да (сврз.) - пикне (гл.)

А куќата? Нивите? Бавчите? Шумите? Ливадите? Лозјата? Можеш ли од нив барем делче да пикнеш в торба?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Некоја колку една палце да пикнеш е дупната, вели, некоја колку една игла, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кога и да пикневме цела глава зелка во котлето, ете ти го мојот братучед Фодулчето, и уште не влезен ќе проговореше Ааа, убаво мириса! Пак зељка!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)