и понатаму во прво лице еднина („Јас“ си Ти, и јас!): најдена среде ѕидините на манастирскиот двор излегов од себе, негде вон, неволно и брзо-брзо се прибрав како зрна жито расфрлени за колвање збирај-збирај, не се дособира!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Ние немаме никакви други вештини коишто не би ги вклучувале специјалистичките услуги.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Тие се овековечија во латинската поговорка, но останаа и како жестока метафора, да потсетуваат на правото на посилниот над послабиот. Картагина треба да биде уништена.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Секоја вечер ја полевав со вода и ѝ пеев за да биде листеста и зелена, како божем ми е некое милениче.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
По спомнатава вечера се случи необичен настан што заслужува посебно да биде одбележан. (Податоците за овој настан ги црпиме од „Комитските ливчиња“ на Ѓошо Савев, виенскиот студент, кој како комита лично беше задолжен за животот и сигурноста на познатата мисионерка).
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Затоа ѝ реков, онака, неодредено, дека овде на Алејава на великаните треба да бидеме сериозни, дури и внимателни.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но тука ништо не можеше да биди поправено.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Не верувам дека тоа е оспособувачки. Тоа може да биде така само во негативна смисла.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Постоев само затоа што таква беше вашата желба во однос на мене, и можев да бидам само она што вие сакавте да го видите.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Никој не смее да биде ставен во понеповолна положба поради членство или нечленство во синдикатот, односно учество или неучество во неговата дејност (чл. 185, ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Може да биде и невербална размена на идеи или вербална размена на не-идеи.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Колоната - сега се лизга прудолу, што побрзо мора да стигне до првите борови - да влезе во шумата, да јa снема во неа, да биде невидлива, а потоа ако сака нека кружи проклетото што долетува од Рупишта.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
„Тоа е неинтелигентно, Винстоне, неинтелигентно!“, рече тој. „Мора да бидеш поумен.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Зошто тоа да биде така? Зар и црквата не треба да биде: Едина, Соборна, Вселенска и Апостолска?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Максималното пропишано полугодишно траење на овој тип постапки, наместо да биде правило, тоа е само редок исклучок.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
12 Границата може да биде и менлива/флуидна, како во случајот на дипломатски имунитет, меѓународни авиони и бродови или - на полично ниво - мобилни домови.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
— Јас, рече, не а сакам наа роспиа за Крстета, да ми а погани она мене брадата, а јас да дрема. Тоа не може да биде дури су жив.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Дури и кога е сам, никогаш не може да биде сигурен дека е сам.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Притоа, ако јас бев како другите девојки ќе го искористев да дознаам што повеќе работи за Стомачето, па истите да си ги употребам како уцена во врската, сѐ со цел јас да бидам во предност.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Таа е суштинска црта на човековата екологија и затоа треба да биде заштитена од слепите сили што ѝ се закануваат од сите страни.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Тогаш Христов на Колишевски, со помош на авторот на овој текст, даде писмена изјава одобрение до сите македонски издавачи на сите оние места каде што во неговите дела стои „Бугарин“ и „бугарски“ да бидат коригирани изменети во „Македонец“ и „македонски“.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Наставникот по фискултура имаше двојна улога: и тренер и судија. Се трудеше да биде справедлив.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
И потем собранието бесчесно донесе заклучоци: да се чека сега, да не се чини ништо неразумно; со отец Кирил да се постапува благо и притворно, да не насети тој лоша мисла или дело кај дванаесеттемина; сите со насмевка блага да го поздравуваме и чест висока да му чиниме; да се чека, потем, време погодно, и при прва прилика угодна за ѓаволот, да се наклевети кај логотетот или царот до толку што да биде прогонет од дворецот, што подалеку од записот во источната и умножението на записот, од западната одаја.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
А таму, на Рамник на Горник, над отворениот гроб на мајка си, одржа една проповед во која првин ги нападна грчките владини и писмо, а потоа ги искара и татка си и сите потковичани што допуштиле да бидат измамени од еден туѓинец.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Подоцна, за време на судењето, застапниците на КПУЗ-Скопје пред судот објаснуваа дека „според новата систематизација и организација за рабо- та во затворот, како и според Правилникот за работни односи, токму тоа работно место е предвидено за дипломиран правник со искуство“!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Кога ми покажуваше таму, на Тумбата, каде точно сака да биде нејзиниот вечен дом, таа дури ни не праша што мислам јас за нејзиниот избор.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Кога кловнот ќе престане да биде смешен, треба да се прости со животот.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
На ова рочиште судот ќе ги определи денот и часот на одржување на првото рочиште за главна расправа – во рок кој не може да биде пократок од осум дена ниту подолг од 60 дена, а во сложените предмети најмногу до 90 дена сметано од денот на одржаното подготвително рочиште – потоа доказите кои ќе се изведуваат, како и сведоците и вештаците кои ќе бидат поканети на главната расправа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
(Напоменуваме дека на повеќе места во спомнатите манифести тој инсистира сонувањето да биде ослободено од секаков вид следења, надгледувања или да не даде господ притисоци и тортури).
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
По многу години Климент Камилски ќе им се заблагодари на француските леви интелектуалци, доброволни шпански борци, кои со интервенција до Тито и до тогашната Комунистичка партија ќе бараат нивниот соборец да биде ослободен од неправедното обвинение и затворот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
- Ќе појдеме пред сонце и ќе гледаме да бидеме подалеку од сѐ што е живо.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Ти не смееш да бидеш таа што го разнесува тој мирис“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Инаку се и големи талкачи; талкаат со говеда, со овците, низ полето, ливаѓето и по ридовите; талкаат, ловат и риболоват, во Црна, во мртвиците, во Блатото,а поледелието и сточарството, иако им врват одлично, повеќе ги сметаат за нужности на поминокот и поводи за празненства, дедека становниците на Градиште, судејќи според она што останало по нив за да сведочи за нив, кованите пари, керамиката, разните украсни предмети од железо и преданијата, кои сегашниве жители на Потковицата, чувајќи ги и пренесувајќи ги од колено на колено, ги измешале до непрепознатливост, морале да бидат воини и инородци.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Велеа: „Таа“, веднаш после тоа, кога главниот инженер отишол дома, а оној, Ристан, не можел да биде скриен, како што ги криела до тогаш сите други, бил огромен за да може да биде засолнет некаде, стоел среде собата, а таа висела, како играчка на неговиот врат, здрвен и со отпуштени раце, целиот грч, пред да се впушти во она, каде што го повикувал допирот од нејзините колкови: „Дојди колкав си, одлупи ме, сева, стори ме црвена, усвити ме, како да сум била в постела со сонцето, дојди...
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се поохрабруваш пак, нешто те држи сепак ти го крепи духот, тие веќе некако ќе ти го одредат талентот, знаат тие, проклет да бидам, знаат, знаат кој колку пари чини.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Неколку евразиски затвореници, обвинети за воени злосторства, требаше таа вечер да бидат обесени во Паркот, се сети Винстон.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Не е во ничиј интерес тие да бидат згаснати!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Човек можеби и не сака толку многу да биде сакан, колку да биде разбран.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Па така, според чл. 3 од Законот за изменување и дополнување на ЗИТ, се менува чл. 8 од ЗИТ и инспектор може да биде лицето кое ги исполнува следните услови: да е државјанин на Република Македонија, да е полнолетно, има општа здравствена способност, не му е изречена казна со правосилна судска пресуда за забрана на вршење на професија, дејност или должност, има стекнати најмалку 300 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен правен, машински, градежен, архитектонски, електро, технолошки факултет и факултет за заштита при работа, што се докажува со уверение, лицето да има пет години работно искуство во струката по дипломирањето, ги исполнува другите услови утврдени во актот за систематизација на работните места, поседува меѓународно признат сертификат за работа со компјутерски програми за канцелариско работење и тоа еден од следниве: 1) Certiport: IC3 GS4 Key Applications положен; 2) Microsoft: MOS Word или MOS Excell - положен или 3) ECDL: Core - положен, а притоа има добиено и позитивно мислење за соодветност за работното место преку полагање на психолошки тест и тест за интегритет согласно со прописите кои се однесуваат на државните службеници и има лиценца за инспектор од областа на надлежноста на инспекциската служба.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Меѓу нас нема тајни... “ го запраша Дејко, ама Љупчо му го пресече зборот:
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Па така, повеќе лица можат со една тужба да тужат, односно да бидат тужени [т.н. „сопарничари“], ако: 1) во поглед на предметот на спорот се во правна заедница или ако нивните права, односно обврски произлегуваат од ист фактички и правен основ; 2) предмет на спорот се барања односно обврски од ист вид што се засноваат врз суштествено истовиден фактички и правен основ иако постои стварна и месна надлежност на истиот суд за секое барање и за секој тужен и 3) тоа е определено со друг закон.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во областа на уметноста, Дишан се открива себеси преку Сезан, кој во 1911 год. прави обиди со кубизмот: ‘Неговите теории ме привлекоа заради неговиот интелектуален став.”
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Марко и неговите поданици во очите на Турците не можеа да бидат Срби, зашто не им се спротивија и не покажаа таква воинственост против нив, каква што покажаа кнез Лазар и неговите поданици. 152 И така, до идењето на Турците кај нас ние трипати бевме прекрстени: 1.Словени, 2.Бугари, 3.Срби. Но со тоа не се сврши сѐ.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И најмачно ми беше на ова патување во родната земја да се разберам со луѓето, со народот со кои имав најмногу предиспозиции да се разберам, да бидам рамноправен дел со нив.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Не е лесно, нема да биде лесно, но одговорот на секое прашање ќе се покаже еден ден кога ќе бидеме подготвени за тоа.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Нели тој случај е затворен и казните се изречени уште кога тој престојуваше на оној според него непотребен курс со кој требаше да биде унапреден во службата!?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
•  2007: не е предвидено куќните помошници да бидат опфатени со Законот за безбедност и здравје при работа; •  2007: се укина еден ден од празнувањето на Денот на трудот и сега празникот се празнува само на 1 мај (Закон за празници на Република Македонија);
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Уште кога чу дека Луман излегол од оваа страна на планината, прв меѓу селаните се крстеше и се молеше вака: „Само, луѓе, речете тоа зло од нас далеку да биде“.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Сепак, најмногу, секогаш кога од град ќе донесеше печено пиле, повторуваше едно нешто што брезничани никогаш не разбраа што може да биде: „Како можев“, велеше, „да заборавам да си ставам во сјуткејсот една воденица што ја велите вие, ама не за наут и уроф, туку за коски.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
ЛУКОВ: А зошто сето тоа и не би можело да биде вистина?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Револуцијата треба да биде работа на сите Македонци, или на мнозинството од нив, за да може да се нарече општа.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тој не мереше контракции; тој месеше како да си тесто и, дали од страв или од некоја друга причина, двете со Споменка, како мисирки сокриени под покривките, тивко си плачевме и ја проколнувавме идејата да бидеме чисти.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Се случи, кај ова дете да биде најсилно изразен Татковиот ген на заминувањето, на дефинитивното остварување на проектот да се стигне како и јагулите до бреговите на Америка.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Тоа можеше да биде само тој! Стариот семеен пријател Гури Порадеци, нашиот успешен спроводник во егзилот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Еве еден пример. Зборот „слободен“ сѐ уште постоеше во Новоговорот, но можеше да биде употребуван само во такви реченици какви што се „Ова куче е слободно (нема) од болви“, или „Овој стол е слободен“, односно не е зафатен.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Да биде ли баш ибн Пајко тој што ќе му ја зголеми славата?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Не можам да викам, верувај. Гласна да бидам.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Но може ли литературата - потфат чијашто цел е да го обликува внатрешното гледање на својот творец - да биде пренесувана од татко на син?
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Посмелите, неписмените, слабо информираните, извикуваа без да бидат свесни за опасноста: „Чанга–Сталин!”.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Се сети дека пред да биде уапсен и донесен со специјален авионски лет во Виена, тој цели петнаесет месеци лебдеше во облаци.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Имам впечаток дека го отворил дневникот и врши преглед на сработените задачи.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И еве ми иде мене веста како најстар и меѓу последните, за смртта на тетка Фатмира, последната најблиска од татковата генерација, на оваа и на онаа страна од границата.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Што е дедо му, тој не мора да биде.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Експлоатацијата на таа слобода се прогонува насекаде и треба да биде прогонувана и кај нас.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но и ние треба да бидеме претпазливи и да внимаваме на каква било стапица, зашто јасно ни е на сите како оченаш: се дознае ли нешто, отидовме во неврат!
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Не е важно дали сте ловец, пион или кралица, ако ви е дојдено времето да бидете одстранети, ќе бидете одстранети.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Зедов книга и сакав што побрзо да заспијам со неа в раце, но сонот не доаѓаше и јас почнав од некаде, без ред, на случајно отворена страница, да читам: „...во мириси што продираа длабоко во крвта и стануваа дел од мене, мирисаше на живот што со ситни гласчиња и движења се обединува во нешто силно, посилно од сѐ што би сакал, неделиво од мене, исто што и јас самиот, сѐ уште непронајден а желен... и мирна светлина е над мене и над светот, трага од нешто во мене, нешто што можело да биде и што било, нешто што ќе биде ако истраам во оваа празна состојба, без одбрана и без заштита, со браната на навиката и свеста и волјата.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
На моменти, додека се внесуваше во описот на јадењата, ја забораваше првичната цел да се изберат конечно стоте (без)опасни турцизми и запаѓаше во расправи, сакајќи да ја брани тезата дека постои сличност помеѓу синтезата на арапско-персиско-турската османска гастрономија и османскотурскиот јазик.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ти повеќе сакаше да бидеш лудак, да бидеш малцинство од еден.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Затоа јас верувам дека таа моја вокација е одговор на татковото наметнување.”
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Пушката беше тешка, англиска, а подоцна ја сменив за италијанска.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Една огромна задача, што никогаш не ќе може да биде спомената, беше извршена.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ене и не, каде одат по триесет години ергени и не можат да се проженаат, а тебе господ ти навева среќа: ошче на деветнаесетте да бидиш домаќин.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Ти си знаеш, а искрено посакувам да бидам сведок на таа глетка.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
„Дождот може понекогаш да биде прилично незгоден, рече тој.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Чудовиштето пребрзо го извлекло опашот од просторите на наквечерината за да стане стопан на сѐ во мракот и со издолжена, од старост испукана или крастава ако не и лигава шија, да се наднесе над нив и да им го души тилот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
На сите прашања молчев, стоев со наведната глава.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
И во тој последен час на денот, во тој брз заод на замагленото сонце, игуменијата со малку потемни сенки во очите, непроменливо загатлива и стара каква што можела да биде пред десет години или каква што ќе можела да биде по десет години, кренала рака за удар или за благослов.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Да научиме да бидеме благодарни за сѐ, да го живееме животот со сензибилитет, со страст да љубиме.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Не знам како „пасторални“ тој очекуваше да бидат, но кога ги виде огромните кравји глави - потполно розе на потполно жолта позадина - кои имав намера да ги претворам во тапети, замолче... но затоа после неколку моменти извика: „Тие се супер- пасторални! Тие се без врска!
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Гледаа на нив да биде испишано името на затвореникот и годините кога лежел в затвор.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Сите велеа дека се добри луѓе, а бе итрите кај можеле да бидат добри?
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Тоа е она што ни ја стимулира амбицијата, ни ја храни суетата и не тера да бидеме уште поамбициозни.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
За несреќата да биде уште поголема, заради констатираниот камен во жолчката, веднаш беше префрлена на хирургија. Итно беше оперирана и од оваа напаст.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Во претходните денови Јасер Арафат ќе настојува да биде посредник меѓу Багдад и Кувајт Сити.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тој самиот сигурно не бил на местото, ниту имало потреба да биде.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Така Господ ти помага да бидеш: жив и здрав, доволно силен, да останеш исправен пред животот, а не да дозволиш тој да те свитка, како млада тревка. – зборуваше баба ми, а јас учев од неа како од отворена книга.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Затоа мора да се бара државата да биде одговорна, не за издржување на авторите, туку за јавната инфраструктура на читање.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Беа чунким во некој зарек да направат една добра Задруга; ниеден од неговите селани, заедно со кои што тој до неодамна војуваше, а тогаш беа дојдени од Армијата, не се жалеше себе си да стори сѐ да биде тоа една добра, една нивна Задруга.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Јас лично ќе се грижам кадата да биде наполнета со топла вода и тоа онака како што му прилега на еден народен борец.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Со 100 000 сами жени може да бидеш само швалер.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Според степенот на нашата верба, нивниот говор не може да биде девалвиран, туку издиган на позиција на Божја реч.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Па, главната улога е тоа што морам да се однесувам како адвокат и да ја бранам сопствената работа, да бидам подготвен во секој момент да дадам отказ и да се повлечам, зашто не сум навикнат - и навистина нема - да се потчинувам на произволната уредничка контрола.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
По игра на случајности, може да се случи гениталиите да бидат типични за машки пол, но менталната поларизација да биде типична за женски одредби. Или обратно.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
На оние што сѐ уште се подготвени налутено да се присетат на „турските ѕверства“, ќе им одговори Владимир Соловјев: „Турските ѕверства ние ги помниме, а зарем одамна во Русија, па и во другите земји, сопствените турски ѕверства исчезнале?... а што се однесува до вашите христијани и нехристијани, за жртвите на сите ѕверства la question manque d’interet (прашањето е лишено од интерес): ако мене некој ми ја гули кожата, јас нема да му се обраќам со прашањето: од која сте вие вероисповед, милостив господине? - и ни најмалку нема да бидам утешен ако се покаже дека луѓето што мене ме мачат се непријатни и неугодни не само за мене, туку згора на тоа, како христијани, гнасни се и за својот сопствен Бог, со чиишто заповеди се подбиваат“. 10.08.1992.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Но затоа, се постигнува другата творечка цел: војната да биде одсликана со сета своја суровост и безмисленост.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Така никој нема да биде повреден, а јас ќе ја спасам мојата душа од обвинувања. Од таа вина што не е моја.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Но колку и да сака, не може да биде пустиник.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
А можеби беше во прашање и нешто друго, нешто повеќе, за што не сум доволно упатена а и не сум спремна да судам.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Немаше сомневање, кај колибата на дедо Иван гореше голем оган. Што ли можеше да биде?
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Секако тоа треба да биде така, тоа е некоја нова, досега непозната игра.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ми фалеше да бидам шмизла и со шмизлите другарки да одам во шопинг и да трачарам по кафулињата.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
„ Дали ви е јасно дека тој, дури и ако преживее, може да биде како некоја друга личност ?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Човекот, значи, генетски е предиспониран да биде битие на физичката и моралната болка.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Сакаше сосема сам да бидеш во ноќта...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Тој го удри по растресените и бели влакна, меки како свила, кои, за да бидат чисти, Тито мораше да ги чешла со својот остар јазик.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Сепак, тој е антропоцентричен кога прифаќа дека човечките суштества треба да бидат конечно мерило за вистината на уверувањето.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Може да биде шаховска па дури и билјард маса. Но сега е најобична зелена пинг-понг маса.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
И Климент Камилски беше свесен дека јазиците биле и може да бидат бојно поле на многу народи и дека со чистењето само на опасните зборови би можело да дојде до спасување на народите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
САЗДО: (Се обидува да биде саркастичен) Да ако смеам да замолам, гос-по-ѓо.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Во секој случај, рече Владе, оној гроб за кој ти мислеше дека би можел да биде на Никола, еве, не е, а каде е неговиот гроб, не се знае.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Подобро да зборувам - одошто да бидам немтур!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
„Пред да ги спои Даниел речните брегови, Луда Река била како див пастув кој не дозволувал да биде оседлан.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
И да, посетуваат такви збиднувања, а тоа го прават само за да бидат видени.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Се најдов во една делегација на Албанската драма при Театарот на националностите во Скопје која требаше да избере неколку театарски претстави за да бидат претставени во главниот град на Македонија.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Да изградиме куќи од песок но дом од најцврсти темели, столбови на разбирањето, почитта, љубовта, вредностите на вистината. Тоа би било нашето највредно наследство.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Но тие мораат да бидат стварни уметници.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Не смее да подлижува ни на едната ни на другата страна, зашто Едното нема да биде Другото, туку на Другото ќе му недостига она што капнало, што подлижало, она што побегнало од патот, она што Едното го загубило (не)сакајќи.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Сметам оти она, кога татко ти место да ја сослуша Родна замина да ги лади лубениците, требаше да биде за мене првиот сигнал дека овде работите не се докрај чисти.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Секогаш ќе најдеме начин како да стигнеме еден до друг, со нашата судбина и нашата борба против суровоста на времето.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Наполно ирационално е убедувањето дека може да бидеме оние старите зошто човекот многу се промени.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Јас не можам среќна да бидам сѐ дури во мака страдниот народ се витка! "
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Со кусите денови и долгите ноќи, зимите и така знаат да бидат предолги, а за мене оваа зима стануваше триж подолга.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
А кога во 1941-та, на сам ден Благоец, 24 април стар стил, фашистите ја завојуваа Потковицата, него, меѓу првите, го собраа војска, а кога, пак, го пуштија од војска, го поставија да биде писар во општината во Тополчани и го вооружија со пиштол.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Човекот само на земјата може да го очекува вистинскиот пат: да биде вреден работник, храбар војник, верен комунист.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Сиве овие години јас неотклоно ја следев таа права линија: да бидам како него, да постапувам како што тој би постапил, да се борам за она за кое се бори тој - со еден збор, да го правам само она што би го направил единствено тој.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Очигледно беше дека одамна го донела решението и дека самата е уверена во добриот избор.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Било договарано да биде покопан на Пленпале, гробишта кадешто се покопуваат швајцарски значајни луѓе, но тоа не беше лесен потфат.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
А Катерина и Јана без сомнение се привлечни а притоа и убавици!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ороспијата може да биде сѐ, но никогаш повеќе од ороспија.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Иако програмот може да ги воспроизведува податоците, истражувачот сепак не може да биде сигурен дека тоа е и најкусиот програм, а ако податоците се доволно сложени не може да биде сигурен ни во тоа дали воопшто се доближил до најкусиот програм.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Се појавуваат идеи дека еден ден веќе нема да бидат потребни технички средства за пренос, туку и мислите и идеите ќе се одвиваат низ чиста размена по пат на мозочни бранови што ќе пулсираат низ целиот свет, секој пронаоѓајќи ја својата цел во тој „организиран хаос”.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
- Дале сте доволно храбри да бидете креатори и кројачи на сопствениот живот?
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
- Не смееш. Твојот нема да биде добар.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Стопати ти напишав и толку пати се избришав, но тоа беше вентил за мојата душа, исполнета со таква тешка, смртна тага која трае и се прелева од една во друга форма.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
На определените места пионерите пристигнуваа организирано, поминуваа цел ден во игри и одмор, а навечер, пред да се вратат дома, го чистеа местото од отпадоци, го средуваа да биде убаво и привлечно какво што било.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Меланхолија  Понекогаш кога ќе се сетам дека сум била љубена онака како што и сама-та сум посакувала во некој друг живот  ме обземаат морници од нелагодност својствена за оние кои не се од овој свет  а би сакале да бидат.  Смртно сама  Објасни си барем себеси за себе.  Несаканата љубов е еуфемизам за оддалечувањето од себе.  Кога себеси си стануваш туѓа како созреано, осознаено дете.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Престана да биде со таа ведрина дури кога застана на горниот крај од својата пилана.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Маглива елипса ја покрива мојава душа, можам ли да живеам без тебе!
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Тоа беше низок, темнокос човек во бел жакет, со ромбоидно, сосем безизразно лице, кое можеше да биде и кинеско.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Не сум без избор: можам да бидам некаде и никаде.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
И потем сите книги повторно можат да бидат сочинети од она што спасено е, од зрното на писмата и словата.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
- Престани да бидеш дрзок. - Те љубеше? - Тоа го знаеш! - И ја избегнуваше нејзината љубов.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Значи, седам во мојава соба, на прозорецот, гледам во потокот, Борче, не знам што му текнало, учи нешто во неговата, т.е. во собата на брат ми, што е сега привремено негова и, веќе реков, ги имам сите предуслови да бидам сосема среќна, а не сум.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Меѓу двата огранока на Партијата постои извесно количество на меѓуразмена, но само колку да се овозможи слабаците од Внатрешната партија да бидат отстранети, а амбициозните членови на Надворешната партија да се направат безопасни со тоа што ќе им се дозволи да се издигнат.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Да разгледаме колку можат да бидат основани таквите претпоставки и разлози?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Не го спомна дури ни како можна претпоставка.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ним им се случи та, да не можат да си дадат ответ пред жителите од околните населби кога за непрокопсаноста на Благуна ги прекоруваа: тие кои највисоко го вееја знамето против сите завојувачи, неми остануваа во таквите незаслужени напади.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Токму тогаш да намине таму и да ја најде својата невеста како руча со друг маж, кога таа требаше да биде дома во својата кујна, тоа беше доволно тој да се разбесни, а уште повеќе да влезе таму и да ја види како се држи за рака со друг маж.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Стори сѐ, што требаше да биде сторено вистински сторено и во вистинскиот миг.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
„Ова?,“ праша Ана и подигна една книга, приближувајќи ја до очите на Зигмунд.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Нивниот краен заклучок во однос на ова бил дека "изгледа скоро неверојатно дека Србите ќе се согласат да ѝ отстапат територија на Бугарија за која тие четирипати се бореа во 30 години; и последно, предлогот сигурно би предизвикал спротивставување на Грција".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Вистински почувствував дека сум го сторил она што не требало, а не бев сигурен која е причината и какви можат да бидат последиците.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Гол, секако бил штрклест, танконог и со ковчести бранчиња на градите, во тешката облека можел да биде само голема и долгнавеста бовча на која некој заборавил загрижена глава.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Луција со задоволство ја прифати таа идеја, оти, рече, во сценариото сосема ја заборавила изворната народна песна; и, второто нешто, рече Земанек, би требало да биде – паузата, бидејќи програмата е особено обемна и може да ја замори публиката.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тоа значеше нешто посебно, иако никоја од жените тоа посебно не можеше да го дефинира во конкретно сознание, но беше важно со самото тоа дека таквиот статус ги охрабруваше „типките”, како што Илона ги нарекуваше своите „колешки” од другите соби, да бидат сигурни во контактите и договарањата со неа.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Барем малку да наликуваш на нив, ако не можеш да бидеш како нив.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Убавото поздравување е начин да бидеме поблиски едни со други, подобри, почовечни, па затоа, добри мои читатели, сѐ да сториме та насекаде и секогаш да се слуша: ДОБРИ ЛУЃЕ - ДОБРО УТРО, ДОБАР ДЕН, ДОБРОВЕЧЕР!
