Десет години ти ја носевме тежината, месата и коските, се извиткавме, се подгрбавевме од таа тежина, десет години ти ги носевме радостите и тагите, лудиот и порочниот живот, ти го носевме доброто и лошото, личното и грдото, треперевме на студови и дождови, одевме на свадби и погреби, на промоции и слави, а сега, во туѓа земја, во туѓ град да си ја докрајчиме живејачката, фрлени грдо, безмилосно, жално, срамно и позорно...
               
             
           
            
            
              „Захариј и други раскази“
               од Михаил Ренџов 
              (2004)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Другари се нешта кои можеби му се случуваат  на мојот внук,  роднините ги среќавам само на свадби и погреби  (ги избегнувам и едните и другите),  а тебе, тебе би можело да те избегнува  само моето бесчувствително минато.
               
             
           
            
            
              „Зошто мене ваков џигер“
               од Јовица Ивановски 
              (1994)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Вадење млечен зуб – 300$, систематски преглед – 100$, операција на јајници – од 1,000$ нагоре, пристојна еутаназија и погреб (без парастос) – 1,000$, лечење на рак – 7,000$...
               
             
           
            
            
              „Тибам штркот“
               од Зоран Спасов Sоф 
              (2008)