10. АТОВИТЕ СЕ РИТААТ, МАГАРИЊАТА ТЕГЛАТ -  а може и во лаките коњ до коњот да прета,  а магарињата по брдата, од змиските легла,  за тие коњски кошкања камшици да плетат...
               
             
           
            
            
              „Куршуми низ времето“
               од Љупчо  Стојменски 
              (1976)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  И тогаш почнав да мрдам, да претам.
               
             
           
            
            
              „Небеска Тимјановна“
               од Петре М. Андреевски 
              (1988)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Езерото го прими како распослана јамболија - да се валкаш по неа, газ преку глава, како брндаво детиште со крастави колена, да преташ со нозете кревајќи облаци пена и да се превртуваш на сите страни како риба во мрежа.
               
             
           
            
            
              „Синовски татковци“
               од Димитар Солев 
              (2006)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Еден од мајсторите го зеде јагнето и го завлечка накај темелот: јагнето насетувајќи ја опасноста, почна да блее и да напиња со глава да ја скине врпцата, но мајсторот го зграпчи за половина, го крена и го однесе до темелникот; кога јагнето го виде ножот што го измолкна мајсторот зафати посилно да прета и пожално да блее, да моли за спас; но мајсторот, го притегна поцврсто да не прета и му ја стегна устата; јагнето сега почна со погледот да го моли мајсторот да го пушти, да го ослободи; но мајсторот му ја затегна главата нагоре за да му го зарие ножот; кога виде јагнето дека му нема спас, дека мајсторот нема срце, душа, го погледа со презир, со омраза и смигна да не го види сечилото од ножот што му беше допрено до кожата; првин сети студенило во грлото, налик на допир на мразулец, а потоа силна болка, губење на воздух, на здив, на свест, се стресе, спрета со нозете, за последно сапна, потоа се успокои, како да заспа.
               
             
           
            
            
              „Јанsа“
               од Јован  Стрезовски 
              (1986)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Еве и моево почна да прета.
               
             
           
            
            
              „Небеска Тимјановна“
               од Петре М. Андреевски 
              (1988)