На тој изгрев многупати и без збор во мислата сме му се молеле, ако не повеќе тогаш барем за миг заборавајќи ги тегобите и неизвесностите што ги носи денот а со тоа и сеќавањето за она што било.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Постојат знаења кои не се знаења Земјата кружи околу Сонцето (а не обратно!) Спорот одамна е решен но оската сѐ уште е замислена Денот на љубовта е празник на календарот но празникот е работен ден за просјаците (во дланките им спијат неостварени соништа и сеќавања на допири со украдени сладоледи) * Запис со непознато потекло
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Им ги чувам и спомените и сеќавањата на друзите, на кои кога некојпат ќе дојдат, ќе им ги давам, за да си вратат дел од животот што тука го оставиле.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Ваквото чувствување и ваквиот поетески пристап во дамнешните стихови својот корен, како што истакнав веќе, го имаа во мојата младост, при мојата прва средба со Рацин и сеќавањето на неа.
„Елегии за тебе“
од Матеја Матевски
(2009)
Среде темнината и студот на ноќта во која тој сѐ уште чекореше, оти сега и топлата селска куќа беше исто толку далечна колку и сеќавањето, тие нејзини гради светнаа за миг, побели и помеки од снегот под неговите нозе.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Наспроти калифорнискиот Дизниленд на овосветовната радост, ова е дом на знаците, сенките и сеќавањата на еден непостоен, бивш живот кој стега во грлото и пече на работ од очите. Самуел Ароести гледа преку оградата на Монополот.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Јас едноставно чекам. Јас сум магла и месечина и сеќавање.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Минатото е сѐ она околу што документите и сеќавањето се согласуваат.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Таа сакаше и со ова да го столчи, пак и пак, а сето да остане забележано и врз малечката понизна џамија која низ народот и сеќавањето ќе го носи неговото име.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)