Царот Соломон е лажго како и секој владетел арамија што е, оти не знае слово да чини оти словото е меко, а власта тврда, оти мудроста е блага и подига а власта отровна и опчинува. И никаков поет Соломон не е.
               
             
           
            
            
              „Папокот на светот“
               од Венко Андоновски 
              (2000)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Меѓутоа, тоа не беше човечки танц, туку танц на непостоењето; тие дури и не ги чувствуваа    своите движења, потскокнувања и своето дивеење; но „нешто“ сепак танцуваше во нив; тоа    беше нивното суштество: грутка непостоење, којашто тие на неодгатлив начин ја чувствуваа,    неподвижен пискот на исчезнување, лешинска бескрајност; и сето „тоа“ хистерично се тресеше    во нив, завивајќи и потскокнувајќи, вртејќи се околу себе и подигајќи ги рацете кон ништо.
               
             
           
            
            
              „МАРГИНА бр. 37“
              
              (1997)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Се чинеше дека и парализираните дрвја се нишаат заедно со нив. Маргина 37                                                                                               79         
               
             
           
            
            
              „МАРГИНА бр. 37“
              
              (1997)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Кога му дојде мисла оти покрај жена може да го обрадува и со некое детенце, за малку што не рипна од постелата да го зграби дедот Петка и да летне, да ја земе Доста и да се најде дома каде ќе го гледа тоа дете, ќе го хране и подига, ќе биде и тој татко како сите среќни луѓе, ќе се радува на тој негов створ и ќе умре на неговите раце.
               
             
           
            
            
              „Крпен живот“
               од Стале Попов 
              (1953)