Да ја создаваш историјата, да станеш нејзин дел, пишуваше во воведените страници на својот ракопис, значи да се стремиш и кон величина и траење, односно да гледаш на времето повисоко!
               
             
           
            
            
              „Амбасади“
               од Луан Старова 
              (2009)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Патуваш по границите рани, странични
   на вселената – изведена смисла/свет
   а таму душата лебди, бдее
   бедеми бедни та раскошни
   со плимата плиска
   со осеката секне
   секавично и ведно
 
   гледаш и мижиш во длабините
   и самиот длаб
   на етерот бладање, сон на сенката
   светилник на помрачението
   блаженство во јадот
   страст за питие
   смрт и заборав
   за лага и заблуда
   за облик, опиум!
               
             
           
            
            
              „Ерато“
               од Катица Ќулавкова 
              (2008)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Ми ги знаат возбудите и заблудите,  Болките во желудникот, реата,  Ми ги знаат потресите и вознесите,  Ми го знаат огнот и пареата  Дреата со која ги нагазив,  Мојот здив, кога во нив се преселив,  Се вгездив и задомив.
               
             
           
            
            
              „Сонети“
               од Михаил Ренџов 
              (1987)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Тој всушност сакаше да укаже токму на натрапниците во балканската историја! На нивните вознеси и заблуди, на илузиите и апсурдот. Колку погоре, толку потрагично.
               
             
           
            
            
              „Амбасади“
               од Луан Старова 
              (2009)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Новиот современ и модерен (постмодернистички) расказ го оставивме за една друга пригода, кога ќе биде резервиран повеќе простор за таквото претставување;    - Со ова издание е направено едно поместување на (практичните) критериуми за избор на расказите, а имено во ова издание се вклучени неколку раскази во коишто е видлива постапката на постмодернистичка естетска игра, на наративен лудизам, во исто време кога се прави и поигрување со очекувањата на читателот и се користи слободно резервоарот на човечката имагинација;    - Во ова издание е внесен и еден расказ од големиот латиноамерикански нобеловец Габриел Гарсија Маркес, прекрасен расказ кој ја покажува потресно гротескноста на некои животни ситуации, кога од некои обични мали човечки постапки, се прават крупни и драматични пресврти во животот, како последица на интересите и заблудите на општествените институции и институциите на моќ;    - Покрај тоа, неколку раскажувачи ги претставив со нови раскази, поилустративни за нивната поетика и вредност, а кои се илустративни и за некои раскажувачки постапки (дневнички и мемоарски записи, или писма, на пример).
               
             
           
            
            
              „Црни овци“
               од Катица Ќулавкова 
              (2012)