Во судскиот процес пред Основниот суд – Скопје II, Љ. Н. беше застапуван од полномошник- адвокат3 (Д. Аргакиев), а пак за тужениот работодавач на подготвителното рочиште4 – кое, за среќа, беше и единствено, а се одржа во септември 2010 – се јави неговиот правник (Р. Николовска).
               
             
           
            
            
              „Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
               од Димитар Апасиев 
              (2011)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Поради тоа што, во меѓувреме, придонесите кон ФПИОМ беа исплатени, адвокатот го повлече овој дел од тужбеното барање – по што полномошникот на „Охис“, кој не го оспори побарувањето ниту по основ, ниту по висина, а заради економичноста и целисходноста на постапката, предложи да се донесе пресуда врз основа на признание.
               
             
           
            
            
              „Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
               од Димитар Апасиев 
              (2011)