Тогаш, низ пламен, јас сам во пламенот  ги фрлив и расото и крстот  но приграбив дел од свитоците  кои сè уште не беа зафатени од пламенот  и легнав врз нив,  јас Антонио,  сега стракче трева  изгорена меѓу дамнините и заборавот...
               
             
           
            
            
              „Две тишини“
               од Анте Поповски 
              (2003)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Предел   На Ефтим Клетников  Има еден предел во кој  секому душата е море  и каде никој не пие вино  и каде никој не знае што е правда  и неправда што е никој не знае  ни што е добро - ни што е зло -  ниту пак знае сведок што е  и обвинение што.
               
             
           
            
            
              „Две тишини“
               од Анте Поповски 
              (2003)