дури (сврз.) - во (предл.)

Дури во Букурешт, на самото сајмиште, од големи буриња се точеше шира, а со неа, како романски специјалитет, во дрвени паници, заедно со мамалигата, се служи и печена пастрма...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Педесет денови, дваесет и пет различни дестинации. Газеа по веќе газените стапалки на Чеплес и на Солунска Глава, ги ладеа нозете во студеното Големо Езеро на Пелистер, преспаа во планинското бачило на Шара и ја почувствуваа исцелителната моќ на Банско, се искапеа дури во три мориња.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Што работа дадов додека ги стокмив перденцата на прозорците, што шиење, што везење, а постелнината, бел вез винова лоза, да ја порачувам дури во Велес.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Инаку зошто некој го турнал во едно од тие бурињата со боровинки и му го ставил капакот одозгора и да го најдат дури во Битола или кој знае кога и каде.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Како реакција на ова, тие покренаа ревизија пред Врховниот суд на РМ,5 како вонреден правен лек и конечно – дури во трет и последен степен, успеаја да го добијат спорот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но, овој спор се одолговлечи и траеше до крајот на 2002 година.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Судот (преку судијката З. Треневска), донесе делумна пресуда во корист на Марковски, со која се усвојуваше дел од неговите тужбени барања,4 но истата – поради жалбената постапка која следеше –  стана правосилна дури во јануари 2004.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
По донесувањето на пресудата, следуваше иницирање на второстепена жалбена постапка од страна на тужениот работодавач кој го изгуби спорот – па предметот отиде во Апелационен суд – Скопје каде што тужителите „паднаа“ т.е. го изгубија спорот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Се избистри работата дека таа област – Мариово е личен султанов хас и дека прилепскиот кадија навистина им правел зулуми на тие луѓе.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Добија сила и кураж за одбрана. Везирот седна на својот стол и го повика поп Димитрија, најстариот меѓу сужните – Васила, Петка и Анѓа пред него да му ја кажат историјата за нивното праќање дури во Истанбул.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Рехабилитиран е дури во 1956 година, за време на Хрушчов.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Аргентински поет, раскажувач и есеист.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Кај се чуло или видело, дури и во големи семејства, девојка да замине да студира во туѓина, дури во Италија или во Австрија, во Букурешт или во Цариград, кај што можеа да одат само момчињата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)