Тој ден во градот почнаа да се случуваат најневозможни, просто несфатливи нешта:  наеднаш цела една петокатница блесна како илјадници невидливи молери да ја премачкале за секунд со сончева боја;  наеднаш една липа се претвори во златно дрво, чии лисја место да шушкаат нишани од ветрот, почнаа да ѕвонат;  наеднаш железната ограда на мостот стана златна, а еден минувач изненаден од тоа, падна во реката...
               
             
           
            
            
              „Билјана“
               од Глигор Поповски 
              (1972)