дали (сврз.) - не (чест.)

А јас, сега, се прашувам, така во умот се прашувам, дали не ме фатила крвта од ножот на Јона.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И така: едниот - платица, другиот - плужица, платица, плужица, шарена марена, татко си делка, а Давиде клечи пред него, се чуди и не знаеше дали не знае или само се инаети.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се прашува дали не треба да го тргне умот од тоа.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Дали не знаеш дека никој оттаму не се вратил, си редам, ама тивко да не ме чуе, редам, и со жешки солзи го утопувам лицето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- И чиј беше куршумот што го уби брат ти? Од кај знаеш дали не беше твој?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Дали ги виделе, господе, дали не ги виделе?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И кој ја заподенал борбата, господе, велат, дали не им втасува небо или не можеле да се разминат, велат. 58
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Зборувањето наближува, а јас не знам, дали не дослушувам или зборовите ми се непознати.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Па и да се искуба некак, да избегам, дали не ќе ме проколат тиа шо ќе дојдат?“ — се прашуваше Крсте и сам си одговараше.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)