Револуционерните занаетчии,           спротивно на тоа, тврделе дека идеална чевла не постои, како ни непроменливата форма и           дека тие самите треба да пронаоѓаат нови форми на чевли и постојано да ги усовршуваат.
               
             
           
            
            
              „МАРГИНА  бр. 35“
              
              (1997)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Прво ликовните експерти, со своите вперени погледи како телескопи и со долгите нокти на малите прсти остри како пинцети, почнаа да копкаат по слоевите бои и да пронаоѓаат по нешто на неговите платна: те однос на светлина и темнина ваква, те однос на бои ваков, а не таков, те потег од оној сликар, те композиција од овој, нанос не од четка туку од шпахла, па дури и елементи што не спаѓаат во сликарски бои ами во столарски отпадоци.
               
             
           
            
            
              „Синовски татковци“
               од Димитар Солев 
              (2006)