да (сврз.) - поразговара (гл.)

Но со малку среќа, ќе биде безбедно да поразговараат петнаесетина минути сред толпата, и да се договорат за наредната средба.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тогаш можеме да седнеме и удобно да поразговараме.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Се надевав дека ќе ми се укаже можност да поразговарам со вас“, рече тој.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тој обично запираше на скалите за да поразговара неколку минути со него.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Изгледаше задоволен затоа што му се дава можност да поразговара.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Цивилизирани луѓе сме. Да седнеме да поразговараме, ако сум направил грешка да ја најдеме.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Сакав да ја најдам Луција, по секоја цена, да ја извикам настрана и да поразговарам со неа.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Меѓу нив Арсо се чувствуваше обновен, полн со мисли и чувства што му ја враќаа вербата во нешто многу важно за него и за другите. Можеше да поразговара.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
А и мене ми беше мило да седнам, да ја гледам, онака мила во лицето и во обноската, чиста како пена од сапун, мислам, да седнам, да поразговарам, да видам во што сум во право, во што не сум.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
„На доброто расположение на еден германски воспитаник и на неговата желба да поразговара со некого на јазикот на својата младост.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
И со овој настап владиката го плени Греманецот кој падна под споменатите зборови на митрополитот изговорени на совршен германски. „Убаво сте се сместиле тука”, му рече Хрисостом на есесовецот, во исказ во кој војникот не ја препозна суптиланата иронија на владиката.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Сепак на една од двоколките, на својата, лежел истоштениот малодушник Неделко Шијак.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Само понекогаш по малку се исправал да види што се случува и се обидувал да повика некого, да поразговара, да каже дека мачењето е попусто, тој ќе умре, другите ќе умрат, по нивната смрт сè ќе е мртво.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не чини нашите херои да шетаат по туѓи градови и непознати земји, ѝ рекле кога ја викнале да поразговараат.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
„Што сакате да знаете за Рајнер?“ „Јас за него знам сѐ. Или скоро сѐ.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Која сте вие?,“ праша. Јас само повторив: „Сакам да поразговараме за Рајнер.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)