да (чест.) - работи (гл.)

МЕШАЕВ ВТОРИ: (На Љуба) Знаете, чудно нешто: ете - обидот на тој господин, и уште една прекрасна средба, која тукушто ја имав, ме потсетија, дека јас во свое време од немање што да работам се занимавав и со хиромантија, онака, аматерски, но понекогаш многу успешно.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Учителот Стамен потекнуваше од семејство кое во сите војни се обезглавувало, но пак некој, како израсток од пресечено дрво, го обновувал родот: прадедото му загинал во борба со турските зулумќари што го ограбувале селото; дедо му загинал како комита во Илинденското востание; татко му учествуваше во Балканската војна, и по протерување на Турците, отиде во Солун да работи каде што го поведе и Стамена да изучи некоја школа.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Судбината му се смилува. Се оддалечи од Тирана, за да работи како адвокат во крајезерскиот Поградец.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Дури Митра се стрелушеше дали оваа орјатка ќе сака нешто да работи, Доста сама се понуди: — Ајде сега, сестрице Митра, да и расподелиме работите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)