да (сврз.) - реди (гл.)

Убаво да редиш, збор до збор да иде, Ти сепак Голем поет нема да бидеш, ти никој не си, никој не те одбра тебе, Балканот, земја на контролирани поети, тоа ќе те врзе за цело време.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
Откако Ленка остави кошула тенка ленена недовезена на разбој и на наломи отиде тутун да реди в монопол - лицето ѝ се измени веѓи паднаја надолу и усти свиа кораво.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Ноќта ѕвездена, денот темен, Темното денот го слави, Со пожари и поплави; Со таги, врз плаштот земен На кој се накотиле и сплотиле Болки и рани, неразбрани Поети, мислители, исцелители Врз, тајните на животот задумани, Склупчени среде денот темен, Заборавени, во тага оставени Под небото ѕвездено-извезено Од знајби, мисли и умности За да редат убости молитвени Со кротка благост изустени.
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
Ете, така би можел бесконечно да редам...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Само што влезе во вратата почна на глас да плаче, да реди, како тогаш некој да беше умрел.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Јас почнав да редам: ваму и ваму и ваму.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
По цела ноќ гори кандила во нивното заградено, наутро заминува со оние што одат по работа на индустрискиот колосек со стиснати книги во премрзнатите раце, а на пладне, враќајќи се од часови, останува на индустрискиот колосек или да фрла јаглен со лопатата од вагонот надвор или да реди дрва за огрев што вагоните ќе ги изблуат без никаков ред.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Тие би продолжиле уште да редат, како кукавици на мртвен, ама Фоте, а по него Боге, ги покажуваат рибите држејќи ги за опаш, така што тие вака издолжени навистина се чинат големи како машки подлактици.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ја издува прашината, со растреперени прсти ја одврза врвцата и на маса почна да реди пожолтени исечоци од весници.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Но, Зоки како Зоки, беше подготвен на сѐ, па за да им направи задоволство на постарите, почна да реди како од подготвен список: - Видов еден чичко.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Морав да плачам и да редам за да ме слушнат, бидејќи Турците сѐ уште беа во близина.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)