4. Сетики знаете дека има разни коали  Има коали чауши и обични мали гладни коали  Има коали со здрвени вратови  Од сонување саде во една иста положба  Има коали кои не гледаат ни централни ни споредни вести  И ич бутур не им е заради тоа  Коалата не е коала ако не грицка лисје од еукалиптус
               
             
           
            
            
              „Сонот на коалата“
               од Ристо Лазаров 
              (2009)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
               
                  Гласот ѝ дојде толку познат, толку мил и одвратен, та сакаше до живот да го слуша, и ич да не го слушне.
               
             
           
            
            
              „Крпен живот“
               од Стале Попов 
              (1953)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
               
                  За нив татко ми прикажуваше оти тие биле брат и сестра и ич не живееле како што рекол Господ, та беше ги колнала мајка им и татко им да се сторат пилиња и да одлетаат в поле, та да се бараат и еден други и да не се најдат.
               
             
           
            
            
              „Силјан Штркот“
               од Марко Цепенков 
              (1900)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
               
                  Така почнува секое летање со умот:  си се замислуваш, на младини, како машиновозач  на локомотивата која бревта ли, бревта  надмоќно низ сибирските тајги и ич нема гајле  дека може да се случи баш среде зима да снема јаглен  и да се вкочани на отворена пруга  како што капката се вкочанува на стреата  и станува мразулец пред да капне на тротоарот.
               
             
           
            
            
              „Ситночекорка“
               од Ристо Лазаров 
              (2012)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
               
                  И доста беше сега само да се застане на едно место, од каде се гледаше целото село, и ич да не се праша чии се новите и најголемите куќи во селото, за да се знае кои се неговите бригадири.
               
             
           
            
            
              „Белата долина“
               од Симон Дракул 
              (1962)