да (сврз.) - врти (гл.)

И колите одново почнуваат да чкртаат, да нѐ тресат. Како чекрк да вртат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Го џвакаш лебот, а ко слама да џвакаш. Мора да чпараш, душа да вртиш. А не е еднаш и двапати.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Му го следев сега одлучно погледот што почна да му паѓа пред него или да врти настрана од моите очи.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Жените почнуваа да вртат со бедрата, ги извиваа задниците како мачки во еструс, допирајќи се меѓусебно и истовремено мешајќи си ги солзите.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Вели: „Сиромавиот никаде нема роднини“ , велеше Лазор Ночески и стана што стана на бродот, а бродот не го пуштаат одоздола, од кај нас, имало војски, имало војни, а таму ни рекоа дека сѐ е ослободено, сега мораме да вртиме околнаокол, откај Црно Море, откај Бугарија, прпа, прпа, допаткавме до Бугарија,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)