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
„Тоа е владина агенција што ги финансира овие куќи. Ако не беше таа агенција, немаше олку да биде изграден Идн Парк.“
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Но што чекам јас? „Денес е денот во кој човек може да биде овенчан со слава и венци или со проклетство и срам!“
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Никогаш не би се нафатил да бидам судија на љубовта помеѓу Сузи и Генералот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Значи, претпоставуваа потковичаните се работеше за опитни ајдути, какви што можеа да бидат само Дамческите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Исто така, туженото претпријатие кое го изгуби спорот требаше да му плати и 13.080 МКД (215 ЕУР) за предизвиканите парнични трошоци.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Збровите со кои се трудеше да ме одбраниш умни ти беа, батка, и добро обмислени.: „Афериве што се обидуваме да му ги припишеме на наш Боге, тврдам јас, се обични скалила од чад по кои се обидува неговото машко его да се покачи повисоко од другите.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Кај Бугарите нема национални идеали што да бидат општо достојание и светиња за сите Бугари.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Може? - Може, ама честењето да биде наше... – предлагам. - Прифаќаме, ама во Македонија.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Работава не напредува, си мислам, не само по вина на природата, зар може да биде вина тоа што е лето и што е земјата сува и горка, та тоа си е нормално, лето е и суша и тврдо е камен, а тоа е и предноста на еден ископан бунар, предност на бунар ископан во најголема суша, тоа значи дека во иднина ќе има вода во секоја сезона.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
А сега да си наздравиме за завршената работа! Ако може да се смета за завршена.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Беше една вистина, која што почнуваше да чекори по земјата, веднаш штом ќе се објасни така, за да може да биде сфатена; таа вистина бараше пат кон срцата на луѓето и луѓето не можеа да не ѝ се приближуваат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Проклет да бидам, смртно ме исплаши таа глувост. Водата веќе беше влезена во мене, се колнам, таа беше голема, најголема.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
По потреба на авторитарната „цел” (под наводници, бидејќи целта подразбира некоја историска efficiency, а авторитаризмот е оксиморон кој гласи: биолошко владеење на смртта) можете да бидете ту антифашист, ту фашист, час интернационалист, час националист, час хуманист, час шовен и воен хушкач, час комунист, дури усташа или четник.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Мајка ми одбиваше да даде какви било информации околу значењето на таа нејзина среда во која двете ќе заминеме за Париз и ме убедуваше дека треба да бидам стрплива и да чекам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Партијата се обидуваше да го убие сексуалниот инстинкт, или, ако не може да биде убиен, тогаш барем да го искривоколчи и да го извалка.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Што точно зацутело од нив, не е сосема јасно – можете да бидете прилично сигурни дека тоа не е некој меч: можеби било гудалото, или шпагетите замотани околу виљушката, или нечија женска марама.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Изгледа дека техниките на интерперсонална манипулација, контрола и моќ не го наведуваат несреќниот да биде среќен, депримираниот да биде радосен, избезумениот да биде смирен, дезориентираниот да биде ориентиран, конфузниот да биде јасен, заведениот да ги отфрли неприфатливите и да ги усвои прифатливите гледишта. Margina #21 [1995] | okno.mk 51
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Зашто, само преку помирување на спротивностите власта може да биде задржана неограничено време.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- Кај може да биде чиста земјата, вели Григор, кога секакво тиќе гази по неа?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не постоеше друго место на кое можеше да биде повеќе сигурен дека телекраните непрекинато посматраат.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во нејзината беспомошност ја препознавав беспомошноста на моето детство и мојата младост, и секој мој непријателски збор или постапка кон тоа суштество кое бавно умираше немаше да биде одмазда, туку изживување врз себе, врз мојот спомен за девојчето, за девојката и за младата жена која бев некогаш.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И ѝ раскажа на Луција за случката со мотоциклот, онаа со возењето на едно тркало, но ѝ раскажа и за онаа ноќ кога јас ги забавував девојките качувајќи се на скала што не е потпрена на ништо; таа не веруваше, се смееше, се држеше за челото и велеше: „О, не, па тоа не е возможно! Не, не тоа никако не може да биде!“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Блесаво е што дојдов овде да бидам сама, за да напишам две-три скудни реченици.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Се сеќавам на еден фрагмент од еден од многуте разговори со Јасер Арафат, кој беше индикативен за метафората на кривата на владеењето: - Најсреќниот ден во животот? - Јас сѐ уште не сум го доживеал...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Имено – во јануари 2008 – истата судијка, следејќи ги напатствијата и насоките на повисокиот суд, само делумно го усвојува тужбеното барање, при што „Кјуби“ беше задолжен да му исплати само K-15, а не и разлика на име испратнина – со мошне чудно и сомнително образложение дека ова право нема третман на „парично побарување“ (!?), па како такво прво морало да биде барано пред работодавачот, па дури потоа да се бара по пат на тужба.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во судскиот процес пред Основниот суд – Скопје II, кој Х.Џ. како тужител го иницираше во јуни 2009, тој беше застапуван од полномошник- адвокат – инаку негов личен пријател, кој и му даде дополнителен поттик за покренување на тужбата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Обична женска обетка, која воопшто не мора да биде скапа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ама, и тоа не било да биде.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Скот да бидам, јас едно време и богу и пред луѓето најлудо се молев, и денеска тоа го правам, - кога му се суди на еден човек колку е тоа можно слепо да не се гледа само на еден дел од неговиот живот, за што можеби тој самиот не сноси никаква вина.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
„Чиста коинциденција; и не би можело да биде друго со оглед на тоа дека Соломон бил мудрец, а не фискултурец“, реков.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Бургиба на надворешен план 20 години пред египетскиот претседател Садат, ќе се залага Израел да биде признат од страна на арапските земји и да се воспостават дипломатски односи со него.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Сѐ додека не се направи пресадувањето на рожницата, работничката мора да биде под постојана терапија, месечно примајќи специјални инјекции кои чинат по 10 ЕУР.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Постојано сакаше да биде во движење, да подработува нешто или да шета или да ги движи мислите со мудрости што ги имаше донесено со себе од светот; и пиеше само вода што се движи; никогаш не пиеше вода што стои: од бунар, од вир, од локва и колку таа да беше чиста.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Овој пат се препушти на матицата на водотекот, не пливајќи, туку едноставно да биде носена.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Потребна беше исто така и извесна атлетичност на умот, способност во еден момент да употребиш најделикатна логика, а во наредниот да бидеш несвесен за најгрубите логички грешки.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Некој мршаво ги уверувал дека сето тоа е претсказание, дека не му се мили на господа. Другите останале тврдоглави.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Додека ги изгубив од видното поле на ретровизорот, во свеста ми одекнуваше рефренот на загрижената мајка: Зарем мораш секогаш ти да бидеш првиот, првиот Коцката беше фрлена!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
ПОЦКО: Прв, па прв! Што си ќускија! А што би било кусо да биде и втор, трет...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Тогаш, кога ја согледуваш правдината и ја принесуваш на тацна за да може да биде испиена.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Кој ли можеше да биде, браќата штотуку излегоа, требаше да се вратат точно по три часа, срцата ни беа часовници.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
А за да биде такво, треба со општа согласност да се избере едно наречје за општ македонски литературен јазик. 158 Согласност ќе има, ми се чини, само ако секој од нас прави избор не по некакви естетски мерила и не по чисто месни причини, ами од гледиште на општите интереси.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И грашокот, што сега требаше да биде узреан за берба, веќе беше засушен.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Сакам јас ќаа да бидам, та да се подучам како се пасат брави — му одговори Мирче.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Брат ми знаеше колку можам да бидам незгодна ако се запијачам за нешто и го смени однесувањето: - Слушај, Бреза, не сум те излажал, само убаво размислив.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Не беше израдувана од дињчето, веројатно немаше да биде ни од цвеќето, ќе ѝ се ококореа очите само со мирисот на кафето.  - Види што донесов - дигна едно рипче за опавче.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Пред да биде уапсен поради реметење на јавниот мир (зошто се обидуваше насилно да ја свлече растревожената Чикита), тој стигна да изјави дека изборот за мис е чиста провокација; имено, татко ѝ на Чикита е водич на „федералистите“, а и нејзиното бикини било во боите на националното знаме на големиот сосед“.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Те прашувам, но, се прашувам и самата, како е можно скинатото парче „коприна“ да биде мерило за женската верност или неверност? - рафалите на Рада не престануваа, куршумите летаа на сите страни.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
(Г) (Слика со две кугли) се занимава и со едната и со другата. (Д) има план: Ќе направи нешто, некој вид предмет кој менувајќи се, се распаѓа (умира) или се зголемува во своите делови (расте), не нуди клуч за тоа што беше неговата состојба или облик или природа во било кој претходен момент.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Можеби затоа и не бев онаков каков што сакаше да бидам.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Аполинер во тоа време не беше славен, и реченицата ја претскажува славата што тој денес ја ужива, бидејќи неговите песни се сочувани за подоцнежните генерации.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Прашањата од нивото на свесност ја помагаат артикулацијата и извршувањето на овие алтернативни предиспозиции, желби, лични квалитети, односи со другите, внатрешни состојби и верувања, и тоа кулминира во „ре-визија“ на личното животно определување. okno.mk | Margina #4-5 [1994] 51
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
„Така е. Децата сакаат да бидат како татковците и мислат дека ќе се такви. Без сипаници и без заушки, со кубура в појас и со брада.“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
– Да гледаш живи луѓе да се печат, зар може да биде неинтересно? – му одговори аџи Рампо, сега Рифат-бег и тој вадејќи ги своите бројници што ги донесе од Ерусалим кога отиде да стане аџија.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Арно ама, во моментот изгледа сè уште не беше избран автомобилот кој би ме лишил од животот и срцето ми е сосем здраво, иако и јас не сум противник на добрата капка.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Да се обидеме да ја дешифрираме во светлината на тој настан: act (чин) може да биде заменет со зборот песна, на истиот начин на кој Гете во „Фауст“ збор го замени со чин; во библиската реченица „во почетокот беше збор“ (песна); во почетокот беше чин; red (црвено) е замена за хомонимот read (читање); ter or треба да се прочита како тенор; epergne може да стои наместо epargne (фр. да се сочува).
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Честопати ги пасев воловите и наидував на ливади со разни цвеќиња, секакви бои имаше, ќе се занесев во нив, ќе гледав разни бубачки како ги опрашуваат и им помагаат за догодина да бидат уште поубави, да се развиваат и да цветаат и тука се ставав и самата (и дури ќе заборавев дека воловите ги чувам).
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
До заклучувањето на главната расправа, под опишаните услови, покрај тужителот може да пристапи нов тужител или тужбата може да биде проширена на нов тужен – со негова согласност.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Набргу, надојдената суводолица на виковите на човекот беше исцрпена, а од него тоа остана само уште еден зарипнат, испрекинат, тих говор: - Дај човече, донеси барем еден. Само да го имам. Само да биде...
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Секогаш кога ќе ги чујам луѓето како велат дека не можат да комуницираат, си припомнувам на една реченица од социјалниот сатиричар Том Лерер (Tom Lehrer): „Би сакал сите луѓе кои се жалат дека не се способни да комуницираат да бидат барем толку учтиви да замолкнат.“
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
134 За еден правен лек да биде сметан за ефективен, тој не треба само да звучи така теоретски, туку треба да биде и применлив во практиката и да се гарантира дека со неговата употреба нема дополнително да се пролонгира постапката за заштита на загарантираните права.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Нив, изгледа, значеше Партијата и пред сѐ Внатрешната партија, за која таа зборуваше со отворена, потсмешлива омраза што го обеспокојуваше Винстон, иако знаеше дека тука се безбедни, ако воопшто некаде можеа да бидат безбедни.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Шестото навистина го испи малку побавно, но никој тоа не го забележа, на седмото виде само Трајанка и ѝ затупка срцето што ќе излезе победник, на осмото децата почнаа да му се смеат дека не може ни колку едно женско да биде јунак, на деветтото одвај го качуваше ридот а кога дојде до половината на десеттото, којзнае како стана, но се закашла и не го допи.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Почина среќен. Сега има кој да биде столб на семејството.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И јас можам така и не значи дека можам да бидам и заменик политкомесар.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Сонцето било свртено кон грчот на неговото лице.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Биле направени сите можни анализи кои делови од хидроцентралата со кои методи можат да бидат уништени.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Можеше да работи. Можеше да се напнува и да се превиткува, впрегнат, можеше да совладува и да биде среќен.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Овие инсистирале кај Хилми-паша уапсените или јавно да бидат судени или да бидат ослободени.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Проклет да бидам, и дрвјата и птиците што слетале на нивните гранки се запределиле, златни пајажинести мрежи се веат по површината. Некои чудесни гнезда, се колнам.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Ним, како од раце да им се лизна Правичноста, според која договорот направен помеѓу човек кој ручал добро и човек кој го продава својот труд за гола егзистенција, помеѓу силниот и слабиот, помеѓу богатиот и сиромавиот, помеѓу господарот и робот – не е воопшто ‘договор’.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Вечерта, наместо да излезам во град со другарките за последен пат пред заминувањето за Маврово, решив да бидам од кул покул.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Дали улогата на доброволен затвореник ја прифатив затоа можев да бидам непредвидливо смел само во мечтите, или поради коприната во која ме заплеткуваа вештите прсти на трите стари дами?
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
„Само неподготвеноста на родителот да ги прифати одговорностите што се создаваат со раѓањето на детето можат да бидат причина за бекство.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ете го одговорот на прашањето: каков може да биде односот на комитетите кон новото течење?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Гладен е, не може да биде погладен, но инаетот не му дава да слезе од масата. И, што да прави?
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Блажени се оние што со храброст во своите срца ќе истраат да бидат она што од навек биле.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Но, кога сме веќе кај креветот, те молам тоа да биде француско легло, сѐ уште ја чувствувам пружината на оној твој кревет во Скопје.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Работната атмосфера во друштвото беше прилично лоша и напната: претпоставените често знаеја, без никаква причина, да се развикаат на некоја работничка, да ја омаловажат пред нејзините колешки, па дури и да ја расплачат.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Границата требаше да биде спасот! Од кого? Од своите?
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Старецот: Дами и господа! Вечерва се собравме на ова прекрасно место за да му одадеме признание на човекот кој еве веќе 15 години (погледнува кон таванот), фала му на Бога, ја тресе и потресува оваа зачмаена средина! (Се слушаат извици на одобрување)
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Кај нас, театарџиите (секоја чест на исклучоците) во слободно време можат да бидат се: пекари, лекари, столари, аптекари, травари, таксисти - само не консументи на театарски претстави во кои не учествуваат.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Томо, кој се наоѓаше меѓу овие два огна честопати мораше да биде судија.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Бургиба ќе милува да биде наречуван Југурта.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Имаше вистинска среќа, да не беше дрвото, падот можеше да биде кобен.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Заради таа горчливост беше бессилен да се спореветри и да биде она што бил.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ти не знаеш како е, кога едниот ќе остане сам да биде родител!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Началникот на фезанската жандармерија потпоручникот Мевлид и секретарот на управникот за административен ред А. Хилми, сториле сѐ што било во нивните сили заточениците да бидат горе-долу човечки сместени и да им се олесни животот.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Во зависност од тоа како се има развивано еден народ, и неговиот јазик и правописот може да биде различен.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Не смееш да допуштиш да бидеш избирана. Не си предмет од витрина или на аудиција.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тие кои требаше да бидат преврзани ги ставаа на масите за преврска.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
 8 Во овој транзициски период, преку измените на ЗРО – кој, како основен закон (lex fundamentalis), ја игра улогата на своевиден „работнички устав“, работничките права особено се влошија во следниве сегменти: драстично се намалија правата на работниците кои се прогласени за „технолошки вишок“; воведен е отказ без отказен рок; значително е отежнато остварувањето на правото на штрајк; намален е законски гарантираниот годишен одмор; овозможено е, преку дефинирањето на работното време, работникот да биде натеран да извршува какви било работни задачи, а не само оние кои се соодветни на неговото работно место и квалификации; а временскиот период за работа на определено време беше продолжен од една, дури на пет години.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Тука беа армиите од евидентичари, чија работа беше едноставно да составуваат списоци на книгите и на периодичниците што требаше да бидат повлечени.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
ПАРИЗ, сам за себе, претставува цела држава. самиот факт што на едно пространство во дијаметар од педесетина километри живее население дури поголемо отколку во соседна Бугарија, или пак во Грција, наведува на помислата што сѐ овде не се прави за да бидат навреме нахранети толку милиони луѓе, за да бидат редовно снабдувани со други потреби, за да се префрлаат луѓето на работа и по домовите за да има вода достатно за пиење и хигиена.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
ТЕОДОС: Касмет? — Кијамет! Нејќам! Не кабулам! Арсене! Арсене! Каде си, Арсене!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
До големата одаја се наоѓаше ателјето или работната просторија, пространа, светла, онакво какво што треба да биде едно сликарско ателје.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Понатаму, со ЗИПРМ (1994), беше предвидена можноста регресот за годишен одмор да биде исплатен во два дела.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Очигледно беше дека оној вид средба што се случи тоа утро не можеше да биде повторен.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Истото доживување го имал и Олдос Хаксли за време на својот познат експеримент со мескалинот, додека набљудувал една столица во собата: „поминав неколку минути - или неколку векови - не само лизгајќи со погледот по тие бамбусови ногарки, туку бев и дел од неа - или подобро, бев во неа, или, да бидам уште попрецизен, бев небитие во тоа битие, кое беше столица.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Другите две можеле и да останат свиткани под твојата дебела кожинка и тука задржани, без да бидат во состојба ни да те раскрвават, едното од нив можело и да се слизне по твојата четина и воопшто да не те повреди, но ова, што те тера да крвавиш вака, не ќе е на некое многу згодно место, тоа може уште оддалеку да се види, му зборуваше на својот самјак.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тоа би требало да биде практикум на секој наш политичар, на сите наши стручни лица - професори, доктори, судии, на сите работни луѓе - обесправени, изманипулирани, стечајци, на сите гласачи за подоброто утре.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
По мала Богородица дојде еден сапотничанец и побара да биде примен во четата. - А што те натера, го праша војводата, дали имаш некој убиено, или сакаш некого да убиеш?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Па токму затоа, преку различни механизми и репресивни методи, тие се обидуваат – логистички поддржани од страна на штетната синдикална бирократија и хиерархизацијата на „жолтите“ (мејнстрим) синдикати, да го пасивизираат 301 членството и да шират дефетизам меѓу работниците дека „што и да пробаат, сè би било џабе“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Законодавецот се обидел да ја санкционира и одмаздољубивоста на помоќниот in concreto, пропишувајќи дека поради поведување постапка за правна заштита од мобинг, како и сведочење во текот на постапката, на вработеното лице не може, на посреден или непосреден начин, да му се влошат условите за работа, односно не може да биде ставен во неповолна положба, посебно со намалување на заработувачката, преместување на друго работно место или спречување на напредување или стручно усовршување – т.н. деградација и/ли стагнација (чл. 2, ЗИДЗРО/септ.09); 23 в) во оваа група на антидискриминаторски одредби спаѓаат и оние кои се поврзани со кандидирањето и селекцијата за одредено работно место.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Така, тие можат да бидат работно ангажирани за извршување на јавни работи до пет дена во месецот, како и за извршување на сезонски работи и други повремени работи од страна на градоначалникот на единицата на локалната самоуправа, јавните претпријатија и јавните установи.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Секогаш се случуваше така, снегот да преврне а после или да заплисне југовината со својата блага бура, што ќе слисти барем една дебела половина од наврнатиот снег, што ќе размекне, ќе спитоми, ќе одврзе, а ќе му даде и нему доста вода за да си ги сврши сите работи, за кои беше дојден; или пак ќе дојде една од оние ведрини, ќе се изостри една таква при која сонцето ни во најцрвеното и најослепувачки огреаното пладне нема да биде во состојба да му излишти ниту една капка.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Кај некои тоа разбудуваше и некаков стравопочит, но Змејко не можеше да биде уловен на тоа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ги донесоа досиејата на секој што можеше да биде тоа, ги читаа и препрочитуваа, ги отклопуваа и заклопуваа, ги исчитуваа и обработуваа, но уривачот не го најдоа.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Тие го пренесоа центарот на Револуционерната организација заедно со сите национално-политички прашања во Македонија за да бидат слободни во своите постапки од бугарската влада.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Суштинско беше само тоа оти сето морало да биде така.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ако се придодаде на ова и тоа дека навистина таа ноќ, во вторникот спроти средата, помеѓу Богојавление и Свети Јован Крстител, Јосиф Акиноски и Васил Митрески видоа човек кој во Потковицата дојде по Градишки Пат, по себе водејќи коњ а в раце носејќи нешто завиткано небаре дете, сѐ друго остана да биде зачудувачко и да биде тајна.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И што беше најтрагично, градбата на каналот долг двесте километри, мораше да биде завршена за дваесет месеци. Пекол на земјата. Требаше да се коригира релјефот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Уште повеќе, кога разумот - кој е универзален - ќе надвладее, ќе има помалку војни.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Електронската осаменост не може да биде изразена со метафизички или психијатриски термини.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Меѓу основните услови кои таа требаше да ги исполни беше нејзиното богатство да биде барем легално стекнато у минатото затоа што Трпе не сакаше да има работа со проклети пари и да го прогонуе лоша карма, а себеси се сметаше за суеверен.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Па, сепак, кои биле градишчани, ако морале да бидат уништени од Европејците, и ако односот на ковицата бил таков, дружељубив? Пријатели на Византија?! Еретици?
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ветерот повремено толку силно бие што не ги носи само зрната песок, туку отцепува парчиња и од самото Јас, па тоа Јас се чувствува немоќно, му се чини дека ветерот ќе го понесе и него заедно со песокта, ќе го згасне уште пред да бидат одвеани сите зрнца песок кои му биле доделени за до смртта, и тогаш Јас бара некое друго Јас, некои други Јас, со кои ќе се движи заедно додека околу нив беснее ветерот на времето; има потреба од тие други Јас не како поткрепа за преживување во материјата, туку како поткрепа за преживување на она најсуштественото од тоа Јас.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Најпрво, во јули 1992 година исплатата на надоместоците за исхрана на работниците во текот на работата престана да биде регулирана со закон, а тоа понатаму беше регулирано со Општиот колективен договор на РМ (чл. 5, ЗИДЗИПДНДР/јули.92), за во октомври 1992 година исплатата и на останатите надоместоци да престане да биде регулирано со овој закон, при што понатаму беше регулирано со Општиот колективен договор на РМ (чл. 1 ЗИДЗИПДНДР/окт.92).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
За да се разбере природата на сегашната војна - зашто, и покрај прегрупирањето што се случува на секои неколку години тоа е секогаш истата војна - мора прво да се сфати дека е невозможно таа да биде решавачка.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тој, при тоа, наместо да биде разочаран од најавениот развод, повторувал, Ох, пак даде Господ да ми почини душата!
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Уредникот треба да биде човек достоен во секој поглед, познат по својата усрдност и верност, кој ужива литературна слава без оглед што се наоѓа на државна служба, готов за корист на владата да го пренебрегне јавното мислење и почитување заради цврстото убедување во нивната целосна некомпетентност.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Настојуваше да биде верен следбеник на револуцијата на Ататурк во создавањето на нова Турција, да ја лаицизира својата земја, да го најде нејзиниот среќен излез во судирот на источната и западната цивилизација, агонијата на колонијализмот и правото за слобода и независност на својот народ.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тажно е во ноќта да бидеш сам со птиците, да чекаш со нив сам в некоја пуста станица, и додека некој се лула низ улиците да мислиш дека ти си, ти си тој пијаница.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Најпосле, според моето верување, ова патување требаше да биде уште еден обид, барем пред лицето на светот, да се зближат Албанија и Југославија, односно Македонија земјата на среќниот егзил на моето семејство, при што требаше да ја провериме цврстината на можниот мост кој би ја заменил границата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Вкусот на темјанот може да биде исто толку брутален, како што може да биде божествен загризот на гнилата крушка.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Но андерграунд уметникот одбива да биде хроничар, тој исто така одбива да биде шут.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Ако веќе одиш, направи тоа да биде незабележливо.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И сите од ред почнаа да ѝ честитаат, а Пела се протурка до мајка си и се закачи за нејзината рака, ама не побара да биде крената, ама мајка ѝ како да сфати што сака па ја израмни со себе за да може да гледа одгоре.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
„Ах, не знам. Најдобро е да бидат по оној друг редослед, како во моментот на случувањето. А во тоа ќе ви помагаат како и досега моите потпрашања", настојува тој.“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Беше избришан законскиот текст кој предвидуваше дека „помирувачот е должен да биде неутрален и непристрасен во текот на преговорите“ како непотребен!? (чл. 19 од ЗИДЗМРРС/14); б) во случај на штрајк или спор во дејностите од општ интерес и во кои прекинот на работата би можел да го загрози животот или здравјето на луѓето или да нанесе штета од поголеми размери, се утврди построга формулација која пропиша дека „страните во спорот се должни веднаш да пристапат кон мирно решавање на колективниот спор“, а предлогот за помирување треба да биде поднесен наредниот ден од денот на настанувањето на спорот.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Во изборот на облиците на уметничкото изразување очигледно учествуваат некои други диспозициони фактори со психолошко потекло, сѐ уште недоволно познати, кои дрогата само ги енергизира или збогатува со нови содржини, олеснувајќи им на бројните несвесни содржини да допрат до оној дел на личноста, познат како Јас, од кој можат да бидат препознаени во симболична или конкретна форма. 156 Margina #8-9 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
- Не, Зоки, - вели тато, куќата и прозорците можат секако да се обојат, но тревата не може никогаш да биде црвена, ниту пак небото кафеаво или пак покривот зелен.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Може и вуду кукла ми направила за да се откачам од тоа што ѝ припаѓа. Сѐ да биде како порано.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Тајната не беше во преместувањето на компјутерот или работната столица, тајната немаше да биде ниту во промената на работното биро, доколку тоа се случеше, а немаше да биде ниту во промената на работната просторија, па дури ни во комплетната промена на работното место.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Тогаш ми кажа и во врска барањето од луѓето со кои разговарал да биде кандидат за пратеник, но тој не рекол ништо.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Та нели светот земен е понесовршен од светот небесен, па еднакво така и од понесовршени нешта треба да биде сочинет?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Да, јас - јас можев да бидам во секое време.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
И едниот и другиот Онисифор побрзале да клекнат и да го испијат со коленици сето студенило на влагата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Пораките што ги беше добил се однесуваа на написи или на вести кои, од една или друга причина, се сметаше за потребно да бидат изменети или, како што гласеше официјалниот израз, да бидат исправени.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но кога таа ми објасни дека не можела да поднесе да биде жена на човек кој станал кодош, слуга и полицаец на туѓинска држава, каков што беше и оној кај нас Црн Киро, не можев а да не ја оправдам.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Со еден збор, СОЕ била формирана да изведува специјални операции т.е. „операции кои не се нормални“ и кои не можеле да бидат изведени безбедно или успешно од другите владини оддели.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Заслужува да биде спомнато и тоа дека висината на месечниот паричен надоместок за време на невработеност од 2004 година се 79 определува врз основа на просечната месечна нето плата на работникот во последните 24 месеци пред престанокот на работниот однос наместо во последните 12 месеци, како што беше согласно претходно важечките одредби (чл. 12, ЗИДЗВОСН/04).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
– Нема да се скине од плачење затоа што си оди од дуќанот. – Но во новиот дом, во далечната, непозната земја, нема да биде вака.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Новата градба од камен ги има пропорциите на Арката, и тој треба да биде цврст и конечен дом за неа и за Севишниот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Христов се скаменува на местото и одеднаш така скаменет почнува да говори, да говори гласно и со подигнат глас, да го чуе Луков.) Освен, освен тоа, ние мораме да бидеме горди, горди што нè одбрале баш нас и нашиов дом за една таква историска, историческа, задача и...
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
„Цел ден, уште од утринава. Мислев, можеби веќе не сакам да бидам собирач на смет.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Бебето мораше да биде разбудено. Звуците од трубите, саксофоните, тапанот и тубата одекнуваа во кругот на целата болница.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
На ракавите моравме да носиме давидова ѕвезда, за да бидат регулирани забраните кои важеа за сите Евреи: повеќе не смеевме да одиме во театар, опера, на концерт; не смеевме да одиме во ресторани и паркови; не смеевме да се возиме во такси; дозволено ни беше да се возиме со трамвај, ама само во задната кола; смеевме да излегуваме од дома, ама само во точно определени часови; телефоните ни беа укинати, а смеевме да користиме само две пошти во градот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Одењето во црква на миса и на молитва може да биде желба и истата, еден ден под влијание на волјата, да престане, (во таков случај, си го обрал бостанот зелен), но ако е нужна потреба, тогаш тоа може да ефектуира со позитивни резултати затоа што врз нужната потреба волјата не може да влијае, па колку и да е цврста.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Се разбира, тоа тогаш го направив несвесно, по инстинкт, и тоа - само така може да биде и кога би се повторило којзнае колку пати.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Никогаш порано не помислил дека телото на една педесетгодишна жена, раскрупнето од раѓање до монструозни размери, потоа стврднато и огрубено од работа, може да биде убаво.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ужасот од дното на душата ми е да бидам некој ден без работа...
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Ако воопшто постоеше некој се уште жив, кој можеше да ја каже вистината за условите во почетокот на векот, тоа можеше да биде само некој прол.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
На сповојницата се изредија сите можни и неможни благослови и на сите Митра викаше „амин“, иако во себе си повторуваше на благословот „да не е жив новиот човек“ — „до дните — од дните на пците“,на благословот „к'смет господ да му даде“ — „краста и орлови нокти да се чеше“; „голем да порасне“ — „една педа од земјата“; „мома убава да стане“; „плашило на векот да биде“; „за изгора во село да биде“ — „папакот да ѝ гори, и нејзе и на таа шо а роди“; „ергените по неа да лудуат“, Миша додаваше: „да даде господ она да полуди, та и татко, и мајка од неа да бегаат“; „да му се живи родители“ — „довечера, дај боже“ и така натака.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Сфаќаш ли, се повлекував пред тебе. Јас не можам да бидам женка, јас не можам да живеам како таква.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Но, може ли да се случи навистина утре да биде невеста што ми се претскажа во руво невестинско? (застанува на местото кај што ја сонува и си ја претставува).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
— Сакав и мене да ме затворат, вели, за да бидам поблиску до тебе.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Поважна веројатно беше онаа наша заедничка помисла: која и каква може да биде високата цел што стои пред нас додека нѐ прогонуваат глутниците на смртта?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Памтиш, на Трајко барабата? Свето кимнува со глава. Абе, умно, учи да биде поумно.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Кога не можеше да направи ни еден чекор понатаму, кога се спружи, гушејќи се во својот здив, долу, на работ од шумата, со која се граничеше Белата Долина, и кога остана легнат, со лицето во снегот, можеше само уште да слуша и уште да продолжува да биде свесен за тоа пуфтање на стапките зад него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
За да биде работата посмешна, минувачите околу нас пет пари не даваат за ниската температура: шетаат развиени батки по тесни маички те разноразни разголени тети на ролерки, додека јас и мојата животна сопатничка го набљудуваме светот околу себе ѕиркајќи низ тесните процепи помеѓу нашите шалови и наметки, облечени како двајца Ескими сред сезона на парење на поларните мечки.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Сепак, модернистите исто така се надеваат дека нивните нови теории, да го цитираме Хјум, “нема да бидат инфериорни во поглед на извесноста и ќе бидат многу посупериорни во поглед на корисноста од кое и да е друго човечко сфаќање”.8
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Но во спротивното верување луѓето стануваат заложници на големи илузии.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
При тоа телевизијата е постојано on-line, хипер-реален виртуален свет, во којшто живеат мали телевизијци, луѓе за коишто никогаш не можеме да бидеме сигурни дали постојат во нашата стварност или не.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Со години сестра Ангелина, троа по троа, заличувала на ангел (во себе и за себе), зашто единствено тоа и сакала да биде.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Картагина беше заземена и уништена во 146 година. Зборовите на Катон не престанаа да бидат цитирани.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Знаеше како изгледа тоа: ужасна, зашеметувачка болка, која е постојано тука, но не може да биде одболувана, затоа што пред да спречи што и да е неопходно е да може да дише.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Не треба овде да си го испробуваме крекањето ниту да си ја вежбаме смеата. И на крајот се пошегував.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Познато е дека секоја конспиративна дејност не би можела да биде успешна ако покрај главните актери не би биле вклучени и други лица како помагачи, коишто би служеле како прикривачи, курири и слично.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Ни песот - веќе не квичи: можеби сѐ така треба да биде, тој да се вози, детето да чекори крај него.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Негде во длабините на својата душа тој можеше и да се гризе заради тоа, но тука не можеше да се стори ништо за да биде поинаку.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Јас заминав по тебе и ти си таква за да бидам сигурен дека ниеден друг не би се решил да го стори тоа, но сега веќе ти никако не можеш да ме натераш ни да помислам дека постои и назад.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Децата секогаш додеваа да бидат одведени да го гледаат.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И девојката со темна коса, девојката од Одделот за проза - ни таа нема никогаш да биде испарена.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
5.  Уделот во друштвото, согласно дефиницијата во Законот за трговските друштва (Сл. весник на РМ, 28/2004), претставува севкупност на права и обврски кои содружникот ги стекнува врз основа на влогот во основната главнина во јавното трговско друштво, командитното друштво и друштвото со ограничена одговорност, при што секој содружник има еден удел кој не може да биде претставен во хартија од вредност.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
На Камилски, внимателно следен од Татко, колку и да настојуваше да биде лапидарен во изборот на заемките за османскотурската гастрономија, како што ја именуваше претходно самиот, му преостануваа уште многу, многу зборови извлечени од речниците, книгите, народните кажувања, кои ги забележуваше во своите големи патувања во земјата со еден стар германски магнетофон, купен на старо на скопскиот Бит-пазар.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Кога ја ѕидаа куќата од Мировци во Скопје, пред да дојде сопственикот, Веле започна со Аригра: - Вујко Аргире, само ако ме послушаш, можеме за два месеци да бидеме готови со оваа куќа.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Системите можат да бидат многу прости, како броењето од еден до десет, што исто е нарација. The falls за мене е пример за спротивниот начин, и дејство.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Оној што во тоа беше најагилен, што најмногу се истакнуваше можеше да стане командир на одделение, одговорен на секција, дежурен во кујната, надгледувач, можеше да биде меѓу првите при јадењето (што не беше малку важно), - со еден збор таквите другари во сѐ предначеа, беа наградувани, привилегирани.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Конзерваторите – водичи на трите павилјони добро си ја знаеја лекцијата што требаше да ни биде пренесена и А.А. во тоа воопшто не се сомневаше, но најмногу стравуваше од нашите прашања, а најмногу од моите, па затоа мораше да биде тука.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Можам да направам сѐ. Да бидам блудница. И светица. И маченик. И боемчина да бидам.
