да (сврз.) - изговори (гл.)

Тој го спушти гласот, како човек кој мора од здравствени причини да изговори непристојност.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ниту таа можеше да го осуди татко си за тоа, ниту јас нешто такво да изговорам.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Логотетот гледаше стрештено во Филозофот, за потем да стане и да изговори: „Пророштво добро е тоа за секој оној чиј прст ќе биде почестен со овој прстен, и јас сега знам дека не прстенот, туку записот ин во одајата источна е причина за поразиите и несреќите на царството!“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тој не можеше ништо да изговори, а само му ја стисна посилно раката на Аритона.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)