Над влезната порта  венче од детски солзи  му пркоси на законот на гравитацијата    среде бело венче  ѕвони бело ѕвонче  бели коњи со распавтани бели сни    и занданите имаат облик  - бела ѕвезда бело насмеана  со опашка од бела роза    бели галежи  на бела свила од првата ноќ  до последната бела виделина    бел садник од рози во срцето  - осаменоста ја скорива љубовта  гнетот го скорива гневот    бело варосани ѕидови  во нив светлината жртва заѕидана  врела голтка запрена среде суво грло    и смртта тука имала бела боја  и многу сакала да гушка  листиња од црвени рози.
               
             
           
            
            
              „Ситночекорка“
               од Ристо Лазаров 
              (2012)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Таа го граба јорганот од неговиот кревет и брзо излегува со него, грчевито стегајќи го како да гушка нешто мило, го носи во својата соба и таму паѓа со него на кревет, и плаче, плаче.
               
             
           
            
            
              „Послание“
               од Блаже Конески 
              (2008)