да (сврз.) - претендира (гл.)

На крајот на краиштата, токму дозволата од мајка му не само што успевала да го одложи, иако само привремено, забранувачкото женско обродување на театарската сцена туку и му дозволувала на момчето да претендира на оној вид општествен идентитет и субјективна целовитост што можел да го достигне само со имагинативна изведба.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Власите и нашиот народ се разликуваат по јазикот, носијата, карактерот, така што никојпат Власите не можат да претендираат на наши села; исто така никојпат ние не сме кажувале оти влашките села се наши.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Мајчиното конечно свртување против сопственото чедо повторно го оживува ужасот што нејзината љубов го поттикнувала отсекогаш, ужасот „од протерување од нејзиното присуство“ (112).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Наспроти тоа што грчкото население во цела Македонија претставувало една осмина од вкупното население (македонското било повеќе од една половина), грчките владејачки кругови сметале дека имале право да претендираат на цела, или речиси на цела Македонија.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Токму во нејзината сенка, под нејзино покровителство и преку идентификација со неа, настраното момче кое ѝ е, ете, син добива поттик/забрана да се воздигне до сопствената општествена и субјективна дејственост – односно, да изведува – и со тоа му се овозможува да си го обезбеди, неизвесно и малку веројатно, сопствениот идентитет, сопственото несигурно и провизорно место во еден ненаклонет општествен свет. ‌Во контекстот на Циганка, Милер може да тврди дека мајчиното отфрлање на ќерка си и мајчиниот обид да ја преосвои сцената за себе на крајот од мјузиклот предизвикуваат особено обессилувачки и разорен шок кога се гледаат од гледиште на момчето чиј сопствен пристап до изведбата првобитно го дозволил ликот на мајка му – мајка која своевремено го навела да верува дека, преку неа, и тој ќе може да си има место.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)