да (сврз.) - почувствува (гл.)

Неусетно се пренесуваш во 13-век пред цели 7 века и сакаш да почувствуваш како се одвивал животот во овие години.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
И двајцата како да почувствуваа дека ја живеат својата нова младост.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сакав да се штипнам и да почувствувам болка за да сфатам дека не сонувам, не верував дека ми се случува ова, толку убава среќа.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Можеше да почувствува како топлината и симпатијата на Кети зрачат кон неа.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Во нејзниот тон авторот како да почувствува болка во којашто оваа женичка го живееше животот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Средбава во вагонот, а потоа и моето присуство веројатно ѝ се чинеле и премногу податлива околност за излевање на некоја нејасна завист а можеби и на горчина во која не бев упатен.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Таа секогаш располагаше со доволно енергија но и со непоколеблива безочна упорност за да почувствува потреба да ја прикрие својата намера.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Таа мала измама ја предизвикал удар на внатрешен оган. Се зашеметил. Кратко.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ја тргнал раката од чело и се загледал во треварите, едниот Никола, со шилесто лице на стар и мудар лисец, другиот, Пандил, нешто малку покус и со набиена глава во квадратни раменици на кои, без тој да почувствува тежина, можело да се смести по една вреќа овес.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Внимателно ќе гледаш во водата додека се возиме крај реката и ќе чекаш да почувствуваш кое е тоа место на кое треба да застанеме.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Таа пролет, пролетта во која Добрата Душичка и Макс го чуваа од згаснување тивкиот оган на кој се грее душата, за сите нас во Гнездо траеше колку цел еден живот; како сите ние по цели еони ледено доба да почувствувавме дека душите одново нешто ни ги стоплува.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Додека ги гледавме во паркот, додека ги прислушнувавме нивните разговори и додека си ги прераскажувавме и мислевме што ќе биде со нив потоа, заборававме на своите лудила, и нашите лудила забораваа на нас.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Девери мои, рекла таа, не заради мене, туку заради мртвиот ви брат, помислете на чедото мое и не оставајте да умре од глад.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Акакиј Акакиевич чувствуваше само како му го симнаа шинелот, како го клоцнаа со коленото, и тој падна на грб во снегот и повеќе ништо не можеше да почувствува.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Збогум бедра мои, и снаго женска, вие веќе ни пород ни љубов нема да почувствувате.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Можеше да почувствува како студот влегува и излегува низ белодробните ограноци, кои како да беа исполнети со снег.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)