Секогаш далеку од бездушните кафеани  и од малодушните девојки. Од одговорноста и работливоста. Од сезнајните и од нивните следбеници,  од пократкиот пат и од вистинското решение.
               
             
           
            
            
              „Три напред три назад“
               од Јовица Ивановски 
              (2004)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Имотот, освен дуќаните кои останаа затворени уште од времето кога се отселија мајсторите, благодарение на грижите и работливоста на имотските луѓе, сѐ уште некако се одржуваше, но семејството сосема се разнебитило.
               
             
           
            
            
              „Потковица на смртта и надежта“
               од Миле Неделкоски 
              (1986)