„Курвите на ѓаволот“ од Елена Велјановска (2013)
Оние што од колено на колено учеле еден занает, а на овчарите им се забранува да бидат и натаму овчари – работа што никој друг подобро од нив не ја познаваше.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Стечај или реорганизација над стечајниот должник се спроведува кога тој е неспособен за плаќање.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Живот свој живеј, почни веќе еднаш, почни веднаш, вистина да гледаш, престани замолчен да бидеш.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
Мораше некои страници полни со лага да бидат избришани. Мораше токму пред пристигнувањето на Ѓорѓе картите да бидат отворени.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Бакнување на друго место (ненаведено) - ќе се наплатува согласно блискоста на невестата со лицето кое сака да биде бакнато.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Сѐ се случува во право време.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Бидејќи пак тој не мислеше да биде кодош на своите мариовки, и тоа Турци да ги продава, тој и не можеше да го дочека Велигден.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
За тоа велам: клето и проклето да биде тоа чедо кое не си слуша татко и мајка!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Истовремено, Бодуен-де-Куртене му беше еден од менторите на Мисиркова при изработката и одбраната на дипломската работа (1902), а исто така се залагаше тој да биде оставен на постдипломски студии на Петербуршкиот универзитет.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Не сум силна без тебе, нема ден, нема ноќ, сѐ е празно, убавината е илузија, реалноста е грдотија, животот е пустелија, а љубовта знае да биде сурова.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Си можел да оградисаш, да се дамлосаш, дрво брестово да се сториш, да согориш, под себе да бидеш, светлина да не видиш, ко јаре да блееш, човечки да немееш.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Темнината ја беше дарила својата помош за да го сокрие и да биде сведок на најдолгиот безвременски бакнеж.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сакам да бидам сигурен дека не се однесува за мене и дека не ми се готви реприза на случката со Кирил Ацев.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Постепено таа станала свесна дека нема да бидат никогаш среќни со мажот поради таа страшна вистина, колку и да се сакаат.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Ете, утре ќе одат пазарџии со штици, ќе тргнеш со ниј со едно магаре, оди ми со здравје, ама јас не одговарам за твоата глава, — се искажа Толе и го викна Гулета. Му го предаде Ѓорчета со два збора: — Човекот сака да биде мариовец и утре пазарџиа за Битола.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И покрај сите обврски дома и на работа, тој не престануваше да размислува што да направи, кој да биде следниот чекор кон повторно доближување кон Томаица, давање знак дека тој не се откажува така лесно, дека ќе направи сѐ нивната љубов да продолжи да живее.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Шаховската табла секогаш го чекаше, неговата маса во аголот беше секогаш резервирана; дури и кога местото беше полно, тој седеше сам покрај неа, затоа што никој не сакаше да биде виден како седи блиску до него.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Катето поцрвене кога му намниса за мажење, ама нели е женско и веќе во седумнаесет години, тоа знае дека така треба да биде.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Проблемот е во тоа што не знам колку силен треба да биде огнот за да биде светлината во сијалицата сина. Тоа е важно.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Ова воопшто не е само реторичко прашање, бидејќи, како што имплицира претходната дискусија, доколку следењето на правилата не треба да се смета за когнитивно достигнување, тогаш воопшто не може да се смета за следење на правила.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
А поминатата ноќ можеше да биде само онаа нишка, околу која, како во процесот на кристализирањето, се собираше сѐ за тие луѓе, кои тој сега ги гледаше од сите страни и во сите времиња и сега веќе горчливо си се потсмеваше себе си, кога ќе помислеше на својата самота, онака папсан од смеењето и испразнет од неговата експлозија.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
„Е, да знаеш, овојпат има!“ нервозно извика.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Чекаше да биде пуштена музиката на која требаше да танцува.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Најголем дел од тоа време го минав со Марија, новинарите и издавачите.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
А над сето тоа, сосем анонимни, беа раководните мозоци кои ја координираа целата работа и ги утврдуваа основите на политиката од која произлегуваше кој дел од минатото треба да биде зачуван, кој да биде фалсификуван, а кој да биде избришан.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Надвор од таму и далеку од сите тие злоќудни гости, кои сеат и жнеат невистини прости, развеани на ветрот бесни, како во сонот мој пак тој чувар да биде на иднината, на мигот на вистината, на слободата и мирот, птица-морнар вечен, за него да нема земја друга.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Сепак, Дишан не останува да биде „само интерпретатор на една теорија“.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Со неговата недоверба и со заплашеноста во него везден се мешаше и она неизбежно одушевување, без кое тој не можеше ни да биде.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Полека Џо. Дамата мора да ја смени масата. И други гости сакаат да бидат со неа, полека.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ми бидуваш ли? – отворено праша Луман и му се загледа на деда Бошка јатак да биде не сакаше.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Затоа, додека им се обраќаше на своите соговорници, настојуваше да биде блиску до нив, така што неговата посебност препознатлива во измешаниот мирис на тутун, урми и гел, што го употребуваше за густата коса, веднаш ги двоеше тие што беа околу него: реата уште во мигот или ги освојуваше или ги одбиваше.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Станува огромна таа грижа и се изразува во еден ѕид чија градба бара толку исцедена пот и толку мисли поврзани со тоа, за на крајот да бидеме затворени.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Ноќта ја минале со молчење.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не е зијан отсега да бидеш ибн Бајко.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ене го пусто да биде. Над лозјата во присојот. Тоа го викаме Бренското Чешмиче.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Зошто тој да биде жртва на таа моја трагедија.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Ми претставуваше вистинско задоволство да бидам таму, да ме гледаат, да ме препознаваат.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Моја ќерка Софи сега беше жива ако она не прави све да биде слаба.”
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Бев сосема излуден; навечер горев во треска, имав температура по целото тело, однатре, во утробата; го одбивав Земанек да дојдам кај него на спиење, оти сакав да бидам сам.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Да, во вистинските моменти, на работното место, а јас тоа кај неа го гледав како еден вид професионална деформација насочена кон докажување на својата подготвеност секогаш да биде во акција како полицајка.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Просенија последен пат некаде угоре, тоа дека беа над него го сети само по болката во преоптегнатиот врат, прошарија низ белината, која што немаше никакви други димензии освен таа вртоглава длабочина на матежот, која стануваше уште побездона од тоа, што имаше нешто во што можеше да биде впиен заталканиот поглед таму, под паднатото небо, кое не се разликуваше по ништо од наврнатата земја, се мернаа уште некој пат, а потоа врнежот се заклопи за нив и бесповратно ги скри.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Спремна да дарува и да биде дарувана со грст дозорна љубов.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ти би можел, како сите ние, да бидеш дел од нашиот историски процес.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Па така, ред по ред, некаде до осумте часот изутрина, од бунарите и од чешмите ги снемуваше сите садови.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
На испитаникот му се вели дека ТВ мрежите сакаат да добијат повратна информација за квалитетот на своите програми.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Можеби немаше сфатено, но со своето однесување тој идеално се вклопи во потрагата по задачи со кои требаше да се нагрби уметноста за да биде корисно употребена.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Секој може да биде зафатен ако е ставен на тапет.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
На подготвителното рочиште претседателот на советот, во однос на управувањето со постапката, ги има сите овластувања што ги имаат претседателот на советот и советот на главната расправа (чл. 274, ст.1 sq и ст.4 од 172 ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Не сме во Среден Век, па да тргува со тебе! Се прививаш: Мора да биде така. ***
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
А кога е осамен, а не сака сам да биде, ќе почне да си зборува со себеси: се борев, прашува, се бореше, сам си одвраќа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Успевајќи во својата книга да ја реализира оваа висока цел, авторот може да биде задоволен од себеси зашто со ова дело се дава неспорен придонес на современата мисла и книжевности во Европа.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Денес сигурно знам дека таа вокација во мене ја поттикнал мојот татко затоа што самиот сакал да биде писател, но судбината го одвела во друга насока: стана адвокат и професор по психологија...
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ја заклал жена си бидејќи ѝ се посакало и нејзе да биде една од коконите на Иван Степанович.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
62. Најдобриот начин некој да успее во качувањето на брегот е да биде рицар во полн оклоп - таков што од ударите на копитата на неговиот коњ врз падините на брегот молскаат искри.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Меѓутоа, првиот процес уште не беше завршен кога беа преземени сите мерки и беа употребени сите средства за да биде смислено скршнат и разнебитен од заинтересираните соседни држави, а револуционерното движење се појави дури откако националистичките пропаганди почнаа да го цепкаат народот и да го задушуваат токму тој процес на национално осознавање.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Теоријата тврди дека лингвистичките искази имаат смисла само кога можат да бидат корелирани со стварните состојби на нештата во светот.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Сакаш ли и ти да бидеш муслиман? Повели, јас подеднакво ќе те придружувам и тогаш.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Август нема да биде заборавен, оној Август од Виена луѓето долго ќе го памтат.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Поради сите тие причини, а најглавно затоа што Македонците за своето ослободување од грчкиот патрик и од Турција до последната руско-турска војна работеа заедно со Бугарите под името Бугари, а местата за таа борба беа околу Бугарија, т.е. во Стамбул, Влашко, Југозападна Русија и Србија, кои (места) помагаа во ослободителната работа најмногу да бидат застапени Бугарите, – помогнаа да се објави источното бугарско наречје за литературен јазик на Бугарите и Македонците.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Поточно, нивното здружено претчувство го окотило плашилото: рог во лак свиен на гуштерска глава, под тој рог две пакосни очиња, две жарки, студени и шашливи за да видат сè пред себе, под себе и зад себе заради тоа, доколку патувале по мрак и магла, се грбавеле и никој не сакал да биде последен во редот, без заштита зад грбот, и биле неми и сепак отворени за секој непознат шум.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Дури ниту мама не сакав да ја погледнам, кога ме замоли пред директорот и пред моите наставници да бидам пристоен.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
А не можам да бидам таму зашто ме измори сиот тој бизнис со умирањето.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
- Гледам девојчето како да ти презреало, а нејзиниот бунтовен ум како да не сака да биде сам, па бара свои следбеници.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ќе оставиш да биде што ќе биде. Ако не сакаш да ја расипеш магијата“, ѝ рекол тој учениот на таа царицата.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Беше една таква темничина, што се чинеше дека може и да биде гризната, а тие беа скаменети и заслушани но морничавите писоци, што настасуваа од сите страни, што ги обиколуваа со еден стеснет круг.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Знаев дека за кого било од учениците би била преголема радост учителката Вера да биде денеска нивна гостинка...
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Веста била удар од кој можело да се падне ничкум и да се гризе камен.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тој мора да биде отсечен од минатото, исто како што мора да биде отсечен и од странските земји, затоа што е неопходно да верува дека нему му е подобро отколку што им било на неговите предци и дека просекот на материјалните добра постојано расте.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Франц Кафка, една од најоригиналните и најмистериозните фигури на германско-јазичната книжевност на 20 век, на пример, сега е претставен со расказот „Селскиот лекар“, затоа што овој расказ може да биде поинспиративен за младите, поради неговиот од по рабовите на реалното и ониричкото.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Траеше предолго, за да може да биде некакво измерено.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тогаш Крсте се поштукна од умот и онеме, некои тврдеа војниците му го искорнале јазикот, и отиде да биде овчар во манастирот Трескаец, Прилепско, каде што, педесетина години порано, еден друг Акиноски беше игумен.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Секој првороден син бил убиван – му го сечеле главчето на новороденчето, го давеле во вода или го гореле во оган, го фрлале на кучиња или свињи.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
- Арамија, благо го поправив, зачуден како може да биде толку зелен.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Заедничките идеали за коишто се бореле, како и истата судбина што ја делеле по турските зандани, придонесувале солидарноста меѓу македонските заточеници, повеќе или помалку да биде редовно присутна.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Таков е обичајот да може и дете да биде нунко, па макар често пати да е нужно две жени од едната и другата страна да му го придржуваат кумчето дури попот пее над него молитви, зашто инаку сигурно би му паднало од раце на плочите од црковната паперта.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
И така беше го поминал целиот бел свет, оној старец, оној бригадирот Језекил, сиот бел свет, кон кого имал толку малечки барања онаа првата утрина, кога заминувал првопратено; со една тајфа тој отиде дури и во Канада, но ни онаа, другата страна отаде Океанот не сакала ни да чуе да биде малку подарежлива спрема него, и сега веќе не постоеше нидно место на светот, кое што не беше запознато со тој заговор: на она ситно човече од мајсторските тајфи да не му даде ништо повеќе само толку колку што му беше најнеопходно, не водејќи сметка за неговите крвави соништа барем еднаш да може малку подолго да здивне, барем еднаш малку да подзаборави на својата тешка копанка.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беше толку добро информиран, што не можеше никогаш да биде оптимист.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Да бидеш виновен за нешто што не си го направил.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Карактеристиката одлична. Проклет да бидам, карактеристиката беше најважна.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Се гледаше и тоа дека како и секоја друга девојка гледа конкуренција и сака да биде подобра.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Фрегеовската идеја може да се изложи на следниот начин: со цел смислата на изразите да им биде јавно достапна на сите говорници на јазикот, тие мораат да бидат определени, и според тоа, не можат да се состојат во она што индивидуалните говорници субјективно го подразбираат под нив.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Мислеше: да ја фатам планината, па да видиме кој кому ќе плати, стар сум, а и окото веќе не ми нишани; да побегнам некаде – нема каде, а и ако побегнам, тој ќе ми плати со крвта на некое од децата; да седне да чека да биде што ќе биде – ни тоа не му се сакаше.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Едноставно, жестоките и живи емоции на несвесниот детски ум беше тоа што неодоливо ги привлече.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Директна дискриминација е секое постапување условувано со некои од претходнонаведените законски основи со кое лицето било ставено, се става, или би можело да биде ставено во понеповолна положба од други лица во според- бени случаи; индиректна дискриминација постои кога определена навидум неутрална одредба, критериум или пракса, работникот го става или би го ставила во понеповолна положба во однос на другите лица – поради определено својство, статус, определување или уверување (чл. 7, ст.1-2 и ст.4, ал.2 од ЗРО). 4.  Во зависност од: степенот на одговорноста на работникот, условите под кои е направена повредата на работните обврски и на работниот ред и дисциплина, поранешната работа и однесување 79 на работникот, тежината на повредата и нејзините последици – работодавачот може на работникот да му изрече парична казна, која не може да биде поголема од 15% од последната исплатена месечна нето-плата на работникот, во траење од еден до шест месеца (чл. 84, ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Неговите сили ископнуваа полека и жилаво, оставајќи по себе една пуста болка на увиснатост само во рамената и во тоа како можеа да бидат држени издолжените раце.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сега вие гледате - и не бидете изненадени ако барајќи ја загубената нитка го пронајдете Загубениот акорд, Загубената генерација или Загубениот баталјон од Првата светска војна, десетте изгубени племиња на Израел (коишто во своите ранци ги носат двете загубени книги на првобитното Седмокнижие), загубениот континент Атлантида, Луј XVII (Загубениот дофен) од Франција, илјадниците исчезнати од латиноамериканските диктатури на нашето време, делата од класичното доба изгубени во христијанскиот мрачен Среден век, загубените ремек дела од уметноста и науката коишто веројатно би ги произвеле жртвите на нацистичкиот холокауст, загубените градови во Африка, разните загубени илузии, прилики и цели, загубената младост и сон, загубените уметности и јазици, загубеното време кое никогаш нема да биде повратено или надокнадено, целиот восок којшто Бенвенуто Челини го изгуби додека излеваше накит според методата која се вика cire perdue, а на што вашиот автор без пиетет се сеќава секогаш кога ќе ги здогледа рекламите за производите на живинарскиот концерн од Мериленд, „Франк Перду“.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Исто така, иако досега не била активна на поле на работничките права, таа е свесна за предноста од организираното и заедничко настапување пред работодавачот, во форма на синдикат, и во иднина би се вклучила само во некој независен синдикат, ако за тоа ѝ се укаже можност (бидејќи ССМ не ги признава за синдикат!).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Чудно е зошто Анакреон молел да му се наслика неговата возљубена со нејзините црни плетенки и уште молел, доколку воопшто можело да се изрази тоа да биде насликан и мирисот на миртата што ја опкружувал.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Вистинските уметници се ретки. Поради тоа мораат да бидат претставувани и поддржувани.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Не е и не може да биде вистина.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Тужбата ја има доставено лично тој самиот во 2000 година, и во судскиот процес пред стварно и месно надлежниот Основен суд – Скопје I,4 Анчевски не беше застапуван од никого, туку сам ги преземаше потребните дејствија.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но и да го знаев тогаш тоа што подоцна се дозна зар ќе бев поумна или поправедна?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Централното или велешко-прилепското македонско наречје никојпат не може да биде по своите особини однесено кон српскиот јазик, зашто меѓу него и централното српско-хрватско наречје или сегашниот српско-хрватски јазик има исто таква разлика како и меѓу чешкиот и полскиот јазик.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
А тој надуењак чорбаџиски, ако нејќе да биде цигански кум, нека излезе од верата рисјанска надвор, нека згази на адетот!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Ништо не беше како некогаш, но и не можеше да биде, во Мајкиниот дом.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тоа не мора да биде Некогаш одамна, итн. „Зарем?“
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Но колку далеку може да биде таа иднина не се знае. Можеби илјада години.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Велам: и ако сум таму? (Зашто сето ова го мислам со тајната предност да не сакам всушност да поверувам.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Но гневот во мене растеше, и некое чудно чувство дека сум употребен ме опседна: ме опседна чувство дека не било толку тешко да се дојде до Луција, дека таа ова истото го правела под маската на недопирливата Луција, и јас решив да се одмаздам на најглупавиот можен начин, на начин на кој може да се одмазди само млад маж кој не преспал со жена; во моментот кога требаше да бидам во Луција, јас ѝ го ускратив тоа задоволство; таа мижеше и чекаше, но ништо не се случуваше.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Нешто се напнуваше, нешто не можеше да биде задржано, а после, сосема наеднаш, по сета негова внатрешност избликна од некој скриен вир во него и се плисна по неговото лице, едно чувство, од кое сега почнаа да му лазат некои меки, едвај осетни допири под очите, тоа го зајазлуваше неговиот здив, сѐ додека сиот не се згрчи и не препукна во едно придушено липнување.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се погледавме пламено в очи. Проклет да бидам, пламено.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
А ти, ела малку по мене“, и Башмајсторот замина покроце кон бараката, зборувајќи како за себе: „Си нашол работа, аирлија нека ти е, само мене ми е страв да не би да биде ова сѐ што ќе ѝ однесеме на мајка ти“, а оној едно време гледаше по Башмајсторот, се подвоуми, Башмајсторот ниеднаш не се обѕрна да види доаѓа ли овој по него, чекореше спокојно, и најпосле оној замина кон бараките.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сакаше повеќе од неа, сакаше повеќе надвор од неа, сакаше таа да биде некоја друга, сакаше да бара и да најде некоја друга, а не неа.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Дискриминацијата, меѓу другото, е забранета и во однос напредувањето во работата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Требаше славомакедонскиот јазик да биде забранет уште порано.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Во нејзината оценка беше присутна пред се поуката. – Знаеш, сине, таквите игри можат да бидат и непријатни! - Зошто? - прашав.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Бојс имал намера овој принцип да го примени „не само на уметничките форми, туку и на општествените, правните или економските форми па дури и на земјоделските... или образовните проблеми“.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Како што е поучен Маркс може да биде поучна и библијата со она дека сѐ е само суета.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Потсетуваше на ветерот на времето, што фучи во делфските пештери за да го каже она што морало да биде вчера, што мора да биде денес и што ќе биде утре.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Костадиновска, која е добро информирана за своите работнички права, одлучно истакнува дека и во иднина, без двоумење, би тужела доколку ѝ биде повредено некое законски гарантирано право од работен однос.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Постои извонредна кратка СФ приказна, за жал не се сеќавам на името на авторот, во која е пронајдена камера која може да биде поставена на снегулка.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Уште долго го носеше оној мраз во своите жили, имаше еден таков впечаток за себе, додека се валкаше преклонет по удолницата, не ни забележувајќи ја длабоката крвава ораница во снегот, како божем таа да беше нешто далечно од него, како тој воопшто да не беше причината за неа, чувствувајќи се мал за тоа да биде некаква причина, и сега веќе не очекувајќи ништо од тој ден пред него, кој можеше во себе да крие нешто за секој друг, а за него тоа беше само еден празен ден.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Не очекуваше да го најде во ниедна од тие зглопки, што ги освои толку внимателно; па сепак, и не мислејќи, тој го правеше сето она, што требаше да биде сторено кога се оди на еден вака голем лов.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Со тоа, ја лишат публиката од можноста да биде во улога на заштитник на избраните ликови од делата.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Тешко е да го задржам погледот и да разберам дека колку и да се трудев да бидам среќна да уживам во моментите на задоволство имав чувство на непријатност, неприродност и грижа од вината дека тоа не го заслужувам.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Да ги избркаме маглите и облаците и чадот кренат од оџаците, и насекаде да биде речено: сонцето има да грее непречено.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Кулата требаше да се гледа од сите страни на светот и да биде украс на царството нивно.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
- Прекина, запали цигара, испушти сивкаст чад низ нос и продолжи: - Значи живи цели кои можат да бидат откриени, цели кои можат да бидат покриени, значи лажно скриени, подвижни или одеднаш ќе се појават.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тогаш ќе можев да бидам сигурна дека таква ќе ме сакате.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
И уште повеќе. Мислам дека можам да седнам тука, а да бидам во Сеул каде што барам ресторан во кој сервираат мали печени кучиња, тогаш заклани, каде што можеш дури и да си одбереш некое од кафезот што истовремено е и витрина и тука да ти го заколат и да ти го зготват.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Имаат изразито потенцирани заби. Можат да гризат и да бидат опасни.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
И по два пати колевме шилежиња за да биде топла кожата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Таа како и обично си сакаше познати фаци, а мене не ми се баш секогаш на приоритетна листа но, што е тука е, таа се запали на него, а јас морав или барем требаше да бидам пријателка и да ѝ правам друштво.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Откако дознаваат за ова, раководните структури во НУЦК, исто како и претходно, остануваат сосем рамнодушни но, во одговорот на тужбата, тие се повикуваат на тоа дека немаат пасивна легитимација т.е. не можат да бидат тужени,8 затоа што Министерството за култура како потписник на договорот за закуп или, пак, трговското друштво С. Р. С. ДОО како последен работодавач во конкретниот случај, а не НУЦК, е всушност оној кој треба да биде тужен [т.н. приговор за res inter alios acta].
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Уште сум далеку од станот, брзам, а потоа почнувам панично да трчам.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Притоа одредуваа еден од делениците, тоа најчесто бидуваше најмладиот од браќата, кој да биде непосветен од Организацијата и кој да се грижи за доброто на сиот сој.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Пак се соочуваме со морални проблеми, како модернитетот и да не постоел: фрлени сме назад кон индивидуалната одговорност.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Не можеме да ја превидиме новата порака на квантните истражувања, според кои свеста игра активна и неделива улога во она што го познаваме како физички универзум.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Однекаде се најде и цвеќе, дојдоа и другарите, референтот за спорт и култура другарот Дервутоски, референтот за општи работи другарот Вецески, другарот Елимоски, другарот Лажоски, направивме еден митинг во чест на другарот Анески, нашиот Ѕвонар. Проклет да бидам, митинг.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Јас ги гледав моите сестри – летото што измина тие четирите, без да ми кажат дека се подготвуваат за тоа, заминаа да чуваат деца кај германски семејства кои живееја во Париз.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ако еднаквоста меѓу луѓето треба да биде одбегната засекогаш - ако високата група, како што ја нарековме, сака да го задржи своето место засекогаш - тогаш, преовладувачка ментална состојба мора да биде „ контролираното лудило“.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
А кога неговите идеолошки противници, поради навредите на Де Гол, ќе побараат од него големиот филозоф да биде уапсен, прекалениот водач и војсководител ќе истакне дека вистината, не може да се апси, колку и да биде таа горка И започнав, на само една бела страница, да ја пишувам својата вистина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ја прашав Луција зарем не е поумно да води љубов со мене, одошто да биде нивни активист.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Младичот се дига од плочникот и им се доближува пополека. Цеце се врти.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
- Јас обожавам да скијам – не сум како него – одбивав да бидам ставена во истата група.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Во општество во кое натпреварот во основните културни добра е стожер на делувањето, луѓето не можат да бидат научени да се сакаат меѓусебно.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
На Балканот секој збор, колку што е илирски, може да биде римски, грчки, македонски.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
По изрекувањето и доставата на пресудата, не е покрената жалбена постапка од тужената [незадоволна] странка, но „Охис Пласт М“ одбиваше доброволно да ја спроведе веќе правосилната и извршна мериторна одлука во пракса – па пресудата мораше да биде спроведена присилно, преку извршител (Б.Кипровски), за што работодавачот плати и дополнителни трошоци, како и не така мала извршителска награда согласно Извршителската тарифа. ***
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
- Ништо не може да биде прескапо за мојата внука. Убавината мора да биде наградена со убавина.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Четириесет и две години откако под портретот на Мона Лиза го напиша овој криптограм, тој објасни дека слободниот превод (на овие пет букви) може да биде „доле има некаков оган”.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Тој не разбра дека континуитетот на една олигархија не мора да биде физички, ниту пак застана да помисли дека наследните аристократии биле секогаш кусовечни, додека пак приспособливите организации, каква што е Католичката црква, понекогаш опстојуваа стотици или илјадници години.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Всушност тоа се ѕидови-огледала, кои просторијата ја прават бескрајна, а она што е меѓу нив, да биде испомешано со триста испозајмени слики.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Откако Татко му насипа на Камилски ракија во чашката, а себеси мастика, рече: Така требаше и да биде!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Оти Господ кога словото го пратил, за луѓе го сотворил, и водел сметка од луѓе да може прочитано да биде“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
- Значи ќе престанеме да бидеме селани?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Со врвот од прстот тој крена едно распознатливо зрнце од белузлав прав и го стави на аголот од корицата, каде што мораше да биде истресено ако тетратката биде подмрдната.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Често пати го обвинуваше него ако се случеше нешто на ова место, како на пример, ако пор или ракун фатеше пиле, а тоа можело да биде спречено од претпазливоста, или од надзорот на Тито.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Некој сака да биде, а не е. Е, па, не е и не може да биде.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
- А кон пладне намина божем случајно доктор Пачев за да прашал кога последен пат сум ја сретнал Пеперутката. Реков: вчера. Со несигурност во гласот. Иако можев да бидам уште понеодреден.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Симон Наконтик, в темница уште повретенест, стоел над него, веќе чекал да биде повикан.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ама мајсторот Миклош тогаш рече: „Стани, Бошко. Да бидеме разумни.“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ништо поцврсто не ги поврзува луѓето, како делењето длабоки чувства.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Се трудев да бидам најнормална, едноставна и опуштена како секогаш.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Од четири петстотини души не можат да бидат повеќе, — ја направи точната сметка Бахтијар.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Зимата на 15 февруари тој се врати. Тоа беше изутрина, бевме во строј. Ја пеевме химната. Проклет да бидам, химната.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Сепак, добиените податоци ја потврдија претпоставката дека почетна особина на црните луѓе е да бидат непрепознатливи меѓу останатиот свет.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Но и Арафат не можеше да биде исклучен од шемата на кривата на владеењето, колку и да беше нејзиното извишување подолготрајно и понеизвесно во светот, насочено кон својот крај во слободна Палестина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тешко е да разбереш кои се. До вчера, сите сакаа да бидат Турци.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Инаку, вредно за спомнување е тоа дека уште пред тој да го покрене спорот, веќе не работеше во фирмата – бидејќи раководството на „Охис“, претходно му понуди околу 2.000 ЕУР отпремнина за тој да биде прогласен како технолошки вишок и „доброволно“ да го напушти работното место, но сепак не спомнаа ништо во врска со намирувањето на платите кои му ги должеа од порано.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Пелагија клечеше крај неговата глава, го оплакуваше во себе, без глас и без солзи, оплакување што повеќе беше монолог отколку дијалог, всушност не кревајќи ја главата, чувствувајќи со снагата и слушајќи со ушите што се случува во одајата, кој доаѓа и кој заминува, таа му вели на старецот и се надева дека немите зборови што ги пушта во отворените очи во кои сега светот е сведен на таванот, дека незнајно како тие стигнуваат и до оној дел на старецот што уште не е заминат, а и до неговата дебела половина, до бабата Петра, која во мигот го слуша ритмичното вртење на тркалата од возот Ти дедо Костадине ја сврши најдобрата работа така да знаеш ги откорна бегалците од овој батак и ги упати назад во коренот во здивот на дедовците не е важно што ти и јас остануваме тука така ни е пишано зар не така ни било чкртнато да останеме во проклетава рамница за да бидеме дира на нашето талкање оти колку сакаш кажувај му некому дека си бил таму и таму си проживеал тоа и тоа ако не оставиш потврда за тоа како што направи сега ти кога ги напади сите во брегчињата и ритчињата на Македонија а ти остана тука каде што не сакаше да останеш за што јас живата и осрамотената ти сум бескрајно благодарна што ќе бидеме заедно ти во меката кална утроба на земјата јас земјосана калосана врз земјата со тоа што знам дека ти уште сега јуриш да го стигниш возот за да бидиш заедно со твојата благородна баба Петра и внучињата додека твоите коски ќе бидат тука додека еден ден не заминат со мене и не тагувај нема в земји да те положам додека не најдам такво место какво што бараше ти биди спокоен смири си ја душата пушти ја да ѝ биде поткрепа и надеж на баба Петра а ти како што гледаш не си сам не оти јас ти седам над глава туку ако смогнеш сили да ја свртиш главата ќе видиш дека одајката ваша никогаш не била пополна со луѓе отколку сега оти тука се сите што те сакаа ама и оние што те колнеа кога се затвори во вагонот Папокот Корнулов за кои не се знае уште колку ќе останат тука оти се шушка како некои вагони на товарниот колосек се полнат со секакви шејови тука е и Друже Србине кој се радува што не си замина со другите мисли дека барем овие што не се заминати ќе останат со тебе и да знаеш мислам дека е во право зашто еве јас ќе бидам тука Танаско децава школнициве цела година ќе се ловат по широкиве и празни улици! сака да го продолжува својот монолог ама одајчето е полно со тела и врева и таа не си ги слуша мислените зборови, мислата ѝ ја запираат, ѝ ја раскинуваат.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Креветот и комодата укажуваат дека се работи за спална соба и Duchamp ја набави таа цврста лимена спална соба откако со невнимание, 1914-1915, ја скрши нежната стаклена спална соба (свадбената ложница, да бидеме попрецизни).
