та (сврз.) - одвај (прил.)

Ова му овозможи да биде примнат до есен во втори клас, но материјално не беше никако осигурен, та одвај го заврши овој клас и пак со аргатите пред Петровден се врати во родното село.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Та Илко носеше само ново откако умре Стојанка, и штом едни ќе се прокинеа, Митра ги оставаше настрана и вадеше од ковчегот други нови, што га беше донесла Стојанка, та одвај чекаше да се прибере некоја сиромашка и да ѝ го даде мажот и сета беља со него.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ете каква е положбата! Таква!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Турскиот конзул секој ден протестира против исфрлањето на чети, та одвај и јас ја минав границата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Толе се збуни, поцрвене и грлото му се засуши, та одвај проговори: — Од Прилеп, господине — и ја удри главата в земи.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Лели јас тогај се ошумоглавив и Велко ме фати, та одвај ме пушти?“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
А таа пустина е силна и луда, та одвај два-тројца се спасија.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Пазариштето беше полно со секаков крупен добиток, та одвај ја држеше земјата на своите плеќи Тешко ѝ беше на земјата да ја издржи таа тежина, но уште потешко им беше на луѓето да го издржат жешкото јулско сонце кое уште од изутрина почна силно да пече.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)