ТВ (скр.) - серија (имн.)

На Артистот оваа ТВ серија му се допаѓаше токму поради нејзината откаченост. – Тука фантазијата не се премерува со аршините на разумот – се кикотеше, задоволно плескајќи го наслонот на фотелјата.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Дикинсон препознава дека ваквите појави се узор за остварувањата какви што се ТВ серијата Досие Х која се покажува како „креативна употреба на параноја“.14 Масовните хистерии се составен дел од масовната култура - дури и еден од нејзините најважни аспекти.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
pop Повеќето досегашни примери сепак следат една „конвенционална“ логика на начинот на којшто Уметноста црпи од популарната култура и го формира своето „гледање“ врз основа на популарната култура, но внатре во класични уметнички медиуми, така што делата едновремено зборуваат за себе самите и за својот медиум.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Со мокра коса во домашно издание, по хигиенки како Стево Жигон во една ТВ серија со Зоран Радмиловиќ, со дете заспано позади во кола, цврц...
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Слично на преполнетата соба на Реј Бредбери во ноќната ТВ серијата, каде предметите предметчињата и приказните изникнуваат од секој кубен сантиметар воздух.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Логиката на Дикинсон е слична: ако постои портрет на вонземјанин постои и нашата хистерична опсесија со вонземјаните.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во ТВ серијата, писателот доаѓа во собата по потреба – да пишува.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)