да (сврз.) - очекува (гл.)

Подзастанат во влезната врата, помислувам на тоа каде сѐ ќе одам в град, по кои улици ќе поминувам, во кои кафеани ќе навратам и, како на кое место помислувам, така приближно погодувам кого каде ќе го сретнам и што би можел од него да очекувам.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Кога себичноста на едниот влегува во натпревар со себичноста на другиот, ти не можеш да очекуваш ништо полезно и убаво за сите.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Но зошто би морал да очекува да се случи нешто необично, која беше веројатноста дека сонот, гласот, привидението, кажуваше нешто, навестуваше нешто?
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Сега се прашувам како воопшто сум можела да очекувам мајка ми да се воодушеви од содржината на тој роман!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
А и што би можело да дојде за него, на што да мисли, што да очекува.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Да не знам што да очекувам. Низ врата кој ми влегува.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Сум ги минал сите граници, па сега можам сѐ да очекувам до крајот на моето патување!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Неколкупати ми дојде на врв јазик да му речам дека постојано го мислам мојот редок гостин, кој како подарокот тебе (најскапото) ми те остави; дека заспивам и се будам мислејќи на него.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А со кое право можев да го кажам тоа а Иван да поверува, кога и мене напати, без да очекувам и без да се надевам, луто ќе ме каснеше сомнението!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Настојувале да му дадат израз на тоа страдање и да го изложат пред поширокиот свет на општеството, без да очекуваат тој свет да им ги оддаде скрбната понизност и формалното признание на загубата што вистинските италијански вдовици ги бараат и ги добиваат.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Од сето горе речено се гледа оти бугарските арнотии за нас Македонците ни најмалку не се разликуваат од српските, но затоа пак нѐ чинат стопати повеќе: 1/ за бугарското име што ни го подари Егзархијата82ние ги зедовме на себе сите добрини што се врзани со него и со кои се украси тоа име во најновата историја на Балканскиот Полуостров. 2/ за бугарските училишта и бугарското „покровителство” на нашите интереси ние немаме никакво сочувство од страна на Русите, не затоа што тие ги мразат Бугарите, а по тие причини што тие толку многу направиле за Бугарите, колку за никој од словенските и православни народи: излегува оти тие и за нас Македонците направиле многу и немало зошто уште нешто да очекуваме од нив.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Востанието ни покажа оти ние Македонците не можеме да очекуваме помош од никоја од балканските државички, оти решението на нашето прашање е сето во рацете на големите сили и затоа нам и не ни треба да ги соединуваме и да ги замешуваме нашите интереси со чии и да се словенски интереси на Балканскиот Полуостров.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И вистина, од нашето викање дека сме Бугари ние имавме право да очекуваме за нас добрини, а не зла: ние можевме да очекуваме од Бугарите поддржување на сите наши духовни нужди.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Значи, до тогаш до кога ќе продолжи движењето им ние не можеме да очекуваме вистинско замешување во нашите работи и до тогаш нашиот народ ќе биде принуден да трпи најголеми бесполезни и бесмислени несреќи.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И веќе почна да мисли каде би можел да очекува да го сретне.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Можеше само да остане на својот прозорец и да очекува.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Кукулино; таа плитарска тврдина на маченици и вдовици, ја посвоило немата Ганка, да ора, да сее, да копа и да окопува со другите жени и во предвечерните часови да стои осамена и да гледа кон планините.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Како да очекувала најпосле да се спушти по козји патеки нејзиниот врсник Лозан Перуника, да остане крај неа или да ја поведе кон невиното синило на далечините.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во некој момент сигурно забележала, застанала молкум да ме набљудува како и самата нешто да очекува; веќе беше невозможно да не ме издаде напорот да го продолжам тоа затишје, да не го прифатам тоа пак да се вратат наспроти Мари-Клод, против Мари-Клод која не можеше да разбере, која молчешкум ме гледаше исчекувајќи; да се пие и пуши и да се зборува со неа, за до последниот момент да се одбрани слаткиот интеррегнум без пајаците; да се запознае нејзиниот едноставен живот работа-дома и сестра студентка и алергиите; да се сака, така да се посакува тој црн прамен што ѝ го чешла челото, да се сака таа како цел, како стварно последна станица на последниот метро во животот, а тогаш - бунар, тоа растојание од мојот стол до онаа клупа каде што можевме да се љубиме, кадешто мојата уста можеше да го испие првиот мирис на Мари-Клод пред во прегратка да ја однесам до нејзината куќа, пред да се качиме низ оние нејзини скали и најпосле соблекувајќи ја од себе толкавата облека и толкавото чекање.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Кога навистина ќе навлезеш во суштината на релативноста на нештата, ќе знаеш што можеш да очекуваш.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Па, како можеш да очекуваш дека овцата нема да биде вкусно јадење за месојадецот. Таква е природата, сурова.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Тој и самиот не знае каде припаѓа според квалитетот на своите творби, дали да прифати да биде на список на некој ад хок приватен галерист кој работи на ситно и на црно (приватните галеристи во Македонија нужно се детерминирани во својата работа од нерегулираниот даночен систем, поточно на сѐ уште нерегулираните даночни олеснувања за вложување во откуп на уметнички дела) или да очекува некое општествено признание и државен откуп.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Застана, како да очекуваше Винстон да каже нешто. Винстон се обиде одново да потоне подлабоко во креветот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Неговите очи прелетаа во круг преку ѕидовите, како да очекуваа дека некаде ќе наидат на прозорец.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Бледосините очи на старецот шетаа од таблата за пикадо до шанкот, од шанкот до вратата на машкиот тоалет како божем да очекуваа промените да се случат во таа просторија.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Јас таму во очај појдов и не ќе беше право да мислам дека ќе има нешто уште полошо и пострашно што би требало да очекувам. Не ќе беше право.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
— И со запрен здив почна да очекува одговор.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Зарем од мртов човек можеш да очекуваш да плаче?“ „Престани“, плачеше старецот.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Ништо друго и не можевме да очекуваме, ништо друго и не можеше да се случи, ниту да произлезе од нашите животи така како што ги живеевме.”
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
(Навистина, можете да се смеете, но јас никогаш не го изневерувам она што еднаш вистински ќе го почувствувам).
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И тогаш Катерина застана среде светлината како да очекува мракот да ја завитка во изресеното темно платно што го држеа по краиштата со растреперени прсти најситните ќерки на ветерот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Треба да даваме со чисто срце, човечки, со убава желба, а не за да се фалиме, или пак да очекуваме тоа да ни се врати.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Најпосле мене ми здодеа да очекувам Билјана да добие петка, па престанав да ја прашувам.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)