По еден нерод, не толку старечки колку продолжување на кошмар, разбуричканост врз која пливаат трупови на мртви мисли, Богдан Јанков се обиде да ја поврзе нишката меѓу парчето рај од сонот и рајот од кој светецот во шарена одежда им покажува на крстените паганици дека православјето им носи благодет, посребрена чубрика за толчење или за венче околу глава.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Бидејќи јас сум во средината, ко што реков, меѓу Адот и Рајот, кај мене тие си постојат, ама видливо.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Кога завршува детството, исчезнува и рајот! – Значи, чувството за непостоењето на смртта е единствената причина за големата љубов меѓу нашите деца и козите – заклучи Чанга.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)