Дилема никогаш нема. Два пата има, на добро и зло. Две врсти на хомосапиенси на раскрсница идат.
               
             
           
            
            
              „Илузија за сон“
               од Оливера Доцевска 
              (2013)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Ни ја остави, се разбира,  и азбуката на доброто и злото  а ќе ја паметиме и нејзината  граматика на нестивнатиот копнеж  по најмалиот син далеку, во туѓина.  (Како да ѝ остана подотворено едното око  - белки ќе го види пред гробарите да си ја завршат својата работа)
               
             
           
            
            
              „Кревалка“
               од Ристо Лазаров 
              (2011)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Пискотници се слушаат од Галичник до Река,  што тешка несреќа ги збра  и мажите, и жените, та гласи тажна ека  и навева сал коб и зла?
               
             
           
            
            
              „Сердарот“
               од Григор  Прличев 
              (1860)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Енценсбергеровиот урамнотежен резон ни делува како инверзивно ехо на онаа    инцестуозна дијалектика на доброто и злото, која веќе одамна е докрајчена во заемна рамнодушност.
               
             
           
            
            
              „МАРГИНА  бр. 4-5“
              
              (1994)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Имаме право да бидеме сериозни и очајни, и истовремено,    несериозни и весели”.
               
             
           
            
            
              „МАРГИНА  бр. 4-5“
              
              (1994)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Ги надживеав сите добрини и зла  и сега небидница мојот грб го ведне.
               
             
           
            
            
              „Вардар“
               од Анте Поповски 
              (1958)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Јас, исушен, љубимец на вековите,  ги засакав сите добрини и зла  и сета жилавост на оваа голотија крај мене  сум ја исцицал.
               
             
           
            
            
              „Вардар“
               од Анте Поповски 
              (1958)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Страста е корен на сите гревови и зла кои го разурнуваат телото и душата и го навлекуваат гневот на бога; зашто тој сè следи, сè гледа; го гледа и она што за нас е невидливо; ни борави во мислите, ни ги открива намерите, тајните; се мачи и сè чини да нè одврати од лошите намери и да ни го покаже правиот пат.
               
             
           
            
            
              „Злодобро“
               од Јован  Стрезовски 
              (1990)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Дека животот е борба. Борба помеѓу доброто и злото.
               
             
           
            
            
              „Читај ми ги мислите“
               од Ивана Иванова Канго 
              (2012)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Од каков материјал треба да биде направен тунелот, низ кој врват третото и првото, за да ја издржи јачината на експлозијата што ќе се случи кога ќе се допрат доброто и злото, по ден... зашто ноќе, во мракот, нема да се препознаат, па ќе станат пријатели и оди и познај кој е кој.
               
             
           
            
            
              „И ѓаволот чита пРада“
               од Рада Петрушева 
              (2013)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Прво затоа што ништо не паметам, а второ затоа што немам морал и не разликувам меѓу добро и зло.
               
             
           
            
            
              „Одбрани драми“
               од Горан Стефановски 
              (2008)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Змијата им била и добрина и зло уште од далечни времиња.
               
             
           
            
            
              „Тврдоглави“
               од Славко Јаневски 
              (1990)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Змија! Некои му поверувале на вториот видовник.
               
             
           
            
            
              „Тврдоглави“
               од Славко Јаневски 
              (1990)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Ги пцуе сите свои паѓања и ретки издигнувања и радости, пониженоста и честите судрувања со лошото и злото и празните ветувања.
               
             
           
            
            
              „Постела на чемерните“
               од Петре Наковски 
              (1985)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Љубопитноста е нивни сојузник, не мој. И злото. И сѐ што ми е туѓо.
               
             
           
            
            
              „Кловнови и луѓе“
               од Славко Јаневски 
              (1956)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Демаркацијата може да биде метафорична, симболичка или широко дефинирана (како кај границата меѓу доброто и злото, лојалноста/нелојалноста или уметност/кич); или може да биде повеќе буквална, материјална и видлива (рабовите на книгата, ѕидовите на затворот).
               
             
           
            
            
              „Простори на моќта“
               од Зоран Попоски 
              (2009)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  „Ако премногу се загледаш во бездната, и бездната ќе се загледа во тебе.“ Фридрих Ниче: Отаде доброто и злото.
               
             
           
            
            
              „Сестрата на Сигмунд Фројд“
               од Гоце Смилевски 
              (2010)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Една старица и нејзиниот син чекорат по паркот Каненфелд во Базел.
               
             
           
            
            
              „Сестрата на Сигмунд Фројд“
               од Гоце Смилевски 
              (2010)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Светецот на Манастирот беше спасител, исцелител од болки и зло на сите добри луѓе, без оглед на верската припадност.
               
             
           
            
            
              „Патот на јагулите“
               од Луан Старова 
              (2000)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  „И се 'затвори небото'
   и дожд не заврна
   и суша фати
   и глад
   и зло секое
   до разнебитие…
               
             
           
            
            
              „Ерато“
               од Катица Ќулавкова 
              (2008)