Од прозорецот  од шпоретот,  од шпоретот  до прозорецот,  од ручекот што врие во лонецот,  до чорапите искинати  и иглата со конецот.
               
             
           
            
            
              „Добри мои, добар ден“
               од Глигор Поповски 
              (1983)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Маргиналецот има специјална анти-зомби стратегија: во тајни                             куферчиња (ко што имаше Мелани Грифит во Shining Through, веднаш покрај исечените прсти на непријателите и контрареволуционерните ТЕКСТОВИ: Дерида, Бодријар, Слотердијк, Фаерабенд, Витгенштајн, Дишан, Ворхол, Џојс, Музил...) и во специјални теглички допола наполнети со специфичен наркофилски етер, се чуваат како смалените глави на декапитираните конкуренти така и одредени восочни фигурички - слика и прилика на локалните зомбии; и игли за коса, фала богу, ко во филмот „Матадор“ на Алмодавар.
               
             
           
            
            
              „МАРГИНА  бр. 1“
              
              (1994)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Бевме седум ученици: на прво место Љакето, тој што кркна тресеница од татка си на свети Никола; Нешко на Мија Метелов од Долно Маало, Ноаче на Дамјана Вржов – се сторија три, па Моне на Тасета Ќутурко- четири, па јас и бате Николче наш (после ќе видите што унер беше со бате Јолета наш) и седма беше Ѕвезда, чупиштето на Павлета Ќорвезирот, како што ја викаа зашто таа само со нас машките се дружеше и наместо да игра со крпчиња и игли, таа барабар со нас делкаше пушки и јатагани.
               
             
           
            
            
              „Крстот камбаната знамето“
               од Мето Јовановски 
              (1990)