да (сврз.) - утврди (гл.)

Минаа ден-два. Скришум, рано, в мугри, Мајка доаѓаше до јорговановото стебленце, да провери дали фатило корен. Не можеше сѐ уште да утврди.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Но дали тие интервали траеја со денови, со недели, или само по неколку секунди, немаше начин да утврди.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во мислите се движеше од едно место на друго и се обидуваше, според чувството во телото, да утврди дали е нацуцулен високо во воздухот, или пак е закопан длабоко под земјата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Штом ќе пристигнеа, тие попрскуваа сѐ во неа со црн пипер купен на црниот пазар, ја фрлаа облеката од себе и водеа љубов со испотени тела, потоа заспиваа и се будеа за да утврдат дека бубалките ги збиле редовите и се подготвуваат за контранапад.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но Климент Камилски најголемата благодарност и восхит му ги должеше на Андре Мазон, кој ја беше утврдил посебноста на македонскиот јазик, близок до српскиот и бугарскиот, но различен од обата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Од восхитот со кој му зборуваше Камилски на Татко за руските класици на литературата, најмногу откривани од читањето за нив во делата на Андре Мазон, Татко можеше да утврди лесно од каде потекнуваше прорусизмот на неговиот пријател, кој подоцна, продолжувајќи во просоветизмот својата судбина ја насука во сталинизмот, што можеше да го чини глава на Голи Оток.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И самиот не можев да утврдам колку долго останав пред родната куќа крај Езерото, кога гласот на сеприсутниот Х.Х. ме оттргна од новиот бран на сеќавањето.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Проверките што ги направија по официјални канали навеаја извесност дека Цви не е во Једи-куле.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Во прво време и таа поверува во гласините што се ширеа меѓу Евреите на Солун, дека маж ѝ е затворен таму, дури и некое време по добивањето на неговата штура картичка од Виена од која со сигурност единствено можеше да утврди дека е жив.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Но, оваа ситуација се промени со измените од 1998 и 2000 година: •  измените од 1998 ја воведоа можноста работодавецот, „самиот“, и како негово „право“ (!?) – слично како во раниот капитализам, познат по бруталната експлоатација, да утврди кои работници ќе бидат отпуштени како технолошки вишок – кога се отпуштаа помалку од 20 работници, или најмногу до 20% од вкупниот број вработени (чл. 6, ЗИДЗРО/98).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Поради тоа добив увид врз чијашто основа можев да утврдам некои заеднички особини во поведението на црните луѓе.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Но кој да утврди кои биле варвари, а кои цивилизирани староседелци?
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тој, откако си налеа од самоварот чај, продолжи: - Е, мои мили Балканци, во мигот не можев да утврдам во кремљското здание како дојде до моето испраќање во Гулаг.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)