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Каде ни се заборавените зборови пред кои запиравме како пред можност да се најде изгубеното каде се зборовите дрочни со смрчки зборовите што нѐ попрскуваа со нектар и семе по крилцата и ципите срамежливи и бесрамни зборовите заради коишто капаците би си ги склопиле и би се префрлиле слободно во другото тело како во свое во своето како во туѓо по архимедовиот закон со озрачени души да не останеме полуживи и сами вечно и од јазикот да се откажеме доброволно, како од љубовта при сѐ што сакавме да бидеме заедно уште, огин-и-ништо залудно!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Кога кловнот ќе престане да биде смешен, треба да се прости со животот.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Инјекциите не паѓаат на товар на ФПИОМ, а тоа значи дополнителен месечен трошок за Ф.И.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
“операции кои не се нормални“ и кои не можеле да бидат изведени безбедно или успешно од другите владини оддели.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Еднаш тој дури можеше да мисли дека тоа е само едно обично запознавање, во кое можеше да биде направено и првото одмерување, или уште и првото бележење на прогонетиот и прогонувачот. Беше некоја утеха.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Да бидам искрен, го насетив парадоксот и добив желба да направам - и јас, недостоен раб Божји - свиден и битен пресврт што сликарски, што духовен!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Ако таква интерпелација биде поднесена, рекол тој, „мојот одговор нема да биде тежок“.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
А тоа се пред сѐ: добро да учите, добро да се однесувате, да развивате кај себе работни навики и да ја сакате работата, да бидете уредни, да бидете добри другари и слично.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Тој и седнувањето за јадење не го сакаше, зашто тоа бараше барем за момент да биде мирен.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Галебот што на сонце си ги чисти крилата треба да биде оставен на мир, а не да му се каже ‘значѝ; него тоа го боли.”
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Пелагија ѝ се обрати на Перса со молбен глас Мајко Персо, овие сандуци со свои раце ги направи Танаско и во нив чинам е сиот мој живот, голема молба имам да бидат во одајчето со нас покрај твојот убав старински мебел!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Поарно сега да мислиме како да ги усреќиме вештерките, оти понекогаш можат да бидат негостољубиви.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Кога роси и дете кога си игра на улицата И мајка од некаде кога довикува И златна јаболка во дворот кога се ниша Излезете на молитва За вечен да биде таа слика Зашто по многу време ќе застанеш под прозорец И гледаш: Веќе е есен и детето во тебе го нема И пред тебе и сушата и лисјето венат и ниту роси и којзнае каде е Магдалена...
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
„Од умна болест“ , одговараа а тишината се повлекуваше и ги оставаше шепотите смрзнато да висат над нив, да ги дави, да им ја пие супстанцата, да биде куп гнили крпи околу гнили мумии.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
„Контрола на билети“, ми вели еден што повеќе прилега да биде истерувач во диско, а јас глупава и по малку глува, блеам во него како недоветна, да не речам мутава, а тој ми ја граба картата од рака, во која сум го стиснала несвесно... и ми ја враќа.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Поправките, со исклучок на оние што можат да бидат извршени своерачно, требаше да бидат одобрени од далечни комисии кои умееја да го задржуваат дури и заменувањето на обично прозорско стакло по две години.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Не можеме да бидеме странци еден на друг, да потрошиме цел еден живот и пак да останеме туѓинци.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
На непријателот да му легнам здола! Тоа не! Само тоа не може да биде!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Тоа се прави преку изведување на значење во нивото на свесност на тој начин што: ... верувањата и желбите на луѓето стануваат доволно кохерентни и добро организирани за да заслужат да бидат наречени животни определувања или „начини на живот“, и на таквата кохеренција се гледа како на „диспозиции“ кои ја карактеризираат индивидуата. (Bruner, 1990, стр. 39)
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Може да биде сосем спротивното на тоа што го реков јас погоре за комитетите, т. е. тие се готови да ѝ дадат на Европа секакви гаранции Македонија да не се соедини со Бугарија, но тие никојпат не ќе се согласат да се упразни во Македонија бугарскиот јазик и бугарското име во полза на централното македонско наречје и името „Македонец”, со други зборови, тоа што го реков јас дека имало само еден чекор од таа положба што Македонците и македонските комитети по македонското прашање се држат кон Бугарија, па до полното отцепување на Македонија и Македонците од бугарските национални интереси, не е право, зашто не еден чекор, ами цела пропаст го одделува едното од другото, и комитетите ќе покажат најсилно спротивставување на новото течење; 2) ако се допушти оти комитетите никојпат нема да се согласат со упразнувањето на бугарското име и јазик од Македонија, а заедно со нив против новото течење ќе биде и целата македонска интелигенција со бугарско образование, тогаш од каде ќе црпи сила за себе новото течење?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Солуцијата може да претставува комбинација на автономија за населението свесно за својот посебен идентитет со економска слобода на поголема област и со слободен излез на Солун.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Или, со други зборови, компјутерите се способни да синтетизираат алтернативни светови, што ги проектираат од алгоритми, т. е. од симболите на калкулативното мислење, коишто можат да бидат исто толку конкретни колку и светот што нѐ опкружува.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Винстон, покрај редовната работа, секојдневно минуваше долги часови над комплетите на „ Тајмс“, менувајќи ги и разубавувајќи ги написите што требаше да бидат цитирани во говорите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Вујна Клементина сонуваше и момата Ервехе, како и нејзиниот брат, а и полубратот, да студира во Италија, во Рим или Римини, или во Бари, најблиску што можеше да биде, преку морето.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
А тајната на слушање на срцето е во вербата во самите себе.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Оттаму, мојата врска доктор ме одведе кај професорот да ми се направи една гастроскопија по колоноскопијата, а кога по пат го молев да ми каже колку може да биде болно, тој низ насмевка ми рече дека оваа претстава што бесплатно ја изгледал долго ќе се раскажува по кабинетите и дека лично тој ги сокрил пешкирите со нормална големина и дека оној во костумот бил само колатерална штета.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Треба да најдеме време да го обоиме сонот и животот, не црно бел, туку со сите колоритни бои и нијанси, Да си направиме свое интимно светилиште и да не дозволиме да ни биде украден сонот и животот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Сиот вилает, сиот Балкан, станувал сѐ повеќе прогонета волчица скучна од сомневања дури и кон својот род и пород, бил скаменето животно со душа благословувана само од пеколот - се раѓа на камен, живее на камен, ги лекува раните на камен да биде еднаш живот или вечна смрт; лежат кратовските кули на беговите врз прастар вулкански кратер и лежи на ист таков кратер Лесново со својот манастир, истината лава се купите и излеаноста над Мрежичко под Кожув, над Добро Поле под сенката на кајмакчаланските облаци и на Стара Чука кај Стојаково во Гевгелиско, во преспанските води се огледува со тага варовитата Галичица, Крушово е камен на камен; бегале пред исламски зулуми Мијаците од Дебар, оние од Река и Власите од подалеку и кревале своја крепост, се криеле во ниски врби на смирени варовници и по прнари Брсјаците, но и едните и другите, и исто толку и многу повеќе господарите, ги секле шумите, се градело, се горело, им се носел лисник на козите, потоа од планините се урнувале порои скрка и ги покривале неговите житници, на тој лом да се множат жолтогрлени гуштери и црни скакулци со тешки утроби - се шират степски и пустински површини, земјата уште само со прнар се закитува.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ми велеше: „За децата го правам ова, да бидат горди на мене“.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Од секоја свадба, каде што оди сводник, добива по едно рало чевли, и тоа некаде со голема пот заслужени, а овде ќе оди на готова работа, колку „нишан таши“, да не се рече оти зетот сам сводник си бил, што нема да биде лага.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Но ова е многу проблематично, „затоа што дури и повикувањето на идеологијата во една акција не може да биде доказ дека таа е и причина на таа акција“.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Режимот не можејќи да се соочи со неизбежниот пораз во рамките на тоталната изолација, настојуваше да се потврдува во градењето на бесцелните музеи, за нивната апотеоза да биде во Атеистичкиот музеј.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Таа клечеше пред мене стрештена; побледе; потем стана, понижена, ја зафрли бесно косата на грбот со едно движење на главата (беше расчешлана, подготвена за следната точка: бабарскиот обред, каде требаше да биде невеста), и рече: „Добро, Јан Лудвик.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Излегува дека човекот мора да биде насочуван, но многу е важно од кого и кон што.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Во идниот момент беше дури и поодреден: тој сметал дека трагата што ќе го доведе до татко му веројатно водела кон борците што гостувале во нивниот дом по онаа позната борба зад Сина Скала.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Во времето кога „Танцот со волците“ конкурираше за наградата на Академијата, оние кои навистина сакаа да бидат во тек со настаните знаат дека учеството во ова веќе започнато национално преиспитување зависи од нивната идентификација со оние „другите“, маргинализираните.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
- Слушај што ќе ти раскажам. - Добро, - се согласи таа, - да биде долго и интересно.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Чекаше да биде готов вујко му и гореше од желба што побргу да се јави на Слива и да ги види витолишките планини, покриени со вечно зеленило, а под нив селото, покриено со редок дим од двесте огништа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Така смеејќи се, виткајќи се од смеа, заборави на казните, со двете раце сопирајќи си ја смеата рече: - Е, Леме, проклет да бидам, не се родил поголем шегаџија од тебе во целиот свет!
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Покрај ова имаше воспоставено и некаква премолчена традиција на класични злоупотреби на законот пред кои замижуваа локалните трудови инспектори – како на пример: Триманова, а и други работнички, преку две годи- ни работеа „на црно“ т.е. непријавени во АВРМ и за ова време 281 немаат никаков платен стаж или, пак, придонеси за осигурување;3 работничките, кои земаа мизерни плати од 6.000 МКД4 – работеа по десет, а понекогаш и по 12 часа, а беа пријавувани дека работат со скратено работно време од само четири часа;5 на вработените, кои работеа и саботи и недели, не им беа исплаќани ниту храна- рина, ниту патарина;6 имаше и малверзации со картиците за евиденција – па така, кога работничките остануваа прекувремено или кога работеа за викенд им беше забранувано да се „откуца- ат“ – што значи нивната работа никаде не се евидентираше, па според тоа и не се плаќаше; законски загарантираната дневна пауза од половина час им беше преполовена и сл.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Само, овде ќе мора како предлошка да биде некој женски сон, па ќе искористиме еден што го сонувала мојата полусестра.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ни автобус ни тролејбус ни такси ни кола ни мува*** ништо* само снегулки како инсекти околу уличните сијалици кои некогаш светат а некогаш не*** но сеедно* снегот заземјен сјае на дното на небото како фенер на импресионистичка слика*** тишина* и траги од волци на планината * а овде и сега само очи зад прозорските монитори** '140 помножено со 140 * термопан* рамен екран * 1024 by 768 pixels * 20-20 vision * Филипи * соседи итн. итн. некој родител впрегнат во санка со која управува дебело дете снегот длабок и бел* влажноста идеална за грутки со кои децата се груткаат сѐ додека влажноста на алиштата не стане идеална за стап*** а потоа молк* вонземен и вонградски* лебдење како снегулка и паѓање и топење на дланката на перницата во апаурински сон од 5 милиграми * * * Ни чувство за време ни интерес како на планина во дрвена куќичка со дрва за огрев во визбата и со пес чувар кој не лае без причина * * * сè е замрзнато но така мора да биде сè е бело но како поинаку да биде тополите се високи и се први на удар баричките се смрзнати и велат: судар *
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Не за друго, туку дека таков редок примерок не прошетал пред нив, а тие треба да полагаат на него и на неговите долги, тенки и дебели кои, ако не куртулат, нема да бидат ни за кукурек.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Јас мислам оти ние треба да бидеме лојални кон Турција, но претполагајќи оти турското правителство и народ ќе разберат најпосле оти интересите на нивната држава во Европа се совпаѓаат со нашите и зависат најмногу од нив, а не си противречат, и затоа Турците први ќе треба да го докажат искреното сакање да се во мир со нас и со тоа да ја заслужат нашата поддршка на нивните интереси.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Знаете каква може да биде ноќта без свеќи, без сијалици, мапи, распореди.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Добро, не баш само нам туку и на клинците од соседната улица. Може и кралица да бидам“.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Сѐ што се случува во селото: добро или лошо, се случува на него: преку него врват и свадби и свадбари, и погреби и музики, и арамии и војски, по него во селото доаѓа една власт а си заминува друга, по него се испраќаат и пречекуваат луѓето за војници, печалбарите по светот; на него седнуваат старци и старици да се топлат на сонцето, на него везилките од селото се собираат да везат и пеат; на него се читаат наредбите на власта, по него се тркалаат бочви за да киснат во езерото; крај него се садат муренкови стебла за сенки; на него говедарот го собира добитокот за пасење; којшто ќе дојде од градот или околните места да купува и продава, на него купува и продава; тесните сокаци: одат кај ќе им текне; се кршат, се извиваат, се провираат меѓу куќите, кружат и пак одново се враќаат и излегуваат на широкиот пат крај езерото; по отпадоците што се фрлаат на нив, се знае која куќа што готви за јадење која што заклала; која бара заскитан добиток или деца, во која се веселат, а во која водат војна; по тие сокачиња, ако си невнимателен, можеш да се чукнеш во столче, во синија, во каца, во кош, во тезгере, да се слизнеш на лушпа од тиква, од лубеница, од лепешка; да цапнеш во бразда што одненадеж ти излегла, да се сретнеш со натоварено добиче со кое не ќе можеш да се разминеш; да ти лавне одненадеж од некоја порта куче, да те запраша некој кој си и кај одиш, да те викне некој што започнал сам во дворот да пие; низ нив и зиме и лете струјка ветер од езерото и шишти како низ тутурка, како низ оџак; галеб кога ќе се најде во нив, креска како да се загубил; боите на куќите: сината: луѓе вљубени во езерото, во мирнотијата, во спокојот; мудри, темелити, неизбрзливи во ништо, сигурни во она што го прават и говорат, верни на она што го преземаат или ќе го наумат; добри, предобри, душицата како на дланка да им се гледа; засакаат ли нешто - се врзуваат за него трајно и за век, како што се врзуваат земјата и историјата; зелената: скитници; непостојани во сѐ: во потфатите, во работата, во мислите, во духот, во зборот; она што го започнале денеска да го кажуваат, ќе го завршат вечер, утре, или никогаш; не држат многу за ред, за збор: зборуваат за работи што не им се доволно јасни, одговараат на прашања пред убаво да размислат, решаваат пред да бидат наполно сигурни; слобода и ширина имаат во сè; жените со рулче на раце или на босици седат на прагот; децата им мочаат кај им е ќеф, седат на прагот или скитаат по сокаци; очите им играат како во масло.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Историските околности неминовно водеа до загубувањето на Србија за Бугарија во корист на Немањиќевците и на српството, прво во политички, а после и во национален однос; а историските околности создадени од Берлинскиот договор направија Македонија да биде загубена за Бугарите, прво во политички однос, а после и во национален.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ако овој долг се осознае, ако обединувањето на нашата интелигенција со бугарско, српско и грчко образование се постигне, ако се парализира работењето на пропагандите и се успее тие сосем да се отстранат од Македонија, ако се установат добри односи кон сите македонски народности и се подобри политичката и материјалната состојба на Македонците, тогаш, при сите дадени жртви, ќе можеме, покрај другото, да бидеме задоволни од едно: востанието ни ги отвори очите за грешниот пат по којшто одевме досега, по којшто ќе одевме и за напред, и без востанието сами ќе подготвевме почва за дележ; тоа ни ги отвори очите за многу наши нужди што и не ги претпоставувавме понапред.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Поетот не успевајќи да му се наложи на другиот предел, барајќи одговор од историјата и разбирајќи дека таа не може да биде компензација за изгубената земја, одговорот ќе продолжи да го бара на неизвесните патишта на универзалниот егзил, на некој можен премин на минливоста, на премин меѓу материјалното и метафизичкото.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Не се плашиш дека сите треба да бидеме еднакви?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А кога сеќавањето откажало и кога записите се фалсификувани - кога сето тоа се случило, тврдењето на Партијата дека ги подобрила условите за човековиот живот мора да бидат прифатени, затоа што не постоеше повеќе и никогаш повторно не ќе може да постои каков било стандард со кој тоа ќе може да биде проверено.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Само требаше да бидам трпелив и да чекам. Да дочекам.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Додека гледаше во моќните раменици на О'Брајан и во неговото лице со груби црти, толку грдо а сепак толку цивилизирано, му беше неможно да поверува дека тој може да биде победен.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Климент Камилски никогаш не го прашуваше Татко кој е на сликата, но сега помисли дека тоа може да биде само Али Фети Окјар и никој друг.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
- Колку ми е срам! Поарно да не сум жив. Отсега нема да бидам таков!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Старите, дискредитирани водачи на Партијата имаа обичај да се собираат таму, пред да бидат дефинитивно погубени.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Можеби дури ќе успеете и да го заборавите додека се шеткате меѓу несмасните надгробни споменици од осумнаесеттиот век, понекогаш налик на вазни, што можат да се добијат на некоја уметничка лотарија, но почесто личејќи на облаци вкаменета пена од прашок за перење; потоа меѓу надгробните споменици од деветнаесеттиот век, интересни поради мешањето на рускиот класицизам и уште по нешто руско, се чини, духот на апсолутизмот и, најпосле, помеѓу надгробните плочи од последниве децении, неромантични, каков што е обичниот алат.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Србија шумеше, а Бугарија работеше. Да бидеме појасни. До Српско-бугарската војна во 1885 г. Бугарите тихо работеа во Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Како и да е, важно е само тоа дека тоа не господ знае што означуваше за да не може да биде заменето со друго.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ако рационалното објаснување не мора да биде она вистинското, туку само едно можно, плаузибилно објаснување, тогаш, “повикувањето на идеологијата при поединечните или заедничките (идеолошки) акции не може да биде валиден доказ за причинско-последичната врска меѓу идеологијата (идеолошкото знаење) и (идеолошката) акција на поединецот”.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Во тој случај, пропишано е дека вкупниот износ не може да биде повисок од правото утврдено при првата исплата (чл. 9, ЗИПРМ/94).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Нешто се тресе во водата ладна стружанка млада широкоградна камен од бубрег во бешика спадна голем ко орев го измочав падна Во Струга сакам и плажа да имам да не плаќам данок пари да зимам езеро чисто јас да благословам нелегално пастрмки со мрежа да ловам Оф леле леле либе ле Дримот ги лади јајцата две виршлата веќе одамна се свари за тебе ќе пишам на старост мемоари Донеси либе пиво од туба да заблажам душа и слатко од дуња облечи вечер свечена руба од сите ороспии да бидеш најубаа
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Бројот на извршителите за подрачјето на основниот суд го определува министерот за правда врз основа на претходно прибавено мислење од претседателот на основниот суд – за бројот на правосилните и извршните одлуки на 45 основниот суд, а од Владата на РМ – податок за конечните управни одлуки кои гласат на парични побарувања кои би можеле да бидат предмет на извршување, како и по прибавено мислење на Комората на извршители (чл. 31, ЗИ).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
На одење Јоне му рече: Кога ќе ти се здодее да бидеш сам – дојди, ќе ти кажуваме смешки и песни.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Сакам ороспиите да бидат што подалеку од театарот затоа што тие, со своите впечатливи бои, со нагонот за брзо ширење и со цветањето во секое време, можат да го заведат истиот, па потоа, нешто слично како Жан во пиесата на Стриндберг, да остане засекогаш покриен од гнилежот на нивните најситни потреби...
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Но, вистинските ангажирани и автономни „синдикати без лидери“ треба да се обидуваат да бидат што е можно повеќе хоризонтално и непосредно демократски организирани, па преку ефективни директни, ненасилни, непоколебливи и кохерентни акции, како и преку индивидуални лични примери достојни за почит, да го мотивираат своето членство, а и неодлучните работници – и на тој начин да работат на остварување на своите агенди во корист на работништвото.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тоа е дефинирано како „негативно однесување од поединец или група кое често се повторува, најмалку во период од шест месеци, а претставува повреда на достоинството, интегритетот, угледот и честа на вработените лица и предизвикува страв или создава непријателско, понижувачко или навредливо однесување – чија крајна цел може да биде престанок на работниот однос или напуштање на работното место“.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
И оште: Ние се обврзјавме самоволно да ги подржаваме и поткрепјавме со слово, сос дело, сос помоштна рака и заплата речените ни Костадин Блаже Дамчев, претседателја на општината, Јосиф Оносим Акинов, учител ни, Хаџи Ташку, свештеник ни, за това и за сичко горереченото потврждавме като се потписавме сос своја рака.“
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Местото каде што застанал да го слика селово морало да биде од чун оттурнат во езерото, токму на она место од каде што очите можат да го заграбат сето село, но не и премногу далеку за да се изгубат посебните карактеристики на куќите, посебните белези и бои со различни тонови и нијанси: жолта, сина, зелена, кафеава, црвена, лилава, розова, чивитлија, сива, црна, алова, портокалова.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Не е доволно да си изгнаник и да бидеш „Далеку!“
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Мајко, зошто сето ова со тебе, со нас и со тато мораше вака да биде.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Говореа, сега, по толку време, ги чу -полошо не може да биде, само подобро.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Не сакаше триумфот да биде само негов. Сакаше да го подели со ова алабастерско бело тело, кое податно лежеше пред неговите очи и раце.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Неговото задирање во приватноста не е насилно бидејќи изложувањето на феноменот на урбана култура во градски простор мора да биде нешто што граѓаните нема да го доживеат како вознемирувачко продирање во секојдневието, туку како дел од околината со кој се служат и во којшто живеат.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Мора да се признае дека и овој начин може да биде ефективен доколку немате никој во вашата близина па навреме да ве спаси:)
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Колку мачно ли се чека една тешка ноќ една темна ноќ што застрашува Сега се смеам и знам дека сеедно не е како ќе дојде таа штом престрашено чекам да биде црна црна
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Што можело тоа да биде?– прифати возбудено Чанга и додаде: – Да цркне комшијата па да му се земе козата! – Може да се рече! – прифати татко ми.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Меѓутоа, по повеќемесечно проучување на условите и можностите за извршување на акцијата, дошле до заклучок дека можноста Абдул Хамид да биде убиен била ограничена.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
- Што, при здрави раце сакат да бидам, нели? Е, тоа не може!
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- Разбирам! - подигна рака за поздрав и, откако постоја уште малку, рече: - Разбирам, ама да знаете, другар командир, дека јас таму нема да бидам добар шофер...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Во овој момент, на пример, ми наидува очигледноста дека човек додека е жив живее помеѓу две површности поради што ни самиот не може да избегне да биде површен.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Па што? Некој морал да биде. - Џандар си е џандар. - Еве, прашај го.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Побратимот Гури Порадеци, утрото кога наминал за да ѝ каже сѐ на Мајка, ѝ укажал колку слободно место има во чунот за неопходните предмети, а колку за семејството и за него, без да биде опасно при пловењето кон другиот брег.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Не ми е толку необично кога ми кажуваат дека баба ѝ на веселата сликарка Рози, која ми ја подари графиката со раздвижените змејови, некогаш се дружела со Блумбериевци и дека Д.Џ. Лоренс во тоа време ѝ се „нафрлувал“, или пак дека Фиона како девојче настапувала низ концертните сали во Европа, за потоа да биде прва виолина во оркестарот на Вангелис; или дека Џорџ Мартин, продуцентот на „Битлси“, кој живее во една од соседните куќи во Колсил, тркна во Лондон за време на прославата на јубилејот на кралицата („џубили“ го префрливме во „живели“) за да диригира на концертот на најголемите британски естрадни ѕвезди; дури и кога Дени ми ги покажува старите мапи на споменатото селце Колсил (со толкава очигледност на минатото) во трпезаријата на Clock House, тоа го примам само како дел од необврзаниот муабет по добрата вечера.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Тишината може да се смета и за највисок домет на јазикот, тишината може да биде составена од зборови кои не се кажани или запишани.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Уште од „основната криза” - значи од теориите на Ајнштајн, Хајзенберг и Гедел - што е засилено и со поновите настојувања на теоријата на катастрофата и истражувањето на хаосот, или теориите за фрактали - самата наука ни кажува дека светот е окарактеризиран со плуралитет и хетерономија, дека парадоксите и паралогиите можат да бидат многу попристапни за негово осознавање од едноставните дедукции, дека реалноста сѐ на сѐ не е хомогена туку хетерогена; дека не е хармонична туку драматична; дека не е единствена туку диверсивна; накратко: поседува „постмодернистички“ дизајн.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Брзина на светлината - Cour carré - Како што затвореник излегува на прошетка под надзор, сам и молкум да се насладува горко на дневната светлост инаку обична, тогаш света; како што несвесното си го подава грбот на есенското сонце да се згрее а лицето да остане темно, како Месечина од онаа страна на видливото; како што затрупаниот бунар посесивно и со мака ги чува подземните води усовршувајќи ја мајсторијата да ги заташкува трагите и да создава привид на секнат извор; како што квадратот е круг, и крст и триаголник, удвоен симетрично и синхронично; како што жената си краде од сонот за да добие време за да биде „нешто повеќе"; како што нема добивка ако нема загуба како што нема сенка ако нема предмет ; како што медитацијата бара отсутност при подотворена свест за светот и душа а енергијата е материја помножена со брзината на светлината на квадрат - така дворот врамен со ѕидини желно кон небото над Лувр зинува се простира префинето како акт на Роден или можеби на сестра му, Камила со намера да го покаже замислениот ерос на торзото видено одзади метатеза на тихоста манастирска и метрополска; - така стихијно надоаѓа тихиот дожд желбата да бидам во средиштето на симетријата бесконечен и рамнодушен број ослободена од суета, од неразумно самољубие зашеметена од ненадејната рамнотежа на крстот, на квадратот, на кругот и да се успокојам, ако веќе морам оти со толку тревоги од различно потекло добивам порив да излезам од себеси а потоа како ќе се сложам и составам во едно, знам ли?
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Тие две мисли ги мачеа цела зима. – Било што било, нели сме до него испратени, ќе го чекаме да се врати – беше заклучокот од овие размислувања. Инаку и не можеше да биде.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
А козите, проклети да бидат, речиси збеснаа таа пролет.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ама, да се договориме за цената. Многу големи филмски режисери прават мали реклами за големи пари.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Навистина, тој беше доста далеку од многу сртови, навистина -можеше да биде малку погоре, во една од погорните шпели, но барем успеа да си ја зачува затскриеноста, а тоа секому би требало да му биде доста.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во наредните десет минути можеш да престанеш да бидеш слуга.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Основниот суд Битола, преку истата судијка – по четири одржани и две одложени рочишта и по измината околу една година, во ноември 2006 – одлучува повторно во негова корист и го задолжува тужениот, да му исплати сума од: а) 12.732 МКД (210 ЕУР) како К-15, и б) 168.300 МКД (2.760 ЕУР) на име разлика за недоисплатена испратнина, зголемена за затезната камата, и плус да му ги надомести парничните трошоци во висина од 35.360 МКД (580 ЕУР).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но во тој случај, како може да биде вистина дека О'Брајан е луд? Лудиот мора да е тој, Винстон.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Насекаде настапуваше отворено, бодро, со самочувствие на човек кој знае што е и што може да биде.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Народните идеали не може да бидат реализирани сите одеднаш, но нивното реализирање од треба да биде само резултат на општата и самопрегорна народна работа.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Неговиот татко, Тајко стариот, навистина беше со овците во влашкиот катун на Горна Белица, а тоа што син му рибареше наместо да биде сточар, не мораше да значи некоја голема загатка за странецов.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Лесно е да каже­ме што не чини, туку ајде да направиме како чини. жалосно е ако луѓе со позитивна енергија решат да се бават со самоуринирање.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Во некои моменти морав да бидам дрска и безобразна.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Помислувам да му се смилувам и прикаската да ја срочам, така што братучедот Герман, откако ќе влезе во ходникот, да се премисли и да се врати да викне некого за да не влезе во собата кај мене сам, да биде со некого кој ќе му го држи стравот.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Беше Едип, беше Каин, беше Ное, а во оние желби кои не сакаше да си ги признае посакуваше да биде пророк, и затоа им го одзеде Мојсеј на Евреите – самиот тој сакаше да биде единствен, ничиј, самороден, па таков си го претставуваше и оној што од луѓето беше прогласен за она што самиот тој, брат ми, сакаше да биде.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Доколку се случи, не дај Боже, кругот да биде прекинат, општеството ќе доживее колапс.“
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
- Добро, бре Витомире, му велам, може ли коњот да биде вол, само со тоа што ќе му го смениш името, како мене што ми го сменија презимето?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ако ЗПИО од 1993 година пропишуваше дека овие надоместоци не можат да бидат пониски од 60% од просечната плата остварена во Републиката во претходното тримесечје, од 1997 година тие не можат да бидат пониски од 40% од просечната плата (чл. 7).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Оттука, не постои ултимативен превод, не постои ултимативна поема или новела, и секоја проценка може да биде дадена само со земање предвид на самиот процес на креирањето и на неговата функција во даден контекст.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Проклет да бидам, стариот Лентеноски имаше виножито во очите.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Ти пожелувам да бидеш среќна.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Сигурно за да бидеме подготвени за пречек на музата.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Парсонс, од друга страна, никогаш нема да биде испарен.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
На Ана, која очигледно не беше способна да биде мајка, судот ѝ го одзема детето.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
XXV Најпосле можеше да биде означен почетокот на мисијата на чистењето на балканските јазици од опасните турцизми.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
За пример на новите поколенија големиот бран јавно го плесна по уста Јулие Цезар и го оневозможи да ’рчи а неговите поданици барем една ноќ да бидат на раат пред утре сите да запеат богојавленски песни под пазувите на бранот набабрен од многу љубов.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Извршувањето заради остварување на парично побарување не може да се спроведе врз предмети или врз права кои се нужно неопходни за задоволување на основните животни потреби на должникот и на лицата кои тој според законот е должен да ги издржува, или за вршење на самостојна дејност која е должников главен извор на средствата за живот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
- Уште едно ќе испијам, - рече тој и пак го стави шишето под шупурката. – Сакам петнаесет да бидат. – и Водата потече во него, стивнаа децата, та се слушаше само шуркањето на водата.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Ни праќаат дел од текстот: - Кејот „Сушица“ во центарот на градот, место да биде најуредено место, тој е еден од најголемите жртви на долгогодишната негрижа и ниска еколошка свест на кичевчани - место за депонирање смет на граѓаните.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Сакам да бидам обично дете, со обични раце!
