да (сврз.) - виси (гл.)

„Од умна болест“ , одговараа а тишината се повлекуваше и ги оставаше шепотите смрзнато да висат над нив, да ги дави, да им ја пие супстанцата, да биде куп гнили крпи околу гнили мумии.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Келнерот остана да виси над нив, неговиот грб во огледалото беше широк, дибечест.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Беше тоа еден таков морничав страв од височините, а во соништата тој му се прикраде така, што секогаш се изнаоѓаше себе си осамен и несигурно стапнат на скелето на една толку висока градба, која ја имаше височината на сите оние недобројни зданија, создадени од него, уште од неговото детство, наредени едно врз друго, од кој наеднаш тие скелиња почнуваа да се отпетлуваат, бетонските плочи остануваа да висат над провалијата, тулите се трошни под неговите стапала и тој онаков малечок, навистина пргав, кажав, но наеднаш толку мал и страсен не можејќи да стори ништо друго против тоа, се отпушта оттука надолу, во онаа бескрајна празнина под него, која чиниш со жед го впива во себе неговото до непостоење лефтерно и ситно тело...
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Миговите минуваа еден по друг, а тишината остануваше да виси изјаловена, како издишан меур, штура.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Плашлива закана: „Пуштете го. Не сте судии.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Зло предизвикување: „Дојди, земи ни го. На јамкава можат и двајца да висат.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- И премногу е добра за да виси во службени простории – беше идниот негов заклучок.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Кога ќе бидеш слободен, земи ја! Ја симнав од ѕидот! Фрли ја в оган!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Да висат слободно, васеленски.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)