САВЕТКА: Јас пак ќе речам: клето и проклето да е тоа девојче кое само тргнува да си бара, со љубов, маж, а не си го зема тој што родителите му го одбрале.
               
             
           
            
            
              „Антица“
               од Ристо Крле 
              (1940)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Животот крај реката беше извесна утеха за изгубеното езеро, но селидбите секогаш беа неизвесни и проклети, нешто одземаа, друго донесуваа.
               
             
           
            
            
              „Времето на козите“
               од Луан Старова 
              (1993)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Јастрепски остроока, подгрбавена аглесто и со машки објала под црната калуѓерска облека, така што дури и рамениците ѝ личеле на скршени или преморени крилја, изгледала дека никогаш веќе не ќе зачекори по таа земја на тага, дека ќе остане на тоа и свето и проклето место, помеѓу две нездрави црни борови стебла, и самата да пушта од себе испреплетени корења и да го наслушува со накривена глава минатото.
               
             
           
            
            
              „Тврдоглави“
               од Славко Јаневски 
              (1990)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Косите, повеќе лилави отколку црни од јад или побелени од спомени, ѝ ѕиркале од под забратката и биле некако призалепени за скаменетото лице што не познавало насмевка.
               
             
           
            
            
              „Тврдоглави“
               од Славко Јаневски 
              (1990)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  За тоа велам: клето и проклето да биде тоа чедо кое не си слуша татко и мајка!
               
             
           
            
            
              „Антица“
               од Ристо Крле 
              (1940)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  II Елате момци црни мажишта,  дечишта, чакали, орли  од сите угари  од сите добрави  сите дедовци  и сите колена  Елате      Да се збереме да се видиме      Останало в крв уште од века нешто  ни една лута змија в земи не ќе го исцица  ни една тревка  ни еден корен не ќе го исцица  што ќе остане да ја храни оваа  црна и проклета  да раѓа бериќет  маштија и немаштија.
               
             
           
            
            
              „Вардар“
               од Анте Поповски 
              (1958)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Старата мечка го продолжила својот писок, безнадежен и проклет, човекот сега речиси можел да ги види и нејзините солзи.
               
             
           
            
            
              „Белата долина“
               од Симон Дракул 
              (1962)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  За него, историјата на Балканот не само што беше непредвидлива туку беше и проклета.
               
             
           
            
            
              „Ервехе“
               од Луан Старова 
              (2006)