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- Дојдени сме како пријатели но можеме и да ги запознаеме вашите закони.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И навистина: Луција од мене бараше да бидам циркузант не затоа што таа, туку нејзината Партија го сакаше тоа; Ина бараше од мене да бидам кловн (со видлива дарба за еквилибристика) не затоа што тоа ќе ѝ донесеше поени во циркусот, туку затоа што таа уживаше во моите глупости; се смееше како никогаш ниедна жена на светот; се смееше како што Луција, мојата Луција никогаш не се смеела, не се смее, и ниту не ќе се смее, иако според својата судбина требала да се смее, што не би можело да се рече за судбината на Ина; и јас реков: „Со задоволство, Ина. Со задоволство ќе го сторам тоа.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„А за да може некој да не верува во Бога, и да каже дека нема Бог, зарем не треба и самиот да гледа сѐ и да биде и самиот снеможен, односно и самиот да биде Бог?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Среќата е луксуз откако ќе направиме животна ретроспектива.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Но, фактот што марксистичката идеологија е дел од ‘формата на животот’ на авторот, не е единствен разлог поради кој тој најчесто ја дава неа како пример.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Каков можеше да биде тој? едно беше познато, се колнам, секој што ќе посегнеше врз него потоа како да ја губеше моќта.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Таму каде што е Абраш, не смее никој друг да биде. Разбра?
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Подоцна, во циркусот, кога созреав како маж, се убедив дека анатомските можности во технологијата на љубовта се сепак ограничени (иако можат да бидат мошне богати) и дека се сведуваат на тие, во суштина – неколку препознатливи сигнали и движења што се вообичаени, и дека без потреба сум се лутел на Луција таа ноќ на кејот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Да бидеме емотивно искрени, чесни, одговорни.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
„Шака ли е да бидеш попова снаа?" — си мислеше Нешка.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Авиони, возови, бродови и автобуси почнаа да ме прават меланхоличен –да си стално на пат значи да бидеш понизен, да имаш на ум дека само „транзитираш“, лебдиш некаде помеѓу, на место кое не е ни таму, ни ваму, ни тука.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Всушност, тоа би било доволно да можат да го кажат она што Ацо Шопов го испеал во песната „ЈУ-Миткање“: „Пред тебе клечам како голтар/ што ти се заканува со ковчести прсти: престани да бидеш црква без олтар/ во која секој ќе се крсти“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
А има ли нешто поубаво од тоа да бидеш обично дете, како сите деца!?
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Нема да бидете во состојба да предадете повеќе од еден грст неважни луѓе.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кинестезијата во овој случај е заснована на преминувањето на дента во ноќ (и во кулминацијата на фил­мот, на палење на светлата на зградата) со повремено прелетување на птици, движење на облаци, како и со видливи промени на филмската лента.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Бог мора да биде совладан. Не може да има друг епилог на драмата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Поинтересно ми е да сум во улога на коментатор отколку да бидам дел од целата таа игра во која постојано се губи или добива.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
До проширување на опсегот на здравствената контрола на 95 која мора да бидат подложни работниците дојде со изменувањето и дополнувањето на ЗБЗР од 19.02.2013 година, според кој здравствениот преглед на работниците опфаќа и анамнестички податоци, статус по системи и антропометрија, односно тука се мисли на проверка на телесната маса, телесната висина и индекс на телесна маса, основни лабораториски анализи и тоа седиментација, крвна слика во која проверка спаѓаат еритроцити, хемоглобин, хематокрит, леукоцити, гликемија, холестерол, триглицериди, урина, шеќер, протеини, билирубин, уробилиноген, седимет, испитување на функција на видот како што е острина на видот на далечина и во близина, аудиометрија, спирометрија, ЕКГ, како и радиофотографија на граден кош која контрола се спроведува само по одлука на лекарот. (чл. 1 од ЗИДЗБЗР/19.02.13)
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Другата мајка, ако се реши татко ти пак да се ожени, како таа што ве родила нема да може да стане, но може пак да биде многу добра и да ја засакате, зашто ќе ве гледа, ќе ве подига во добри луѓе.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Така, загрижени за она најитното, разговорот веднаш го сосредоточивме на акутниот проблем на распаѓањето на конвенционалните жанрови, и во врска со тоа, на кризата на литературната постапка.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
За одбивање да бидат дел на фарсата, блиските можеа лесно да страдаат, да се најдат во нов круг на внатрешниот пекол. Кутрите мои. Кутриот јас!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
На оваа искреност мораше да биде искрен.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Како што демонстрира Саскија Сасен во својата контрагеографија на глобализацијата63, доминантниот Mark. B. Salter (Cullompton: Willan, 2005), 51. 63 Saskia Sassen, “The global city: strategic site/new frontier,” Globalization, no. 503 (2001), http://www.india-seminar. com/2001/503/503%20saskia%20sassen.htm (accessed No- vember 8, 2006). 47 дискурс на глобализациските трендови за нагласување на хипермобилноста, глобалните комуникации, неутрализацијата на просторот и оддалеченоста, ризикува да се заборави дека многу од ресурсите неопходни за активностите на глобалната економија не се хипермобилни, туку се всушност длабоко вкоренети во некое место, особено во места како што се глобалните градови и слободните трговски зони.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Те изгубив еднаш, ќе издржам да те изгубам уште еднаш, крајот не беше вчера, не е ни денес, никогаш нема ни да биде.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Сепак, било премногу доцна – Џон Лок веќе изјавувал дека дури и религијата мора да биде рационална, а Томас Хобс го толкувал лудилото како грешка во мислењето предизвикано од дефект во телесниот механизам.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Расни ме боже, раце големи дај ми да бидам последно тело црнината што ќе ја догребе од сите тревки и од историјата на една песна многу што ја сонија - Македонија: Тргнав да ја барам телото го изгубив.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Но тие се плашат од забушавање, настојуваат за да бидат посигурни; те вентузи, те рендген, те да им се вади крв... да ги пипка некој од горе до доле... сѐ да им се измери... притисокот и глупоста...
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Ооооууууууу, ооууу, ооууу... А по сиот него, продирајќи и во најситната пора во неговото тело, натопувајќи ја секоја келија од него, пребликнуваjќи во секоја празнина од неговите болки, заплисна еден бран од некаква чудесна топлина, која што можеше да биде и болна но која прилегаше и на некакво наситено заплиснување со мед. Оооооооуууууууу...
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ми се стори дека тој брз здив на некого што не е веќе меѓу нас дојде за да ги отстрани сите сомневања и прашања дали е тоа она: валчестолика и млада со положени раце в скут, на градите, помеѓу два брега на женскост, сребрен крст и цвеќе, најверојатно китка лилави бел алисум; рамениците се паднати, од едното се цеди сончева светлост за да истакне во заднината некакво зимзелено дрво но толку малецко за да може да биде она џуџе на Едвард Жорес.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ќе оздрави, ќе оздрави! - бев пресреќен, проклет да бидам, изулавев од среќа, викнав: - Ќе оздрави!
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Абре акмак еден, си велам јас, си бараш олеснение, колку да биде. Ама, ништо не бидна.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Нема сомнение дека тука нема да биде така лесно окупационите власти да се ориентираат.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но, да се разбереме, вашето вчерашно пледоаје, за некој друг суд, во оваа иста земја, како и секаде каде што се протегаат новите христијански граници на комунизмот, би можело да биде протолкувано и како обид за исламско-отомански заговор, како носталгија по отоманското царство, скриен обид за негово реставрирање.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
А не е мала работа меѓу триесетина деца да бидеш најдобар.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Чешмата вода има, гората засолниште, сигурно нема да бидат забележани.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но, на моменти Томо знаеше да биде и возвишен џентлмен.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Не ти е прилично во униформа да бидеш труден.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе се смета дека должникот е неспособен за плаќање ако во период од 45 дена од која било негова сметка, кај кој било носител на платниот промет, не е исплатен износот што требало да биде исплатен врз основа на важечките основи за плаќање (чл. 5, ст.1-2 од ЗС).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
— Тие организации што ги напаѓате, велам, токму тие направија секоја македонска куќа да биде отворена.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Потоа испратил еден опширен извештај (од 28. IV 1899) до спомнатиот Шести конгрес на македонската емигрантска организација во Бугарија, во кои неточно се прикажувала ситуацијата во Револуционерната организација, се клеветат повидните нејзини раководители како луѓе проневерувачи на народни пари, насилствени собирачи на пари, клеветници итн., и се барало тие, особено д-р Татарчев, Ив. X.Никола и Ѓорче Петров да бидат отстранети од раководството на Организацијата.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Во тој случај, ако Бојс бил, како што вели печатот, „контроверзен уметник“, тешко е да се замисли дека тој сѐ уште може да биде контроверзен со една изложба која вешто го стопува она што е различно, а суптилно го брише она што дава место за дискусија. okno.mk | Margina #11-12 [1994] 83
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
А дека црвецот на великогрцизмот сите нас се уште не јаде, ние сме виновни што не умееме да го гледаме светот со отворени очи и сакаме да бидеме секогаш затворени во венците на славата што ја влечеме од старите Грци...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Затоа секоја моја наредна мисла во однос на претходната тежнее да биде во ортогонална проекција”. (М. Епштајн)
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Чистиот јазик беше со однапред јасни и познати излези, не можеше да биде лавиринт, тоа можеше да биде само јазикот со туѓи зборови, јазикот со различни зборови, јазикот на разликите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Можеше да биде чуен, се разбира, но сѐ додека седеше во својата сегашна позиција, не можеше да биде виден.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се разбира, доколку е подготвена да го препознае порачаното, како во примеров извлечен од оваа книга: „Кога би бил во ситуација да избирам со какви луѓе би сакал да биде населен театарот, јас би гласал само за робовите.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Знаев дека Симон не се труди гробот да биде брзо готов.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
- „Гневот не раздели или љубовта? Судбината не порази или гордоста?“
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Но, овој втор договор за вработување, кај другиот работодавач, мора да биде со скратено работно време – и тоа најмногу за десет часа неделно, а со претходна согласност на првичниот работодавач, кадешто работникот е вработен со полно работно време (чл. 121, ЗРО/05).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Ама, нема да биде наведено дека во ходникот треба да направиш плакар од ѕид до ѕид, само за чевли, патики, штикли и чорапи внатре во секој чевел, заборавени, се разбира, и смрдливи, се разбира уште повеќе; и табла со шајки за сите комплети клучеви закачени заедно со „амбрелите“, и секогаш фали твојот клуч, нели?
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Зар е пишано, си велам, постојано да бидат во наша близина.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Па, на таван е, Зоки! Кој петел не би сакал да биде надвор?
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Причината ја гледа во пазарните услови на стопанисување и воспоставениот суров капиталистички систем, кадешто основата е интересот на капиталот, а не на трудот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
- Не продавај ми шикли за ореви, вели, не сакам и дома да бидам надвор.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А ти наеднаш ги отвораш очите и со онаа твоја детска насмевка велиш дека ти не си јагнето што му ја мати на волкот водата од поточето бидејќи си пиел подолу од него, а водата не се качувала угоре и дека не даваш да бидеш изеден. Умното сине на мајка.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Одеше во предилниците и ткајачниците, и ги убедуваше жените да ѝ се придружат во борбата за исти права со мажите, за право на глас, и за можност за политичко дејствување, а полицијата ја приведуваше; ја осудуваа на лежење во самица сѐ додека брат ѝ не измолеше да биде ослободена.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Но денес, дури и под претпоставка да можеше да биде воскресната од пепелот, фотографијата можеби немаше да претставува никаков доказ.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се чини како оној најслушаниот Бојс кој исчезна низ прозорецот да се вратил низ рамките и присуствува на оваа изложба, Бојс-дијалектичар и оратор-бранител, Бојс на перформансите и екологист- кандидат на европските избори, оној кој ја подр­жу­ваше идејата “секој човек е уметник”, оној чија концепција за проширена умет­ност немаше ништо заедничко со “таканаречените пластични дарови”; се чини како тој, Бојс, теозоф и гуру, да се обраќа до ѕидовите, но само со неколку зборови педагошко резиме.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Но изразот на неговото лице беше ужасно смешен, спореден со она на неговото пони.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Но кога некој ти одбројува од шеесет на семафор мора да бидеш концентриран, една стотинка одложување при поаѓањето може да те кошта колективна клетва. 33, 32... вратата на Мерцедесот се отвори и возачот излезе.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Ако таа може да задржи насмевка по онаква бурна биографија - кои сме па ние Македонците да бидеме намќори?
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Оваа ерес е претходница на подоцнежното прогласување на атеистичките еволуционисти како Лине и Дарвин, дека нашиот супер-шимп вид всушност е Фемина (Хомо) сапиенс сапиенс.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
На својот детински начин Винстон разбра дека штотуку се случило нешто страшно, нешто непростливо што никогаш не ќе може да биде заборавено.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Браво: Зошто да не? Како и другите, имај храброст да бидеш кукавица.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
- Добро, добро, но не е сѐ толку црно - се обидов да ги разгонам грдите мисли на Даскалов.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А таа спужена бразда, таа ораница во снегот, што можеше да биде здогледана уште од далеку како ја сече неоскверната бела зараменетост на снегот од крај в крај по самата средина на долината можеше да биде само една сомнителна дира.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сега му се одолжувале на покојникот за прикаските со кои ги обогатувал во Кукулино во претпразничните ноќи или во празничните попладниња и брзале да бидат мудри како што бил тој некогаш.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но, разумот не може да биде мртов, бидејќи без разум народот би бил мртов.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
За да се дигне револуција во полза на сите народности во Македонија, треба комитетот да биде образуван од претставници на сите македонски народности.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
„И јас би сакала да бидам јака, Кети, за да можам да работам исто како тебе. Барем ќе се обидам.”
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Така било за да биде..
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Да биде сам, да не биде тепан или испрашуван, да има доволно за јадење и да биде сиот чист, му беше сосем доволно.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- И! - нестрплива беше Рада. - Сакам овој одмор да биде одмор на нашите соништа, да ни остане во паметење.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Во тие мигови, додека ја напуштав, салата- предавална на касарната на присет ми дојдоа, како утеха, стиховите на Вињи сал тишината е голема, сѐ друго е слабост!, додека во далечината се слушаше пукот на оружјето во функција на вообичените вежби Да бев вистински храбар, како што се истакнувавме сите војници на државата која се одржуваше врз разнишаните темели на лажната величина, ќе се спротивставев, како во годините на бујната младост, искажувајќи ја тезата што внатрешно ја дополнував, а немав храброст да ја изговорам дека, според сите можни хипотези секоја војна не може да биде ништо друга освен грешка.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Првата и наједноставна етапа во дисциплината, на која можат да бидат научени и најмалите деца, во Новоговорот се нарекува „ злостоп“.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Припадноста, мој Камилски, никогаш не може да биде апсолутна.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Јас сакам тоа да биде пречесен отец Иларион Сказник“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Се надевам дека оваа шмизла нема неславно да заврши и да биде киднапирана од неколку цигани кои лесно можат да ја грабнат и да ја турат у циганска кочија па да ја продадат на некој продавач на старо железо.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Беше загледан напред, а кога се гледа таму не можат да бидат забележени сите оние работи, што ти се препкаат пред нозете.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Судот може да одлучи сведокот да положи заклетва и пред да биде сослушан (чл. 231, ст.1-3 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
А таа беше задоволна кога и нејзината партија беше задоволна и кога таа иста партија ќе ѝ кажеше дека треба да биде задоволна, затоа што на општо задоволство ја извршила партиската задача. ***
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Но не бегам ли од човечкото безредие на село што умира под рамнодушноста на совремието? ја најде причината: затоа мислеше дека е уште власт, дека треба уште да биде тоа. Затоа?
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Претресот траеше неколку векови. Проклет да бидам, неколку векови.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Работното време кое ги надминува законски утврдените 40 работни часа во една работна недела се засметува и надоместува во пократко работно време во други работни денови или преку слободни работни денови за времетраењето на договорот за вработување, а прераспределените работни часови не се сметаат како прекувремена работа и за нив не се наплаќа додаток на плата, со што директно се укинува прекувремената работа за оваа категорија работници, како посебен услов за работа кој согласно чл. 106 од ЗРО треба да биде соодветно надоместен.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Во јамата, бездруго во јамата, ќе го покриеме со гранки. - Пепелта не станува змија под земја.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Главно, сите се прехранија покрај попот во тие гладни години. А причината за сите тие блиски односи беше пак таа старата: Анѓа да биде попова снаа. ***
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И погодуваше од што и што може да биде тоа.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Шанкерите треба да бидат помилосрдни кон своите муштерии. Па и муштериите се, побогу, луѓе!
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Почнаа во темнината да се стискаат еден во друг и да држат отстојание од другите колку што можеа, додека во еден момент не им тргна по рака да бидат поведени заедно.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Тоа е како да живееш на висока карпа и да бидеш среќен, таму горе.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Грдан беше задоволен - и од домашното готвено, и од џепарлакот што му остануваше, а во сопчето и така беше навикнат да биде сам, како што уште се воздржуваше од пушење и од други скапи пороци.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Тоа, тогаш, не би било следење на едно правило, кое, врз основа на тоа што е нешто регулативно, ги опишува ограничувањата и бара извесен образец на усогласување со нив, така што и ограничувањата и образецот треба да бидат сфатени како такви од страна на оној кој го следи правилото, со цел правилото да функционира како правило.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Градејќи го ткивото на расказите, настојував да бидам искрен, да создавам со елементи кои ми прилегаат, кои произлегуваат од мене и ме прават препознатлив, како и во поезијата.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
А кој повесел можеше сега да биде од нашиов зет Крстета? Никој, се разбира.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Беше очигледно дека ќе треба да биде поделено на три еднакви дела.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Заклетвата се полага усно со изговарање на овие зборови: „Се заколнувам во честа дека за сето што ме прашуваше судот ја зборував вистината и дека ништо што знаев за оваа работа не премолчив“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Родителите ги успокојуваат дека е тоа за кусо време, дека така ветиле, дека мора да биде, зашто немаат со што друго да му возвратат на манастирот, на светецот, кој им помага и ги избавува од зло.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Затоа, превладуваа мислењата да не се претерува со козјото прашање, зашто тоа можело да биде и идеја на Сталина!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Рече дека народната уметност денес треба да биде „планина на народниот дух, папок на нацијата, со која секој автор треба да остане во невидлива папочна врска целиот свој живот.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Срцето не можеш да го излажеш ниту да го украдеш животот, не постои конспиративен к’смет, ќе биде тоа што треба да биде, тоа што е судено, веќе некаде напишано за сите нас, откажете се од илузиите дека е поинаку.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Се случи неочекуван пресврт: се случи неговото враќање во Скопје да биде одложено.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
На почетокот на работата, кога закопа првпат машината, а потоа и во текот на изградбата, неколкупати доаѓаше и директорот на фирмата, заедно со главниот инженер, заинтересиран изведбите да бидат успешни.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Беше оставен Чанга да ја одигра својата лебедова игра со козите, да ги собере сите кози и козарите, дотогаш успешно сокриени, па сите да бидат фатени.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
- Зошто би можело да биде морето против вас? - се обидов да му дадам нов тек на разговорот по неизбежниот инцидент.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ова има “драматично” учество во архелогијата на алтернативните сознанија за личноста и за нејзините односи со другите.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Со благо допрени дланки на завесата, гледајќи кон улицата, зборуваше тивко, речиси нечујно: „Сакав да бидам некаде, да отпатувам во свет во кој ќе бидам сама со себе, сама во себе. Тоа сакање сега е попусто.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Му беше убаво на душата да каже сѐ, а да биде божем другите се во прашање, а не тој.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Поарно самар на грбот да си ставам. Таа да ми влезе во куќава!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Лесно е да бидеш храбар кога не ставаш потпис.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Во расветлувањето на тајната, што не беше спремна да ми ја открие, не ми помогна многу ни прашањето што уследи, бидејќи и тоа беше исполнето со двоумење: „За да можеш да се наречеш нечиј син зар не е поважно да бидеш сигурен дека таткото ти е спремен да те прифати?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не би ја сменила мојата болка за лажна среќа, болеше, бев разочарана, плачев хистерично, чувствував неподнослив страв, беспомошно се обидував да го смирам скршеното срце, но смиреноста дојде насекаде околу мене, сега се е богатство од спомени, тоа сум јас денес.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
- Љубене, можи е гревота да ти речам, ама до кога мислиш вака сами да бидете.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
За да се олесни вработувањето на невработените лица кои потешко можат да бидат вработени, во три наврати беа донесени времени закони за поттикнување на вработувањето.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Ненадеен здив на попладневен ветар го смекна да не пламне, да не ја испцуе жената, навидум старица, иако постара од него само неколку години. Така е, само луѓето, тие и ништо повеќе, можеа да бидат грешка на природата, зло, свое и нејзино.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
О, боже, што можеше тоа друго да биде освен слободата, освен сонот, разбранетата детска фантазија.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Камења си одбра најубави: без жили, без дамари, без шуплинки, да бидат трајни, да му одолеат на времето.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Судската постапка траеше до март 2001 – т.е. околу една година, што прилично долго време за еден работен спор кој по дефиниција треба да биде „итен“ бидејќи 162 се работи за круцијално егзистенцијално прашање.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тогаш - пишува Симеонов било решено да бидат убиени или отруени заговорниците.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
6 Со нееднаков и, во суштина, несигурен успех, ова движење се стремеше, како кон свој telos, кон затворање на писмото во една второстепена и инструментална функција: функција на преведување на еден полн и наполно присутен збор (присутен за себе, за своето означено, за другите, самиот услов за темата на присутноста воопшто), техника во служба на говорот, портпарол, толкувач на еден изворен збор кој самиот е изземен од толкувањето.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Укинувањето на строгата разлика помеѓу текстуалните родови се обидуваме да ја формулираме на една речиси невидлива, философско-литерарна граница, на едно место кое би можело да биде подрачје на најплодни сретнувања, меѓупросторот на стилизацијата на новиот, хибриден дискурс.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Лилица на прв поглед изгледаше питома, повлечена и тивка, но во комуникацијата не оставаше впечаток на жена која може да биде рамнодушна на опкружувањето и особено на луѓето со кои непосредно контактираше.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Во самиот комитет треба да бидат застапени сите, или неколку народности.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во 1857-та, во пролетта, на Максимово навалување и на навалување на главите на сојовите Јосиф се прифати да биде прв учител во Потковицата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Да бидат дел од нудистичките плажи на Грција, запалени тинејџери во диската со два пати помладите од себе. Едноставно, да бидат откачени за својата возраст и ум.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ама, нејзе од Бога ѝ е дадено да биде миротворец, па со стутканото малечко во прегратка, им се сипува на двајцата.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Европејците сега се неизбежно предодредени да бидат космополити, тоа е она што ним им е најмногу заедничко.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Слугата тежнее да биде психолог! Потенцијален јогиски мудрец!
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Имав речиси четири дена да го убивам времето во Женева.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Го презираше повторувањето, принцип што се провлекуваше низ сите негови дела, зошто тоа е клуч за раѓањето на вкусот, и поради тоа лесно би можело да ја упропасти онаа апстрактна замисла каква што е концепцијата за редимејд, која треба да биде неоскверната и оддалечена од сферата на сегашните или идни теории и формули, „што се темелат на повторувањето“.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Според него, осаменоста ги истакнала „можностите на сите луѓе да бидат креативни суштества и... прашањето (формата) за општествената потполност (сеопфатност)“.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
За да може да се направи порамнување и оценување на различно разбраните народни идеали, треба тие да бидат искажани усно или на книга.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Кога владееле жените, тие, мајките, направиле жртвувањето на децата да биде должност.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Овде луѓето настојуваат да оформат некое претпријатие, мало, самостојно, но да биде нивно и такво во кое ќе можат да дојдат до израз нивните иницијативи, слободата и свеста за самостојност.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Многу лесно тоа можеше да биде неговата нога, неговата натколеница, беше среќен што не беше таа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се разбира, мојот господин Семјон го премолча името на убавицата за која се посомневал дека би можела да биде во некаква врска со тој негов случаен соговорник од кафеаната.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Од друга страна пак, бидејќи овој дедо Стале беше неписмен и не можеше да стане поп, тој имаше многу мерак барем некој од неговите блиски да се изучи и да биде поп во некое од блиските села.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се што имаме во себе, вечерва, во најсрдечната ноќ за која сонувам 365 дена, сакам да биде поделено, разграбено, испиено...
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
СЛОБОДАТА: Не заборавај, денеска дојде денот во кој човекот-борец може да биде овенчан со слава и венци или со проклетство и срам!
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Можеби може да се рече и дека осамата му годеше со оглед на потребата колку што може повеќе да биде во друштво на своите мисли коишто уште му овозможуваа една значителна продуктивност.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Ако источнобугарското наречје се признава за најтипично, тогаш многу е јасно оти самата географска далекост на македонскиот центар од него е доста да покаже дека последниов не може да биде бугарски.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Разговори во кревет, знаете, сепак... морате стварно да бидете таму, во зовриеното тело, инаку ќе ви се чини нспретно двосмислено или неподносливо слаткасто, ако воопшто ви се чинат било какви.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Мила навистина прекрасно свиреше.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Не можев да бидам момче за своите родители, а тие никогаш јасно не ми кажале, што друго, освен тоа, би сакале да бидам.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Да даде Бог така да биде и со вашата Ервехе”.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Бахтијар може да биде замајан еден два дена, на третиот чекајте го по цело Мариово и Селечка.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ќе направиме качамак „врти-мешај“. Треба да се учиш... да бидеш домаќин.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
- Умрете, умрете, бев немилостив, овој оган, ова срце што се пали, проклет да бидам, еден ден бел-сив, ќе се види кој е прав, кој е крив!
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Митко сакаше да биде мечка и го наметна палтото. И Сашо сакаше да биде мечка а не зајаче.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Тој си замина во рестриктивниот простор на амбасадата, каде што никој друг освен тој не можеше да биде.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Татко беше добро информиран за јазиците на Балканот за да биде оптимист.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тоа беше малкуто време што ми остануваше да бидам со морето.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но кога војната ќе стане буквално постојана, таа престанува да биде опасна.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Пуштете ме мене и ќе видите дали нема до првите дождови да биде покриена куќата.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
А тогаш намуртеното лице ненадејно се рашири во нешто што можеше да биде почеток на насмевка.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Нека не мислат оти тие можат да бидат закопани, како што е закопан Берлинскиот договор со неговиот 23 член за Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Немаме морален код што би претендирал да биде апсолутен и универзален.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
„Ами вие, бре, рисјаните, велите дека на Турците им смрдела душата. Сакаш и ти да бидеш таков?“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Проклет да бидам, потоа со векови ја отплеткувавме.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Проклет да бидам, талентот. Ужасна работа беше ти бил талентот, се колнам.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Најмалиот номинален износ на основната главнина, кога друштвото се основа симултано, без јавен повик за запишување акции изнесува 25.000 ЕУР во денарска противвредност, според средниот курс на НБРМ, објавен на денот пред усвојувањето на статутот, односно на денот пред донесувањето на одлуката за промена на основната главнина; а кога друштвото се основа сукцесивно, преку јавен повик за запишување акции, тој изнесува најмалку 50.000 ЕУР во денарска противвредност.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
па еден ни ја обелува: вие сте шпиони, вели, аман, бре господине, какви шпиони, ние сме сиромашни луѓе, не знаеме да бидеме шпиони, сите ќе одите на стрелање, велат, ако не признаете, велат, сите до еден ќе ве стреламе, велат и грмотрн им излегува од очите, ете сега, море бургија, не знаеме што да признаеме, тропаат тие, пампара - пумпара, шикли во чибук, а ги гледаш и тие - сиромаштија, ама не си ја гледаат својата, туѓата ги плаши, ние сме биле шпиони и од нас ќе им пропадне државата, копуци...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Девојките молчеа како кипови, залиени. Проклет да бидам, залиени.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Планот е, со комбинација на борби, пазарења и временски добро темпирани предавнички напади, да се обезбеди еден прстен од бази што целосно ќе ја опкружува едната или другата ривалска држава, а потоа да се потпише пакт за пријателство со тој противник и да се остане во мир со него доволно долго, за да престане да биде сомничав.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
А можеше да биде и поинаку, ако сега тие тројцата - таткото, другата жена и братчето ѝ се чинат на Марина нешто посебно, друго, и уште повеќе ја тераат да се чувствува осамена.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Постариот тип социјалист, кој беше обучуван да се бори против она што се нарекуваше „ класна привилегија“, заклучи дека тоа што не е наследно, не може да биде постојано.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
11.  Постапката што со одлука на судот е завршена правосилно, може, по предлог од странката кој има третман на вонреден правен лек [extraodrinaria auxilii], да се повтори во законски таксативно наведени случаи, меѓу кои и: – кога одлуката на судот се заснова врз лажен исказ на сведок или вештак; – до одлуката на судот дошло поради кривично дело на судијата, односно на судијата- поротник, на законскиот застапник или на полномошникот на странката, на спротивната странка или на некое трето лице; – странката стекне можност да ја употреби правосилната одлука на судот која порано меѓу истите странки е донесена за исто барање; – странката узнае за 207 нови факти или најде или стекне можност да употреби нови докази врз основа на кои за странката можела да биде донесена поповолна одлука тие факти или докази да биле употребени во поранешната постапка; – со одлука на надлежен орган дополнително правосилно е одлучено за претходно прашање на кое се заснова одлуката на судот (в. чл. 392, ст.1, ал.4, 6-7, 9-10 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
2.  Во процесното право постои и институтот множина на субјекти.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Само што ќе го наслушнете внатрешниот Глас алхемијата на домот веднаш тргнувате ни риби, ни змии на далечен пат, само вам знајниот Млечен пат од слатки и солени води на деноноќни бесони патешествија во кои го составувате едниот крај на светот со другиот па повеќе не е јасно дали егзилот е траума или радост на преселбите да се биде и таму, и ваму од светот да се направи меѓусвет секогаш да недостасува нешто суштествено од едно и едно да се направат три носталгијата да биде дискретна смисла на опстанокот која ревидира сѐ и повторно ги дефинира и селидбите, и враќањата и татковината, и туѓината!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Како можел да делува совесно, во многу тешки услови на живот, и при тоа да ги брани одбележјата на културата, уметноста, јазикот, како се изборил за привилегијата: да бидат сочувани сите овие богатства?
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Луѓето беа слободни, можеа да патуваат, да бидат малку среќни, но стравот сѐ уште беше тука.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Услов е да бидеш едноставен, скромен човек, за да навлезе светлината на ангелот низ тебе.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Терапевтот може да го поддржи учеството на други луѓе во генерирањето /реактивирањето на алтернативните и преферирани нивоа на акција. okno.mk | Margina #4-5 [1994] 49
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Времето на козите е дело кое успева да покаже дека има и друга реалност, како што истакнуваат Бодлер и Маларме, реалност од надрелистичка природа според Супо и Бретон, или реалност која може да биде и „магична” од видот што ја покажува Маркез во своите романи: книгата на Старова ги расветлува табуата, но тоа е и една нежна книга, неагресивна книга.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Најпосле, зарем за еден мачор името може да биде толку важно?
