да (сврз.) - прерасне (гл.)

А и самиот управител имаше отворен и другарски однос кон сите вработени, што Мушаланов го оценува како доста позитивна работа и наведува дека, доколку управителот професионално и навремено ги плаќаше обврските спрема вработените, самата Агенција можеше да прерасне во модерна компанија. 289
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во Агенцијата каде што работеше, која функционираше како ДООЕЛ, во тој период, работеа 12-13 луѓе како „обезбедувачи“ – сите, освен управителот, со облигационен договор за дело и со статус приправници!?3
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
5. Една најобична и безбојна светлосна нишка, еден танок и бел месечев конец предизвика неочекувано ПОБУНА ВО НОЈОВИОТ КОВЧЕГ Тоа почна како да нараснува црн влакнест облак, почна заради несоницата на жителот број 6, почна несфатливо некако околу полноќ, отпрвин без шум и без движење, полека за да прерасне од ситен и упорен дожд во проклет порој...
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Пред започнување на спорот со првичната Агенција за обезбедување и истрага тој околу седум месеци, од февруари 2007 година, работеше како работник за обезбедување – сѐ до критичниот момент на настанување на проблемот, во септември истата година.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)