дури (чест.) - во (предл.)

Требаше да се врати дури во септември, а Али во својата работилница ниту можеше да постигне да ги услужи муштериите, ниту пак можеше да најде помошник па го наговоруваше Еда да остане.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
138. И во овој поглед Мисирков точно го антиципирал идниот развиток, зашто Бугарите навистина дури во најново време (1978) настапија токму така во однос на изградбата на македонскиот литературен јазик.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Дедо Геро го остави комитлакот дури во Хуриетот.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Еда, дури во гумното од Мисајлета Ковачон ми текна да се свртам назад. Еда да не иди уште по мене, да ме бара.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Дочека да поминат шест недели од смртта на мажот ѝ, си ја зеде ластегарката и, чукара — пукара, дури во Рожден.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)