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Роденден. А умирав со илјада смрти. Во моите коски како бели глувчиња лазат ветришта, го слушаат дахот на мојот прав, прашуваат што е тоа да бидеш покоен.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Мачорот убаво се намести а Бошко почна да му раскажува: - Ги крева учителката децата едно по едно и им вели: „Васка Петрова, слаба си, вели, Митко Пешевски, подобро да учиш, Димко Арсовски добар си но можеш и подобар да бидеш, и ги крева така учителката сите деца и на сите по нешто им вели. Најпосле го изговори и моето име: „Бошко Стојчески, вели, - одличен.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Тука Петре од името на Организацијата го ополномошти Толета за мариовски војвода преку река старо Мариово и за секретар му го даде баш оној Крстета Гермов — Шаќира, што го кандиса да му се предаде. Не ги заколна Петре овие јунаци, бидејќи знаеше дека се веќе толку пати преку крв крстени и заколнати.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Бетонските блокови, кои само до пред една минута му се чинеа дека се креваат од некоја бестемелна празнина, за да бидат поставени над нематеријални темелни ѕидови, сега се стврднаа во неговите раце, и темелите на кулата преминаа во своите вистински димензии.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
И мажите еден по еден се оддалечуваа, доаѓаше часот кога требаше да бидат кај мостот, во продавниците, и да ја продолжат никогаш незавршената политичка кавга за овега и за онега, за националните и за либералните, за правите и за кривите.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Оставени сами на себе, тие ќе продолжат од генерација во генерација и од столетие во столетие да работат, да се раѓаат и да умираат, не само без секаков нагон да се бунтуваат, туку и неспособни да сфатат дека светот би можел да биде поинаков од она што е.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Исто така, со оглед и на постојаниот карактер на оваа терапија која мора континуирано да биде спроведувана, квалитетот на животот на Ф.И. значително е намален.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Имам љубов за целиот свет. Не можам да бидам себична и да се сконцентрирам само на еден.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Во графите за критериуми свое место имаше и фазонот на подбрикнувањето на волната, како и миризбата на дундата, оти сите тие различно мирисаат, како што различен мирис има здивот на секој човек.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Јас не можев да бидам сигурен за вистинските причини на доверливата отвореност, длабока искреност и непосредно пријателство на големиот палестински раиз, кога и самиот бев на крајот на мисијата на една земја на која се наѕираше блискиот крај.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Никогаш не сум можел да живеам во колектив (тоа ја објаснува и потребата овде да не кажам речиси ништо и за моето семејство); дури имам отпор и кон јавните нужници, автобусите и возовите; ми се гади од помислата дека седам на столче или WC шолја на која седеле илјадници пред мене, макар таа да биде и целосно дезинфицирана и стерилизирана.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
- Па, знаете соудруг Павел, вашите соседи се жалат дека кај вас е многу бучно и замолија да ви кажеме да бидете потивки... – не рекоа да престанам да примам гости со кои во соседството мислеа дека ширам некој вид неморал и дека тоа потпаѓа под закон, туку од околу, тивко и учтиво, како што личи на добро воспитани луѓе, нели.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Проклет да бидам, на знакот од Оливера Срезоска, без збор се стрчаа која пред која, нешто да не закаснат.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Така мојата мајка со поглед, со збор, со гест отцепуваше парче од мене, парче кое постојано ќе ми недостасува, парче кое постојано ќе го барам; целиот свој живот чувствував како ми недостига нешто, онака како што на Милоска Венера ѝ недостасуваат рацете; мене не ми недостасуваше нешто во мојата појавност, туку нешто внатре во мене, како да ми недостигаа рацете на мојата душа, и тоа отсуство, тој недостаток, тоа чувство на празнина, ме правеше беспомошна.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И не е тоа поради статусот кој ми се промени од нечија во ничија, да речам слободна, ниту, пак, затоа што пропорциите на телото ми се „боли глава“, ами затоа што сега сум една обична распуштеница која може, ете, да биде сечија.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Било за да биде, што се вели, што да ти речам друго?... 7.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Всушност, диспаритетот во моќта на пазарењето меѓу работникот и работодавачот е уште понагласен со енормната разлика во богатството и општественото влијание на договорните страни – но, нашите кутри судии, сепак, не сакаат да бидат социјални реформатори.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Кога оние што ги затвораше му зборуваа за Исус, го мразеше и ги презираше што следат човек кој ги учи дека треба да им се спротивстават на учителите, да бидат непослушни кон рабините и да се бунтуваат по синагогите.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Се чини, типчето веднаш сфати во што е поентата, се разбира дека имав мобилен и штосот со фиксниот значеше дека ако е фаца од естрадата може барем да биде џентлмен и пред да ми го побара бројот, барем да ме праша како се викам.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
А, ја! Нема да биде тоа! „Доста е веќе трудна", си рече со сигурност Митра.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
„Млад е. Уште учи“, рече тој оправдувајќи го малиот кој, ако што подоцна авторот ќе дознае, му беше внук по жената кој сакал да биде полицаец, па овој го зел за да му го тргнат умот од таа работа.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
- Нема да биде прифатено, спремено ја дочека Александар неговата закачка.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Можеби мнозина ќе се запрашаат: 1) ако досега комитетите имаа играно двојна улога: на Бугарите им имаат велено оти Македонците се Бугари и еден ден Македонија како и да биде ќе се соедини со Бугарија, а на европејците им велат оти тие бараат автономна Македонија само за Македонците, оти немаат никаква мисла за соединување со Бугарија, тогаш од каде јас знам оти комитетите ја лажат Бугарија, а не Европа?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Најмногу што може да биде тоа е – европска конференција; но таа конференција не може да се зафати порано од пролетта; и тоа тогаш ќе се зафати само ако востанието тогаш биде посилно од сегашното.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во периодот меѓу двете светски војни САД избегнувале секакво признавање на македонската нација.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Една мисла ми ја поматува среќата.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Секој звук што ќе го направеше Винстон, над нивото на сосем тивок шепот, беше фаќан од него; згора на тоа, сѐ додека се наоѓаше во видното поле што го контролираше металната плоча, тој можеше да биде виден и чуен.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Потоа сеќавањето на нејзиното лице му се врати, а заедно со него и вознемирувачката, неподнослива желба да биде сам.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ќе ја земеше авланката за вино и ќе прашаше: „Од кое да наточам: од „јагнешкото”, од „арсланешкото” или од „свињешкото”? и ја кажуваше приказната за дедо Ное, кој, кога ја засадувал првата лоза, некои прачки ги залеал со јагнешка крв и благословил: тој што ќе пие вино од овие прачки, да пие по малку и да биде кроток како јагне; другите прачки ги полеал со арсланечка крв и благословил: тој што ќе пие од овие прачки, да пие троа повеќе и да биде силен како арслан; третите ги залеал со свинска крв и благословил: тој што ќе пие од овие прачки да лока како свиња и насита да нема...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Го нарекоа Али Ахмед, ги зеде за жени Мунивер, единствената ќерка на Мусли бег, и жената на Арслан бег, некоја потурчена Гркинка, и заедно со нив, за да биде што подалеку од Дамческите, зашто можеа да го убијат за одмазда, се пресели во битолското село Чаирлија, таму да господари со чифлигот што му беше ветен на Арслан бега.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Сѐ што правеше во животот сакаше да биде перфектно, па и кога се подготвуваше за специјализација консултираше многу книги, читаше на Интернет за разни болести.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Како и да е, Милан сакаше петлите да бидат тука околу него, како што сакаше да му висат тиквите, тиквичките и лејките во работилницата.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Корец се сеќава како реб Апфелблум го пронижуваше со својот длабок и силовит поглед и откако доби нема и цврста потврда од својот поранешен ученик, му објасни дека презема тежок товар на плеќите, не само поради тоа што солунската еврејска заедница е една од најбројните, туку и дека не е сеедно еден ашкенаски Евреин да биде поглавар на најбројната сефардска заедница на светот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Жалеше затоа што знаеше дека она старче сега веќе имаше поверувано, оти отсекогаш било подобро и ќе продолжи да биде, да се живее вака, без да му се даде на животот ништо од себе, без да се остави во него ништо свое.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Лут мирис на мочка и на плесниво сено му удрил в лице. Се олабавил и го повикал најстариот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И решија тие, (ма не се работи за џуџиња) човечуљците да ја направат својата експедиција на големата преселба од другата страна на автопатот, токму во недела, кога нема толку многу движење, затоа што некој можеше да биде повреден или не дај боже да загине, а и така нивната популација беше пред изумирање.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Но, дали е достатно да бидам самиот цел. Сам и цел? Цел, а сам?
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А бидејќи Партијата има целосна контрола над сите документи, исто толку целосна контрола над свеста на своето членство, тогаш произлегува дека минатото е такво какво што ќе реши Партијата да биде.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Глигор јасно ја претчувствуваше неговата желба да биде забележан и признаен за нешто повеќе и подруго.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Некои велат дека затоа толку се сакало, оти тешко се доаѓало до рожба; јас не би се согласила, зашто имам толку искуство и знам дека и не мора да биде вака страшно.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ако погледам уште малку ќе ги видам и првите фиданки На таканаречената ботаничка глобализација Која најстрого пропишува краставиците да бидат прави И да не бидат подебели од осум сантиметри Ако сакаат да бидат пропуштени до трпезите на Европската унија Истата мака си ја имаат и доматите, празот и компирите На кои уште незасеани им се дава до знаење Дека во Европската унија сакаат само прави и мазни И кој им е виновен на кривите краставици
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Ние сакаме храната да биде сервирана елегантно пред нас.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
- Не можеме, - вели Билјана. - Таа секогаш сака да биде мајка!
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Можеби баш такви, прецизни треба да бидат и нашите молитви, за да бидат услишани: „И дај ни го лебот наш насушен, ама немој со адитиви“.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Зашто, само така полесно ќе биде и подобро ќе може целта да се обвистини: ударот да биде ненадеен и силен.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Можеа да бидат догледани во сета нивна ужасна расплиснатост, и оние црвени паласки крв, погледот не можеше да ги превиде нив, а ни прамењата од расфрлана волча четина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ти си петно што мора да биде исчистено. Зарем не ти реков пред малку дека ние се разликуваме од прогонителите од минатото?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Повикот, се знае, беше за мене. Се разбира од амбасадата. Кој ли може да биде сега?
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Проклет да бидеш ти курвин син му реков и веднаш за коса го грабнав колку ли судбини уништи ти земјата наша од таквите страда Почна да писка, да плаче, да моли почуствува како е да биде жртва ветуваше сешто и куфери полни го заклав со нож, му распарав црева
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Доаѓаш те гледам за едно простување, за еден непребол да ги измиеш образите од солените рекички со јазикот да ја згасиш врелоста на моите усни доаѓаш да бидеме еден сон и едно утро но посреќно од денес да бидеме едно срце, да збориме со една уста...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Според тоа, просечната месечна бруто плата што ја исплатува работодавачот не може да биде пониска од 50% од овој износ, односно не може да биде пониска од 13.753 денари.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Копија од пресудата на Врховниот суд на РМ, не му беше доставена на интервјуерот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Таа уметност, која одбива да се декларира како народна, е подложена на жестоки напади: се вели дека таа уметност (меѓу која и џезот, авангардата, постмодерната) е „културолошко труење со предумисла“, дека е „доволно смешна за да биде дел од паузата на народните приредби“ (повторно мислев на Луција), па се прогласува таа за производ на болшевизмот, односно комунизмот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Сите мислевме на Зигмунд – Ана се грижеше дали му заздравува оперираното место, мајка ми се плашеше да не е тоа некоја поопасна болест а не обичен израсток, Мина внимаваше тој да има мир за може да се посвети на своето пишување, Марта не му дозволуваше да се преморува во работата со пациентите, Матилда постојано набавуваше нови лекови, јас правев сѐ да не бидам премногу упадлива во настојувањето да бидам што е можно почесто кај него, придружувајќи ја мајка ми, и така не успевавме да забележиме дека Хајнерле сѐ повеќе и повеќе слабее, дека главчето му се претвора во неколку прамени руса коса под која светкаат испакнатите очи и темнее зеленикавата кожа, никој не помисли дека му треба разговор кога го слушавме како, додека разговаравме за Зигмунд, си шепоти некои зборови самиот за себе, не го прашавме од што сѐ има страв, кога видовме дека го плаши чаша превртена со дното нагоре а отворот поклопен на масата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
По свршувањето на учењето може да биде и чиновник на пропагандата, но притоа тој ги мрази и си ја проколнува судбината што е орудие на една пропаганда, којашто си има свои цели, совршено спротивни на интересите на неговата татковина – Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Сакаме да бидеме колку што е можно поблиску до реалното. (...)
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Фаик Коница задоволен од своите резултати му ја испраќа студијата на својот пријател Гијом Аполинер, со напомена дека и тој стигнува како него до истиот заклучок: странските зборови кои се влезени во еден јазик или треба да бидат сварени, или да бидат отфрлени!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Па, Јадранка никогаш не доцнеше, беше предвреме и кога не требаше да биде.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Знаев дека ќе го повредам и тоа многу, но сепак морав да бидам искрена со него а и со самата себе.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Јагулче Дримски зеде иницијатива, се консултираше со секретарот Трим Тоска, а потем се упати до републичкиот секретар да побара дозвола работната седница да биде одложена за другиот ден.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Но да се вратиме на случајот со индивидуата од пред мојата канцеларија.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Секогаш ќе го има тоа лице за да биде пригмечено.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Бидејќи Кларк бил повреден и му била потребна медицинска помош својата мисија Perseverance ја препуштил на поручникот Мекдоналд, а тој продолжил со мисијата на Џорџ Квајн која требало да замени за Македонија каде се надевале дека ќе може да биде илегално префрлен до Скопје каде што би можел да добие потребна медицинска помош.112 ____________________
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
„Крени ја високо главата, не си ни прва ни последна“ - е најчестата реплика на мојата омилена колешка, која има и стручно објаснување за мојата состојба: дека, ете, сите знаат оти моето не се тегнело веќе и дека треба да се скрасам во некој нов скут, кој, по можност, треба да биде мрсен и стар, што во превод не значи ни дебел, ни „гробу до врата“, ами да биде ситуиран и доволно стар за децата негови да не се веќе деца, да му се мажени и женети, па да не ми се воевкаат по дома, освен на викендите.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Во својата медитеранска екстаза, како некогаш Албер Ками, Дарвиш ќе потврди дека јазикот и метафората не се доволни на пределот да му се наложи друг предел.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Да правиш нешто ново нужно не подразбира доведување нешто физички во егзистенција - тоа може да биде нешто ментално како на пример, метафора или теорија.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Треба да се стори сѐ што е можно зависноста од дрога да се намали: со примена на подобри методи на лекување и, што е уште поважно, со решавање на другите животни проблеми.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ме молеше да ти ги подигнам перниците, твојата глава да биде на повисоко, но пак не можеше да дише, кашлаше, се гушеше…, употребуваше некој спреј за устата, но и тоа не помагаше.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
„Имал среќа“ се велеше и за некој кој за влакно ја одбегнал смртта, не затоа што бил добар човек кој вредело да поживее, не затоа што на време закочил, или затоа што не се колебал да повика пожарна, туку затоа што бил следен од тој невидлив дух кој му го покажувал патот, оној истиот кој ни става чадор во торбата кога почнува да врне, кој го отвора зеленото светло кога брзаме, кој прави на улица да се судриме со луѓето кои сакаме да ги видиме а да одбегнеме други, кој со нашата рака ги влече правилните животни потези, со еден збор, кој ни помага сѐ да биде како што треба.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Тие можеа да бидат утврдени со истрага, можеа да бидат исцедени со тортура.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- Подобро е да си мајка, но и другите девојчиња сакаат да бидат мајки.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
АРСО, ТЕОДОС, ПОЦКО, АМПО И ЦОНКА ТЕОДОС: (Доаѓа прв просто бегајќи пред Циганите кои идат по него.) Јас да бидам цигански кум, тоа ли е ред!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Меѓутоа Сухов незабележливо ве следи, што би се рекло по стапките, и го демне моментот кога е можно да бидете изненадени.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Но совеста не ми дозволуваше да одам дотаму, да бидам пред него и пред себе лицемер.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Да бидеш суров, против една суровост, со која сѐ уште не си стасал да се фатиш в гуша и да ги одмериш силите, да ја изостриш својата суровост во себе до секавична острина и да бидеш постојано буден против неочекуваното, ненадејното.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Земајќи ги предвид сите овие поединости, мислам дека нема да биде претерано да се предложи хипотезата дека со изборот на овој псевдоним Duchamp имплицирал дека самиот го достигнал статусот на посветеник.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Намерата беше - откако Новоговорот ќе биде прифатен еднаш засекогаш, а Староговорот заборавен - еретичната мисла, односно мислата што се разликува од принципите на Ангсоц, да биде буквално несмислива, барем онолку колку што мислата зависи од зборовите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Голема желба во животот имам на струшки вечери поет да бидам на езеро ладно пиво да пијам на струшки ручкови у фаца да им ждригам Не, јас неможам во Скопје да седам неможам шмизли и шминкери да гледам запалив кола во Струга ја летнав да одморам душа од џунглата штетна Облеков шорц на плажа отидов Гавазова Сузе на кајче ја видов решив да пријдам го скршив мразот и видов паун тетовиран на газот
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Да посакаш да бидеш болен и на рецепт да ти ги препишат.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Не знам дали се сложуваш со мене но јас токму од оваа твоја порака извлеков заклучок дека несреќниците во животот постојано се чувствуваат излажани.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не можеше да биде друга.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Извршител на мобинг може да биде едно или повеќе лица со негативно и тенденциозно однесување, без оглед на нивното својство – работодавач како физичко лице, претпоставен т.е. одговорно лице или, пак, друг работник- колега (чл. 1, ЗИДЗРО/септ.09).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Задолжителната и работа ет в три нешта. 1-во: да устроит црква, во која си сакаме да си слушаме молитвите и словото божие на јазикот ни като сичките ни брајќа Бугари по царштината. 2-ро: да устроит училиште в кое сакаме да ет мајчиниот ни јазик и право на него да се воспитуваат челадата ни наша, сетне на турцки и најсетне, ако имат време и на други. 3-то: затова и основјавме народната ни црковнообштествена општина, да се устроит, а која колку за управлението има да си устрои устав и правилник, кое нешто да бидит основа на дејствијата и, сообразно со приличните за то правителствени закони и да го претставјава народот пред секое званично место, за кое нешто ќе држит редовни преписи на дејствијата си по наша за това запечатена кондика, а решенијата и ќе идат приети од нас като општо.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И денес се лутам затоа што на шефот не му побарав отказ пред да бидам принуден да му го побарам; што неговите безвредни предмети не му ги фрлив пред нозе пред да бидам речиси принуден да му ги фрлам: зашто, еден ден мојата стопанка ми внесе во канцеларијата некој човек со мрачен поглед кој ми се претстави како продавач на лозови и изјави дека сум сопственик на сума од 50 000 германски марки ако сум тој и тој и ако имам некој си лоз.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Зениците на малиот крадец се раширија уште повеќе; престанувајќи полека да бидат слепи, тие ги одлепуваа предметите од мракот сѐ додека не се задржаа на големата и таинствена каса на ќошот.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Каква може да биде таа тенденција се гледа од оваа книга.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Стариот учител се навали на наслонот од столицата и задоволно си ја погали бујната, пробелена брада. Тој копнееше по такви одговори.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ако беше тој столчен, зошто и ова детиште да биде?, си рече. Таа заплака уште посилно.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Сепак е тоа голем ризик за тебе, да доаѓаш со нас големите, и тоа сите машки, а само ти девојче.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
И за Претседателот, постоеле и времиња, кои и го барале тоа, во кои наеднаш било разурнато сето наоколу и на прв поглед се чинело дека тие линии, секогаш и премногу бргу, и премногу видливо, оделе една кон друга, взаемно стремејќи се и речиси се слевале, но всушност никогаш не било така, секогаш наново тоа во еден миг можеше да биде откриено и сега јасно можеше да биде здогледано.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во тоа време човек сѐ уште смееше да биде претенциозен.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Ништо не тврдам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ќе се смешаме во нивното мноштво, си мислеше, а таму понекогаш знае да биде и толку топло.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Не сум бил тој што треба да го предава. ‌Цел живот ми кажувале дека немам врска како да бидам геј.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Се сеќавав во тие мигови на случајот на Мигел Унамуно, славниот ректор од Саламанка, кога на една слава во времето на фашизмот, на хистеричните повици на Франковите војници да живее смртта, со нему својствена храброст ќе истапи со познатите зборови дека има мигови кога молчењето може да биде лага, спротивставувајќи се на извиците за смртта со повиците за живот, во неговата осуда на фашизмот и франкизмот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ние ги правиме да бидат вистинити.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
За да те врати во светлината на денот... За да биде покрај тебе.
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Дури со својот избор на актерите за СТОМАКОТ... Гринавеј не ја следи ембрионалната симболика на американскиот филм, кадешто секој негативен лик мора да биде грд.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Постојат неколку вида кои изгледаат идентично со Liberty Cup и кои можат да бидат фатални и во помали дози.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Помислувам: договорите со него, впрочем како и поединостите што требало да бидат извршени, не се ништо друго туку задачи запишани во училишниот дневник.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
За да се стекнете со таквата сигурност имате потреба од авторитет кој е посилен од вашата самодоверба. 74 Margina #21 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Оние другите, кои не посакуваа да бидат нешто друго во овој свет, туку сакаа да бидат она што се во еден поинаков свет, си подготвуваа облека која требаше да ги заштити во овој свет овде – си правеа оклопи, или наметки од жица кои изгледаа како кафези; си подготвуваа костими кои требаше да им помогнат да се изборат со овој свет, и во нив се престоруваа во опасни животни, или во ѕверови од некоја фантазмагорија; си подготвуваа облека која можеше да им овозможи да побегнат од овој свет, па си правеа крилја за да одлетаат, или си кроеја облека што не беше облека, туку ткаенина која обликуваше подвижен ѕид, ковчег, камен.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Би можело да биде и страхување дека го изневерила својот Германец во што малку верувам.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Проклет да бидам, тој беше далеку од тоа пусто, кално поле, далеку од црната колона несреќни, кротки како јагниња деца.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Ѕирнете ја и ќе си помислите – сред колумбиски дрег-кралици, геј-полицајци, групи од геј-младинци и едно чудо индијански семејства што ракоплескаат отстрана – дека штотуку сте стапнале во самото срце на недофатливата геј-култура.“
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Јасно беа забележливи и двете киски на ушите, и сиот склоп на телото од ѕверот, за да може уште на прв поглед да биде наполно сигурен со кого си има работа, и воопшто да не помисли да се спротивставува.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во тој луфт, тој циркуски неон и сега не се познава каде е мојот живот, мојата скриена фалинка не сум крив јас виновни се оние кои веруваа полесно ми беше да бидам неограничен во слободата да грешам, одошто да сакам ја имав секоја имајќи ја безличната жена, не груба, не глупа, не грда напросто ефемерна бришаниот простор ме плаши, не празниот ѕвездената прашинка која светка под папокот на мојата скокотлива куртизана, судбината мојот детски инат, залудното препознавање во сѐ што не сум јас зар не сум доволно смртен за да бидам и жив, и со себеси соочен зар јас ќе го напуштам светот не тој мене, мила моја!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Тоа беше местото каде што се скина тенката нишка помеѓу нас и нашите заборавени претци: ние бевме првите неверници во долгата низа поколенија од времето на Мојсеј до нас, првите кои работеа во сабота, кои јадеа свинско, кои не одеа во синагога, кои не кажуваа “Кадиш“ на погребението и на годишнините од смртта на родителите, кои не го разбираа хебрејскиот; за нас светиот јазик беше германскиот (брат ми веруваше дека германскиот јазик е единствениот кој во потполност може да ги изрази највисоките вознеси на човековата мисла), се воодушевувавме од германскиот дух и правевме сѐ да бидеме дел од него, живеевме во Виена, престолнината на Австро-Унгарија, која беше нарекувана “светата империја на германската нација”, и со некакво чудно воодушевување, со кое го прикривавме зазорот кон својата традиција, ги прифаќавме тогашните навики и однесувања на виенската средна класа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Но, еден ден ќе мора да научиме да бидеме среќни!“
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
1. Оној кој ќе блеска во науката за писмото ќе блеска како Сонцето.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Но, Рада и не ни помислуваше да биде жртвено јаре.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Никој не треба да биде дискриминиран или омаловажен заради некои свои посебни карактеристики, како бојата на кожата, религијата, националноста, етничката припадност.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Шо може да биде тоа брборење, ако не маѓиа?“ — си заклучи Митра и си влезе зимата во разбоите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Сепак, постојат ситуации кога производот во филмот може да се најде со негативни конотации.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
За да биде појасна ползата од таквото одделување наше од другите народи доста е еден критички поглед врз работењето на тукашниве студентски друштва: бугарското и српското.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И „криптограмите“ исто така лесно можат да бидат алузија на Тот, кој не само што го „измисли“ графичкото претставување туку и, како што видовме, самите криптограми. Тоа е очигледно.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тие кои тргнаа за да бидат спасени, се витосаа.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Нема да имаат време да бидат креативни, нешто да создадат. Башка, прскаат и од страна...
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Сакаше, како што Мојсеј повел еден народ кон слободата на ветената земја, да го поведе човечкиот род кон ослободување на Јас, кон ослободување на човековата суштина од оковите на потиснувањето и од мрачните понори на несвесното.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ако е така, а инаку и не може да биде, тогаш јасно е оти името Бугарин не зборува уште за бугарска народност во Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ете, мори, кој ти бил твојот Крале Марко! Женомрзец и женољубец, тоа ли сакаш и јас да бидам?“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Што се однесува до вината на идеологијата, според него, „само таму каде што акцијата може (недвосмислено) да се определи како идеолошка можеме да зборуваме за идеолошка принуда и за последиците на идеолошката акција да ја обвинуваме идеологијата“.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Мислам дека на ниеден крај од светот не можам да бидам посреќна.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Со својата грациозност и безгрижност, тоа како да поништи цела една култура, цел еден систем на мислење, како Големиот Брат и Партијата и Полицијата на мислите да можат да бидат сведени на ништо со едно единствено прекрасно движење на раката.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Надминувајќи ја епохота, делото упатува на маниристичкиот тип на човек, на духовито-меланхоличниот денди, чиишто севкупни настојувања, според Бодлер, треба да бидат насочени кон тоа да биде „возвишен“, да „живее и спие пред огледалото“ („Моето соголено срце“).
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Беше оставен, еднаш за секогаш, сиот оној далечен јазел на безизлезноста; беа изболедувани во сета нивна полнота сите болки, беа преживеани до последната граница на врзувањето сите беспаќа, а сега беше останато само таа отпуштеност, која што можела да му биде и крајот, но која за него ќе мораше да биде нешто друго, со сево ова лелекање и одминување меѓу голите зимни дрвја.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Така, преку согледување на тоа што разговорот не е, излегува дека не- разговорот не е тишина туку попрво не- говорење заедно, еден асоцијални или антисоцијален однос.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Да ги оствариме соништата, да ја најдеме среќата, да станеме најдобра верзија на нас самите и лица што од секогаш сме сакале да бидеме.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Откако ќе се избере наречјето што има да биде македонски литературен јазик, ќе треба да се разгледа и, прашањето за македонскиот правопис. За правописот како и за правецот на нашето културно развивање, ќе треба тука да се направат неколку забелешки.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И на нашите највисоки државни тужители, ниту на кое и да е друго јавно или приватно лице тоа нема да им биде возможно или дозволено, кога и да е или во каква и да е прилика тоа да се спомнува, обвинува или прогонува на кој и да е суд или судска власт.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Сега да се запрашаме друго: дали ќе биде точно да се вели дека во Македонија има две народности, и ако има една, тогаш дали таа народност може да биде наречена српска или бугарска?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тишината крие двосмислени пораки кои често може да бидат декодирани само од зборовите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Накусо, заклучи Летка, - „јас конечно сум роднина со тој твој Едо Бранов од Монастири. Или претпочитам да бидам.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Големиот Брат повремено ја посветуваше својата Дневна заповед на споменот на некој скромен, обичен член на Партијата, чиј живот и смрт ги издигнуваше на ниво на пример достоен да биде следен.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Нормата ја натфрлуваше секогаш, ах, никој не може да достаса Невена, а сите сакаа да бидат такви.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Така Трајанка се омажи на свои четиринаесет години, во село Рајчани во услови толку лоши што полоши неможат да бидат. ***
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Поради недостатокот на информации од самото место, барал мисијата да биде составена од еден оператор за радиоврска, и еден српски офицер кој требало да дејствува како офицер за врска.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
А ние само што требаше да појдеме по него, проклет да бидам, - и сега не знам откаде толку сила, волја, храброст за еден таков ужасен, тежок пат.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Би сакала да сум цвеќе, и во милувки да те галам да бидам ноќна птица, и кога телото твое жар ќе жари ко змија со јазикот оштро, да пијам сок од твоите жили, и така в бессоница, да те милувам тебе мојот најсакан цвет, што рози и ме мори...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
При спроведување на извршувањето извршителот е должен да води сметка за достоинството на личноста на странките, учесниците во постапката на извршување и нивните семејства, како и за тоа извршувањето да биде поповолно за должникот (чл. 5, ЗИ). 46 Ристески против Македонски железници Спор за поништување на незаконито отказно решение1 Quod contra legem, fit pro infecto habetur (C.J. – 1,14,5,1) Правните акти кои се спротивни на законот – ништовни се!
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Кој би можел да биде во оваа глува доба, кога само несреќата бара конак во пустите села?
