Додека под нашите раце бесшумно исчезнува ноќта  кон наслутениот смев интимни сосема одиме  Оваа постела потна е море со високи бранови  што во пените на чекањето ги фрлаат нашите тела  и на тој пат што мами сосема измешана плови  зелена гранка од соништата и раката од пелин  Па сѐ по малку сетни рацете твои како пристан  тогаш сум и брод и галеб што во него ќе слета  и ја наоѓам во него онаа неизбежна вистина  што мавта и подмладува со рацете на ветерот
               
             
           
            
            
              „Дождови“
               од Матеја Матевски 
              (1956)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  И така нашиот зејгора пак сам и без братска помош на поранешните свои познајници, со стремеж зацапал по мочуриштата, да фаќа со примки и стрели чапји, жерави, шлуки и галепчиња, и в поле или в планина -дропки, пчеларки, пупунци, сојки, ветрушки.
               
             
           
            
            
              „Забранета одаја“
               од Славко Јаневски 
              (1988)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Ветрот е во став мирно  а и галебите не гракаат  под сувата грмушка во песокта.
               
             
           
            
            
              „Кревалка“
               од Ристо Лазаров 
              (2011)