да (сврз.) - трешти (гл.)

8. ОД СЕКОЕ ДРВО НЕ БИДУВА СВИРКА - пред оваа разновидност се симиња капа: зар само свирки да трештат во циркус, некое од дрвата ќе треба и за тапан...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Точно во дванаесет кутијата што беше обесена на една од гранките на врбата почнуваше да трешти, да кркори, да ѕвечка и веднаш потоа, чиниш низ карпи, ридје, шуми, бури и ветришта се провлекуваше и мачно излегуваше од кутијата мелодијата на „Емброс ЕЛАС ја тин Елада“.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
И почнало да трешти, цело поле да се тресе, небаре нов фронт отворен...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Почнаа да шијат, да пукаат, да трешти ноќта.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)