Од камен соѕидани, од едно одделение, немалтерисани ни однатре, а камо ли однадвор, без никакво душеме, со две врати: една голема на средето на ѕидот, обично на источниот ѕид, другата малечка, само човек да може да се протне со наведена глава, на спротивната страна од големата.
               
             
           
            
            
              „Крпен живот“
               од Стале Попов 
              (1953)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Влајко Лазев, Мало, Чолакот и Сребрин им советуваа на веачите да не брзаат, да остане мерењето за утре, за да можат ноќеска да спијат по некое и друго кило, ама Сулиман ага, и тој чивчија по занает со чифликот во Лагот, многу убаво ги знаеше сите марифети оти тој самиот им ги правеше на спаиите, па им даде зорт: довечера да биде мерено житото.
               
             
           
            
            
              „Крпен живот“
               од Стале Попов 
              (1953)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Читај, само со поголеми прекини за да можеме ние простите - припрости, неписмените, де, да ја сфатиме оваа длабока содржина на длабоки и продуховени мисли на нашите драги од селото Герман...
               
             
           
            
            
              „Големата удолница“
               од Петре Наковски 
              (2014)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Секој земаше толку за да може да мине едно деноноќие, а и зошто повеќе да ја натрупува, торбата - треба да остави нешто и за својот собрат, а и не му треба повеќе, и утре, пак кај „Халите“, ќе има „продукти“...
               
             
           
            
            
              „Патувања“
               од Никола Кирков 
              (1982)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Жестоко алчна беше жената, поалчен од                               неа веројатно е само фараонот Хуфу, кој, помеѓу другото, се                               прослави и со тоа што својата ќерка ја прати во јавна куќа                               за таа исто така да може да даде прилог за градењето на пирамидата.
               
             
           
            
            
              „МАРГИНА  бр. 4-5“
              
              (1994)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Овчар бил. Еден ден, кога му дошол редот, другарите ги скорнале овците, а тој останал на бачило да го премести трлото, да ги измие каците, да ги испере цедилата и да стори сѐ што требало за да можат вечерата, кога ќе ги измолзат овците, да го спастрат млекото.
               
             
           
            
            
              „Крстот камбаната знамето“
               од Мето Јовановски 
              (1990)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Очите сами ми се затвораат. Да можам би си ставил потпори на клепките. Да не ми паѓаат, како што паѓам и јас.
               
             
           
            
            
              „Пиреј“
               од Петре М. Андреевски 
              (1983)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Матерката ми е празна. И да можам да наполнам, не држи сега вода.
               
             
           
            
            
              „Пиреј“
               од Петре М. Андреевски 
              (1983)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Дуко Вендија само удира, да може и небото ќе го урне.
               
             
           
            
            
              „Пиреј“
               од Петре М. Андреевски 
              (1983)