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Летка понекогаш, летно време, го посетуваше во неговото родно село во Преспа; последниот пат дојде заедно со Стефанос кој освен што има спортски манири знае за возврат да биде фер.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Пријателе, се враќам, а никогаш нема да бидам Ни во пејзажот, ни во човекот И знам, некого повеќе ќе љубам!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Изгледаше дека мисли оти е сосем природно што „ тие“ сакаат да те лишат од задоволствата, исто како што ти сакаш да одбегнеш да бидеш фатен.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во далечина се лелеел предаприлски воздух и можел да биде река на стопена срма, тек на проѕирни настани од волшебна приказна од која во душите ѕвонат танки жици на тага по нешто што било и што не ќе се повтори веќе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ова за него претставуваше нова психолошка игра, па затоа реши да бара да биде прогласен како технолошки вишок, како најприфатливо решение во моментот!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Таму, на Зедница, на сртот нејзин, за да можеа да бидат видени од сите страни и оддалеку, поредени во долга низа и кренати на драгови стрчеа десетина вивки од `рженица, натопени во смола.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Но, не тоа можеше да биде помислено за секој од сите оние поранешни самјаци, што ги имаше ловено тој, само не и за неговиот пријател напред. Беа само негови соништа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Симон веќе не трпеше да бидам пред очите на друг човек.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Ааа, заборавив да кажам; нема плави картони и не мораш да плаќаш здравствено за да бидеш осигуран.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Луѓето се посиромашни од кога и да е, но со големи идеи кој го чекаат денот да бидат исполнети.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Низата кај возрасната граница за мажи беше продолжена од 63 на 64 години (почнувајќи од 2001 година), а кај жените беше прифатена возрасната граница содржана во ЗПИО за периодот до 2003 година и беше дополнително предвидено таа да биде повишена на 62 години до 2007 година.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Иако ова не е она на што реферира Дерида со својот термин diffѐrance - нешто што не може да се задржи или сфати - една ваква анализа може да биде исто толку блиска како онаа што би го откривала ова нечујно својство на јазикот.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
„Шака ли е да бидеш попова сваќа? " — си мислеше Доста.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во случај на некоја општа закана по населбата во Потковицата, мобилизација, реквизиција на стока, на волна, или на житото, при пожар или поплава, сите тие наеднаш вивнуваа, ги потпалуваше селскиот протуѓер.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ова ништо не е, вели Лазор Рогожаров, некогаш и мај знаел да биде со снег.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Всушност, зацементирањето на губењето на одредено право се случува токму на таков начин што неуживањето на одредено право, преку усвојувањето на соодветна законска регулатива, престанува да биде кршење и станува намалување на правата.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Хегел, се разбира, мораше да биде исчистен од својата метафизика, мораше безусловно да биде отфрлена неговата некритичка доверба во рационалистичкото умување — и дури тогаш можеше да се создаде вистински дијалектички метод што го овозможува спознавањето на природата и општествената стварност.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Не само секој вистински прекршок, туку и секоја ексцентричност, колку и да е мала, секоја промена на навиките, секоја нервозна особеност која би можела да биде симптом на некаква внатрешна борба, непогрешливо се открива.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ова може да биде ограничено во одредени случаи, односно Владата може да определи посебни мерки за ограничување на бројот на самовработени странци по поединечна дејност, ако зголемувањето на нивниот број би влијаел на порастот на домашната невработеност во одредената дејност (чл. 5).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Годината што измина ја научи на претпазливост и недоверба, секогаш да биде на штрек и многу да не прашува и да издржува повеќе отколку што крепат дури и исцрпените сили.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Но само тогаш кога ќе знае да ја гледа така за таа да посака да биде волшебна.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Ако е така, а инаку не може ни да биде, тогаш налет нека му е и конференцијата!
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во суровата тишина луѓето се дават во сопствените солзи, а со секое менување на светлината може да откриеме по една тајна и да бидеме сѐ поблиску до вистинската љубов, за која не постои супститут.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
- Интересно лето! - си мрмореше старецот. - А што знаеш. Може па и да биде.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Многу се зборуваше за логорите за принудна работа во кои повеќето од затворениците очекуваа да бидат испратени.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Господи севишен, ти ли ни внуши да бидеме судии со твое име на уста од која се испарила ракијата што кришум еден од друг ја пиеме?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сепак, решив да имам дете. Не сакав и јас да бидам убиец.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
„Сакам да бидам карпа, таа е посилна од ветрот “, била следната желба на детето.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Ако не може поинаку да биде, а гледаме дека не може, не можеме да го пречкртаме Хаџи Ташку да не ни биде свештеник, вели Никола Јанчески, да го потпишеме писмото и да се здоговориме како ќе одиме и кога ќе одиме во Прилеп, - в петок одвечер или в сабота зараното?
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Прикаските како две нишки се плеткаат меѓусебно, од нив или крај нив се протега трета, нема почеток и нема крај, не и се знае предилката со можно име судбина или човечка потреба за измислување. тоа име може да биде и претпоставка.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Смртта овде може да биде сфатена литерарно како стварно исчезнување на животот, психолошки како уништување на смислата на Себството, или еколошки како при природните несреќи.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Шетањето по шуми и собирањето печурки во ладно есенско утро, може да биде многу досадно, посебно ако не најдете ништо.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Тие не прават нешто за да бидат пофалени, тие го прават тоа од човештина, добрина, чувство за солидарност и слично.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Ние имавме можност да се запознајме и морам да Ви кажам дека имате прекрасна ќерка со која секој родител можи само горд да биди.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
А и зарем можеше да биде поинаку кога таа дива ноќна река протече низ месечева темнина.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сите сме фрлени во овој несовршен, енигматски, интригантен свет, без каење тргнуваме во потрага на судбината, без никој да не праша дали сакаме да бидеме дел од непознато патешествие наречено живот чии крај е смртта.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Тој беше спротивставен на метафората на чистата душа, чистата крв, на чистилиштето, на чистите народи, на чистите јазици, на с што не можеше докрај да биде чисто.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Каде и да се наоѓа, додека спие или е буден, додека работи или одмора, в бања или в кревет, тој може да биде надгледуван без предупредување и без да знае дека е надгледуван.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Можеше лесно да биде обвинет за прозападна пропаганда, ширење капиталистички идеи...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Сѐ е суета, рече, а нагонот во мене беше на низок ниво за да бидам цел.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Умира човек и директива дава, а жена како жена: што ќе рече мажот, тоа мора да биде.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Оваа тема сакам отсега, па натаму да биде за сите затворена.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Да творам она што можеби никогаш нема да биде вреднувано.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
А штом тамошниот ден е како нашиов месец, логично е и по некоја ноќ да биде исто толку долга.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Аирлија да биде, поп Јанче во куќава моја! (оди и го дочекува бакнувајќи му рака) Како така ти во куќава моја без себап?
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Љ Н, како оштетено лице, повеќе пати се обидуваше да стапи во контакт со одделението за сметководство, меѓутоа од ова одделение свесно одбиваа да му ја кажат точната сума пари која му ја должат, како и други општи информации во врска со неисплатените плати и придонеси – кои, во нормални услови, требаше да бидат транспарентни и лесно достапни.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Членовите на британскиот музички состав, „Кошин“, за да настапат на отворањето на музички фестивал во Бања Лука, побарале од организаторот за време ручекот да им се сервира топла супа во која нема да мрда, ама јасно ќе се гледала опашка од вол, а питата што требала да има централно место на трпезата, морала да биде свинска.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Сакав да бидам фудбалер, но не и да бидам фан на некоја фудбалска екипа или да гледам фудбалски натпревари.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
„Што ?“ „Дали вратата да биде затворена, или да биде малку подотворена за да влегува светлина?“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Очигледно, некој сличен на Рада сакаше да биде запаметен, па за својот ќеф си ја нарачал оваа музика за душа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Според неа, работникот мора да биде синдикално образован – што значи дека, преку соодветно синдикалното образование, тој многу полесно и поефикасно ќе се запознае со 157 своите права утврдени во законите и во колективните договори и истите полесно ќе може да ги оствари.6
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Неда, невестата му, и сестра му, тие да ја работат куќната работа, а пак Силјан ќеф имаше пазарџибашија да биде; да беше кабил катаден да оди на Прилеп на пазар, да купува вино и ракија и друзи слатки работи.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Па човек, кога ќе видеше толку многу садови, собрани на еден куп, навистина со право можеше да си помисли дека водата во Потковицата сосема се дососала.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Само седеше стуткан, неспособен ни за едно најмало движење и чекаше да биде што ќе даде господ.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Нејзините фотографии се појавуваа по весниците поврзани со зборот анархија, беше упадлива по својата неупадливост – наместо деликатните фризури на тоа време нејзината коса беше едноставно кратка, наместо фустаните со тантели, машни, вештачки цветови, и ленти, беше првата жена во Виена која носеше панталони.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Според него, ова требаше да се случи пред да биде запрен патот на јагулите.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Имаше силна вештина да провоцира и надмено ми возвраќаше на секој обид да бидам капакот во разговорот.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
На 2 август 1990 година, утрото, Ирак ќе го анектира Кувајт.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Уште пострашно беше тоа што змијата не беше тука, зашто таа можеше да биде секаде.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Жолтиот нивелатор на Алек, купиштата столбови за оградата, кои беа четири на четри и беа направени од трвдо дрво, дрвените форми за бетонските темели, на кои требаше да бидат вградени столбовите за звучниците, сè доби донкихотовска нереалност.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Го прашаа дали сака да биде комита.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Никогаш да не се откажеме од соновите, да сакаме, да љубиме, да бидеме родители, да патуваме околу светот, да сликаме, да свириме, секогаш со сиот глас да го кажеме тоа што го посакуваме.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Високите кругови на глобализацијата се карактеризираат со мобилност на висококвалификувана работна сила, дигитална размена и децентрализација на производството; во исто време, протокот на глобалниот капитал бара инфраструктурата да биде централизирана во глобалните градови со голема популација на нискоквалификувани работници кои се потребни за опслужување на инфраструктурата.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Откако размислил подлабоко, Френк сигурно ја сфатил опасноста од својата шега, можноста дека стравот може да биде многу полош отколку што тој прво си претпоставил.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Ова чувство на премин - да се биде помеѓу состојби и оттука во самиот процес - посебно е очигледно за Бојсовото исклучително чувство за површина или текстура, различните „допири“ што ги поседува материјалот -мек или тврд, флуидно мазен или рапаво груб.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
-Најсетне и Иван самиот сфати дека згрешил. Ми рече дека непотребно избрзал.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Како што во деветнаесеттиот век беше тешко да се предочи какви можат да бидат нештата без приватна сопственост, во осумнаесеттиот и раниот деветнаесетти век беше релативно лесно да се предочи еден свет без робови и ропството да се смета само како остаток од варварското доба - морално неподнослив за нашироко прифатените интуиции.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Токму така треба и да биде. ‌Ама пак ни остава некои прашања за кои треба да се размисли.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Пред другите се обидував да бидам поинаква одошто сум, за да им угодам. а и затоа што тоа (нејзиното јас) беше толку исполнето со омраза и разурнувачки потенцијал, што сѐ што ќе влезеше во него не ќе можеше да опстане.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
А некогаш навечер кога ние излегуваме ќе треба да бидете со Патрик, но се разбира за тоа благовремено ќе ве известиме и ќе ви платиме екстра... зборуваше брзо и певливо Госпоѓа Изабел.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
- Можеш да бидеш силен за десет души. И наврапит, и своеглав, и вреден повеќе од него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во Југославија и во Македонија, уште одамна беше расчистено со социјалистичкиот реализам како идеолошки метод во насочувањето на литературата, уметноста и посебно драмското творештво, според каноните на Сталин и Жданов при што творецот треба да биде инженер на душата на народот!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Зголемувањето на Бугарија од присоединувањето на Македонија не може да биде допуштено од Србија не само затоа што со тоа ќе се наруши рамнотежата на Балканскиот Полуостров, а најмногу затоа што по неговото извршување Србија ќе се најде помеѓу две посилни од неа држави: Австро-Унгарија и Бугарија таа ќе биде од нив политички и економски задушена и ќе треба да ѝ се потчини или на едната или на другата.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Така, покрај стандардните воени вежби на југословенската армада и цивилното пучанство требаше да биде заучено на соодветен пакет мерки и активности од полувоена природа, за со нивна помош целосно да се инфилтрира во концептот Сите сме одбрана.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
- Е па сакаше да бидеш писател нели? Повели, еве, ги испраќам до тебе најцрните човечки судбини, ќе мора отсега, па натаму, да ги сослушуваш, колку и да не ти се допаѓа тоа што ќе го чуеш ... а ќе чуеш секакви приказни, за болести, за кои не си знаел досега, за надежи засекогаш загубени, за сакатења, сквернавења на човечки судбини, какви не си имал прилика да видиш, а си бил убеден дека знаеш дури и за редовните посетители пред прагот на инферното, за сите пороци што ги измислил светот, откако постои...
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Кога таа „самостојна” и „национална” политика е орудие на непријателите на Русија, против интересите на последната на Балканскиот Полуостров, можат ли да бараат тие бугарски политиканти од руската влада да биде таа совршено безучесна во настаните на Балканскиот Полуостров кога тој Полуостров бил грижата на Русија цело столетие и повеќе?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тој едноставно сакаше тоа да биде место во кое клинците не би чувствувале потреба да се муваат 24 часа дневно.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Долго време, како и мојот пријател, полскиот амбасадор Мајевски го очекувавме денот во славната палата на Претседателот Бургиба, како во некој егзотичен храм од 1001 ноќ да бидеме внесени во списокот на Шехерезада, со што продолжуваше дипломатскиот, воопшто животот во светот на суверенот!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во извесна смисла тоа беше подлабоко од пријателство, тие беа интимни: некаде постоеше место на кое можеа да се сретнат и да разговараат, иако вистинските зборови можеби никогаш нема да бидат изговорени.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
81. Ама г. Зиновјев им помагал и им сочувствувал на Србите. Тоа може да биде вистина, но тој го прави тоа не зашто ги мрази Бугарите, а зашто српските посланици во Стамбул се логични, ги знаат арно нивните интереси и можат да ги заштитуваат.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
- А, сакате да ви кажам зошто не читам? – неочекувано праша Огне. – Ако сакате да знаете, не читам зашто писателите не пишуваат интересни книги.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
И ме гледаш, и се разбираме со поглед, и јас подавам рака, а ти клучот ми го даваш, оти знаеш дека првпат јас самиот сум решен на твоја страна да бидам, дело гнасно да учинам, за да те спасам од логотетот!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тоа силно го трогна, по првпат некој од Акиноските оставаше завет да биде закопан тука, во Потковицата, на Горник, заедно со луѓето со кои го поминал векот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Се заморив од летот и светот, Нема што да сетам, нема што да видам Стигнав бигор - паметник да бидам.
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
Синот ќе ги спроведе во дело татковите ностварени желби.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Терапевтот будно ги следи телесните реакции на Лена, координираат ритамот на нејзиниот говор и дишење, поставувајќи прашања кои отвараат простор за нови нарации: Ако таа го напушти бракот од љубов и страст за да биде верна како телесните добра сопруга и добра мајка во стабилен дом, кои настани ќе ја обликуваат нејзината иднина во годините што доаѓаат?
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
„Глупости. Земјата е стара колку што сме и ние, не постара. Како може да биде постара?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Срцето му потскокна. Го правела тоа десетици пати тој посака да биде стотици, илјадници пати.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И затоа продолжи неговиот рефрен во Римскиот сенат со уште поголема жестина Картагина сепак мора да биде урната!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Да се спасуваат со бегање, да ја напуштат куќата пред да биде премногу доцна - таква мисла не им падна ни на ум.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кој да замисли, поверува, почувствува: ми се подготвуваше претставата на најапсурдната варијанта на балканската театарска драма во која требаше да бидам единствениот травматизиран главен актер и гледач!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Но сите когнитивни научници би се согласиле дека, еден „добар“ модел на умот би требало да биде отворен за нови искуства.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Ќе го имаш пак само доколку си останал без тоа негде блиску, за да можеш да се повратиш; но ако си одел без тоа толку долго, за веќе да си имал време да ја свртиш браздата на твојот живот во сосема друга насока по која што те повела таа твоја загубена рамнотежа, тогаш повеќе ни еднаш нема да бидеш во состојба да го побараш и да го најдеш.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Не можам да бидам со него, не можам да го изневерам мојот Бог со друг. Тоа би било крваво.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
За освежување меѓу два такта (сеедно што тие можат да бидат куси како детството) стига е истечено време со многу коцки мраз.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Само едно стебленце уште кога би раззеленало врз мене за сликата сосема реална да биде!
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
И не плаши се, јас... јас нема да бидам далеку, нема... нема... (Нешто тропнува во собата каде што остана Луков.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Змејко знаеше дека тука нема да може да направи ништо ни со своето стоење, ни со својата посегната рака, пред која срнчето продолжуваше да трепери како прат; та тоа и потаму се плашеше и од својата сенка, и тој го стори само она, што сега можеше да биде сторено.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тоа треба да биде само делување во согласност со нив поради вобичаената физичка каузалност (зарем тоа не вклучува волја?).
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Во станот во Њујорк Јоже често идел да биде близу до другар му Фидел да пафкаат пури со американки а потоа в Белград со млади комуњарки Јоже се прочу ко курвар, пробисвет бркал и црнки од третиот свет на кенијка млада ѝ посеа семе се роди ново кумровачко племе
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Бил отсекогаш еден човек, којшто си бил достатен на самиот себе, и кој ниеднаш не бил свикнат да бара од другите нешто повеќе, освен да бидат некаде тука, крај него, секој за себе зафатени во своите грижи, многу често други и незабележувани од него, а тој ниеднаш немал потреба да ги побара, или пак да помисли на себе си вака, како сега: Сам...
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тој со сѐ е скаран, а ти го тераш да биде скаут.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сметав дека можам да бидам среќна со тој човек. Во тоа верував и уште верувам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Се борам да бидам закулник и да не го гледам. Зашто немил ми е прекорот во неговите очи.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
1.  Интервјуто го водеше Димитар Апасиев, на 19.V.2011, во Велес. Архивскиот број под кои е заведен предметот во Основниот суд Велес е: П.бр. 805/99. 253
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ако ги елиминирате популистичките национални еуфории и ситните манипулации на овој план кои не се ништо друго туку само една бесполезна ниска страст за масите која во фундусот на историјата неминовно завршува или како евтин културен и политички кич или како невкусен и дегутантен хорор, националната еуфорија може да биде позитивно користена од визионерите на општеството, уметниците, научниците и политичарите хуманисти како генератор на големи уметнички, научни и социјални потфати.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Затоа и не можам да бидам паметна на кого толку многу му згреши“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
- Колку е суров, - си помислив - како може да биде толку смирен?
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Им пристапив иако немав желба да бидам со нив.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Мислам оти ваквото поигрувања на Рајна со срамното ѓаволче во себеси произлегуваше од нејзината нескриена намера да биде посакувана од сите.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Оној имаше еден остар глас и тој го сеќаваше него како некое болно, но неминовно стружење со грубата острина по некоја негова рана, која што не би можела ни да зарасте, пред да биде истругана така.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Всушност, излезе дека единственото нешто што не сум го прочитала од него досега, а што било литература или претендирало да биде тоа, се тие писма.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ако веќе мора така да биде, татко ми да се ожени, тогаш најдобра од сите ми изгледаше учителката Вера.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Ајде, да бидам малку и пристрасна; можеби е глупаво ова што ќе го речам: можеа и да го исмејуваат тој Голем Тодор, можеа и да му измислуваат какви било прекари, ама Голем Тодор беше навистина поголем од приказните што се предеа за него.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Можам да замислам каква болка ѝ нанесов (оти сега знам што значи да бидеш мајка, кога и јас станав мајка).
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
И јас, најден тука тогаш привремено, си дозволив да бидам со нив.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Во РМ странските организации работат во согласност со одредбите на овој закон – освен ако, со ратификуван меѓународен договор, поинаку не е уредено (чл. 38, ЗЗФ).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Овде ретко кој умее да го прескокне јажето на нацијата и патриотизмот и да се затекне во Доблеста која веќе нема никакво национално или патриотско алиби коешто, ете, во „кризни времиња“, ѝ дозволува да се заборави, то ест да биде употребна доблест на оваа или онаа нација.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Умееше оваа Мајка, која нѐ надминуваше сите со моќта и со издржливоста во страдањата, да биде убедлива во своето верување.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Но секој обид општеството да се предочи како конзистентен модел нужно е обид кој, за да биде селективен, арбитрарно одредени начини на општествен живот ги прогласува за норма и, според истата логика, сите други феномени ги класификува како ненормални: или како резидуум на минатото кој евентуално ќе ја изживее својата цел и ќе исчезне, или како некакви туѓи елементи кои што мораат да бидат искоренети или маргинализирани.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Тој страхуваше дека последиците од „двоверството” односно „јаничарството” на Балканот можат да бидат најжестоки, пожестоки од тие што ги познава историјата во другите делови од светот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Само во неговата свест, која во секој случај ќе мора набргу да биде уништена.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И навистина во моментот инаку и не можеше да биде кај народ кој спие петстотинигодишен сон, без национално и општочовечко сознание, каков беше македонскиот, односно мариовскиот селанец во крајот на XIX век.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Најпрвин беше замислила еден сосема класичен и глупав почеток: директорот на училиштето да им се обрати на учениците и родителите со свој говор (сите знаевме дека тоа е неверојатна глупост, оти Фисот не знаеше да срочи повеќе од два збора на хартија, и тоа под услов да бидат напишани во два различни реда; тој имаше страст за решавање крстозбори и анаграми и сите имавме впечаток дека допрва ги учи зборовите како средство за изразување).
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Треба да стигнеме во Цариград пред со сила и понижувања да бидеме истерани.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
- Ќе преспиеме, па ќе видиме! - рече доктор Коста, свесен дека секакво донесување заклучоци во ова време може да биде пребрзано.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Но таквиот, неблагодарен слушател, за вратка брзо ќе си чуе дека е бујца, односно овци со булка над челото, најглупава што може да биде, која од ништо не се одбира, безмалку и брлива, и која се двои од стадото.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Зошто секогаш мораше да биде така ?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Твојот пат е твојата светост.  Твојот пат сочинет од име и идентитет и другите подзаборавени потценети распродадени за туѓ ќеиф, по сопствена вина - доблести и добра сега и материјалните територијалните егзистенцијалните  сѐ за да бидеш и никој, и ништо и да се рассееш по светот БЕСТРАГА, НЕВРАТ ЏЕНЕМ, ПО ЃАВОЛИТЕ надвор од јазикот...  Но твојата трага - длабоко втисната тетоважа на светот - не е само твоја.  Не скршнувај од својот Дом народе мој!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Првиот, од аспект на тоа што во меѓународното трудово право и конвенционалното право на Меѓународната организација на трудот, кај условите за работа постои одредена дихотомија при правното дефинирање, односно под оваа категорија се подразбираат оние нужни претпоставки пред отпочнување на трудово-производствениот однос кај работодавачот (работни простории, машини, алати итн.), додека под работни услови се дефинира поширок обем на екстремно важни трудово-правни институти како што се работното време, одмор или заштитата при работа, како и физичките и ментални аспекти кои ги изискува работното место, па затоа поумесно би било наместо рестриктивната формулација „услови за работа“ во иднина таа да биде заменета со „општи услови за работа“.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Меѓу работниците настана нерасположение, а кај народот мрморење дека од мостот нема ништо да биде.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Бројот на работници отстранети од работа не смее да биде поголем од 2% од бројот на работниците учесници во штрајкот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Колку порано се пристапи кон оваа проблематика толку подобро затоа што после долги години ебавање у мозок тој може да стане полуактивен и импотентен за да резонира, односно да биде сексуално дисфункционален и неупотреблив.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Не треба да се смета, додуша, дека било кој од тројцата горенаведени дрдорковци би можел да ги „претставува” другите, било исправено или на глава, и дека, согласно со тоа, може да биде бакнат наместо нив.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Кога швајцарските власти конечно го одобрија погребот на Пленпале, тој беше закажан за четврток, 18 јуни.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Со шеговит глас, соодветен за големи измислици, ѝ ја раскажа ублажената верзија на нејзината дијагноза. – Тоа значи – заклучи – дека ти недостасуваат уште неколку дена за да оздравиш целосно.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Во врска со тоа, во една маргинална белешка за Boite Verte тој сомничаво напишал: „Да се редуцира годишното производство на редимејди (?)“.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Слегнав за да се исповедам и да си го олеснам страдањето од неправдите на кои сме осудени да бидеме сведоци, да гледаме, да пластиме, без можност ниту офка да изустиме. Да си олесниме.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Тука е и олукот што ги исфрла полумртвите или само зашеметени пајаци, и лавабото (шолјата, лоша илустрација) во кој исчезнуваат тие неколку бубачки со кои детето си играло, трупајќи ги врз хартиените бродови и мерејќи колку долго можат да бидат под вода.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Се случуваше во летните месеци прошетката да биде заменета со сеанса на пливање.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Всушност, следувањето на чоколада - Винстон беше свесен за тоа - требаше да биде намалено од триесет на дваесет грама до крајот на тековната недела.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ако работодавачот го објавува слободното работно место и во средствата за јавно информирање, рокот за пријавување започнува да тече од денот на последното објавување (чл. 23, ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Кога типот почна сѐ подлабоко да навлегува во филмот да биде менаџер, да прави модни ревии, ми стана јасно дека се ближи нашиот крај.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Турскиот амбасадор во Тунис, Муарем Тунчер, иако навлезен длабоко во деветтата деценија од животот, денес патувачки амбасадор, ми раскажуваше, на времето во Тунис дека постоел обичај наследен уште од Отоманската империја, министерот за надворешни работи да ги повикува еднаш месечно сите поранешни амбасадори на ручек, за да се искажат за надворешната политика на земјата, од позицијата и искуството во земјата во која служеле амбасадорите, а кое сѐ уште можело да биде делотворно за интересите на земјата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Таа ми забрануваше да ја сакам, ми забрануваше „јас“ да бидам „јас“ и јас да решавам што ќе сакам и што ќе правам; со тоа, таа ме лишуваше од себеси самиот, како што се прави тоа кога човек се става во затвор, па му се одзема правото да биде она што по професија е, да биде сопруг на својата жена или татко на своите деца, да биде пушач, па му се одземаат запалката, цигарите, сликите од семејството, паричникот, врвките, каишот; тоа беше чиста политика, идеолошки терор од прв ред: да не му дозволиш на човека да биде она што е!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Сите тие три нешта се поврзани со нарцизмот, којшто сигурно е темелна претпоставка на секој книжевен чин, но не би смеел да биде и негов резултат.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Понатаму, во животот често се случуваше да бидам отфрлувана од друштвото и игнорирана на најбеден начин.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
- Дали мапата по која го живеете животот е идентична со мапата на вашата душа?
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Круме се сомневаше и во Ниротакис Алимакопулос, особено откако допреа до него, по линија на строго доверливо, информациите дека тој би можел да биде учесник во организираната трговија со луѓе и криумчарење мигранти преку тајни канали на јужната граница.”
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Гледавме како се губи снегот од родните полиња, се враќавме дома, проклет да бидам, дома.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Сакаше да биде строг, ама очите му се смееја кога ѝ рече на мама: „Ти велам јас - син ти многу брзо расте...“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Можам да се обидам по сто пати, но не ми успева, можам и да играм некоја друга улога, во некој друг театар, да бидам некоја друга јас... но пак ќе го барам сето она што е твое... ќе ја посакувам твојата сцена...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Тетка Вале немаше ништо против да бидам слушател.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Бидејќи не можеше да биде ништо друго освен она што нејзините родители сакаа да биде, а нивната желба беше таа да биде момче, Џоан можеше единствено да биде - ништо.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
5.  Работодавачот може да отстрани работници од процесот на работа само во одговор на веќе започнат штрајк.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Потоа се извртив неколкупати околу самиот себе како пес што се врти пред да реши да легне, но не легнав, туку ја зедов машината за пишување за и јас да се фатам за работа, а да бидам блиску, да го слушам удирањето на копачот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Најчесто едниот зборуваше на едниот јазик, а другиот на другиот, без да бидат свесни дека разговараат на два различни јазика.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Идеалите народни требаше да бидат една програма, кон реализирањето на која ќе требаше да бидат насочени сите сили на народот.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Се виде, другарот Иваз не беше задолжен за тоа. Не можело да биде во прописите.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Зошто отиде таму? Ниту имаше намера евтино да си купи измеќар, ниту да биде прост сеирџија.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Кога рано ќе ме напуштеше сонот излегував на морскиот брег.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се плашиме да не задоцниме, па се туркаме, и други! се плашат да не задоцнат па и тие се туркаат и еве причина да бидеме лоши и ние и тие околу нас.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Куќата е една од најстарите во селото; направена од петаври: од штички и плитар, од лескови прачки исплетени од дирек до дирек како што се плете кош и облепени со кал измешана со плева, слама и козина за поцврста да биде; на многу места калта и испадната од ѕидот и зјапаат дупки низ кои ветерот се провира и свири; во тие дупки птиците се пикаат и прават седела клувкајќи го и користејќи го истиот материјал со кој е облепена куќата; чардакот од куќата виси над патот како дрвено корито спуштено од небото; куќата е затетеравена на едната страна како пијан човек и, изгледа секој миг ќе падне.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Сѐ беше лесно, освен.. ! Сѐ може да биде вистина.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Поттикнат и лично од козјата кауза која ја замислуваше и застапуваше Андре Декостер за економски препород на Македонија, но песимист за нејзиното целосно реализирање, се ангажирав по дипломатски пат, тој да биде примен на високо ниво при својата посета на земјата.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
- Поделен манастир не може да биде... - рече игуменот. - Тоа е како кога ја делеле птицата двајцата луѓе што ја уловиле: секој сакал да добие половина од неа и пак да му пее птицата... А може ли поделена птица да пее?
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Не исповедувајте се за нешто што не било и нема да биде, Ви се молам.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Перодршката беше архаичен инструмент, ретко употребуван дури и за потписи, а тој ја набави кришум и со големи тешкотии, само затоа што чувствуваше дека убавата бела хартија заслужува да биде испишана со вистинско перце, наместо да биде исчкртана со хемиско пенкало.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Исто така во директивата се нагласувало дека “мисиите можат да бидат само кај Главните штабови и корупуси, а никако кај дивизиите или другите единици“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Значи, еден Македонец од Источна или од Северна, или Јужна или Западна Македонија нема право да се противи да биде избрано централното македонско наречје за литературен јазик само затоа што не му се чинело убаво.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
За Саркањац, во овој контекст е клучно тоа што Витгенштајн покажува дека постои едно сфаќање на правилото кое не е толкување, случај во кој што е исклучено рационалното објаснување како причина за акција.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Кревалката може да биде рачна, полуавтоматска или хидраулична може да чкрипи како рѓосан чекрк или да е безшумна како опитен ѕиркач
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Тоа е: зошто еднаквоста меѓу луѓето треба да биде одбегната ?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Требаше да биде напишана страница која ќе ги зближува луѓето.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Номиналниот износ на акцијата не може да биде помал од 1 ЕУР, според средниот курс на таа валута, објавен од НБРМ, ден пред усвојувањето на статутот, односно на денот пред донесувањето на одлуката за промена на основната главнина (чл. 273, ЗТД).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
НЕДА: Иване. Не. Не зборувај така. Тоа не може да биде. Не може да биде.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Ете зошто Гете ги повикуваше поетите, уметниците и мислителите да исчекорат од националните рамки во кои, соодветно на барањата на Хердер и неговите ученици, требаше да бидат затворени.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Еден млад човек, кој седеше покрај пијаното, рече: „Тоа го знаеме сите, но не знаеме како работите да се сменат, а да не тргнат на полошо.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
КП-те установи можат да бидат казнено-поправни домови и затвори (чл. 19, ст.1-2 од ЗИС).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Чувствувајќи го само стравот што ги правеше малечки, малечки до загинување, чекаа да биде што ќе биде.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Јас го реков тоа, или ти му се обрати токму со овие зборови на оној силен состав од умни партијски глави на состанокот што беше свикан со една единствена цел јавно да бидам кастриран?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Легнат на грб се обидував во отсјајот на мижуркавата светлина на канделабрите од улицата да откраднам искра од нејзините очи за да можам во играта, која не смеев и не сакав да ја одлагам, да бидам свој онолку колку што таа ме познаваше. Попусто трагав по таа искра.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
И не само мислење, нудеше сослушување, совети, рамо за плачење, пречекуваше, испраќаше клиенти, тешејќи ги дека сѐ ќе биде во ред, дека нема да биде залудно нивното барање што го доставиле, дека ќе се случи чудо и дека токму ним ќе им биде помогнато, дека не смеат да изгубат надеж во институциите на системот, дека тој искрено верува ... иако сѐ што му се плеткаше во главата, во моментите кога ги кажуваше овие сказни од земјата на заблудата, беше едно здушено „ееххх, кутри луѓе, штом животот не ви помогнал до сега ... но којзнае...
