И зашто никој од нив не знаеше да посочи кај можел свети Јован Крстител да го одведе Бошета - Сигурно не на небо, зашто, што бара таму жив човек? - сите тие, кревајќи ја раката, велеа Натаму, од кај што нѐ угрева сонце.
               
             
           
            
            
              „Потковица на смртта и надежта“
               од Миле Неделкоски 
              (1986)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Достасаа Озновци од Прилеп и од Битола; иследуваа, сослушуваа, држеа конференции и кога не им појде од рака да посочат кој го убил Пената, прогласија дека реакција во Потковицата има исфрлено комити во шумата, дека тие, комитите, дење си седат дома и работат по полето, а ноќе бегаат во гората и убиваат, па ја вооружија младежта и почнаа да ја пребаруваат шумата.
               
             
           
            
            
              „Потковица на смртта и надежта“
               од Миле Неделкоски 
              (1986)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  А ти, дали веруваш?  – Јас, мили мој, не сум толку учена да можам да посочам философски докази за постоењето на Севишниот.  – Имаш право, никој не успеал во тоа, сите учења на човека не се доволни за тоа.  – Но јас, сепак, верувам во нешто.  – Во што веруваш, мила?  – Верувам во чинови на храброст или на верба, кога ќе се соочиме со безнадежноста.  – И тогаш?
               
             
           
            
            
              „Ервехе“
               од Луан Старова 
              (2006)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Можам да посочам и на кое место стоевме додека се случуваше ова.
               
             
           
            
            
              „Летот на Загорка Пеперутката“
               од Србо Ивановски 
              (2005)