да (сврз.) - потрча (гл.)

Сакам да потрчам, да го припрашам уште нешто, уште колку време ќе служи војска да го прашам, ама не можам да пречекорам, од место да се помрднам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не можеше ниту да ме остави сама со Ели во таква положба, да потрча по лекар, ниту пак да ме испрати мене сама по него. Ѝ стави топломер.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Личноста за која е корпата, треба веднаш да потрча и да го фати оној кој ја оставил и тогаш разменуваат бакнеж.“
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Не мислејќи на тоа, веднаш побара да откорне со ноктите нешто од таа скочанета земја и да потрча кон црната прегладнета мечка, кон таа парталава мршарка, што одеше да му го земе неговиот лов, од тоа ноктите му прокрварија.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ја чекаат пролетта, да спадне реката, па по петмесечна одвоеност да се прегрнат и да потрчаат заедно по ливадите.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Ја чекаат пролетта, да спадне реката, па по петмесечна одвоеност да се прегрнат и да потрчаат заедно по ливадите.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Очите не му трепнаа ниту еднаш, рацете сакаа да допрат но не се осмелуваа. Сакаше да потрча но не потрча.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)