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Балканските народи во векот на падот на Османската Империја, заедно со клучните европски сојузници, не престанаа во историографиите да го искривуваат и сопственото османско минато.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
- Благодарам за подарокот, - се потруди да биде љубезна, - а на штосе должи оваа твоја, ако смеам да забележам, ненајавена посета?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Некој извикува дека тој е господар на сонцето, и дека само ако дувне, сонцето ќе згасне.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Конечно настапува трезвената состојба на „верификација“, кога „брилијантниот увид“ мора да биде соочен со неприкладната реалност.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Додека бевме амеби и риби се напрегавме да излеземе од морето без да бидеме смачкани од тежата.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Дури и пишуваните упатства што ги добиваше Винстон и од кои тој без исклучок се ослободуваше штом ќе завршеше со нив, никогаш не кажуваа, ниту навестуваа дека треба да биде извршен чин на фалсификување: референците секогаш се однесуваа на пропусти, грешки, печатни грешки или погрешни цитирања, што беше неопходно да се исправат во интерес на точноста.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
СЛИКА: БАБА МУ ДЕПА Баба му Депа и дедо му Аврам се слагаа во сѐ: како грнче и поклопче; како оган и мраз: тој пали, таа гаси; ако тој нешто ѝ подвикнеше или ја потскараше, таа само ќе му се насмевнеше и ќе го разоружаше; а понекогаш му препушташе да биде по негово.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Се разбира, бев спремен да прифатам дека сето тоа што го рече за матежината и тешкотиите на изминатите години може да биде точно. Но и не мора!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
А ти, можеш ли да бидеш пророк?
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Вклучувањето на членови од околината, на индивидуи кои историски учествувале во формирањето и во дистрибуцијата на доминантната нарација од животот на индивидуата може да биде од голема помош.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Ова тој го поткрепил со констатацијата дека во случај да биде „обелоденето дека Британците се во контакт со него на кој и да е начин, преку кој и да е канал, на најважните политички односи што јас ги изградив во Бугарија во изминатите четири месеци би им била нанесена непоправлива штета“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Но, најважниот услов за успех ќе биде изборот на уредник за ваков владин орган.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Тој го исполнуваше заветот на својата Мајка кога беше жива, еднаш засекогаш, да се пресели во Цариград и да биде прифатен од другиот дел на семејството.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
- И за од болви и за од вошки, велам, за да биде чиста земјата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Немав намера да бидам една од неговите марионетки.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Исто така, еден народ долго може да биде без народно име ако наблизу до него нема друг народ од којшто ќе треба тој да се разликува со одделно народно име.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Колибиве, ако се ваши, можат да бидат и наши...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Само со оние неколку дрвја, што можеа да бидат догледани и што се чинеше дека постојано продолжуваат да се наведнуваат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Често пати сугестиите дека луѓето можат да бидат успешно сфатени како машини (и според тоа ограничени) се видени како нешто навредливо или бесмислено, и тоа се смета како симптом на некој вид политичка грешка или интелектуално слепило.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Крзнарството во Костур беше најстариот занает и само Костурчани со султански ферман имале право да бидат крзнари.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Кој можеше сега да биде четвртиот тетреб?
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Забележете дека Серл не порекнува дека може да има натуралистичко објаснување за Умот и Свеста, но тој сака да покаже дека само компјутер со иста биохемиска структура како мозокот може да биде интелигентен.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Се најавуваше интегралното писмо да биде испратено со дипломатската вализа.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во овој филм го направив и најопасниот експеримент што некогаш сум го направил и кој никогаш повеќе нема да го повторам.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Мислам треба да биде зачленет во нашиот таен револуционерен кружок.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
149 Сепак, за уставната тужба да не остане само декларативна заложба, уште пред таа да се воведе ќе мора да се извршат одредени промени пред сѐ во внатрешно-организациониот начин на функционирање на Уставниот суд, односно зголемување на ресурсите и капацитетите поради зголемената активност која неминовно ќе настане, па затоа можеби од аспект на ефикасноста во заштитата на правата и слободите на граѓаните би било подобро сегашниот состав на Судот, во иднина, да биде проширен.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
И покрај копнежот да биде сакан заради своето „вистинско јас”, шизофреничарот е згрозен од љубовта.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Не смее ништо да биде сокриено од будното око на цензорите.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
За крај, Движењето за социјална правда – Ленка сака да ѝ се заблагодари на Фондацијата „Роза Луксембург“ за финансиската поддршка која овозможи оваа студија да биде напишана и објавена. Ѝ се заблагодаруваме и на Лилјана Ковачевска за логистичката поддршка околу наоѓањето на повеќе потешко достапни закони кои беа анализирани во оваа студија.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Во случај на судски спор, кога е постапено спротивно на забраната за мобинг, товарот на докажувањето паѓа на поединец или група против кој е поведен спорот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Под душемето на чардакот имаше едно скришно место во кое ги криеше книгите кои можеа да бидат забранет и да му донесат несреќа на семејството.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Дојде, ги изведе на показ игрите на онаа неодмерена стрвница, или поточно бесрамница, а притоа како да сакаше да рече: јас ви подарив една тајна, толку од мене, а сега ви го препуштам редот вам, и вие да постапите на ист начин: да бидете дарежливи кон мене; да го изнесете од скришниот долап куферот на тајните што и јас сакам да ги дознаам; зар многу барам?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Натпреварот за најдебела Американка нема да биде толкуван како карневалски бунт на грдото тело против убавото, или барем како негова логична спротивност, туку попрво ќе биде налик на административно допуштање на демократската Америка на постоењето на алтернатива, варијанта.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Тоа можеше да биде само оној негов стар опинок, што го исфрли пред повеќе дена, додека чистеше под леглото.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Копнеев да бидам морнар. Катарка, галеби, пена. Гуд бај, капетан Кук.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Вардеше само да може да го погоди оној миг, кога тоа прегладнето копиле ќе се обиде да му се приближи; важно беше да не му допушти да му се приближи така, за да може да го дрпне одзади со онаа своја шилеста муцка, друго ништо не можеше да биде важно таму назад.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
На Триманова ѝ се зема за грев наводната блискост со нејзината дотогашна претпоставена шефица, која претходно е избркана од работа – по што следува „логички“ расплет и таа да биде истерана од фирмата, како еден вид колатерална штета од целата ситуација.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
При тоа е пропишано дека таа не може да биде пониска од 65% од просечната месечна нето плата по работник во стопанството објавена во тековниот месец (чл. 8, ЗИПДНД/93).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Не го лажев, колку-толку се трудев да бидам фер, без разлика на неговите постапки, јас стоев на своето и бев верна на сопствената личност.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
За спорот никогаш не се обрати, ниту пак побара помош од правната служба на СОНК. 64 Бидејќи неговите писма и барања упорно беа игнорирани –  Митревски, во текот на месец јануари 2007, конечно покренува судски спор за враќање на работа пред надлежениот Основен суд – Битола.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Гледаше и напред и назад. Велеше: „Сум и ќе да бидам“.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Штом ќе се види оти таа никојпат нема да биде српска, Србите ќе можат да се одвратат од своите утврдувања дека Македонците се Срби и ќе ги признаат за одделно словенско племе, еднакво блиско до Србите и до Бугарите. 126 И така, македонската национална преродба е настапен историски процес што има под себе јака почва и голема иднина.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Имено, специјализираниот Британски суд за работни односи, во спорот R. vs. M.K., пресуди дека конкурсите за работно место во коишто е назначено дека се бара минимално работно искуство во години, можат да бидат индиректно дискриминирачки врз основа на возраста (т.н.„старосна дискриминација“) – па, кога приликите тоа го дозволуваат, треба да води сметка да се избегнува ваквото условување.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
- Како можам да бидам? Пуштете ме, овде почнувам да се чувствувам како во оклоп.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
За прв пат во животот имав можност да бидам примерна ученичка.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
2. Зад оваа опскурна изјава која сугерира успех, за кој владата очекува да биде пофалена, се крие опачината на градењето бизнис рај, се крие грдата стварност на намалувањето на работничките права, на руинирањето на многу човечки судбини.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Сликарот, каков што јас го познавам, каков што бев и јас, е олфактивен тип; тоа значи дека наутро станува, има потреба за појадок, иако често не јаде, но највеќе чувствува потреба да го осети терпентинот. И таа олфактивна потреба, потреба за појадок, го поттикнува на сликање. Од олфактизмот до ретиналното задоволство, има само чекор и често кај сликарите останува на тоа.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Освен разгледувањето на сите засегнати прашања, за да биде јасно појавувањето на книгава, сега ќе треба да се кажат неколку збора за своевременоста на книгата и нашиот литературен јазик.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Холанд влегува во трагата на корените на тековната континентална философија коишто можат да бидат корисни за англо-американските феминист(к)и, а кои потекнуваат од онтолошките, херменевтичките (Хајдегер), феноменолошките (Мерло-Понти), егзистенцијалистичките (Сартр, де Бовоар) традиции.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Ме памтиш? Возев нов црвен форд ескорт. Сите тогаш возеа канти. Ми го удри пикот.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Впрочем место вдовица можев да бидам девојка!
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
137. Ете зошто, прашањето кое наречје треба да биде општ литературен јазик за Македонците и Бугарите, ако првите и за напред ќе се викаат Бугари, коешто прашање сега не се поставува на дневен ред, зашто умовите на сите Македонци сега им се зафатени со револуционерното движење, еден ден неминовно и без други причини ќе поведе кон едно расцепување меѓу Бугарија и Македонија, со создавањето од страна на последнава свој литературен јазик.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Татко најмалку очекуваше дека оваа турска неодредена заменка, од арапско потекло (на турски falan, на арапски fulan), но набргу, откако Камилски реферира за нејзината генеза и значење (некој, тој и тој) и посебно за фактот што големиот француски славист Андре Мазон ја анализирал и ѝ посветил посебно место во своите Документи, познати како Словенски прикаски и песни од Југозападна Македонија (1923), забележани за време на Првата светска војна, кога како резервен офицер на француската Источна армија, со други илјадници француски резервни офицери, голем број интелектуалци од најразлични професии, ќе се најде на Балканот, посебно во Македонија и во Албанија.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
„Не, не плачи Луцијо; овој свет за мене без тебе е безвреден, и затоа си одам, и ќе бидам нешто друго, оти и твојата партија од мене бараше да бидам нешто друго; но јас по божја волја ќе се видоизменам, а не по желба на човек; оти јас веќе некогаш порано сум бил и момче и девојка и грмушка и птица и лушпава риба што од морето скока...“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Се колат брави, овци, јагниња, па некаде дури и крави, волови и се спремаат манџите за утрото, да бидат готови, оти тогаш ќе се стои од други поважни работи — пречекај испрати.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
2.  Установа е форма на организирање заради вршење на јавна услуга како дејност која не е подведена под трговска дејност утврдена со закон [нестопанска дејност] и која може со закон да биде утврдена како дејност од јавен интерес (чл. 3, ЗУ).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ѝ се посакало да биде курва, па нека биде: нејзина волја - нејзина судбина.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Се наоѓаше во една ќелија која можеше да биде темна или осветлена, зашто не можеше да види ништо друго освен еден чифт очи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ние сме задолжени да бидеме лојални поданици на Неговото Царско Величество Султанот.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Оној што предложил да се вратат, да му се покорат на претскажувањето, можел од помладите да биде закопан со мртвиот: сам нека се врати, со ластегарка ќе му помогнат да побрза.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
(7) Прашањето за тоа дали овие разлики биле таму (заедно на куп длабоко внатре ентитетот, чекајќи да бидат изнесени на светлина од страна на ископувачите деконструктивци), или се во ентитетот откако феминистките го завршија преобликувањето на ентитетот во социјална градба, поблиску до нивната срдечна желба, ми изгледа воопшто неважно.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Каков ли треба да биде типот на жена што ќе умее да го среди или поточно да го приземји необичното, дури и откачено чекорење на мојот постар брат?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Далтон секој ден вели дека ќе компонира песни додека таа е излезена.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Не му беше лесно да го преземе овој пресуден чекор во својот живот, верувајќи дека неговото перо може да биде попрецизно од мечот, со кој се црташе картата на палестинската држава, во забрзаните постапки на Јасер Арафат.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
- Сѐ додека еден граѓанин на оваа држава заради една националност политички, општествено и човечки е адекватен, одбивам да бидам сведена на било која - му го објаснив својот став на чекачот, горда што успеав така згодно да го формулирам.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Еден ден чичко ми му го кажа тоа на татко ми, но во вид на клевета, а татко ми рече: И ти и Љубица играјте и танцувајте, но да бидете пристојни, со секого кој ќе ве покани, макар и Циган да е, но за време на играњето никако не треба да се зборува, да бидете сериозни.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Друштвото на баба ѝ, и покрај најголемата нежност и нега, не можеше да биде за неа некакво радосно друштво.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Пресудата треба да ја извлечат на среќа - зарот се фрла за и совеста фрлена да биде...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Револуцијата стана и иако има најужасни последици за нас, пак даде некои благодатни резултати со коишто можат да бидат задоволени нашите борци за национална слободија: тоа се Мирцштегските реформи3, кои ќе бидат раширени спроти нуждите што ќе се покажат со време.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Париз е мелница... Колку што градот е убав и ти пружа убавини и пријатни доживувања толку може и да те сомеле и духовно изобличи и додека го сватиш тоа да биде доцна.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
— Mope, ами и време му е да е убаво, Боле, — одговори Доста, тресејќи некои од пелените на Нешка, кои требаше до утре да бидат готови ако сака да излезе со бел образ на сретсело.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Импровизираното не може да биде добро реализирано. Овде, во оваа моја земја, има толку многу аматеризам, што тешко може да се дојде до добар квалитет.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Знаеше многу добро што значи еден таков пат по еден толку висок снег, што можеше да биде длабок и неколку метра под него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Оној ден што почнува со: „Каков срам и врз нив и врз мене, и врз нашата слобода, независна, неврзна држава...“ би можел да биде цитиран во целост, до крајот на пасусот, само да не е толку долг, а забелешката која следи: „се наведнаа, зедоа по една кисела слива, си ги закиселија непцата и скиселени исчезнаа“ се ретки примери на блескава иронија.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Да бидеш ти и да бидеш сам и да се најдеш пред себеси еден нов ти. И да се почувствуваш и самиот пред себе си нов.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Можеби ако другите не ги водеа овие битки јас ќе ги водев, но бидејќи тие го правеа тоа многу добро, јас работев нешто друго. ?
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Согласно законот од 1992, висината на регресот за годишен одмор можеше да се исплати најмногу до висина на просечната месечна плата по работник исплатена во стопанството, додека висината на отпремнина при заминување во пензија можеше да биде исплатена најмногу во висина на трикратен износ од просечната месечна плата по работник исплатена во стопанството.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
ПРОИГУМЕН - Еден продуцент му рекол на еден проигумен: „Да не сакаш да глумиш човек-игуана во еден проект?“ „Ти си некој проклетник, провокатор, простак?! Што проломоти, брат, само протојереј може да ти прости!“, рекол проигуменот. „Не ми држи проповед, попе! Можам да те промовирам! Пропаганда и за тебе и за протојерејот!“, рекол продуцентот. „Противприродно е тоа! Ако ја проиграм (т.е. проневерам) довербата на протојерејот - тоа е пропаст!“ рекол проигуменот. „Јас не ти фурам пропедевтика; ако сакаш да бидеш протагонист, пеки; ако не, простум нека ти биде, проследувам понатаму!“, рекол продуцентот. „А да ми пронајдеш некоја друга улога? Не можам игуана!“, рекол проигуменот. „Може Боргес во Името на Ружата 2?“, прашал продуцентот. „Пророк да бидам? Имаш прокламација за таа улога и од протојерејот и од протоѓаконот и од целата црква!“, рекол проигуменот. „Прокоцкана шанса...“, прошепотил продуцентот. 46 Margina #19-20 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Физичка и метафизичка непокорност. Дали тоа би можело да биде корисен предмет?
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Се качив од една посивена провинциска станица, возот патува бавно и долго, а јас, и покрај неколку испиени шприцери во станичното бифе, подготвен сум да бидам љубопитен и внимателен соговорник.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Деструкциската уметност им се обраќа на феноменологијата и епистемилогијата на деструкцијата и мора да биде карактеризирана како широк cross- културен одговор повеќе отколку како историско движење.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
ги менуваат имињата на луѓето и на местата, на својот јазик не смееш и да се расплачеш, мртвите да ги испратиш, ако зборот му се украде на јазикот, јазикот може да биде и пресечен и откорнат, мајките им ги затнуваат устите на децата, со раце им ги затвораат, ги задушуваат; од Јужна Грција се сите служби: и учители и попови и полиција, сите ни кажуваат што треба да работиме и колку треба да работиме, но никој не ни кажува како треба да живееме, ама кога ќе победи нашата партија, ќе нема човек на човека роб, ние слободно ќе зборуваме и на својот јазик ќе учиме...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Бавно, но постојано венееше и тоа сознание всели страв во мојата душа, едно претчувство на загуба, која би можела да биде неминовна.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Но средната секогаш мораше да биде слободна, „за внукот“, како што велеше дедо Димо.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Меѓутоа, кога сето тоа било готово, потребата од луѓе била сведена на минимум: еден ќе требало да го запали фитилот во визбата на бакалницата и да исчезне без трага и еден кој требало да се качи на бродот, а чиј живот можел да биде најмногу загрозен.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Се чувствував сигурна што можев кон вас да бидам пес.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Ништо лошо. Проблем е што многу често доаѓаме во ситуации да бидеме евтини курви.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Штом е така, тогаш и нашиот правопис и правецот на нашиот литературен јазик ќе треба да биде во полна зависност од таа тенденција што ќе нѐ раководи нас при нашата национална преродба.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
На следните вести, друг политичар повика на национално единство, на сплотување на Македонците, кои во оваа ситуација не смеат да бидат еден против друг, туку мораат да покажат заедништво.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Не постоеја докази, само краткотрајни погледи што можеа да значат било што или ништо: делови од прислушнати разговори, бледи чкрабаници по клозетските ѕидови, еднаш дури, кога двајца странци се сретнаа, едно мало движење со рацете што изгледаше како да може да биде знак за распознавање.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Еден од нив е труење со шака апчиња или евентуално со солна киселина и мора да се признае дека овој начин на самоубиство е доста едноставен ама може да биде заебан доколку ви налета некој у меѓувреме и ве однесе на токсикологија па вашиот живот навреме да биде спасен.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Мислам, воочи јасно, самата виде Во какво сиво се обоил овој наш свет што проклет, го градевме и живот ќе дадевме за сѐ да биде светло и фино Многу лета изминаа оттогаш Некои незаборавно, некои брзо, некои бавно, И ниту еднаш не почувствував вина А сега...
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Измената и дополнувањето од јули 1998 година содржи три одредби преку кои се проширува опсегот на невработените лица кои можат да бидат вработени на неопределено време за работодавецот да може да ги користи поволностите од ЗЗВ.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Сакав да бидеш тука покрај нас, макар и болен, колку себично од мене?
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Немам намера да ја омаловажам Деридината инвентивност.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Дајте друго име, па сите да бидеме мирни.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Право да ти кажам, ѝ рекол, ни јас не се израдував кога видов како водата го потиснува животот, природниот живот, за да биде заменет со вештачки, на периферијата на Б., ама не реков ништо.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
„Филозофот треба да знае дека на тоа столче, пресветол управнику, пред него седел само уште отец Стефан“, изустив, мислејќи дека со тоа ќе ја задоволам потребата на Стефан да биде пофален.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Слободата нуди многу прекрасни нешта, но таа не нуди едно нешто коешто е клучно за индивидуалната благосостојба, сигурноста - то ест да бидете сигурни во тоа дека она што го работите е правилно, дека одлуката што сте ја донеле не е погрешна.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Тогаш низ просторијата како во хор се разлеваа гласовите кои молеа да заминат од Гнездо: меѓу ѕидовите одекнуваше композиција за човечки гласови со молби, со жалби, со уверувања; се мешаа десетици гласови во таа композиција во која се испреплетуваа различни ритми, тоналитети, брзини, а помеѓу разговетните зборови одекнуваа и нејасни мрморења и врисоци, и чудесни звуци од штракањето на забите, од брмчењето со усните, од повторувањето еден глас, од имитирањето на звуци какви што можат само во некаков сон или некаков кошмар да бидат чуени, па некаде отаде зборовите се чувствуваше судбината на оние кои зборуваа, кои офнуваа, кои брмчеа, кои штракаа, кои мрмореа и врескаа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
На тој начин Македонија да биде на линија со Србија“.274 На истиот ден ГШ на НОВ и ПО на Македонија добил телеграма од ВШ на НОВ и ПО на Југославија во која им се соопштувало дека “нашето снабдување ќе биде од Русите и од Англичаните не треба да се бара ништо“.275
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Проклет да бидам, сеедно говореше; повтораше, бладаше: - Мајко, мајко, мајчице моја! - непрестајно ја бараше, видов, видов, проклет да бидам, на неговото лице повторно се јави онаа негова неизбришлива, голема смеа.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Морав да бидам многу внимателен, да ги избегнам теориите на деконструкција, зашто тие не се од помош при разјаснување на проблемите што можат да го приближат техничкиот свет до јавноста и до умните луѓе.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
— Е, попе, Иге, Милане, Тоше! Пак назад по трага откај што дојдовме.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сето ова и уште многу нешто кое до нас, за жал, допира пооредно или никако не допира, било или можело да биде запишано во тефтерот на господарите на Потковицата, Акиноските.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Сакаше тоа да биде изненадување за Рада.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Секој граѓанин, или барем секој граѓанин што беше доволно значаен за да биде надгледуван, можеше да биде изложен по дваесет и четири часа дневно на будното око на полицијата и на звукот на официјалната пропаганда, додека сите други канали за комуникација беа затворени.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ме запозна со сестрата НАДА со неа често кокетирав сакаше да бидеме пријатели сѐ дур смртта нѐ не раздели
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Тоа може да биде привидна негативност, како некаква доброќудна шега на сметка на производот, што на крајот може да испадне и позитивна реклама што се однесува до продажбата, но може да се случи и производот едноставно да биде „покопан“ преку порака од филмот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Вие морате или Турци или андари да бидете- им рече Љакето. Никако не можевме да се погодиме.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Може да биде облачно претпладне во јули: Вкус на пепел може да се чувствува во воздухот; може да се насети и мирисот на дрвото што се топи на огништето; да се почувствуваат натопени цвеќињата; да се прошета усаменички низ опустошени шеталишта...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
А кој бара доверба од нив. Под клетва се, под оружје.“ „Треба да бидеме претпазливи“, рече поднаредникот.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Скопјево е во румелискиот вилает и многупати, како што кажуваше игуменот, било давано на управување и на паши, кои по својот ранг би можеле да бидат и валии.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
За тоа време можат да бидат поставени ракети натоварени со атомски бомби на сите стратешки точки; на крајот сите тие ќе бидат испукани истовремено, со толку разорни резултати, што ќе ја направат одмаздата невозможна.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
А кога оргазмот е невозможен, тоа значи дека постои органско пореметување (со васкуларно, нервно или ендокрино потекло) што не е предмет на психоаналитичкото истражување, (но може да биде предмет на психосоматско истражување), или тоа значи дека оргазмот заради психички причини е невозможен без соматска подлога, и тогаш психичката сексуалност се сфаќа како пречка за организмичкото празнење.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Според етички и морални ерупции, хуманистички параметри и животни концепти како и според некаква идеолошка ентропија, се обидуваме да изградиме сопствени верувања и ефермна вистина за смислата и целта на животот, под услов да бидат базирани на чувството на свесност за стварноста која не опкружува и во која живееме, чувството на светост и чувството на единство со сѐ околу нас.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Со ваквата формулација законодавецот остава несоодветно долга временска рамка во која работодавачот треба да ја изврши оваа своја обврска, кој поради својата игноранција или пак непрофесионалност може директно да му наштети на работникот, доколку тој во меѓувреме најде ново вработување и треба повторно да биде пријавен во задолжително социјално осигурување.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Проклет да бидам, тој ја виде, веќе ја имаше во своите очи.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Но, туризмот секако не смее да биде врзан со спрегите на времето и точноста.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Празник е и подготвен сум за раѓање За доаѓање на светот што ве возобновува И ми дава сила пак да бидам дете Во рацете на Мајка И пак со молња и збор Да им се препуштам на водите Што ме носат И носат грамада камења Во кои ве препознавам Ближни мои.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
I. Прво, споменот на сѐ што се случи на едната и на другата страна од почетокот на месец март 1585 до нашето доаѓање на престолот и за време на другите претходни нереди и за време на овие, да биде збришан и згаснат, како нешто што не се случило.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Но, положбата на работниците немаше да биде дотолку лоша ако само ова беше проблем.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Зошто да бидам како скитник крај стадата околу твоите другари?, а наместо него, одговара Хорот: Ако не го знаеш тоа, о, најубава меѓу жените, тогаш оди си по овците свои и паси ги јарињата покрај пастирските шатори.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тоа е моќ која се остварува во врска со знаења кои создаваат посебни вистини, и водат кон посебни и „коректни“ заклучоци за тоа како би требало животот да биде „остварен“, „ослободен“, „рационален“, „различен“, „индивидуализиран“, „сопствен“, „само-содржан“ и така натаму. 58 Margina #4-5 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
За работата да биде уште понеподнослива, отспротива, пред надворешната врата на својата куќа, стоеја Надежда и мајка ѝ, а подалеку зад нив, и снаата, трите со рацете во врзалките од скутините, и трите со еден мил, блажен израз на среќа што го слушаат овој разговор.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Татко ми ме советуваше да бидам вредна и да го учам јазикот. Потоа се надоврзуваше мојата сестра.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Сите бои ги вапцавме остана уште аловата Ако запнеме уште малку секако ќе доучиме и да бидеме свои на своето.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Очекував човечки да се собере, да падне на коленици, да закука за својот живот, точно тоа, зашто поинаку и не можеше да биде. Но тоа не се случи.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Иако малку столчен од нејзиното зло око, ама решен да не ја испушта јадицата и да биде денес или утре тоа што и татко ѝ, сепак се насрчи како мачор на оса.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Би можела, помисли Винстон, да биде мајка му.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- Потребни ли ти се глупавиве штосови за дејствието? - Не пречат, колку да биде поживо.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Меѓутоа, како знак на добра волја, Митревски се обидува најпрвин спорот да го реши вонсудски и на мирен начин.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
После редовна употреба, ненадејните прекинувања можат да бидат опасни.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Монашки нишан: сведоштвото на Лука Блажениот 29 „Има нишани што ги следиш од рано детство без да знаеш зошто: - се будиш предзори додека сосема не се повлекла глувата сенка на ноќта кога сѐ е разбиено на безброј дробни честички сетен ситнеж кој подоцна ќе се склопи во запрепастувачки складен и топол мозаик, во фрески по ѕидовите, по подот, на сводот и сеќаваш кревкото, кршливото порозното, обезличеното се преобразува во својата виша смисла и ти се обзнанува: ни еден слом не е алогичен!; - тукушто си пркнал уште дете, стануваш аскет и заминуваш незнајно каде само (посакуваш!) да биде тивко, молебно створено и од природата, и од човека за деноноќно бдение за созерцание, вертикално понирање на веда - од небеса до подземи за живеење со жиг и жедба на монах ни горе-ни долу повеќе таму, одошто овде
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Можеме да бидеме прилично сигурни дека тој никогаш нема да умре, а веќе постои голема несигурност и околу тоа кога е роден.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- Не разбирам Раизе, кој би можел да биде третиот!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
- Зошто тртката, мајче. - Зашто ни тогаш немало светци. Станувајте и патувајте.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Јас им давав совети на дада и нејзиниот сакан, како да ја одржат врската под контрола и сѐ да биде супер.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Според Коста, револуционер можел да биде само оној што бил способен да се откаже од сите земни блага и да ја прифати револуцијата како професија.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Проблемот не беше само во тоа што сексуалниот инстинкт создава свет за себе, кој е надвор од партиската контрола и кој, според тоа, мора - доколку е можно - да биде уништен.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ремзи Прнаска, професор на Универзитетот „Сорбона” „Drita” Tirana,10 maj 1998 Сосем е природно, за книжевната критика и странскиот читател, романот Времето на козите на Луан Старова да биде разбран како гротескна алегорија против диктатурата која се потпираше врз насилничката идеологија, алегорија која истовремено се потпира врз балканското битие.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Оваа гостилница можеше да биде која било просторија и да биде каде било; оваа гостилница не беше Нахрани ја торбата, која нему му беше позната.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Те погледнав свету И мрачен ти беше (божем погрешен) Црно на бело крстозбор решен Кон светлина божем почна да идеш Но рабови тенки, кршлива рамка И овде-онде-пак црна дамка Те допрев потоа за сигурна да бидам Дали по патекава мека и тенка Можам воопшто на кај тебе да идам Или мене само така ми се виде А по текот твој и други видов нешта Девојка невешта по истиот пат Со мисли во облаци чекори кон Ад Со допир стаклен и смирен поглед Ко кукавица птица в незнаен лет А зад неа: надзирам јас со двоглед: – гледам кристално јасно низ овој проѕирен свет! 2001
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)