Затоа тој секогаш само Неа ја обвинуваше, само во Неа го бараше виновникот за плимите и осеките што го растресуваа нивниот брак.
               
             
           
            
            
              „Бојана и прстенот“
               од Иван Точко 
              (1959)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Долу, до под самите наши нозе, удираа малите бранчиња на езерото, тивката плима и осека.
               
             
           
            
            
              „Братот“
               од Димитар Башевски 
              (2007)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Со оглед на чудните пресврти по пропаста на Отоманската империја, од Салоник кон Монастир се случувал прилив и одлив на сефардско население во миграции предивикани од воените плими и осеки на новиот 20 век најавен со воени случувања на Балканот, а потоа и со две големи војни што пламнаа низ целиот свет, а особено силно се разгоруваа на територијата помеѓу двата града.     Елеазар бен Цви, значи, ги знае сите факти од животот на монастирлиите.
               
             
           
            
            
              „Светилка за Ханука“
               од Томислав Османли 
              (2008)