и (сврз.) - молба (имн.)

Од молитвата и молбата од мачарокот чуја многу глувци и се натрчаа кај дупките, да видат што викат мачарокот.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Под креветот остана цел ден и молбите на Зоки не ги послуша.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Пред Богородица прва се поклонува баба Перса гласно ломотејќи благодарности и молби, на крајот ја целува и на ред е секако малечката Пела која веднаш се наоѓа во рацете нејзини што ја надвиснуваат над Богородица која е поклопена со дебел џам и гласот од баба Перса вели Благослови ме мајко Богородице! и таа ги повторува истите зборови, па рацете на баба Перса ја спуштаат крај себе и сега пред мајката Богородица клекнува нејзината мајка.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Само болката по синот и молбите упатени до Бога не успеав да ѝ ги нацртам, зашто не ги бев чул. О, каков грев.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)