Се браниме од секакви чинки  Се браниме од лоши соништа  И од лоши толкувачи се браниме  А еве сега нѐ учат да се браниме и кога никој не нѐ напаѓа  И којзнае дали ќе се одбраниме  Ако Господ не нѐ варди и одбрани  Првин од нашите сопствени лажни сонувачи  И препродавачи на измислени соништа  Кои не знаат дури и да танцуваат со соништата  Без да им го повредат ’рбетникот од прекумерно стискање
               
             
           
            
            
              „Сонот на коалата“
               од Ристо Лазаров 
              (2009)