па (сврз.) - друг (прид.)

По некое време мачката полека ја пушти едната нога, па другата и почна кроце и претпазливо да чекори напред кон кучето гледајќи право во неговите очи и затегнувајќи го одвреме навреме телото како лак од стрела спремна во секој момент да скокне на кучето ако се обиде да ја зграпчи.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Меѓутоа, целото високо и ридесто крајбрежје на Рајна, и од една и до друга страна, е послано со лозја, па други и под самите врвови, кои некаде се повисоки од скопско Водно.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Некои од нив ќе заскитаа, па други козари ќе му ги донесеа, а Чанга, во знак на благодарност, им читаше нови работи за козите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
4. ШТО САКА НЕКА БИДЕ, ТОЈ Е УЧЕН ДА ТРПИ - и невин, од виновните на срамен столб качен, од честа испокината сурат циркуски ќе скрпи, па другите засмевајќи ги, самиот ќе плаче...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Во далечината забележав еден, па друг транспортер, со наоружани војници до заби.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Со мака ја поткрева едната рака и нѐ фаќа за вратот, нѐ милува по темето со раката. Првин едниот, па другиот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Еден ред фати со нив, па истерај го пред нив, па друг ред фати, стасај ги и пак пред нив истерај го.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)